You are on page 1of 4

Индивидуален образовен план

Ученик : Ѓорѓи Скендероски


Датум на раѓање : 07.05.20212 год.
Одделение : VI
Предметен наставник :

1. Јаки страни на ученик во поглед на когнитивни способности, вештини,


мотивација, самостојност, однесување, комуникација, социјализација, начин на
учење

-Воспоставува вербален и визуелен контакт


-Одговара на поставени прашања со кратки и директни одговори
- Разбира едноставни вербални налози и постапува по нив
- Ги препознава броевите од еден до 30
-Умее да рецитира стихови
- Препознава и именува основни геометриски поими и форми со помош
- Со помош и насочување реди коцки по даден модел
- Со помош препознава,именува и покажува некои бои,овошје,зеленчук и домашни
животни
- Сака да пее и слуша музика
- Со помош и насочување ги извршува секојдневните рутини во домот
- Самостојно се храни
- Лесно стапува во интеракција со своите врсници и сака да се дружи
- При индивидуална работа покажува резултати во учењето
- Претпочита усно одговарање и разговор со наставникот
- Умее да се грижи за своите работи со помош

2. Слаби страни на ученик во поглед на когнитивни способности, вештини,


мотивација, самостојност, однесување, комуникација, социјализација, начин на
учење
-Ѓорѓи има потешкотии во усвојување на наставните содржини
- Препознава само неколку букви од азбуката и со помош и насочување ги изговара
-Продуцира неправилни зборови и аграматички реченици со несоодветна употреба на род
и време
- Зборува тивко и неразбирливо се изразува со кратки зборови,со отстапување на
гласовите ,,в’’ и ,,р’’
-Вниманието го насочува и задржува 5 минути
-Броевите од 1 до 10 со помош и насочување ги поврзува со бројна количина
- Речениците кои ги користи се едноставни и не секогаш со соодветен збороред
- Со тешкотии се приспособува на нови услови и социјални ситуации како и во работата
во група или пар
-При когнитивно ангажирање се забележува недоволна концетрација ,внимание и
истрајност.
- Често одбива да пишува домашна работа и истата ја пишува со помош на мајката и на
нејзино инсистирање
- Тешко ги разбира правилата на игра во интеракција со своите врсници

3. Визија за ученикот (долгорочни цели кои треба да бидат постигнати со


процесот на поддршка)
* Ѓорѓи ги препознава и именува буквите од азбуката
* Ѓорѓи пишува кратки зборови и реченици
* Ѓорѓи манипулативно собира и одзема до 10 со поврзување на броевите со бројна
количина
* Ѓорѓи го задржува вниманието до 15 минути
* Ѓорѓи се вклучува во групна активност со соучениците

4. Типови на адаптација, модификација и алтернатива на наставната


содржина
 Предмети по кои ученикот нема да работи по ИОП
/
 Предмети за кои ќе се извршува адаптација на наставната содржина (мали
прилагодувања – различно претставување, физички измени на изгледот на содржината,
но без значителни скратувања)
Ликовно образование,
 Предмети по кои ученикот ќе работи по ИОП
Македонски јазик,Математика ,Англиски јазик,Историја и општество,Природни науки,
Техничко образование и информатика, Музичко образование, Физичко и здравствено
образование,Француски јазик,Религии во светот

5. Наставни методи кои ќе се користат (диференцијација на инструкција, темпо,


ритам, пристап)

За надминување на тешкотиите ќе се применува индивидуален пристап,позитивна


мотивација и поттикнување од наставникот,соработка со учениците,помош од
образовниот асистент,метод на работа со награда и пофалба. Ученикот работи со свое
темпо на својата задача.Се планира подолго време за решавање задача,издвојување на
важното од содржината,прилагодување на текст,потцртување,задебелување и.т.н.
Ќе се применуваат метод на игра,метод на набљудување,метод на
покажување(слики,апликации,предмети,играчки),илустративен метод,дијалошки
метод,метод на практична работа.

6. На кој начин ќе биде оценуван ученикот? (преку портфолија, на компјутер,


преку адаптирани тестови, усно/писмено – доколку е потребно прикачете листа на
стандарди, критериуми и рубрики за оценување)
Оценувањето ќе биде усно,но исто така ќе се користат и компјутер,портфолија и
адаптирани тестови.Оценката треба да биде мотивирачка за детето и да се врши според
поставените цели и очекувани исходи од ИОП.

7. Потребни ресурси/асистивна технологија/адаптација на простор и мебел


Наставник,другарчиња,родители,образовен асистент,психолог,специјален едукатор и
рехабилитатор
Наставни средства(слики,илустрации,макети,играчки,конструктивен
материјал,списанија,учебници,компјутер,непосредна околина).
Прибор за работа
8. Дали е потребно скратување на часовите, дополнителна работа или
повлекување од некои часови? Ако да, од кои, колку време и со која
фреквенција?
- Ученикот своето внимание го насочува 5 минути по што при когнитивно ангажирање се
забележува недоволна концетрација,внимание и истрајност. Ученикот нема потреба од
скратување или повлекување од часови.
9. Кој сѐ ќе биде вклучен во образовниот процес и поддршка на ученикот
(стручен тим, личен асистент, врсник итн.)?
Одделенскиот наставник,предметните наставници ,соучениците и родителот,
Образовниот асистент-секојдневно
Специјалниот едукатор и рехабилитатор – двапати неделно во ООУ Браќа Миладиновци
с.Жван,
Доколку е потребно може да се вклучи и друго лице од доверба на ученикот.
10. На кој начин ќе учествуваат родителите/старателите во процесот на
поддршка ?

- Родителите ќе даваат поддршка во решавање на домашните задачи на ученикот.

11. За родителот/старателот
Се согласувам со вака изработениот ИОП □
Се согласувам со планот, но мислам дека треба да се додадат/одземат/изменат следните
работи:
____________________________________________________________
_______________________________
____________________________________________________________
_______________________________
Потпис од родител/старател _____________________ Датум ______________________
Потпис од наставник _________________________ _Датум_______________________
Потпис од координатор на УИТ ______________ Датум____________
Потпис од директор __________________________Датум ______________________
Цели во наставата по англиски јазик
· Ученикот да се оспособи слуховно и визуелно да препознава нови зборови и куси
искази и да го разбери нивното значење
· Ученикот да можи да репродуцира и продуцира зборови и едноставни јазични
искази според наставен план и програма
· Ученикот да се оспособи да чита куси текстови за идентификување конкретни и
општи информации
-Ученикот да се оспособи да пишува едноставни јазични искази и куси текстови
· Ученикот да можи да води едноставна комуникација на ниво на усвоениот
вокабулар
· Ученикот да се здобие со знаења за други
култури,народи,обичаи,навики,познати луѓе од минатото и сегашноста и корисни
информации

You might also like