You are on page 1of 2

ОУ,,Кочо Рацин,,- Охрид

Предмет: Англиски јазик


Наставник: Елизабета Митрушеска
Датум: 30.03..2011 год.

Оперативен план за час/ Примена на ИКТ во настава


Одделение: трето

Тема: Целина 6 Сакам шпагети

Наставна единица: Утврдување “ Пирамида на храната “

Цели на часот:
-Кај учениците да се развие свеста за конзумирање на здрава храна
-Учениците да го утврдат вокабуларот за храна и го прошират со нов во
контекст на здрава/нездрава храна
-Да пишуваат слогани за здрава и нездрава храна на англиски јазик
-Да ги извежбаат клучните структури во усна комуникација

Наставни методи: метод на усно излагање,метод на демонстрација,


метод на разговор,метод на илустрација,структурален метод

Наставни форми: фронтален,работа во парови,групна и индивидуална.

Наставни средства и помагала: компјутер,проектор,постер,флеш


карти,списанија и слики за храна,хамер,ножици и лепак.

Корелација: ликовно образование,македонски јазик и природа.

Место на реализација: училница.

Актвности на наставникот: Наставникот ги воведува учениците во часот


преку разговор за тоа што учеа во оваа целина и ги покажува флеш
картите со слики и зборови за храна,како и постер со “Пирамида на
храна-та “ со цел да се повтори изучениот вокабулар.Потоа наствникот
на проектор им презентира на учениците слики и зборови за видови на
храна.
Во завршниот дел од часот наставникот им задава задача на учениците
на хамер да изработат проект за здрава и нездрава храна со сликите од
списа-нијата и на него да напишат слогани за храната на англиски јазик и
потоа да го залепат на ѕидит во училницата за да служи како порака за
сите која храна треба да ја конзумираме.

Активности на учениците: Учениците се распределени во полукруг


соодветно на целите на часот. Ги следат излагањата на наставникот и
работат по неговите инструкции.Го следат проектирањето на содржината
на материјалот и одговараат индивидуално на прашањата на
наставникот. Потоа учениците работат во парови и се прашуваат и
одговараат за храната која ја сакаат/ не ја сакаат употребувајќи го
изучениот вокабулар и клучните структури: До ѕоу лике ….? Идон’т
лике….Мѕ фавоурите фоод ис……етц.
Учениците групно го изработуваат проектот за здрава/нездрава
храна,сечат,лепат слики и пишуваат слогани од типот на Дринк милк
еверѕ даѕ.Дон’т еат лотс оф сњеетс.Фруит ис гоод фор ѕоу.Сњеетс аре
бад фор ѕоур теетх.
Преку активностите од оваа целина учениците ја развиваат свеста за
здраво живеење,за здрава и правилна исхрана и кај нив се развива
чувството за одговорност за своето и здравјето на другите.

Очекувани ефекти:
-Самостојно следење на презентацијата и именување на изучениот
вокабулар на англиски јазик
-Индивидуално одговарање на поставени прашања и поставување на
прашања
-Групна изработка на проект за здрава храна и пишување на слогани

Средства и постапки за оценување: Наставникот ги следи и ги вреднува


постигањата на учениците преку нивното активно учество и
мотивираност за извршување на дадените активности во текот на
наставниот час, а особено внимание се посветува и на точноста при
извршувањето на задачите,изработката на проектот.

You might also like