You are on page 1of 23

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

РОДОВИ СТУДИИ

ДИПЛОМСКИ ТРУД НА ТЕМА:

ЖЕНИТЕ ВО ЛЕТНИТЕ ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ

(1896-2021)

МЕНТОР: ИЗРАБОТИЛ:

ДЕНКО СКАЛОВСКИ ЏАНЕР БЕЌИРИ

СКОПЈЕ, ДЕКЕМВРИ 2021


СОДРЖИНА:

Вовед

1.Жените и нивното право на учество во Олимписките Игри

1.1 Долг и трнлив пат за жените

2.Историја на маратонот кај жените

2.1 Кетрин Свицер – првата жена маратонка

2.2 Победнички на Олимписките маратони

3. Жените низ Олимписките Игри

3.1 Олимписките игри во Токио

4. Рамноправност на жените во Олимписките игри

5. Историја за организаторките на женски олимписки игри

Заклучок

Користена литература

3.2 dolg I trnliv pat za zenite da se vmetne posle 1 zenite I nivnoto pravo

Profesorot kaza posto e podalecna istorijq tamu odgovara poveke

2
Вовед

Олимписките игри претставуваат најважен спортски настан и сигурно


најзначаен медиумски настан на современиот свет. На првите Олимписки игри на
модерното време во Атина во 1896 година учествувале спортисти од само 15
земји, што пак претставувало солидна основа за развивање на значајно
меѓународно спортско движење. Мажите отсекогаш биле синоним за моќ и
храброст, а местото на жените отсекогаш било во кујната и со децата. Но
храброста не е карактеристика само на мажите. Во текот на историјата положбата
на жените еволуирала, па дури во 20-тите години на минатиот век жените како
Роза Луксембург и Клара Цеткин успеале да стекнат права на работа, едукација и
слично, кои претходно биле строго забранети. Секоја жена има моќ да направи
промена. Таа може да биде на индивидуално ниво, на локално, или глобално. Но,
секој придонес е значаен, секоја борба за подобри политички, економски и
оштествени услови и положба на жената е добредојдена.

Во почетокот на Игрите се одржувала само трка на еден стадион, а подоцна


програмата се проширила, па старите Грци се натпреварувале и на делници од 2
до 24 стадиони, во панкратон (комбинација на бокс и борење), во класично
борење, петобој, буткање на рака и други дисциплини. На Игрите можеле да
учествуваат само Грци, на жените не им било дозволено да се натпреваруваат, а
спортистите од 720 година пред новата ера се натпреварувале целосно голи. За

значењето на манифестацијата сведочи и тоа дека во античко време


периодите на Олимпијадата се применувале како еден од методите за броење на
годините.

3
Во минатото самиот спорт, односно неучеството на жените и нивна
изолација, денеска претставува доказ дека е продуциран погрешен концепт на
родовото општество. Ова е важно да се знае затоа што родовата еднаковст во
спортот е од клучно значење, не само во спортската јавност, туку во социолошки-
политичкиот живот, всушност од спортот а и Олимписките Игри започнува
формриањето на патеката на животот на човештвото.

Постојат доста причини зошто мажите и жените треба да имаат еднакви


можности во сите области и сите нивоа на спортот. Затоа, родовата еднаковст во
спортот секога била и ќе остане во политичката агенда.

Преку овој труд, сакаме да ги доловиме перипетијата, да создадеме една


анализа на самиот женски род, преку нивното прави и учество на Олимписките
Игри, како и учество на првиот маратон. Преку една квалитативна хронолошка
анализа, ќе дојдеме до кулминацијата, односно нивна рамноправност во
учеството на Олимписките Игри.

4
1. Жените и нивното право на учество во Олимписките Игри

Кубертен го прогласува патријархалното семејство, во кое жените и децата се


подредени на неприкосновениот авторитет на pater familias, како „основна клетка
на општеството“. Семејството се јавува како прва и фундаментална форма на
општествено структуирање кое директно и спонтано произлегува од природната
состојба и како такво претставува основа и прототип на општествената
организација. Хиерархијата во семејството се заснова на биолошко-
репродуктивните улоги и „правото на посилниот“ како основа на општествената
организација.

Според нејзината „природна“ положба во семејството, Кубертен ја прогласил


жената за физички и интелектуално „инфериорно“ суштество во однос на мажот и
како таков симбол на „слабост“. Тој најостро го осудува учеството на жените на
Олимписките игри. Според него, јавните спортски натпревари на кои учествуваат
жени „преземаат нешто монструозно“.Во својата порака до учесниците на IX
Олимписките игри, одржани во Амстердам во 1928 година, Кубертен е
категоричен: „Што се однесува до учеството на жените на игрите, јас сè уште сум
одлучно против тоа. учествувајте на сите повеќе натпревари“. Во интервју за
германското радио во август 1935 година за нацистичката Олимпијада во 1936
година, Кубертен вели: „Врз основа на она што го кажав, произлегува дека
вистинскиот олимписки херој е, според мене, возрасен маж“.Зборувајќи за
олимписките победници, Кубертен повторува: „Единствениот вистински херој,
отсекогаш сум го велел тоа, е возрасен маж. Значи, ниту жени, ниту тимски
спортови“.Сведувајќи ги колективните натпревари на спортови од втор ред,

5
Кубертен заклучува: „Тука можат да учествуваат и жени, доколку се смета дека е
потребно. – Национална стратегија за родова еднаковст

Во доктрината на Кубертен, спортот е упориште на примитивниот и


безмилосен сексизам, а олимпизмот е неговото „хуманистичко“ знаме. Во текот на
својот „олимписки“ живот, Кубертен фанатично се борел жените да ги стекнат
основните човекови и граѓански права, како и да учествуваат во јавниот живот.
Кубертен ги нарекува жените кои се борат за родова еднаквост со погрдни имиња
и ги сведува на „феминистки“. Тој оди дотаму што ја понижува жената за да ја
лиши жената од способноста да донесува разумни одлуки: „Жената која се води
од разумот, а не од емоциите, не само што е ненормална, туку и монструозна“ –
наведува „големиот хуманист“ Кубертен. (39) Тој ја прогласува куќата за простор
на женската „слобода“ („домашна економија“) и со тоа ја сведува на своевидно
гето. Основната цел на воспитувањето на девојчињата е нивната физичка и
духовна подготовка за мајчинство, за грижа за децата и патер семејствата и за
извршување на домашните работи.

 Жените беа луѓе од втор ред, како робови и странци. Само слободно
родени грчки (машки) граѓани биле дозволени (барем додека Римјаните
не почнале да вршат влијание).

 Многу е веројатно дека жените се сметаат за загадувачи, како што се


жените на бродови во поновите векови.

 Жените имале сопствени игри (Хера игри), почнувајќи од 6 век, каде што
се натпреварувале облечени.

 Олимписките изведувачи беа гол и би било неприфатливо да имаат


респектабилни жени кои вршат голи во мешовита компанија. Можеби е

6
 неприфатливо за респектабилните жени да гледаат голи машки тела на
не-роднини.

 Можело да постои ризик од допирање на делови од сексуално


наелектризирани делови од телото. Не е проблем за проститутки.

 Од спортистите требало да тренираат 10 месеци - должината на


времето што повеќето жени или вдовици веројатно немале слободни.

 Политес (град-држави) беа почестени со победа на Олимпијадата.


Можно е победата на една жена да не се смета за чест. Поради тоа што
поразената жена веројатно би била срам.

1. 1 Долг и трнлив пат за жените

Со децении, жените мораа да се борат за својата еднаквост на олимписката


арена. Уште во 1900 година, тие учествуваа на Олимписки игри во Париз - на
одделни натпревари. Ова се случило спротивно на волјата на основачот на
модерните игри, Пјер де Кубертен бидејќи како што кажавме според него
Олимписките игри се „свечено славење на машката атлетика“.

Жените првпат започнаа да се натпреваруваат во пливање во 1912 година, а


во 1928 година победија во некои дисциплини и атлетика како уште еден клучен
олимписки спорт. Сепак, тие мораа долго да се борат со предрасуди. Некои
дисциплини ги оптеретуваат жените и ги надминуваат нивните способности или не
се соодветни од естетски причини - ова беа често користени „аргументи“.

„За жал, спортската наука не им помогна. Ако жените не го зголемеа


притисокот и не поставеа барања, немаше да бидат толку далеку денес “ има
изјавено Петра Чопе. Жените трчаат маратони од 1984 година. Постепено, тие

7
исто така освоија боречки вештини - џудо во 1992 година, борење во 2004 година
и бокс во 2012 година. Женската квота не само што добива одобрување, туку ќе
има целосна еднаквост помеѓу мажите и жените во некои спортови во Токио. Ист
број на натпревари се одржуваат во веслање, стрелање, кревање тегови и
кајакарење.

2. Историја на маратонот кај жените

Историјата на маратонот потекнува од Античка Грција. Маратонот на 42 км 195


метри е познат буквално за сите граѓани на светот, единствената атлетска
дисциплина се појави уште во 1896 година за мажи и во 1984 година за жени,
односно сто години подоцна. Маратон во широка општа смисла е движење на
долга дистанца, кој вклучува екстремно трчање во било какви условиили на било
како терен. Првиот Олимписки маратон се одржал на 10 април 1896 година, а
победник на таа трка бил Спиридон Луис, кој патеката ја истрчал за 2 часа, 58
минути и 50 секунди. Од 1982 година почнале да се организираат и трчаат
маратони насекаде низ светот. Берлин, Бостон, Чикаго, Лондон, Њујорк и Токио се
првите градови каде се организирале и трчале маратони. За најстар маратон е
прогласен маратонот во Бостон, Америка, инспириран од успехот на Олимписките
игри во 1896 година. Првиот маратон за жени се случил во 1984 година на
Летните олимписки игри во Лос Анџелес, Америка. Првата жена-маратонец
што победила на тој маратон е Јоан Беноит, која маратонот го истрчала за 2 часа,
24 минути и 52 секунди. Рекордот за трчање маратон кај мажите е поставен во
2014 година, од Денис Кимето од Кенија. Атлетичарот истрчал со време од 2 часа,
2 минути и 25 секунди. Најбрзата жена во светот е Паула Радклиф од
Обединетото Кралство, чиј рекорд е 2 часа, 17 минути и 42 секунди. Овој рекорд е
8
поставен на 17 април 2005 година на Лондонскиот маратон. За да подоцна
Светскиот рекорд во Маратон Жени да биде поставен на 13-ти октомври 2019
година на маратон во Чикаго Америка. Светскиот рекорд во маратон го постави
кениката Бригид Косгеи со време 2:14:04.

2.1 Кетрин Свицер – првата жена маратонка

Една од најпознатите трки на светот, маратонот во Бостон, 70 години бил


трка на мажи. Во 1967-та година една девојка „упадна" на маратонот, го избегна
нападот од директорот на трката и ја промени историјата на маратонското
трчање. Кетрин Свицер во 1967-та година била студентка која уживала во
трчањето, но само рекреативно. Во тоа време жените не учествувале во
маратонските трки. Најпознатата маратонска трка во САД, маратонот во Бостон 70
години бил трка на мажи и покрај тоа што во официјалните правила никаде не
пишувало дека на жените им е забрането учеството.

Таа година Кетрин заедно со својот дечко и нејзиниот тренер решиле да


учествуваат на трката, но за да не ја одбијат таа се пријавила со иницијалите К.В.
Свицер. По само неколку километри таа го привлекла вниманието на останатите
маратонци,новинарите, но и на организаторите на трката. Директорот на трката,
Џок Семпл лично дошол да ја отстрани и тоа на најгруб начин.

Кетрин Свицер – Бостонски Маратон 1967 година

9
За среќа крај Кетрин трчале нејзиниот тренер, но и дечко и Том Милер кој
бил рагбист. Том го исфрлил директорот со „бодичек", а овој момент го уловија и
медиумите, по што фотографиите веднаш се најдоа низ весниците во целиот свет.
Кетрин ја заврши трката и тој момент беше почеток на борбата за укинувањето на
ограничувањата на жените на трките на долги патеки. Во тоа време најдолга трка
за жени на Олимписките игри била трката на 800 метри. Пет години подоцна, на
жените и официјално им било дозволено да учествуваат на маратонот во Бостон. 1

2.2 Победнички на Олимписките маратони

1. XXIII олимпијада - 1984 Лос Анџелес, Јоан Беноит САД 1 место 2:24:52

2. XXIV олимпијада - 1988 година, Сеул, Роса Марија , Португалија2:25:40

3. XXV олимпијада - 1992 Барселона, Валентина Егорова, ЗНД, 2:32:41

4. XXVI олимпијада - 1996 година, Атланта, Фатума Роба, Етиопија, 2:26:05

5. XXVII олимпијада - 2000 година, Сиднеј, Наоко Такахаши, Јапонија,

6. XXVIII олимпијада - 2004 година, Атина, Мизуки Ногучи, Јапонија, 2:26:20

7. XXIX олимпијада - 2008 година, Пекинг, Константина Дита, Романија,


2:26:44.

8. ХХХ олимпијада - 2012 година, Лондон, Тики Гелана, Етиопија, 2:23:07

9. ХХХИ Олимпијада - 2016 година, Рио де Jанеиро, Јемима Јелагат Сумгонг,


Кенија, 2:08:44 часот.

Низ минатото но и сегашноста, можеби да видиме дека жените стојат рамо до


со мажите во многу спортски дисциплини. Според мое мислење, Маратонот
1
1. Диби, Ж., Перо, М. (ур.), Историја на жените (5-ти том), Скопје: Филозофски факултет, 2018

2. Хот, Р. К., Феминизам и род, Скопје: Сигма Пресс, 2011


3. Мојанчевска, К., Низ перспектива на жената, Скопје: Мултимедиа, 2008

Broj 2 I 3 od izvorive gi nema na stranicava

10
претставува битка, а во овој случај, претставува битка за правата на жените,
борба за еднаквост и рамноправност на овој свет, на крајот на денот на тартанот
сите сме исти. „Маратонот помалку наликува на животот. Има подеми и падови,
треба постојано напорно да работиш и во тешките времиња да веруваш, за да
можеш да уживаш во убавите времиња." – Пола Редклиф. 2

Највисокото тело на Олимпиското движење е Меѓународниот олимписки комитет


(ИОК) која ја претставува врховната власт. Затоа, сите членови на Олимпиското
движење се должни да ги почитува одлуките на овој орган. го поттикнува
зајакнувањето на улогата на жената во спортот на сите нивоа и структури
(национални и меѓународни спортски организации). Мисијата на МОК е да го
промовира олимпизмот низ светот и да ги води Олимписките игри се движи.
Улогата на МОК е да го поттикнува и поддржува зајакнувањето на улогата на
жените во спортот на сите нивоа и во сите структури, во однос на примената на
принципот на еднаквост меѓу мажите и жените.

3. Жените низ Олимписките Игри

 Фудбал на Летните олимписки игри 2020 (жени) беше 7-мото издание на


олимпискиот фудбалски турнир во женска конкуренција. Женскиот турнир е
целосен меѓународен турнир без ограничувања на возраста, како во
машкиот турнир. Традиционално, правилата за списокот налагале секоја
екипа да достави состав од 18 играчи, од кои двајца мора да бидат голмани.
Секој тим, исто така, избира список од четири алтернативни играчи, кои
можат да го заменат секој играч во составот во случај на повреда за време
на турнирот.[8] Кон крајот на јуни 2021 година Меѓународниот олимписки
комитет и ФИФА објавиле дека сите 22 играчи на секоја екипа ќе бидат

2
https://olympics.com/en/

11
достапни за избор пред секој натпревар. Пред секој натпревар, екипите
избираат од вкупно 22 играчи, список со 18 играчи кој ќе им бидат достапни
на селекторите за даден натпревар.
 Официјалниот женски одбојкарски турнир на Олимписките игри се одржал
во Токио, Јапонија. На турнирот учествувале вкупно 6 репрезентации.
Првото место го освоил Јапонија, второто Полска и третото Јапонија
 Во Токио, 27ми Јули 2021 (МИА) – Рикарда Функ од Германија освои злато
ово кајак за жени на Олимписките Игри во Токио. Таа и го донесе првиот
златен емдал на својата земја на Игрите во Токио.
 Шпанскиот олимписки комитет (СЕ) придонесе за Олимписките игри во
Токио не помалку од 321 спортист во 29 различни дисциплини. Во 2021
година шпански носители на знамето беа кануестот Саул Кравиото и
пливачката Миреја Белмонте. Од овие спортисти, Шпанија придонесе со
137 жени кои макотрпно се бореа за освојување на златниот медал.
 Американската спортистка Феликс на Олимписките игри во Токио го зголеми
бројот на медали на 11. Атлетичарката Алисон Феликс од САД го зголеми
бројот на освоени медали на Олимпијадите.Таа во штафетна трка 4х400
метри за жени во атлетика го освои златниот медал. Феликс, исто така, го
освои бронзениот медал во финалето на 400 метри, со што бројот на
освоените медали на Олимпијадите го зголеми на 11
 Спортистка од Етиопија на Олимписките игри во Токио собори 33-годишен
рекорд. Во атлетиката беше постигнат уште еден историски резултат во
женското финале на 1.500 метри.
 Етиопската атлетичарка Фаит Кипегон на Олимписките Игри во Токио,
соборувајќи го олимпискиот рекорд, го освои златниот медал. Таа успеа да
го стори тоа со резултат од 3:53:11, надминувајќи го резултатот на
Романката Пола Иван од 3:53:96 постигнат во 1988 година во Сеул, пред 33
години.
 Во Токио 2020 година беше соборен уште еден рекорд во атлетика
поставен во Сеул 1988 година. Во финалето на 100 метри за жени, Елејн
Томсон од Јамајка го освои златниот медал со време од 10:61 со што го

12
собори олимпискиот рекорд постигнат во 1988 година во Сеул од
атлетичарката од САД, Флоренс Грифит Џојнер. Таа постигна резултат од
10:62.

3.1 Олимписките игри во Токио

Олимписките игри во Токио веќе имаат еден рекорд, зголемен е уделот на жените
во игрите и никогаш порано толку многу жени не учествувале на Олимписките
игри. Игрите стануваат сè поженствени. Дури 48,3 проценти од натпреварувачките
места во Токио се резервирани за жени.

https://www.dw.com/en/tokyo-olympics-uncovering-the-unsung-heroes-with-data/a-
58820652

На Игрите во Рио пред пет години жените се натпреваруваа во 136


дисциплини. Тоа е неверојатно зголемување од 14,7 проценти. Уделот на жени во
мешани дисциплини ќе биде дури една третина повисок од 2016 година: од 9 на

13
Олимписките игри 2016 до 12 сега во Јапонија. На оваа историска Олимпијада за
жените, Македонија ја претставуваа Миа Блажевска Еминова (пливање 100м),
Пулексенија Јованоска (карате ката) и Арбреша Реџепи (џудо 52кг).

„Специјалната промоција на жените е дел од Олимписката повелба од 1996


година. Бројот на натпревари во кои учествуваат мажите треба да се приближи до
бројот на дисциплини во кои учествуваат жени“, има изјавено Петра Чоп, социолог
во спортот од Универзитетот во Лајпциг. Првиот олимписки настан со еднаков број
учесници и мажи беа Младинските олимписки игри во Буенос Аирес во 2018
година. Сега во Токио, тој број е скоро еднаков.

4. Рамноправност на жените во Олимписките игри

Нема жени, нема Олимписки игри. Со овој слога сакаме да ја означиме


важноста на жените, не само како битија туку и како натпреварувачи и дел од
еволуцијата на спортот. На Саудиска Арабија и се закануваше забрана за учество
на Олимписките игри во Лондон 2012 година затоа што во својата делегација не
планираат да вклучат спортистки. Принц Наваф бин Фаисал, претседателот на
Олимпискиот комитет на Саудиска Арабија изјави дека тие нема да вклучат ниту
една жена во нивната делегација за Олимписките игри во Лондон.

Во 2010-та година една спортистка од Саудиска Арабија успеа да освои бронзен


медал на Младинските Олимписки игри во Сингапур, но таа и таму не беше
одведена од Олимпискиот комитет на Саудиска Арабија, туку доби покана од
МОК. Во 2012та дури ни таа не е предвидена за делегацијата која ќе патува за
Лондон и покрај опомените и критиките од МОК. Покрај Саудиска Арабија исто
така и Катар и Брунеи се опоменати затоа што биле последни три држави кои не
праќале спортистки на Олимписките игри. Катар ветил дека ќе испратат барем
една спортистка во Лондон, а челниците на ОК на Брунеи изјавиле дека во Лондон

14
Лоти Дод на Олимписки Игри во Лондон 1908

https://worldarchery.sport/news/178437/archery-history-sport-pioneered-equality-
womens-participation

5. Историја за организаторките на женски олимписки игри

Олимписките игри какви што ги знаеме денес се засновани на примерот на


античките Олимписки игри, кои старите Грци ги одржувале во чест на богот Зевс
уште во осмиот век пред нашата ера. Малкумина знаат дека паралелно со
Олимписките игри, на кои учествувале исклучиво Грци, е организиран и првиот
спортски натпревар за жени, одржан на стадионот во Олимпија.

15
Жените, на кои во тоа време им бил забранет пристапот на Олимписките игри за
мажи, организирале игри во чест на божицата Хера, кои се одржувале паралелно
со Олимписките игри. На сличен начин жените се избориле за своето право на
учество во модерните Олимписки игри. Иако на жените од 1990 година им е
дозволено да се натпреваруваат на Олимписките игри, станувало збор за многу
мал број на спортови, кои тогаш се сметале за „соодветни“ за жените, како што се
пливањето и тенисот, а имало и мал број натпреварувачки (22). За време на 1900-
тата година во Европа и во САД жените добиле право на глас, некои од членовите
и членките на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) тивко со години се бореле
за зголемување на женската партиципација на Олимписките игри.

Олимписки Игри Лондон 1908 година

Во тоа време, спротивставувањето на маргинализацијата на жените во


спортот било речиси невозможно. Претседателот на МОК, Барон Пјер де
Кубертин, кој денес се смета за татко на модерните Олимписки игри, бил
непоколеблив во однос на прашањето за партиципацијата на жените, а по
Олимписките игри одржани во 1912 година во Стокхолм, изјавил дека
„Олимписките игри со жени биле непрактични, неинтересни, несоодветни и
неестетски. „Неговото мислење го делеле голем дел од мажите кои се нашле во
управните одбори и децении подоцна, но со упорноста и трудот на жените и

16
нивните поддржувачи, Олимписките игри од година во година добивале сè повеќе
натпреварувачки, а со текот на времето и спортови во кои можеле да се
натпреваруваат.

Неколку спортисти и спортистки во почетокот на 1920-тите години се


здружиле за да организираат алтернативен спортски настан заснован на
принципите на солидарност и еднаквост. Француската спортистка Алис Милијат,
во 1921 година ја основала Интернационалната спортска федерација (FSFI) на чиј
прв состанок е изгласано основањето на женски Олимписки игри, кои станале
алтернатива на дотогашните олимписки игри.

Женските Олимписките игри се одржани четири пати: во 1922 година во Париз,


1926 година во Гетеборг, во 1930 година во Прага и во 1934 година во Лондон.
Првите женски Олимписки игри привлекле повеќе од 20.000 гледачи и гледачки
кои имале можност да бидат сведоци на натпреварите во 11 категории, што е
двојно повеќе од бројот на женски спортови кои биле одобрени од МОК на
Олимписките игри во 1928 година. Во тој период бил забележан извонреден
напредок за жените во спортот.

Алис Милијат

17
На последните женски Олимписки игри во Лондон учествуваа дури 19 земји, а прв
пат и кошарката беше вклучена на листата на спортови. До 1936 година на
Интернационалната спортска федерација се приклучиле дури триесет земји, а
жените формирале сојузи со различни светски спортски организации, како што е
Меѓународната спортска федерација. Но, колку и да биле добри нивните
аргументи, жените не можеле да напредуваат без помош и поддршка на мажите
на моќни позиции во спортот. Така IAAF (Интернационалната асоцијација на
спортски федерации) преземала сè поголема контрола над женската атлетика која
полека се појавила на олимпискиот распоред, а во 1936 година Меѓународната
женска спортска федерација престанала да делува. Во меѓувреме,
традиционалистите жестоко се спротивставувале на вклучување на жените во
атлетиката, а тоа најдобро им одело од рака кога се претставувале како
застапници за жените во овој спорт. Еден од нив бил и д-р Фредерик Ранд Роџерс,
директор на Одделот за здравствено и физичко образование во државата Њујорк,
која патернализмот и сексизмот ги прикривал со респектабилната маска на
науката борејќи се за „помалку напорни“ спортови за жени.

Алис Милијат и нејзините колеги и колешки го користеле класичниот „од


внатре кон надвор“ рецепт за политички промени. Работеле во коридорите на
моќта на ИААФ и МОК, создавајќи алтернатива надвор од орбитата на Женската
олимпијада. Но, им претстоела тешка битка. Многу спортски администратори биле
скептични во однос на женските спортови, вклучувајќи го и Авери Брондеџ, висок
олимписки функционер во САД, кој во 1932 година за време на една полемика
околу тоа дали извонредната спортистка Милдред „Бејб“ Дидриксон е аматерка
или професионалка, изјавил: „Знаете, античките Грци ги држеле жените подалеку
од спортските игри. Тие не би им дозвололе пристап ниту на маргините. Не сум
сосема сигурен, но мислам дека биле во право.“

Аматерската спортска унија ја суспендирала Дидриксон поради


непрофесионалност, откако се појавила во реклама за млеко. Поради тоа Брондеџ
барал нејзина суспензија, иако Дидриксон подоцна повторно е прифатена во
аматерската спортска унија.

18
Женскиот пливачки тим на САД на Олимписките игри во Амстердам во 1928 година

Во тоа време Брондаџ ја извршувал должноста на претседател на Аматерската


спортска унија, а неговото мислење имало одредена тежина во светот на спортот.
Како потпретседател на Меѓународниот олимписки комитет во 1949 година, тој
напишал: „Мислам дека женските спортови на Олимписките игри треба да се
ограничат на оние кои се соодветни за жени: пливање, тенис и уметничко
лизгање.“

Во циркуларното писмо до членовите на Меѓународниот олимписки комитет


во 1957 година напишал:"Многумина сè уште веруваат дека спортовите за жени
треба да бидат елиминирани од Олимписките игри, но оваа група денес е сè
помала. Таа идеја сè уште постои, како добро втемелен протест против настаните
кои не се вистински женствени, како што е стрелаштвото, или оние спортови кои
се премногу напорни за поголемиот дел од спротивниот пол, како што се трките на
далечина.“ Таквото мислење било во согласност со верувањата на тогашниот

19
МОК Имено, Олимписките игри станале„гигантски“, односно почнало да се
верува дека би требало да се редуцираат спортовите и бројот на учесници, а од
МОК сметале дека најпрактичното решение за тоа би било на жените да им се
оневозможи учеството во „несоодветни“ за нив спортски настани на Олимписките
игри. Таа идеја ја поддржале и некои спортски новинари, кои знаеле да имаат
дури и поекстремни ставови. Така, Артур Дејли во 1953 година, за New York Times
напишал дека тој лично размислувал во насока на целосна елиминација на
жените од Олимписките игри: „Не постои ништо женствено или фасцинантно во
помислата на жена со капки пот на челото, како резултат на гротескното учество
во спортски настани кои се потполно несоодветни за женската градба. Веројатно е
грубо да се каже, но секој ученик со малку самопочит може да постигне
посупериорни резултати од оние кои се појавуваат на женски натпревари.

Грците знаеле точно што прават кога на жените не им дозволувале пристап


до Олимписките игри. Не само што жените тогаш не можеле да се
натпреваруваат, туку тие не можеле да учествуваат дури ни како набљудувачки.“
Да не биде сфатен погрешно, со својата теза ја искажал една од најоригиналните
сексистички изјави: Не ме сфаќајте погрешно, ве молам. Жените се прекрасни. Но,
кога тие прекрасни суштества ќе почнат да фрлаат дискови или да пукаат, нешто
се случува кај мажот. И тоа не е љубов. Иако навистина ни е жал што машката
илузија за жените како „прекрасни“ и „кревки“ суштества во спортот со време е
срушена, нè весели тоа што од година во година расте бројот на кандидатки на
Олимписките игри. Во 2021 година, на пример, за прв пат во историјата во тимот
кој ги претставува САД, се најдоа повеќе
спортистки отколку спортисти. “

Победничкиот англиски женски


пливачки тим на Олимписките игри во
Стокхолм. Разгледница, 1912 година : Бел
Мур, Џени Флечер, Ени Спирс, Ајрин Стир

Заклучок
20
Од самиот почеток па се до крајот на 20тиот век, женскиот род како е да
ставен во подредена улога. Тој период се карактеризира со борба за еднакви
можности на жените и рамноправност со мажите во спортот. Вусшност оваа
борба, уште со Роза Луксембург, ги најавува глобалните промени кои се случуваат
до ден денес. До денес борбата на жените трае и таа се случува со градење на
мрежи, на организации се со цел рамноправност на жените на секое поле и ниво.

Жените долго време не се натпреварувале на Олимписките игри. Во


античко време игрите биле ограничени само на мажи. На првите модерни
Олимписки игри немало жени зашто меѓу другото и самиот Кубертен тврдел дека
нивното учество било „непрактично, неинтересно, неестетско и некоректно“.
Жените прв пат се натпреваруваат на Олимпијадата во 1900 година во Париз, во
тенис и голф, а атлетичарките и гимнастичарките првпат настапуваат дури во
1928 година. Со текот на годините се зголемувал и бројот на спортовите во кои
жените се натпреваруваат, а во 2012 е додадена категоријата на женски бокс.

И денес во некои земји жените немаат исти права на натпреварување и учество


на ОИ. Сè до овие игри, во 2012, три муслимански земји - Катар, Брунеи и
Саудиска Арабија, одбивале да испратат жени на Олимпијада, додека за
годинешниве Олимписки игри најавија дека ќе го променат ставот.

Но борбата не трае само на борилишта и терените, напротив таа е и во


самите институции на Олимпискиот Комитет. На Игрите во Лондо имало само
една жена во комитетот, што од денешен аспект делува поразително. Затоа од
сетоа ова наведено мора да прикажеме дека потребни се дополнителни промени:

- Подигнување на свеста за родовата хиеархија во различните области на


спорот, затоа што премногу луѓе веруваат дека родовата еднаквост е
постигната
- Мора да им се даде на жените поголем пристап кон целите и акционите
планови, со цел тие целосно да бидат информирани за тековните работи

21
- Да се развијат планови за унапредување на родовата рамноправност, но
исто така тие да бидат и презентирани и имплементирани
- Да се агитира за зголемување на бројот на женски тренери во било која
спортска дисциплина
- Стимулации за оние федерации кои постигнуваат родова еднаквост
- Размена на искуства преку семинари и останати спортски настани од страна
на женските организации

Најпосле, прашањето на родовата еднаковст не зависи само од законите,


плановите и политиката, туку може да се постигне доколку секој од нас
навистина го посакува тоа, навистина ја сфаќа поентата на родовата
еднаквост, како и вистинските права не само на жените туку на секој од нас.

22
Користена литература:

1. "Overview of Olympic Games". Encyclopædia Britannica. Retrieved 4 June


2008.
2. "The Olympic Truce – Myth and Reality by Harvey Abrams". Classics
Technology Center, AbleMedia.com. Retrieved 12February 2013.
3. Girginov, Vassil; Parry, Jim (2005). The Olympic Games Explained: A
Student Guide to the Evolution of the Modern Olympic Games.
Routledge. ISBN 978-0-415-34604-7. Retrieved 3 July 2012.
4. Wallechinsky, David (2004). The complete book of the summer Olympics:
Athens 2004 edition. Sport Media Pub.. стр. 17. ISBN 978-1-894963-32-9.
5. Mallon, Bill; Heijmans, Jeroen (2011). Historical Dictionary of the Olympic
Movement. Scarecrow Press. стр. 257–. ISBN 978-0-8108-7522-7.
6. Preuss, Holger; Liese, Karsten (2011). Internationalism in the Olympic
Movement: Idea and Reality between Nations, Cultures, and People.
Springer Science & Business Media. стр. 50–. ISBN 978-3-531-92891-3.
7. Национална стратегија за родова еднаковст – Влада на Република
Македноија

23

You might also like