You are on page 1of 11

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”
Медицински факултет

Стекнување на јазик
Марија Тереза Густи
Издадена во 2002

Преведено од 55-65 страна

Одговорен професор: Изработија:


Проф. Мира Јовановска Михаела Јаканоска
Марија Ристеска
Емилија Стојкоска
Ивана Давчева
Аделиса Пепиќ
Стекнување на лексикон

Вовед
Децата го учат вокабуларот на својот јазик со извонредно темпо. Во период
помеѓу 10-12 месеци тие говорат и разбират некои зборови. Ова е резултат на
процесот кој што започнува околу 6от месец кога доенчињата покажуваат
чуствителност кон разни зборови од мајчиниот јазик со разни фонолошки својства.
Учењето на зборови вклучува изведување на две одделни задачи кај детето:
одделување на говорниот тек во единици со големина на зборот (како резултат
врз кој детето има фонолошки лексикон на формите од зборовите) и поврзување
на значењето на формите на зборовите. Ова поглавје е изградено околу овие две
задачи и вклучува четири главни теми:
-фонолошко подигнување на лексиконот
-учење на значењето на именките
-учење на значењето на глаголите
-хипотеза околку тоа како децата навлегуваат во синтаксата (креира мост помеѓу
лексиконот и синтаксата)
Првата тема се однесува на проблемот со пронаоѓањето зборови во говорниот тек
а потоа презентира модел за градење на фонолошкии лексикон. Се дискутира за
темата наречена започнување на фонолошкиот лексикон според кој доенчињата
можат да почнат да ја стекнуваат лексиката преку фонолошката анализа на
говорниот влез. Терминот “започнување” се однесувa на идејата за укажување на
некои апстрактни симболи или објекти од областа на лингвистиката (зборови,
категории, синтаксички структури) кои доаѓаат од својства поврзани со тој симбол
или објект кои што се лесно достапни во влезот. На пример, да ги најде зборовите
на кандидатите во влезот, разни извори на информации, вклучувајќи прозоди и
фонотактички ограничувања. Откако доенчињата ќе имаат фонолошки речник, тие
мораат да ги поврзуваат зборовите со нивнотот значење. Изведувањето на
мапите не е лесно, бидејќи дадената ситуација може да се опише на повеќе
начини. Како детето да го утврди значењето на дадениот збор? За именките беше
предложено дека има предрасуди кои што ги водат претпоставките од децата за
нивното значење. За глаголите беше претпоставено дека децата можат да го
извлечат значењето од структурниот контекст за нивна употреба. Оваа
претпоствка отвара ново прашање: како децата имат пристап до синтаксичките
престави?
Зошто пронаоѓањето зборови претставува проблем?
Oколу крајот на првата година од животот, доенчињата започнуваат да ги
изговараат првите зборови. Но, како успеале да откријат зборови? Ако ви бил
даден текст напишан на јазик кој што не го знаете, ќе можеш да ги идентификуваш
зборовите потпирајќи се на празните места: зборот е парче кое што има празно
места на неговата лева и десна страна. Спротивно на тоа, ако слушнеш некој како
зборува на јазик кој што не го знаеш, ќе имаш потешкотии во издвојување на
зборовите и пронаоѓање каде секој збор започнува и завршува. Говорниот јазик
содржи многу малку цврсти аналогни знаци за идентификување на границите на
зборовите во празните места на текстовите. Со други зборови, во течниот говор
зборовите обично не се разделени со паузи и имаат тенденција да се
превиткуваат еден во друг. Ова го прави тешко обновувањето на границите од
зборовите. Обично, малите деца слушаат реченици каде што зборовите се следат
еден со друг без пауза. Многу поретко се учат да изговараат изолирани зборови.
Аслин направила експеримент во кој учествувале 12 мајки на кои им било
кажанода ги учат своите деца нови зборови. Само 3 од нив им ги кажувале
зборовите посебно. Кога новите зборови на малите деца им се претставуваат како
дел од реченица, може да настанат проблеми бидејќи детето нема да може да ги
одреди границите на зборот. Дури и ако возрасните произведуваат изолирани
зборови и децата можат да ги повторат и да изградат мал речник од фрекфентни
зборови, проблемот во врска со наоѓање на збор може да се јави во флуентниот
говор, бидејќи зборовите може да бидат навлезени еден во друг и така да не може
да се издвои соодветниот збор. На пример, доколку детето го знае зборот ,,can’’.
Кога ќе слушне ,,cancer’’ можеби ќе проба да го сврзе за овој збор и најчесто
завршува со погрешна целина. И така во зборот,,cancer’’ќе го препознае само
,,can’’, а преостанатиот дел ќе го гледа како некој друг збор. Многу често одредени
зборови можат да се звучно слични и да бидат сфатени на различен начин.
Пример ice cream кореспондира со два различни зборови: I scream и ice cream.
Возрасните можат да се соочат со овој проблем, но потпирајќи се на нивниот
постоечки лексикон и на искуството можат лесно да го сфатат правилното
значење. Кај децата ова се решава потешеко заштоо тие не можат да се потпрат
на веќе постоечки лексикон, затоа што го немаат, мора да го изградат. Значи
проблемот во врска со издвојување на зборовите или наоѓање на точна форма се
должи на :
А) говорот е во континуитет ( не постојат паузи меѓу зборовите)
Б) зборовите не се научени изолирано (дури и доколку се така научени, проблемот
се` уште би постоел зашто постојат зборови кои се дел од други, подолги зборови
и постојат повеќе начини за нивно делење)
В) децата не се родени со речник.
Проблемот во учењето на зборовите е следниот: ако постои умствен лексикон
може делимно да се реши проблемот со препознавање на збор во говорниот тек,
со консултирање , со увидување дали даден дел се совпаѓа во постоечки збор.
Возрасните можат лесно да го препознаат зборот кога ќе го слушнат зашто тој
веќе од претходно им е познат, додека децата не се способни да го прават истото,
зашто имаат мал фонд на зборови. Тогаш прашањето е: како децата влегуваат во
лексичкиот систем без да се потпрат на умствениот лексикон кој го немаат?
И покрај сите потешкотии кои што се присутни во вадење зборовните форми од
континуираниот говор, децата сепак успеваат во овој процес на учењето на
зборови. Тие се способни да ги издвојат зборовите од континуираниот говор на
мали сегменти за да ги пронајдат границите на зборот ( нешто што компјутерот не
може да го направи).

Фонолошко поттикнување на лексичката способност

Можно е децата да не бараат зборови во акустичниот инпут, но тие прво


пробуваат да најдат подолги целини , како што се реченици или фрази. Сепак
полесно е да се извлече збор од реченица или фраза,отколку директно од
акустичниот инпут. Оваа хипотеза докажува дека кога ние формираме целосна
реченица , имаме тенденција да ги сместуваме зворовите во прозодијски
кохезивни целини, односно целини кои се ритмично и интонациски организирани и
кои кореспондираат со синтаксичките реченици и фрази.
А) Bill gave her cat food
Б)Bill gave her cat FOOD
В)Bill gave her/ CAT food
Во реченицата Б) се формира прозодијска целина и акцентот паѓа на последниот
елемент, напишан со големи букви. Кога ќе се прочита на овој начин може да се
увиди дека на мачката и била дадена храна, а не нешто друго. Во реченицата под
В) CAT food е во еден вид на фузија, односно кога зборувачи од англиско говорно
подрачје ја изговараат оваа реченица, тие практично ги групираат зборовите Bill
gave her заедно и ги двојат од cat food со кратка пауза. Всушност реченицата под
В) е составена од две прозодијски кохезивни единици одвоени со прозодијска
граница (означена со ,,/’’). Тука акцентот паѓа на cat. Кога ќе се прочита на овој
начин, реченицата покажува дека на женската личност и била дадена храна за
мачки.

Прозодиските граници во горенаведените примери не се само граници помеѓу две


прозодиски споени единици со одредена големина, туку исто така тие се и граници
помеѓу два збора. Така, ако малите деца можат да ги препознаат границите кои
маркираат одредени прозодиски споени единици,тие автоматски ги препознаваат
границите кои маркираат одреден збор. Овој процес им овозможува на децата да
препознаваат некои граници на зборот. Децата се многу чувствителни на
прозодиските сегменти на говорот. Поради овој факт и поради тоа што говорот
очигледно се карактеризира со прозодиска организација, Cristophe и Dupoux
увиделе дека прозодијата може да им помогне на децата во моментот на наоѓање
на зборовната форма. Овие автори тврдат дека малите деца можат да ја
поттикнат лексичката способност преку фонолошка анализа на говорот,
сегментиран на амли прозодиски делови. Со други зборови, малите деца
добиваат помош во градењето на способноста за лексиконот преку искористување
на фонолошките информации, таак што тие искористуваат зборови потпирајќи се
на фонолошката компонента на говорот, информација која е лесно достапна во
акустичниот инпут. Ова решение често се нарекува и фонолошко поттикнување
за лексичка способност. Поглавјето 3.2 покажува можен фонолошки модел за
пронаоѓање на зборовни стекнувања. Според овој модел, доенчињата слушаат
низа на звуци од акустичен влез. Од ова тие градат предлексична застапеност во
смисла на фонеми и слогови; кое всушност претставува претварање на
акустичниот влез во смисла на специфичните јазични единици. Тие исто така ја
обележуваат оваа застапеност со различни фонолошки својства како што се стрес
и одложување Потоа, со искористување на голем број акустични знаци, доенчиња
ги претвараат прозодичните граници кои ја делат низата на фонеми и слогови во
мали прозодични делови. Така, со извршување на чисто фонолошка анализа,
доенчињата добиваат специфична прелексична претстава за јазикот
сегментирана во прозодични единици со одредена големина, вклучувајќи
ограничен број на зборови во секоја од нив. Пример за ова е информацијата дека
доенчињата треба да претворат акустичен влез кој што се појавува во средината
на делот 3.2. Влезот е поделен во прозодни единици и е кодиран во однос на
фонеми, слогови итн. Не е јасно колку е детална оваа предлексична застапеност,
можно е доенчињата да не ги претставуваат сите фонемични информации, туку
само одредени глобални својства. Штом еднаш доенчињата ќе изградат
предлексична застапеност поделена во прозодични единици, тие можат да
искористат разни извори на информации за да пронајдат збор.
Придобивки од лексиконот

Лексичка содржина
на зборовите

Фонотактички Дистрибутивни
Типична форма
регуларности
ограничувањана зборот

Јазична специфична
прелексична претстава со
прозодни граница

Екстракција на
Фонолошко кодирање прозодични
(фонеми, слогови) граници

Акустички сигнал

Можен модел на фонолошко подигнување на лексичката аквизиција на која се


потпира
хипотезата за прелексична прозодична сегментација (види Кристоф и Дупу
1996; Кристоф и сор. 1997)
Откако доенчето ќе изгради предплексна репрезентација, сегментирани во
прозодични единици, може да искористи различни извори на информации за да
најде зборовна форма или зборовна граница и на тој начин да формира лексичко
значење на зборовите. Како што е прикажано на сликата:
a) Дистрибутивни регуларности
b) Типична форма на зборот
c) Фонотактички ограничувања
Дистрибуционите закономерности се однесуваат на вклучените статистички
информации во секвенци на звуци. Во одреден јазик веројатноста (наречена
транзициона веројатност) дека еден посебен звук е проследен со друг
посебен звук е поголем кога двата звуци се случуваат внатрешно
отколку кога припаѓаат на два различни збора, според истражувањето на Харис од
1954 година. Последниот слог на кој било збор може да биде проследен со кој
било друг слог. На пример, последниот слог на мебел може да биде проследен со
голем број на други слогови.

е....
беше...
Мебелот
во собата...
до...

Така, веројатноста дека „е“ следи после последниот слог на мебел е ниска
(1/5 во (6)), бидејќи четири други слогови се натпреваруваат со него. За разлика
од тоа, постои силно очекување дека, дадената секвенца ele, ќе биде пред
слоговите phant или vator (пример од Sa¨ran et al. 1999). Оттука, веројатноста дека
phant ќе следи по ele е 1/2 (само после еден слог). Поентата е дека звучните
секвенци кои често се користат во говорот, и се користат во даден редослед и /
или позиција, е поверојатно да се формираат побрзо од звучни секвенци што се
употребуваат поретко. Brent and Cartwright (1996) измислиле компјутерски
алгоритам кој ја поставува границата меѓу зборовите користејќи го
дистрибутивниот закон. Тие заклучиле дека таков алгоритам открива 40% од
зборовите вклучени во јадрото на исказите што ги користат возрасните во
интеракција со новороденчето. Овој резултат сугерира дека користењето на
дистрибутивни закономерности може да му помогнат на ученикот сам да го реши
проблемот.
Редовноста во ритмичките својства на зборовите доведуваат до типичните
зборовни форми. На пример, на англиски, повеќето зборови започнуваат со
силен слог (види Катлер и Картер 1987). Оттука, поставувањето на гранични
зборови пред силниот слог може да биде ефективна стратегија за сегментирање
зборови во звучниот тек.
Фонотактичките ограничувања одредуваат кои секвенци на фонеми можат да
се појавуваат во внатрешноста на зборот во даден јазик. На пример, во
англискиот, низата на фонеми /dstr/ мора да биде поделена со гранични зборови
помеѓу /d/ и /s/, како во bad string. Постојат значителни разлики меѓу јазиците во
врска со тоа кои секвенци се точни, а кои не се. Низата на фонеми /kt/ е неточна
како збор кластер на италијански јазик, но точна во англиски јазик како збор сам по
себе. Оттука, кога доенчињата слушаат низа која содржи секвенца на фонеми што
се неточни за нивниот мајчин јазик, можат да постават граничен збор во неа.
Дистрибутивни регуларности, особено формите на зборовите и фонотактичките
ограничувања се сите карактеристики на јазикот кои ги искористуваат законите на
даден јазик. Бидејќи се применуваат овие стратегии мора да се изрази во форма
на категоризирана единица, учениците не можат да ги применат директно во
акустичен сигнал; наместо тоа, за да ги искористат овие особини учениците
мораат да имаат пристап до некаков вид на предлексичко претставување.
Спротивно од тоа, прозодичните граници можат да бидат обновени директно од
акустичниот влез и затоа може да биде помалку специфично. Додека е потврдено
дека доенчињата можат да ги искористат дистрибутивните закономерности,
одредени форми на зборови и фонотаксички ограничувања во пронаоѓањето на
зборовни форми, идеата дека деончињата имаат корист од сегментираната
застапеност во пронаоѓањето на зборовите не се вообичаени за сите пристапи.

Дали е можно да се претпостави дека доенчињата користат фонолошки знаци и


законитости за да ги научат зборовните форми? Дали има доволно информација
во влезот за доенчиња за извлекување на зборовите со чисто фонолошка
анализа. За да ги одговориме прашањава треба да знаеме дека:
-дали говорните сигнали содржат акустични знаци кои што ги обележуваат
прозодичните граници и дали доенчињата ги перцепираат
-дали доенчињата се осетливи на дистрибутивни закономерности, типично
зборони форми и фонотаксични огранилувања
Фонолошкиот модел на лексичко преземање е видлив ако сигналот содржи
акустични знаци кои ги означуваат прозодичните граници. Фонетските студии
покажале дека забелешките се акустично обележани со три знаци:
-паузи
-продолжување на слогот
-. F0 (основна фреквенција) ресетирање.
Во англискиот, паузите имаат тенденција да се појават на крајот, а не во рамки на
клаузулите. Звукот веднаш пред прозодичната граница
на клаузулата има тенденција да биде подолг од другите слогови во клаузулата.
Конечно, F0 има тенденција да се намалува кон крајот на клаузулата; гласот се
спушта и потоа се крева на почетокот на нова клаузула. Се на се прозодичните
граници на клаузулите се акустични сигнализирани од кластер на знаци. Дали
доенчињата ги перцепираат овие знаци?

Чувствителноста кон прозодијските


граници

Прозодијски карактеристики на говорот се : висина на глас, акцент, трање на


зборот, интонација. Повеќе студии покажале дека децата почнуваат да развиваат
прозодијски карактеристики околу 6 до 7 месец. Хиршк-Пасек покажува дека 7-10
месечни бебиња кои учат да зборуваат, преферираат да слушаат лингвистички
стимулации во кои има вештачки паузи локализирани во реченицата. За да се
покаже ова, таа прво ги снимала, а потоа на примероците од детскиот говор
вметнувала пауза од 1 секунда на границите помеѓу реченицата или помеѓу
зборовите во истата реченица. Двата примероци изгледаат вака:
Верзија 1 (коинцидентна )
Пепелашка живеела во голема куќа/ но некако била мрачна/ зашто во неа
живеела нејзината лоша, лоша, лоша маќеа/ и таа имала две полусестри/ кои
биле многу грди/. Тие исто така биле лоши.
Верзија 2 (некоинцидентна)
Пепелашка живеела во голема куќа но некако била/ мрачна зашто во неа живеела
нејзината лоша, лоша, лоша маќеа/ и таа имала две полусестри/ кои биле многу
грди/. Тие исто така биле лоши.
Децата го преферираат ефектот кој се добива во првата верзија затоа што
паузите и останатите знаци ги нагласуваат прозодичните граници. Спротивно на
тоа во втората верзија паузите и останатите знаци кои ги одредуваат границите на
прозодиските конституенти не формираат целина, ова се може да доведе до еден
неприроден говорен примерок

Децата биле тестирани седејќи во скутот на родителите. Тие некогаш ја слушсале


коинцидентната, а некогаш некоинцидентната верзија. Двете верзии доаѓале од
два различни звучници поставени на левата и десната страна од детето. Двете
мерки биле насоката и времето на вртење на детето кон звучниците. Било
заклучено дека децата подолго ја слушале коинцидентната, отколку
некоинцудентната верзија. Овој резултат укажува дека кога акустичните сигнали
за прозодијските граници си претставуваат конкуренција, како во
некоинцидентната верзија, децата поверојатно ќе се соочат со прозодијските
карактеристики на примерокот како отстапка, како нешто нетипично за природните
јазици.

Со преферирање на случајната верзија, доенчињата реагираат на нарушувањето


на прозодичната меѓусебност. Ова откритие укажува на тоа дека доенчињата се
чуствителни на група од знаци кои означуваат прозодични граници, особено
граници на клаузулите, и реагираат на нарушување на прозодичниот интегритет
на состојките.
Кристоф ги проширил овие резултати. Тие покажале дека новороденчињата стари
три дена во француското говорно опкружување перцепираат акустични знаци кои
што означуваат еден вид на прозодична граница. Користејќи ја оваа техника, тие
покажале дека новородените ги разликуваат двосложните зборови кои вклучуваат
прозодична граница од зборовите кои не се двосложни. Двосложните зборови се
извлечени од два различни контекси. На пример “mati” е извлечен од францускиот
збор како што е “matheamaticien”, и од низа на два соседни зборови како
“panorama typique”, со извлекување на последниот слог од првиот збор и првиот
слог од вториот збор. Во вториот случај слоговите “ma” и “ti” се разделени со
граница која преставува граница на збор и граница на поголема единица.
Доенчињата беа презентирани со овие двa сета на “mati” стимули, во кои едниот
содржи прозодична граница додека во другата таа граница ја нема, и беше
откриено дека тие се способни да прават разлика меѓу нив. Авторите известуваат
за две акустични разлики помеѓу множествата на стимули. Во стимулот каде што
mati се наоѓа помеѓу два збора, последната согласка а од зборот “panorama” е
подолга од согласките кои што се наоѓаат во средината на зборот, исто така и
првиот консонант од зборот “typique” е продолжен. Ниту еден од овие акустични
знаци не беше претставен во рамките на зборот “mati”. Многу е веројатно дека во
овој експеримент доенчињата прават разлика помеѓу двата типа на стимули со
тоа што се потпираат на акустична разлика. Овој експеримент исто така покажува
дека постојат акустични корелации на прозодични разлики и доњнчињата можат
да ги перцепираат само неколку дена после нивното раѓање. Овa не докажува
дека донечињата користат прозодични информации за враќање на зборовите.
Сепак, тоа сугерира дека тие имаат капацитет да ги перцепираат и откријат
акустичните корелации на некои прозодични граници.
На кратко, видовме дека има акустични корелации на прозодични граници и
доенчињата се чуствителни на нив веднаш по нивното раѓање а веќе од шестиот
месец тие обрнуваат внимание не само на границите туку и на звуците кои што се
меѓусебно поврзани во различни големини. Овој доказ кажува дека бебињата
можат да извлечат предлексична застапеност со прозодични граници од
акустичниот стриминг.

You might also like