You are on page 1of 4

Индивидуален образовен план

Ученик : Антонија Богојовска


Датум на раѓање : 23.05.2011 год.
Одделение : VII
Предметен наставник :

1. Јаки страни на ученик во поглед на когнитивни способности, вештини,


мотивација, самостојност, однесување, комуникација, социјализација, начин на
учење
-Воспоставува вербален и визуелен контакт
-Одговара на поставени прашања со кратки одговори
- Разбира едноставни вербални налози и постапува по нив
-Умее да рецитира стихови
-Усните одговори се кратки и директни
- Препознава и именува основни геометриски поими и форми со помош
- Со помош и насочување реди коцки по даден модел
- Со помош препознава,именува и покажува некои бои,овошје,зеленчук и домашни
животни
- Сака да пее и слуша музика
- Сака да црта и прецртува
- Со помош и насочување ги извршува секојдневните рутини во домот
- Самостојно се храни и самостојно ја извршува грижата за себе
- Умее да се вклопи и почитува правилата во спортски активноси
- Домашните работи ги пишува со помош на сестрата
- При индивидуална работа покажува резултати во учењето
- Претпочита усно одговарање и разговор со наставникот

2. Слаби страни на ученик во поглед на когнитивни способности, вештини,


мотивација, самостојност, однесување, комуникација, социјализација, начин на
учење
- Антонија не е описменета,има потешкотии во усвојување на наставните содржини
- Ги препознава повеќето букви од азбуката и со помош и насочување ги изговара
- Самостојно го пишува само своето име,други зборови препишува само по даден пример
-Има неразбирлив говор
-Зборува тивко и назално
-Продуцира неправилни зборови со промени во артикулација на гласовите,без да
формира реченици
- Вниманието го насочува и задржува до 15 минути
-Броевите ги препознава до 20 и со помош и насочување собира и одзема до 10 само со
додавање и одземање по 1
- Срамежлива е и повлечена и потешко стапува во интеракција со нејзините врсници
- Со тешкотии се приспособува на нови услови и социјални ситуации како и во работата
во група или пар
-При когнитивно ангажирање се забележува недоволна концетрација ,внимание и
истрајност.
- Понекогаш има напади на бес и одбива да прави било што,дури и удира по домашните.
3. Визија за ученикот (долгорочни цели кои треба да бидат постигнати со
процесот на поддршка)
* Антонија чита едноставни зборови и реченици и го разбира прочитаното
* Антонија пишува едноставни реченици
* Антонија собира и одзема до 10
* Антонија самостојно пишува домашна работа
* Антонија се вклучува во групни игри и активности со соучениците

4. Типови на адаптација, модификација и алтернатива на наставната


содржина
 Предмети по кои ученикот нема да работи по ИОП
/
 Предмети за кои ќе се извршува адаптација на наставната содржина (мали
прилагодувања – различно претставување, физички измени на изгледот на содржината,
но без значителни скратувања)
Ликовно образование
 Предмети по кои ученикот ќе работи по ИОП
Македонски јазик,Математика ,Англиски јазик,Француски јазик ,Физичко и здравствено
образование,Информатика,Географија,Историја,Музичко образование,Етика,Биологија,
Спорт.

5. Наставни методи кои ќе се користат (диференцијација на инструкција, темпо,


ритам, пристап)
За надминување на тешкотиите ќе се применува индивидуален пристап,позитивна
мотивација и поттикнување од наставникот,соработка со учениците,метод на работа со
награда и пофалба. Ученикот работи со свое темпо на својата задача.Се планира подолго
време за решавање задача,издвојување на важното од содржината,прилагодување на
текст,потцртување,задебелување и.т.н.
Ќе се применуваат метод на игра,метод на набљудување,метод на
покажување(слики,апликации,предмети,играчки),илустративен метод,дијалошки
метод,метод на практична работа.

6. На кој начин ќе биде оценуван ученикот? (преку портфолија, на компјутер,


преку адаптирани тестови, усно/писмено – доколку е потребно прикачете листа на
стандарди, критериуми и рубрики за оценување)
Оценувањето ќе биде усно,но исто така ќе се користат и компјутер,портфолија и
адаптирани тестови.Оценката треба да биде мотивирачка за детето и да се врши според
поставените цели и очекувани исходи од ИОП.
7. Потребни ресурси/асистивна технологија/адаптација на простор и мебел

Наставник,другарчиња,родители,психолог,специјален едукатор и рехабилитатор


Наставни средства(слики,илустрации,макети,играчки,конструктивен
материјал,списанија,учебници,компјутер,непосредна околина).
Прибор за работа
8. Дали е потребно скратување на часовите, дополнителна работа или
повлекување од некои часови? Ако да, од кои, колку време и со која
фреквенција?
- Ученичката своето внимание го насочува 15 минути по што при когнитивно ангажирање
се забележува недоволна концетрација,внимание и истрајност. Ученичката нема потреба
од скратување или повлекување од часови.
9. Кој сѐ ќе биде вклучен во образовниот процес и поддршка на ученикот
(стручен тим, личен асистент, врсник итн.)?
Класен раководител , предметните наставници ,соучениците и родителот,
Психолог – еднаш неделно во ООУ Браќа Миладиновци с.Жван,
Специјалниот едукатор и рехабилитатор – еднаш неделно во ООУ Браќа Миладиновци
с.Жван,
Доколку е потребно може да се вклучи и друго лице од доверба на ученикот.
10. На кој начин ќе учествуваат родителите/старателите во процесот на
поддршка ?

- Родителите ќе даваат поддршка во решавање на домашните задачи на ученикот.

11. За родителот/старателот
Се согласувам со вака изработениот ИОП □
Се согласувам со планот, но мислам дека треба да се додадат/одземат/изменат следните
работи:
____________________________________________________________
_______________________________
____________________________________________________________
_______________________________
Потпис од родител/старател _____________________ Датум ______________________
Потпис од наставник _________________________ _Датум_______________________
Потпис од координатор на УИТ ______________ Датум____________
Потпис од директор __________________________Датум ______________________
Цели во наставата по англиски јазик
· Ученикот да се оспособи слуховно и визуелно да препознава нови зборови и куси
искази и да го разбери нивното значење
· Ученикот да можи да репродуцира и продуцира зборови и едноставни јазични
искази според наставен план и програма
· Ученикот да се оспособи да чита куси текстови за идентификување конкретни и
општи информации
-Ученикот да се оспособи да пишува едноставни јазични искази и куси текстови
· Ученикот да можи да води едноставна комуникација на ниво на усвоениот
вокабулар
· Ученикот да се здобие со знаења за други
култури,народи,обичаи,навики,познати луѓе од минатото и сегашноста и корисни
информации

You might also like