You are on page 1of 16

Универзитет “Св.

Климент Охридски” - Битола

Правен факултет – Кичево

Семинарска работа по предметот:


Социјална патологија

ТЕМА: Самоубиство

Предметен професор Изработил


Д-р. Пере Аслимоски Игор Грозданоски
индекс бр. 207

Кичево, 2012
Содржина

Вовед....................................................................................................................................................3
Поим за самоубиство...........................................................................................................................4
Статистички факти................................................................................................................................6
Заклучок.............................................................................................................................................15
Користена литература.......................................................................................................................16

2
Вовед

Се смета дека најсилниот нагон кај човекот е нагонот за само одржување,


нагонот за одбрана на сопствениот физички интегритет. Секој човек веројатно во
добар дел на овој нагон му го должи сопственото преживување, како и
преживувањето на видот. Пред силата на овај нагон отстапуваат другите витални и
социјални нагони, сите индивидуални и групни потреби, желби и посакувања. Но има
и исклучоци. Самоубиството е едно од нив. Тоа претставува свесно и намерно
уништување на сопствениот живот без оглед дали таа намера била недоволно
определена и нејасна, односно без оглед дали зад волевиот акт за кој се одзема
сопствениот живот постоеле нормали и патолошки мотиви.
Во суицидлогијата се правени повеќе обиди за класификација на самоубиствата
за да би се добила појасна претстава и меѓународна компаративност. Постојат дилеми
дали се пресметува колку самоубиства се извршени на 100.000 жители население, или
на населението над 15 години старост.

3
Поим за самоубиство

Самоубиството е парадоксален и нелогичен акт кој може да се опише како


однесување примитивно и човечко, болно и здраво, слободно и присилно, интра и
интраперсонално. Личен чин но и девијантна општествена појава, која постои на
целокупната Земјина топка, но во различен обем. Тоа е чин кој го отфрла животот како
најголема вредност и во себе спојува и живот и смрт, зашто тоа што се смета причина
да се живее истовремено е исклучителна причина за доброволна смрт. 1
Самоубиството претставува длабоко интимен, личен, и поединечен став, но тој
истовремено претставува последица од нарушени односи на поединецот со
општеството. Како проблем, односно како социопатолошка појава тој ја опседнува
социјалната мисла од многу научни дисциплини: филозофијата, етиката, правото,
медицината, психијатријата, социологијата, криминологијата, криминалистиката,
психологијата, статистиката итн. Не постои определба општо прифатена од сите
аналитичари на овој феномен. За ова треба да се земе предвид и фактот дека се
работи за еден многу специфичен феномен, кој некои други фактори сметаат дека се
работи за многу познат факт и дека секој обид за негово дефинирање претставува
чукање на отворена врата.
Психодинамичките концепции за самоубиството поаѓаат од фројдовските
ставови и од неговата теорија за инстинктите. Така според нив постојат инстинкти за
самоодржување и сексуалност и инстинкти за деструкција и смрт. Тие истакнуваат
дека деструкцијата може да биде насочена спрема себе или спрема другите. Ако е
насочена кон себе се работи за самоубиство.
Според Милчински самоубиството претставува намерно дејствување со кое
човекот сам се усмртува, притоа пред себе ја има намерата да си го одземе животот, а
таа намера на средината и била очигледна. Самоубиствата се неповолни општествени
факти кој не само што го оневожможуваат нормалниот и индивидуален и општествен
развиток, туку доведуваат до потполно негирање на животот, кој се смета за најголема
вредност. Во современи услови се поставува прашањето за моралноста на чинот

1
Сулејманов З.Стојановски Н. Социјална Потологија, Скопје 2002; стр: 288

4
односно што во одредена социокултурна средина ќе се третира како неморално и
девијантно, зошто самоубиството не е кривично дело.2
Кај примитивните народи се зборува за извесни обичаи поврзани за
самоубиството и со смртта, или пак самоубиството претставувало ритуален акт. Така се
случувало победениот да не може да го издржи предизвикот од неуспехот и да се
самоубие, или пак поединци не сакале да им паднат живи во рацете на пријателите.
Кај Ескимите и кај некои други номадски племиња самоубиството и денес се
задржало како одреден ритуал. Како последица на тешкиот живот и егзистенција
откако човекот сам не ќе може да се грижи за сопствената егзистенција се остава
осамен да умре, чекајќи ја смртта. Тоа се смета како обичај и должност.
Во античко време самоубиството во основа се осудувало. Со античките закони
било предвидено да се пресече раката на самоубиецот и посебно да биде закопана.
Самоубиството можело да биде дозволено само со посебна молба до Сенатот ако се
наведеле задоволувачки аргументи. Во тој случај актот бил легитимен.
Античките филозофи спрема самоубиството заземале различен став Платон го
осудувал бидејќи сметал дека луѓето се сопственост на бога и треба да ја чекаат
неговата наредба. Тој барал посебен изолиран закоп на самоубијците, на пусто место,
без име и надгробен споменик. Аристотел го користел истиот аргумент, но тој е
построг меѓу самоубијците, третирајќи ги како злостор кон државата. Во антиката се
чини единствената филозофска концепција која му е наклонета на самоубиството е
стоичката но и кај нив имало нијанси. Самоубиството е дозволено само ако тој што
сака да се самоубие трпи семејството или општеството, или пак е повлечен од нова
желба за смрт.
Во Рим се сметало дека луѓето имаат право на самоубиство, ако имаат логичка
причина: тага, болест, лудило, нечесност и слично. Но во некои случаи самоубиството
дури и се казнувало. Тоа биле самоубиства без причина, самоубиства на војници и
робови бидејќи тие ги лишувале државата и богатите сопственици од едно свое добро.
Нивното самоубиство се сметало за дезертерство, па нивното тело се изложувало на
презир пред јавноста, а на оние кој имале имот тој им се конфискувал.
Христијанското учење во почетокот не го осудувало самоубиството. Но веќе
Августин во своето дело За државата божја станува против сите видови на
2
Исто стр:288-289

5
самоубиства. За него тоа е кукавичлук и проклетство на вечни маки. Тома Аквински
додава дека човекот е создаден од бога и не е слободен да одлучува за својот живот и
смрт. После тоа црквата, кривичното право и моралот имаат построг однос,
самоубиството ќе се третира како голем грев и наклонетост кон ѓаволот. Со црковните
декрети ќе се забрани правото на религиозен погреб на христијанските гробишта. На
самоубијците лешот им се унакажувал и им се конфискувал имотот.
Во Коранот пишува дека човек умира само по божја волја и ги завршува своите
денови кога му е пишано, а ако се самоубие ќе биде печен во пеколот.
Во современи услови започнуваат да се напуштаат постојните заблуди и табуа,
но сепак дискусијата дали човекот има право на самоубиство, односно право на
сопствена смрт не е завршена. Одредени мислители сметаат имаат право на
сопствениот живот.
Во нашето поднебје под влијание на црквата се заземал негативен став и
лицето што извршило самоубиство се лишувало од верски церемонијал при погребот.
За Македонија треба да се земе во предвид и историско -социјалниот момент, а
имено фактот за вековното ропство на македонскиот народ, неговите маки и
страдања, условувало да се земе негативен став кон самоубиството. Но во
македонската народна поезија се укажувало дека имало и самоубиства спрема кој се
заземал поинаков став. Тоа најчесто било случај кај убиствата поради загуба на чест
или љубов, поради насилна мажачка за припадник од друга вера. Исто така познати се
саможртвите од одделни војводи и нивните соборци од Илинденскиот период кои
биле начини да се разрешат несаканите настани и да се спаси честа, па се оправдуваат.
Според нашето кривично законодавство самоубиството не е казниво. 3

Статистички факти

Стапките на самоубиство во различни земји се различни. Според податоците од


Светската здравствена организација и од Државниот завод за статистика на Република
Македонија во периодот од деведесеттите години се следни: Унгарија 51,3 %, Австрија
45,2 %, Јапонија 45,0 %, Чешка 39,7 %, Словенија 39,65 % Данска 36,2 %, Швајцарија
35,3 %, Финска 34,8 %, Шведска 32,1 %, Германија 30,6 %, Франција 30,6 %, Хрватска
3
Исто стр:291-293

6
30,1 %, Бугарија 99,2 %, Белгија 28,95 %, Англија 25,2% САД 24,3 %, БИХ 17,5%, Црна
Гора 17,3 %, Норвешка 14,6 %.
Македонија има под 10 самоубиства на 100 000 илјади жители и не спаѓа во земјите
што се многу загрозени. Во 1990 Македонија имала 159 самоубиства, во 1991 имала
146, во 1993-150, во 1995-131,1996-146, во 1997-180 самоубиства. 4
Насекаде во светот припадноста кон полот се покажува значајна за
самоубиствата. Мажите кои се одлучуваат за самоубиство насекаде се побројни од
жените. Учеството на мажите и жените во самоубиствата во различни земји е различно
и се движи до 4:1. Во однос на учеството на жените Јапонија е единствена земја каде
тоа е доста високо особено на младите жени. Во Македонија учеството на мажите е
поголемо и во последната деценија и изнесува 2:1 за мажите. За Диркем помалото
учество на жените не се должи на тоа што не учествуваат во општествениот живот.
Жените и понатаму се помалку општествено ангажирани и во голем број земји
нивниот живот се одвива во семејните рамки. Заради тоа таа е помалку изложена на
општествени влијанија во кој има поголем ризик за самоубиството. 5
Возраста на личноста е тесно поврзана со нејзината општествена положба,
оттаму и со самоубиството. Меѓутоа се забележува последните децении тенденција на
намалување на разликите меѓу различните старосни категории, како и пораст на
бројот на самоубиствата на младите луѓе. Факторите кои доведоа до тренд на
зголемување на самоубиствата кај малатите луѓе најчесто се наведуваат појавите на
изолација, пасивноста на младите, притисок да се постигне општествен успех, но и се
поголемата употреба на алкохолни пијалоци и дроги. Самоубиствата кај децата се
ретка појава и тие можат да се случат во периодот на пубертетот. Старите лица се
најзагрозени. Староста е период кога се прекинува професионалната активност, кај
луѓето често предизвикува чувства на инфериорност, отуѓеност, самотија.
Националните групи различно се однесуваат кај самоубиствата. Во структурата
на населението во Македонија доминантно е учеството на етничките Македонци потоа
Албанците, Турците, Ромите, Србите. Но и во самоубиствата во Македонија највисоко е
учеството на етничките Македонци со 81,60%. Што е значително над нивото на
вкупната популација 65,30%. Наспроти ова учеството на Власите, Србите, Ромите во

4
Исто стр:294
5
Исто стр:295

7
вкупното население е далеко поголемо отколку што е нивното учество во
самоубиствата.
Брачната состојба има влијание на зачестеноста на вршење самоубиства. Во
семејството се стабилизираат односите и се оневозможува животниот авантуризам,
бракот и семејството имаат профилактичко дејство спрема самоубиството. Посебно
треба да се нагласи еден друг аспект на меѓусебните односи на партнерите. Ако
брачната заедница не е успешна, ако се присутни чести караници, нетрпеливост,
неразбирање за заедничките проблеми и слично може да биде суицидоген фактор,
што значи тешките конфликтни ситуации во бракот се разрешуваат со самоубиство. Кај
нас мажите од семејните конфликти решението го бараат почесто во самоубиството,
односно тие се послабиот пол.
Образованието претставува еден од позначајните фактори кои ја одредуваат
општествената положба на личноста во групата па и пошироката заедница. Лицата со
пониски образовни квалификации поретко вршат самоубиство а исто така и жените се
самоубиваат помалку, а тие во просек се помалку образовани од мажите. Времето на
извршување на самоубиството е често пати тема од интерес кај истражувачите кај
самоубиството, при што повеќето од нив констатирале одредени правилности.
Најчесто самоубиствата се вршат во пролет и рано лето, напротив во доцна есен и зима
има најмалку самоубиства.
Утврдувањето на начинот и средствата со кои е извршено самоубиството има
свое значење. Според досегашните истражувања постои ограничен број типични
начини на извршување на самоубиството. За Македонија за периодот од 1992-1997
година најчест начин на вршење самоубиство е со бесење. Таквата тенденција во
Македонија постои во целиот период по Втората светска војна. Потоа следува давење
во вода, труење со хемиски средства, огнено оружје, скок од височина, фрлање под
превозно средство и други начини.
Диркем прв се обидел да ги согледа врските помеѓу самоубиството и
општествените фактори и да ги вообличи во кохерентна социолошка теорија, односно
неговото дело претставува можеби најважен социолошки труд посветен на овој
феномен, кој наедно претставува предвесник на систематското социолошко
проучување.6
6
Исто стр:296-300

8
Во “Самоубиство” Диркем ги конкретизирал методолошките поставки истакнати
во Правилата на социолошкиот метод. Овде тој покажал нагледно на кој начин можат
да се мерат општествените појави. Тој го избрал самоубиството како предмет на
проучување од три причини:
1. затоа што го оценил како појава која може прецизно да биде дефинирана;
2. затоа што за него се водела статистичка евиденција во повеќе земји
3. поради зголемување на интересот за него од страна на научната мисла,
условен од порастот на неговата стапка, кој бил во обем што го правел појава
која загрижува.
Дефинирањето не е многу едноставно. Тој прво ќе ја даде оваа дефиниција:
“Терминот самоубиство се употребува за било која смрт која е дирктен или
индиректен резултат на позитивен или негативен акт извршен поради
жртвување на себе си.”
Меѓутоа преиспитувајќи ја оваа дефиниција тој ќе ја оцени како недоволна. Затоа тој
изведува нова дефиниција која ја смета за потполна :
“Терминот самоубиство се применува на сите видови смрт кој
произлегуваат директно или индиректно од позитивен или негативен акт
на жртвување себе си, за кого се знае дека ќе го предизвика овој резултат.”7
За самоубиството да го вклучи во листата на социолошки проблеми, било
потребно да докаже дека тоа претставува индивидуално или општествена појава.
Доколку е поединечна акција која се однесува само на индивидуата и е зависна само
од индивидуални фактори,тогаш тоа би било предмет на психолошко а не и на
социолошко проучување. Тоа би се објаснувало преку темпераментот, карактерот,
предците и личната историја. Диркем се обидува да одговори на ова прашање преку
следење на статистиката за самоубиствата. А статистичките податоци го наведуваат да
ја постави хипотезата дека самоубиството претставува општествен факт тој согледува,
имено, дека во секој момент од својата историја секое општество има одредена
склоност кон самоубиства.
Првата книга од делото е посветена на екстра-општествените фактори, пред се
оние кои може да бидат окфалификувани како влијателни за самоубиствената стапка,

7
Марија Ташева. Социолошки Теории; Скопје 1999 стр:265-266

9
какви што се органсло-психичките предиспозиции на единката и природата на
физичката средина.
Толкувањето на самоубиството во времето на Диркем било дека тоа
претставува реакција на ментално нарушена личност. Во анализата тој пошол од
претпоставката дека некои ментални болести можат да водат кон самоубиство.
Тој дури разграничил четири болести кај кој тоа е можно:
1. манијакална состојба, кај која самоубиството би било последица на халуцинации;
2. меланхолијата, кај која смртта би следела од негрижата за себе;
3. опсесивна психоза, каде личноста е соочена со опсесии кои можат да ја наведат да
дигне раце на себе и
4. импулсивните психички состојби, кај кои се јавува моментален јак импулс за
самоубиство.
Според Диркем самоубиствата на болните лица не го сочинуваат целокупниот
опис на појавата, туку само претставуваа нејзин вариетет. Особено тие не можеле да
обликуваат колективна тенденција за самоубиство на каква упатуваат статистичките
податоци.
Диркемовата претпоставка е дека самоубиството, пред се, е дело на ментално
здрави луѓе, условено од одредени општествени околности. За да ја докаже неа тој
направил компарација меѓу структурните карактеристики на самоубијците и на
ментално болните во земјите на Европа во кои се водела таква статистика.
Прво тој ги споредил стапката на самоубиството и стапката на менталните заболувања
од полов аспект. Податоците покажале дека во однос на менталните болести поголема
склоност манифестирале жените. За разлика од ова Диркем открил дека секој од двата
пола има одредена тенденција кон самоубиство која била константна за секоја
општествена средина. Просечниот однос на мажите и жените самоубијци, пак,
изнесивал 80:20.
Во сите анализирани земји самоубиствената тенденција растела со возраст,
почнувајќи од детската па до најстарата возраст. Опасноста за неа била најголема
околу триесеттата година, после тоа опаѓала и станувала се послаба одејќи кон
староста. Таквиот контраст би бил необјаснив заклучува Диркем, доколку причините за
варијабилноста на самоубиството и оние на менталните болести не се различни.

10
Пропорцијата останувала речиси иста приближно до 60-та, над тоа таа рапидно
опаѓала. Така таа била минимална тогаш кога самоубиствената стапка била највисока.
Како посебна психопатска состојба Диркем го определил алкохолизмот и се
ободел да открие дали тој има некое влијание врз стапката на самоубиството. Тој оваа
стапка во различните француски провинции ја споредува со потрошувачката на
алкохол без притоа да открие позитвна корелација. Во некои провинции, во кој
потрошувачката на алкохол била висока имало и висока стапка на самоубиство, но тоа
не бил случај насекаде. На крјаот заклучил дека не постои регуларна и неминовна
релација меѓу самоубиството и алкохолизмот.
Диркем ја прифатил поделбата на Морсели на населението од Европа во четири
типови: германски тип каде ги вклучува Германците, Скандинавците, Англо-Саксонците
и Фламанците; келтско-романскитип (Белгијци, Французи, Италијанци, Шпаниц);
словенски тип и урало-алтајски тип. Прашањето што притоа си го поставил било: Дали
овие разлики може да им бидат припишани на ефектите на расата? Хипотезата за
зависноста би била валидна доколку секоја група би имала еднакво силна тендеција
кон самоубиството. Но тој открил големо разлики меѓу нациите кои припаѓале на една
иста раса. Така словените имала склоност кон самоубиството, но Чешка и Моравија
биле исклучок. Кај келтско-романската раса Франција имало доста висока стапка на
самоубиство, Италија много ниска Шпанија уште пониска. Овие разлики биле уште
поголеми кај германската раса.
Во врска со расниот фактор Диркем ќе заклучи дека не постојат аргументи кои
одат на влијанието на овој фактор врз стапката на самоубиството.
Следната група теории со кои Диркем полемизира обично се насловува како
теории засновани на космички фактор. Се работи за теории кои стапката на
самоубиството ја објаснувале преку условите на физичката средина, пред се климата.
Тие упатувале на тоа дека на пример за време на војната што се водела во Египет
имале висока стапка на самубиство или во текот на летата самоубиствата се почести
отколку во зимските. Од тоа бил изведен заклучокот дека високата температуре им
погодува на самоубиствата. Во врска со првиот пример Диркем ќе констатира дека
француските војници имале висока стапка на самоубиство и за време на војната што се
водела во Русија, во услови на енормно студена зима.

11
Во рамките на своите истражувања за влијанието на космичките фактори тој се
обидел да согледа и колкаво е влијанието на светлината врз стапката на
самоубиството, зашто постоеле тези дека на неа влијае количеството на светлината. Со
оглед на ова, тој утврдил дека самоубиствата, се почести во лето кога денот е долг и
има повеќе светлина. Во додаток на оваа анализа тој ги покажал часовите од денот
кога се случувале самоубиставата. Тие, имено, се случувале наутро-меѓу 6 и 11 часот и
попладно меѓу 12 и 6.8
Диркем разграничил четира типа општествена кохезија,на кои им одговорат четири
типа самоубиство. Тоа се: егоизам, алтруизам, аномија и фатализам.
1. Егоизмот ја претставува онаа општествена состојба во која им е дадена предност на
индивидуалните активности во однос на колективната предаденост и задолженија,
како резултат на што општеството има мала контрола врз судбината на индивидуате.
2. Алтруизмот е состојба која е спротивна на егоистичната. Во неа човекот не е доволно
индивидуализиран од колективните задолженија и како резултат на тоа има мала
можност самиот да ја контролира сопствената судбина.
3. Аномија е состојба во која е намалено дејствувањето на механизмите на
општествената контрола што условува дезориентација на поединците
4. Фатализмот Диркем го воведува од методолошки причини за да може да оформи
два комплекса на поларни типови на самоубиства. Како спротивен на аномијата
фатализмот се однесува на оние ситуации кога нормативниот поредок премногу крут и
силен и како таков претставува кочница за секаква слободна иницијатива за
подинците.
Поаѓајќи од типовите на кохезија Диркем разликува 4 типови самоубиство:
1. Егоистично самоубиство.
Овој тип е карактеристичен за општествата или општествените групи во кои
процесот на идивидуализацијата е многу напреднат и со тоа општествената кохезија е
ослабната. Кога проблемите со кои се соочуваат се премногу тешки за да можат самите
да ги разрешат, а врските кои ги поврзуваат со околината се премногу лабави за да
можат да ја очекуваат нејзината подршка, индивидуите може да попаднат во ситуација
излезот да го бараат во индивидуалистичко, односно егоистичното самоубиство.

8
Исто стр:266-270

12
Егоистичната интеграција Диркем ја истражува во три сфери: религиската,
семејната и политичката, доаѓајќи до заклучокот дека во сите три одредени околнисти
им погодуваат на егоистичните самоубистава.
Големоте разлики во изложеноста на самоубиство кај овие конфесионални
групи тој ќе ги објасни преку разликите во кохезивната моќ на трите религии.
Протестантизмот го упатува човекот кон световниот живот втиснуваќи им ја
верата преку позивот, преку доброто извршување на своите задолженија го дава
својот придонес во славење на името божјо. Кај него луѓето се поврзани преку
размената и еципрочноста на службите отколку преку учество во религиозниот ритуал
и токму високата стапка на самоубистаа открива дека рационалните сретсва за
општествено поврзување се помалку ефективи отлоку заедништвото во верувањата.
Повисоката стапка на самоубистав кај протестантите така резултира од тоа што нивната
црква е помалку интегрирачка од католичката. Еврејската црква е посилно обединета
од било која друга. Таа е упатена самата на себе си затоа што е објект на
нетолеранција. Оттаму и малата тендеција на Евреите кон самоубиство наспроти сите
видови околности кои можат да го потикнуваат.
2. Алтруистичко самоубиство.
Податоците за овој тип самоубиство Диркем ги добил повеќе преку
етнографските написи за некои примитивни општества, во кои обичаите се високо
ефективни, како и од историската иантрополошка литература за оние историски
општества (класичн Индија и класична Јапонија) во кој постои висок степен на
општествена интеграција. Во одредени ситуации на своите членови им поставува
барање да го жртвуваат својот живот во интерес на јакнење на традицијата и јакнење
на системот.
3. Аномично самоубиство.
Овој тип самоубиство се случува во услови кога слабее нормативниот поредок,
што доведува до ситуации кога индивидуата е дезорентирана зошто е нарушен
односот меѓу општествените однесувања и нејзините лични искуства. Аномичното
самоубиство Диркем го истражува во економската и семејната сфера.
Во економскат сфера аномичната ситуација претставува економската криза како и
премногу интезивниот економски подем.
Во семејната сфера како основен пример за аномија го наведува бракоразводот.

13
4. Фаталистичко самоубиство.
Овој тип е условен од ситуации на ропство или друг поредок, во кој исклучивите
и деспотски закони на човекот не му даваат никакви можности самиот да учествува во
креирањето на сопствената судбина.9 Фаталистичкото самоубиство се јавува како
последица на претерано нормативно ограничување на однесувањето на поединецот,
кое му ја блокира неговата волја, слобода и желба за живот. Такви се на пример
самоубиствата на затвореници, на адолесценти кои прекумерно се контролирани и
ограничувани од нормите што ги поставуваат нивните родители и слично.

Заклучок

9
Исто стр:270-274

14
Самоубиството претставувало и претставува и ден днес таква општествена
појава која е присутна низ текот на целата човекова историја ни од тоа ни денеска не
е лишено нити едно општество. Истражувањата покажуваат дека денеска најбогатите
замји кои имаат висока економска стабилност имаат најмногу самоубиства. Светската
здравствена организација укажува дека дневно околу 2000 луѓе си го одземаат
сопствениот живот.
За многу луѓе кои се чувствуваат суицидно, им се чини дека не постои друг
излез за нивните проблеми. Кога се обземени со суицидни чувства, нивниот свет може
да се опише само со еден збор - смрт. Силите на нивните суицидни чувства не смее да
се потценуваат, тие се вистинити, моќни и неодложни. За нив не постои волшебен лек.
Кога лицето е депресивно, има тенденција работите да ги глледа од една сиромашна
гледна точка. Една недела или еден месец подоцна, се околу него може да му изгледа
поинаку. Повеќето од луѓето кои имале суицидни мисли, денес се среќни што се
живи. Многумина од нив изјавиле дека не бил животот она што сакале да го прекинат,
сакале само да исчезне душевната болка кој ја чувствуваат.
Времето е важен фактор за надминување на она што се случува, но најважно е што се
случува во тоа време.

15
Користена литература

1. Сулејманов З.Стојановски Н. Социјална Потологија, Скопје 2002 год


2. Марија Ташева, Социолошки Теории; Скопје 1999 год.
3. Емил Диркем, Самоубиство, Белград 1997 година.
4. Интернет извори

16

You might also like