You are on page 1of 3

Втора проектна задача по професионални вештини

[Име Презиме]
[Број на индекс, паралелка]

НАСЛОВ НА ТЕКСТОТ
Апстракт

Во овој дел напишете го резимето (апстрактот) на текстот. Со неколку реченици објаснете за што
станува збор и што сте направиле вие (дали е преглед на темата, критички осврт, или и вие имате некое
истражување). Од апстрактот читателот би увидел дали во текстот ќе го најде или научи она кое што го
интересира или не. Обрнете посебно внимание при пишувањето на апстрактот. Апстрактот не треба да
се состои од повеќе од 250 зборови.

I. Вовед

Убаво е ако вашиот текст има воведна глава. Во неа на почеток ставете за
поширокиот контекст на темата за која пишувате, зошто е важно да се проучува, или
зборува за неа. Потоа кажете што сте напишале, или анализирале и обработиле вие во
текстот.
Сите глави почнувајќи од воведот, па се до заклучокот треба да бидат нумерирани.
Апстрактот и главата со референци не се нумерираат.

II. Други глави во текстот

Овој текст е упатство направен за да личи на вашиот текст. Вие треба да го


искористите како урнек. Организацијата на целиот текст во глави е според ваше
видување, но треба да има и други глави освен воведот и заклучокот. Целокупниот
текст на вашата проектна задача не треба да надминува 4 (четири) страници.
Насловите на главите да одговараат на текстот кој е пишан во нив, а не Глава 1, Глава 2
и сл. Во рамки на вашиот текст задолжително треба да искористите барем една слика
или табела. Секоја слика/табела треба да се придружи со наслов, кој за сликата се
наведува под сликата, додека насловот на табелата оди над табелата. За искористените
слики/табели задолжително да имате дел од текстот кој ја објаснува сликата/табелата,
при што кога пишувате за сликата/табелата во текстот истата ја референцирате со
соодветниот број, пример: На Слика 1 е прикажано ... (да не се користат конструкти
како “На горната слика”)

Слика 1. Подготовка на втората проектна задача по професионални вештини


III. Правила за пишување на текстот

Во оваа глава се дадени правилата за пишување на текстот. Предлагаме да се користи


фонтот Times New Roman. Може да употребите и фонт по ваш избор, но внимавајте да
не биде некој кој што се користи ретко, оти не ќе може секој да го прочита. Исто така
избегнувајте фонтови кои се стилизирани бидејќи сепак станува збор за стручен текст.
Големината на буквите е дадена во Табела 1, која истовремено може да ви послужи
како урнек за табела. Ако имате равенки пишете ги на средината од страницата и од
десната страна ставете реден број на секоја равенка во мали загради, на пример

N
N (N +1)
S=∑ i= . (1)
i=1 2

Повторно, исто како во случајот на користење слики/табели равенките во текстот ги


референцирате со нивниот број. На пример, во р-ка (1) е даден израз за пресметување
на збирот од N последователни природни броеви.

Табела 1. Големина на буквите за проектната задача


Дел од текстот Големина на буквите
Наслов 14
Име и презиме 12
Апстракт 10
Наслови на главите 12
Главен текст 12
Наслови на слики и табели 10

IV. Содржина на текстот

При пишувањето имајте предвид дека текстот може да го читаат и читатели кои не се
толку упатени во материјата за која зборувате. Дури и вашиот професор по
професионални вештини веројатно нема да ја разбира целосно темата за која зборувате.
Затоа потрудете се текстот да биде разбирлив за поширок круг читатели. За проверка
на разбирливоста може да му го дадете текстот на некој колега, или другар, да го
прочита, па да ви каже што сфатил. Од тоа ќе процените колку е добро напишан. Ако
сметате дека има потреба може да оставите и технички детали за да биде вашето
објаснување целосно.
Материјалите кои сте ги користеле за пишување или анализа на темата треба
соодветно да ги референцирате и да ги наведете во делот со референци на крајот при
што форматот на референците треба да е според дадениот урнек. Наведените
материјали треба соодветно да се референцираат во вашиот текст и тоа на некој од
следните начини:
- На почеток од реченицата или параграфот:
o Во статијата [1] е разгледан проблемот на ... (парафразиран текст со ваши
зборови).
o Како што е опишано во [2], ... (парафразиран текст со ваши зборови).
- На крајот на реченицата:
o ... (парафразиран текст со ваши зборови) ... [3]
- Доколку цитирате дел од текст како што е во оригинал или со директен превод
текстот треба да стои во наводници
o “Психичкиот живот на човекот е мошне богат, сложен и динамичен. Тој
се состои од повеќе психички појави како што се: психички процеси,
психички особини и психички состојби [4].”

V. Заклучок

Заклучокот ги резимира главните заклучоци од текстот, но може да се искористи и за


дополнителни интерпретации, согледувања и насоки за идна работа. Вообичаено
неговата должина е два до три параграфи.
Овој текст треба да се употреби како урнек за пишување на втората проектна задача
по професионални вештини. Следете го добро и обрнете внимание на содржината на
она што е напишано оти освоените поени ќе се засноваат на неа.

Референци

[1] M. Porfiri, D. J. Stilwell, E. M. Bollt, "Synchronization in Random Weighted Directed


Networks,” IEEE Trans. Circuits Syst. I, Reg. Papers, vol. 55, no. 10, pp. 3170-3177, 2008.
[2] R. A. Horn and C. R. Johnson, Topics in Matrix Analysis. Cambridge, UK: Cambridge
University Press, 1991.
[3] A. Franci, A. Chaillet and W. Pasillas-Lepine, "Phase-locking between Kuramoto
oscillators: robustness to time-varying natural frequencies,” IEEE Conf. Decision and
Control, pp. 1587-1592, 2010.
[4] Wikipedia, 'Психологија', 2015. [Online]. Available:
https://en.wikipedia.org/wiki/Психологија. [Accessed: 01- Dec- 2015].

За наоѓање на стручна и научна литература може да се користи пребарувачот


scholar.google.com

You might also like