You are on page 1of 3

Испитни прашања за предметот Економско истражување

1. Што подразбирате под проблем и предмет на истражување?


2. Дефинирајте што претставува хипотеза на истражување, зошто се поставува истата и
кои основни претпоставки треба да бидат исполнети за да имате добро поставена
хипотеза на истражување?
3. Дефинирајте што претставуваат емпириски истражувања?
4. Какви видови научни истражувања постојат? Објаснете го секој од нив.
5. Што подразбирате под научно дело? Наведете ги видовите на научните дела и
објаснете го секој од нив.
6. Што подразбирате под научно-стручно дело? Наведете ги видовите на научно-стручни
дела и објаснете го секој од нив.
7. Што подразбирате под стручно дело? Наведете ги видовите на стручни дела и
објаснете го секој од нив.
8. Индуктивен наспроти дедуктивен метод. Објаснете ги и споредете истите.
9. Објаснете ги методите на анализа и синтеза?
10. Објаснете ги методите на генерализација и специјализација.
11. Објаснете го статистичкиот научен метод (што подразбира истиот, зошто се користи
методот на примероци)
12. Објаснете го методот на студија на случај.
13. Објаснете го методот на анкетирање и дефинирајте ги неговите предности и
недостатоци?
14. Од какви видови на прашања може да се состои анкетниот прашалник. Објаснете.
15. Какви грешки може да се појават при поставување на прашањата во анкетниот
прашалник?
16. На кои начини може да се спроведе анкетирањето?
17. Видови на скали за оценување на ставовите на испитаниците и нивни карактеристики.
18. Видови на интервјуа? Опишете ги истите.
19. Групни интервјуа и целни групи
20. На какви видови графици се прикажуваат статистичките податоци
21. Анализа на квантитативни податоци
22. Анализа на квалитативни податоци
23. Опишете го процесот на истражување со наведување на сите стадиуми и дадете кратко
објаснување за истите.
24. Што претставува Литературен преглед и зошто е важно да се направи критички преглед
на литературата?
25. Што се подразбира под поимите цитирање и референцирање на литература. Објаснете.
26. Набројте неколку стилови на референцирање.
27. Нека книгата “Статистика за бизнис и економија” од авторите Пол Њуболд, Вилијам Л.
Карлсон и Бети Торн , издадена во 2010 год во Скопје од издавачката куќа Магор, сте ја
користеле како извор на информации за вашиот дипломски труд. Како истата ќе ја
цитирате во текстот на дипломската според Харвардскиот стил? Како истата ќе ја
референцирате во делот Користена литература, истотака според Харвардскиот стил.
28. Следниов научен труд сте го користеле како извор на информации за вашиот
дипломски труд. Трудот е насловен како The start-up phase in sme development: main
challenges, motives and financing opportunities, од авторите Klimentina Poposka,Blagoja
Nanevski, Elena Mihajlovska, објавен е во списанието Journal of sustainable development
во волумен 6, број 16 во 2016 година, од страна 45 до страна 60. Како истиот ќе го
цитирате во текстот на дипломската според Харвардскиот стил? Како ќе го
референцирате трудот во делот Користена литература, со користење на Харвардскиот
стил.
29. Плагијат и плагијаризам.
30. Етика на истражување.
31. Како е структиран еден оригинален научен труд. Објаснете ги подетално неговите
сегменти

Почитувана,

Во врска со информациите за испитот по предметот Економско истражување:

Испитот се состои од два дела:

-теоретски дел кој се полага онлајн, усмено, во термини закажани во соодветната испитна
сесија и

- практичен дел т.е. изработка на труд со ваше сопствено истражување. Трудот треба да ми го
доставите до терминот за полагање на испитот. Темата за трудот ја бирате сами, важно е
истиот да е од областа на економијата и бизнисот, односно она што го студирате на ФБЕ.
Доколку Ви треба помош околу изборот на темата слободно консултирајте ме, а во меѓувреме
во Прилог Ви праќам и можни (предлог) теми за трудот како и примери од неколку веќе
сработени трудови од претходните студенти. Оценката се формира со поени од теоретскиот
дел и од научниот труд.

Наставната програма е поставена на е-учење. Оттаму можете да ги видите темите кои треба
да ги читате.

Можните испитни прашања се истотака поставени на е-учење.

Литературата за учење е истакната на системот за е-учење. Можете да користите било која од


поставените книги (на македонски или англиски)

Во однос на сите потребни консултации, ви стојам исто така на располагање.


 

You might also like