You are on page 1of 2

Животот е полн со настани, нови почетоци и впечатоци.

Меѓутоа, во
превирањата на животот, луѓето забораваат на најважното - духовната
компонента на нивното однесување.
Преку зборовите на Иван Димитриевич Громов, Чехов во „Павиљон број
6“ ги изнесува своите размислувања за состојбата на општеството, кое е
далеку од морално совршенство со внимателен и посакуван однос еден
кон друг. Општеството, според херојот, „води здодевен, бесмислен живот,
со насилство, непристојна развратност и лицемерие...“.
Следејќи го животот на лекарот Андреј Ефимич се среќаваме со
неколкумината пациенти во Павилјонот број 6, павиљонот каде се
затворени „лудите“. Таму се сместени петмина: едниот е слаб
малограѓанин кој постојано гледа во една точка, тажи, ја клати главата,
јаде и пие кога ќе му дадат, не зборува и не одговара на прашањата;
вториот е евреинот Мојсејко кој е со весела нарав и е единствен кому му е
дозволено да излегува, третиот е дебел селанец со тапо лице,
неподвижен, вечно гладен, човек што престанал да чувствува и мисли,
четвртиот е ситен и итар човек кој некогаш сортирал пошта и кој постојано
нешто крие под перницата; и петтиот, енајважниот, е благородникот Иван
Дмитрич. Условите во павилјонот се под сите норми, мириса на амонијак.
Односот на претпоставените е крајно рамнодушен. Едно од главните
прашања, коишто ги поставува новелата е прашањето: „Кој е тука луд, тие
кои се различни и сместени во ова место поради различноста или оние
коишто ги сместуваат овие луѓе тука под изговор на рационалноста и
повикот за игнорирање на страдањата?“ Оние кои без размислување ги
прифаќаат сите наметнати норми, правила, хиерархиски поделби што
мора да се почитуваат, трката по пари како смисла на живот - или оние
кои се свртуваат кон себеси, кон своето осознавање, сопственото
изградување и оттргнување од бесмислата на секојдневието во
опшетството?
Кој е во затвор? Оној што е зад решетки или оној кој самиот ставил огради
во својот живот и не излегува од нив? Оној кој и во својот мал простор
читајќи влегува длабоко во просторот на филозофијата или оној кој иако
стигнал и до крајот на светот не ги отворил очите и ништо не видел?
Кој има право да ги суди другите луѓе? Кој смее да одлучува што е добро
за другиот човек, што е правилно, а што не? Дали осудата и пресудата е
секогаш само наша сопствена?
Лекарот Андреј Ефимич речиси никогаш не одел во Павиљонот бр. 6 да ги
посети лудите. Тој во младоста бил многу набожен и сакал да стане
духовно лице, но под влијание на татко му завршил медицински факултет.
Со време, работата му здодеала поради својата бесполезност. Тој не ги
лекувал и сметал дека се тоа само излажани луѓе. Тој си велел: „Па и
зошто да им се пречи на луѓето да умираат, ако смртта е нормален и
озаконет крај на секого? Што од тоа ако некој трговец или чиновник
поживее уште пет или десет години? Ако целта на медицината се гледа во
тоа лекарствата да ги ублажуваат страдањата , тогаш несакајќи се
поставува прашањето: зошто пак да ги ублажуваат? Пред се, велат дека
страдањата го водат човека кон совршенство...“
Павиљон 6 претставува критика за општеството и лицемерието на
социјалната грижа. Во овој расказ Чехов на ироничен начин го критикува
општеството кое воопшто не се грижи за болните, општеството во кое не
се знае кој е навистина луд, од која страна на решетките се наоѓаме или
можеме да се најдеме. Расказот завршува со смрт на главниот лик кој
казната за сопствените погрешни постапки и филозофија ќе ја почуствува
врз своја кожа.
Расказите на Чехов ни даваат целосна слика за трулото и болно општество
коешто го создава талогот т.е. малиот човек. Темите во неговите раскази
критички ги опфаќаат сите сегменти на општественото живеење. Неговите
раскази се универзални бидејќи го претсавуваат човекот точно онаков
каков што е.

You might also like