You are on page 1of 8

УПАТСТВО ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА - CASE

STUDY
ОСНОВИ НА ЛИДЕРСТВО И ТИМСКА РАБОТА

Студент: Ментор:
Име и презиме Име и презиме

Изработено на:
ДД.ММ.ГГГГ

Куманово, ГГГГ
Содржина
АПСТРАКТ..............................................................................................................................3
1. ВОВЕД.................................................................................................................................3
2. ГЛАВНА СОДРЖИНА НА ПРОЕКТНАТА ЗАДАЧА-CASE STUDY…...........................4
2.1 Комуникација со менторот....................................................................................4
2.2 Дополнителни насоки..............................................................................................5
2.3 Форматирање..........................................................................................................5
2.4 Главна содржина 2..................................................................................................7
3. ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ.................................................................................................7
3.1 Заклучоци..................................................................................................................8
3.2 Препораки.................................................................................................................8
4. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА..................................................................................................8
5.ОЦЕНУВАЊЕ НА ПРОЕКТНАТА ЗАДАЧА - CASE STUDY……………………….8
Апстракт
Апстрактот треба да содржи најмногу 150 зборови и да биде описен, односно да опише
за што се зборува во проектната задача – case study. Во апстрактот наведете го
проблемот кој го елаборирате во проектната задача – case study, вашиот приод,
решавање на истиот и придонес кој решениетого носи. Бидете кратки, но јасни. На
пример, оваа проектната задача – case study се однесува на начинот за изработка на
проектната задача– case studyсо цел да им помогне на студентите правилно да ја
напишат својатапроектна задача. Напишаното во апстрактот не треба да се повтори во
самиот текст, односно содржинатa на проектната задача– case study. Во една реченица
опишете го проблемот кој го решавате со проектната задача– case study, потоа накратко
за досегашните обиди за решавање на тој проблем и една реченица за придобивките од
вашата работа во оваа проектната задача– case study.
Клучни зборови (вообичаено пет зборови): case study, лидерство, тим....

1. Вовед
Воведот е значаен поднаслов во вашата проектната задача– case study. Често пати
самиот квалитет на проектната задача– case study ќе се отслика токму од воведните
излагања на подготвувачот на семинарската работа.
Воведните излагања можете да ги оставите за крај кога ќе ги завршите останатите
наслови од проектната задача– case study. Овој поднаслов треба да има 2 страници.
Воведот треба да содржи најмалку 5 параграфи кои ќе одговорат на следниве 5
прашања:

 Што претставува проблемот кој се решава со оваа проектната задача– case


study?
 Зошто тој проблем е интересен или важен?
 Зошто решавањето е тешко или значајно за компаниите?
 Зошто досега не бил решен?
 Кои се клучните компоненти на вашиот приод за решавање на проблемот?

Во последниот параграф на воведот наведете ги во вид на листа главните сознанија


и заклучоци до кои што сте дошле при изработката на проектната задача.
Всушност, овој параграф треба да биде една листа со цртички извадени од
последниот поднаслов “заклучоци и препораки” со објаснување во кое поглавје
може да се прочита за нив. На пример,доколку едни од заклучоците се: ако се
сумира сето погоре споменато можеме можеме да најдеме шест принципи кои
можат добро да се адаптираат во овој поглед:

 Првиот е интегритетот, кој како што знаеме е состојба на постоење на добар


морален принцип, исправен, чесен и искрен.
 Вториот е визија. Постојат два вида – визија која го поставува тонот и правецот
и кој мора да биде вкоремет во јасно виден поглед на големиот видик...
 Третиот е храброст....
 Четвртиот е ангажирање....

2. Главна содржина на семинарската работа– case study


Овој наслов (наслови, бидејќи може да има повеќе врз основа на темата која ја
обработувате) треба да содржи од 10 – 15 страници.
Главните теми од кои можете да изберете една на која ќе се фокусирате се следниве:
1. лидерство – теорија и пракса
2. карактеристики, квалитети и функции на лидерство
3. раѓањето на новото лидерство
4. новите парадигми во лидерството: корените и причините за моменталните
промени и распаѓање на старата парадигма
5. новите лидерски компетенции (шесте нови лидерски компетенции)
6. лидерство, тимска работа и организациона култура
7. типови, стилови, модели и техники на лидерство
8. развој на лидерските вештини како предуслов за градење на тим
9. предуслов за креирање, градење и одржување на лидерски тим: лидерството и
креирањето на култура-организациона култура
10. развивање на етчки критериуми
11. групи-групно однесување: норми, кохезивност, ефективност, мотивација и
интеракција& тимови-градење на тимови: дистрибуција и играње на улоги
12. создавање и изградба на лидерски тим – клучни стратегии
13. одржување на лидерски тимови-водечки принципи за високи перформанси
14. лидерска етика и етички алатки
15. етичка политика на претпријатието и создавање на поволна етичка средина за
вработените
16. потребата од етичко лидерство за 21-от век

2.1 Комуникација со менторот


При изработката на вашата проектната задача– case study потребна е постојана
комуникација со менторот (професорот). Самата комуникација се изведува во следниве
фази:

 Пред започнување со израбтка – Во оваа фаза комуникацијата е важна заради


избор на соодветна тема и специфицирање на самиот наслов на проектната
задача– case study. Откако ќе изберете една од погоренаведните теми, испратете
го предлогот на насловот на електронска пошта (email) на________________.
 Во текот на изработката – oткако ќе го знаете насловот можете да започнете
со изработка на содржината на проектната задача– case study. Во оваа фаза
комуникацијата може да се одвива за дефинирање на самата структура на
проектната задача– case study (наслови и поднаслови), литература која можете
да ја користите, насоки за истражувања...
 По завршување на изработката – Откако ќе ја имате првата драфт верзија на
проектната задача, можете да ја испратите на професорот за да даде забелешки
и коментари за можни подобрувања. По внесување на промените во однос на
коментарите ќе се смета дека вашата проектната задача– case study е завршена и
предадена за оценување.

2.2 Дополнителни насоки


Овие насоки имаат за цел да го подобрат квалитетот на вашата проектната задачасо цел
да добиете поголема оценка.
1. Користете вистински компании или замислени компании кои ќе бидат блиску
до реалноста во Република Македонија.
2. Користете примери секогаш кога може нешто да се објасни со пример.
3. Секој наслов од проектната задачатреба да каже приказна која треба да биде
линеарна за да го задржува постојано вниманието на читателот.
4. Секоја реченицаили параграф кој го користите, а не е ваш пишан збор мора да
биде означен со фуснота во која ќе го наведете изворот од каде што сте ја
преземале реченицата или параграфот1. На пример следново2.

2.3 Форматирање
Овој документ, освен упатство претставува и пример како треба да биде форматиран
документот за изработка на семинарска работа. Тука ги имате подесувањата за
наслови, поднаслови, цртички, страни...
Направете копија од овој документ (слика 1), сменете го насловот и на истата
започнете со пишување на вашата семинарска работа.

1
Автор 1, Автор 2, Година, Наслов на трудот, Издание, Издавач, Место, стр. ХХ-YY
2
Xeri Mander, EdvardGoldsmit, Globalizacija, argumentiprotiv, Klio, New York, 2003 str.125
Слика 1: Снимање на копија на документот

Табелите треба да бидат како во примерот на табела 1.


Табела 1: Пример на табела

Насловнаколон
Насловнаколона Насловнаколона Насловнаколона
а
Текст Текст Текст Текст

За имиња на сликитe и табелите користете “Captions” (слика 2 и 3).


Слика 2: Користење на Captions

Слика 3: Користење на Captions

2.4 Главна содржина 2


По потреба поделете ја главната содржина на повеќе наслови. Ова ќе се базира на
самата тема и самата специфичност на работата.

3. Заклучоци и препораки
Проектната задача– case study завршете ја со заклучоци и препораки. Заклучоците
извлечете ги од главната содржина на проектната задача, и во вид на цртички накратко
објаснете ги истите. На пример:
3.1 Заклучоци
 Заклучок 1. Од работата се забележа дека заклучокот 1 потекнува од ______.

Откако ќе ги наведете заклучоците, во посебен поднаслов на овој наслов наведете 2 – 3


препораки кои ќе се однесуваат за идна работа, истражување, идни проблеми...

3.2 Препораки
 Препорака 1. Препораката ...

4. Користена литература
1. XozefE.[tiglic, Protivre~nostinaglobalizacijata,
w.w.norton&company, NewYork 2002

5. Оценување на проектната задача– case study


Оценувањето на проектната задача– case study ќе се базира на следниве елементи:

 Атрактивност на избраната тема и насловот (5 поени). Дали самата работа


дава придонес во развој на Република Македонија? Дали темата е актуелна за
постоечките компании во Република Македонија? Ова се прашањата на кои ќе
се базира атрактивноста на темата.
 Комуникација и резултати од комуникација со професорот (5 поени). Дали
комуникацијата се изведува низ сите фази како што е наведено во уптатството?
Дали комуникацијата резултира во подобрување на знаењето на студентот? Ова
се прашањата на кои ќе се базира оценување на комуникацијата.
 Користење на примери, вистински компании или пак замислени компании
блиску до реалноста (10 поени). Дали низ проектната задача– case study
преовладува практична работа на студентот? Дали студентот размислувал за
случаи од реалноста? Ова се прашањата на кои ќе се базира оценување на
користените примери и вистински случаи.
 Останатата содржина на проектната задача– case study (10 поени). Дали
содржината на проектната задачаго отсликува насловот на истата? Дали
студентот презентирал проблем и решение? Дали заклучоците одговараат на
реалноста и на самата тема? Ова се прашањата на кои ќе се базира оценување на
останатата содржина на проектната задача.
 Оценувањето на проектната задача – case study ќе се врши во присуство на
студентот (заеднички ќе се анализараат горенаведените елементи).

You might also like