You are on page 1of 3

Фридрих Ниче

Германскиот философ Фридрих Ниче е една од најконтрoверзните личности.


Потекнува од протестантско свештеничко семејство но рано во младоста ја изгубил верата
во Бога. Работел како универзитетски професор по класична филологија, и тоа започнува
на 24 години како брилијантен ум. Целиот живот го поминува постојано навјасан од
мноштво болести. По долго боледување умира со нарушено психичко и ментално здравје.
Од многуте дела кои ги напишал се издвојуваат: Волја за моќ, Така зборуваше
Заратустра, Антихрист, Раѓање на трагедијата, Генеалогија на моралот, Човечко
премногу човечко и др. Пишувани во афористички стил.

Сфаќање за светот

Слично на Хераклит, и Ниче, суштината на светот ја сфаќа како динамизам и


промена. Основно начело по кое сè во светот се случува е начелото на Вечното враќање
на истото. Она што се враќа постојано во секој миг е разликата, таа е она истото. Таа се
враќа како онтолошко начело и го повикува светот во постојано настанување, да биде во
постојана разлика со самиот себеси. На тој начин светот е вечно во постојано
настанување. „Сè оди и сè повторно се враќа, вечно се тркала тркалото на животот“. Во
вака сфатениот свет, вечна е само волјата. За разлика од Шопенхауер за Ниче волјата е
одредена како Волја за моќ. Тоа е волја за господарење, за доминација, која кај човекот го
достигнува врвот. Последната цел на волјата за моќ е да го надмине човечкото во човекот
и да го оствари надчовекот. Да ја оствари потполната разлика.

Етика

Ниче волунтаризмот го поврзува со Дарвинизмот. Ги велича нагоните, страстите,


инстинктите, борбата во која победуваат најсилните. Ниче е голем индивидуалист. Смета
дека секој човек треба да има свој морал, своја вистина, свој начин на живеење. Вистината
е само агол на гледање на поединецот. Од ваквите позиции Ниче дава критика на
постоечкиот морал. Тој е противник на секој морал како збир правила со кои се
ограничува слободата на поединецот. Затоа неговото учење се нарекува иморализам. Тој
е иморалист затоа што го негира возвишениот карактер на моралот и ги обезвреднува
постоечките морални норми. За него: не постојат морални феномени туку само морални
интерпретации на тие феномени. Тоа значи дека моралното е еднакво на неморалното, и
обратно. На пример: барањето правда е всушност прикриена желба за одмазда,
сожалувањето е прикриен сексуален нагон. Ниче се прашува: Кој ги измислил моралните
норми? Според него, зад моралот се кријат три сили:

- Инстинктот на несреќните против среќните


- Инстинктот на слабите против силните
- Инстинктот на просечните против исклучителните
Несреќните, слабите и просечните во своја близина не поднесуваат среќни, силни и
надпросечни. За да можат да ја сокријат просечноста и слабоста тие се кријат зад
моралот. А сите оние што отскокнуваат од толпата над просечноста настојуваат да
ги симнат на свое ниво.Со помош на моралот медиокритетите се спасуваат од
безличност. За Ниче: моралот е скриена волја за моќ! Од овие позиции ја критикува
демократијата, но и христијанството. Христијанството за Ниче ги укинува
страстите, и бара потполно неприроден начин на живеење. Самото христијанство
полека станува бесмислено за Ниче и се самоукинува. Позната е синтагмата на
Ниче: Бог е мртов. Тоа значи дека Бог треба да стане мртов за модерната европска
култура – затоа што сите метафизичко – христијански вредности се бесмислени
кога се во спротивност со реалниот, конкретен живот. Бог е мртов, но не како вечен
принцип, бидејќи она што е вечно не може да умре. Тој е мртов така што е мртво
нашето верување во Него. Со тоа што е мртво нашето верување во Господ,
загубени се сите темели на надежта, обврската, моралот, смислата. Оттаму, Господ
е мртов, значи се е дозволено.Откога се загубени сите темели на вистинитоста и
доблеста , очајувањето нема да ни помогне. Со ова сознание на ум , Ниче го
прокламира својот прочуен став за потребата од превреднување на сите вредности
со кои сите дотогашни културни, естетски, етички и религиозни вредности ги
отфрла како неважечки прогласувајќи аксиолошки нихилизам.Ако Бог е мртов тоа
само значи дека отсега ние треба да живееме како богови. Оттука, идеалот на Ниче
е токму надчовекот. Тој е супериорна единка која со своите квалитети е над
толпата. Надчовекот е повиш тип на човек, силен, полн со енергија, разум и
гордост. Тој е аристократ на телото и духот, русокосо животно кое сака живот полн
со опасности и борба. Надчовекот постојано ја наметнува својата волја за моќ.
Неговата сила не е во моралот туку во доминацијата и афирмацијата на сопствената
разлика. Надчовекот го потиснал човечкото во себе, тој е од онаа страна, оттаде
доброто и злото. Повторно Ниче објавува: Бог е мртов, да живее надчовекот!
Многумина ја поврзуваат неговата философија со нацизмот, но тоа е
мистификација и фалсификат. Ниче не верува во колективитети, а уште помалку во
збирштина од национален вид. Демократијата е ништожна оти бара еднаквост, а
луѓето не се раѓаат еднакви, ниту народите се еднакви. Еднаквост бараат само
слабите. Во демократијата само просечното е на власт.

Да се занимаваш со философија, за Ниче значи да го избереш својот начин


на живот. Философијата на очајот те престорува во очајник, философијата на
радоста од тебе прави радосно суштество.Ниче вели „својата философија на
афирмација на животот, јас ја изградив од мојата решеност да бидам здрав, од
мојата одлука да живеам... нагонот на самоодржување ми забранува да
практикувам философија на маки и обесхрабреност.“

You might also like