You are on page 1of 18

Религијата во општеството

2
Христијан Захарчев I6
Улогата на религијата
Религиската толеранција во
историјата одиграла огромна
улога во намалување на
насилствата, промовирање на
помирување и разбирање
помеѓу спротивставените групи.
Но, историјата нè учи и дека
религијата може посредно или
непосредно да биде и причина
за војни, тероризам и други
облици на насилство.
Фундаментализам
• е начин на мислење со кои одредени начела се
сметаат за основни вистини, кои без оглед какви
се, треба да останат непроменети. Верскиот
фундаментализам, како поим започнал да се
споменува во почетокот на 20 век и со него се
означувале верувања на некои протестантски
секти од САД кои ги отфрлаат научните ставови
за еволуција преку природна селекција, ги
поставуваат библиските учења над сè, а
Библијата како неприкосновен збор на Бог.
• Различни религии (христијанство, јудаизам,
ислам, хиндуизам итн.) имаат движења кои
се сметаат за фундаменталистички.
Заедничко за овие движења е тоа што се
застапуваат за враќање кон основните свети
книги и кон нивно поедноставено читање,
кое е честопати буквално и некритичко (Како
што е запишано, така треба и да се
постапува).
Aнти- еволуционистичка Лига, судењето на Џон Скоупс, 1925
Светска конференција на на христијански фундементалистички учители
• Фундаментализмот најчесто е
реакција на глобализацијата,
се противи на секуларизмот
(одвоеноста на верските
заедници од државата), на
принципите на демократија,
еднаквост и човекови права.
Фундаментализмот кај секоја
религија ја поставува својата
религија над другите, поради
што е закана за еднаквоста во
општеството и честопати се
поврзува со национализмот и
фашизмот. Верскиот
фундаментализам честопати
се поврзува со екстремизам,
иако двата поими се
различни.
Екстремизам
• претставува верување или поддржување идеи
кои се многу различни од она што повеќето
луѓе мислат дека е коректно или разумно.
Поради тоа, екстремизмот се однесува на
ставови или однесување за кое се смета дека
се надвор од нормите.
• Насилниот екстремизам се однесува на
верувања и постапки на лица кои поддржуваат
или употребуваат насилство за постигнување
идеолошки, верски или политички цели.
Примери на организации кои применуваат
насилен екстремизам се: неонацисти, Кју
Клукс Клан, ИСИЛ, Боко Харам, екотероризам
и сл. Дел од нив ја оправдуваат потребата од
насилство преку користење и некритичко
толкување одредени религиски текстови.
Неонацизам
• Неонацизмот ги опфаќа
милитантните, општествените и
политичките движења по Втората
светска војна кои се обидуваат да
ја оживеат и обноват
нацистичката идеологија.
Неонацистите ја користат својата
идеологија за да промовираат
омраза и надмоќ на белата раса,
да ги напаѓаат расните и
етничките малцинства (кои
вклучуваат антисемитизам и
исламофобија), а во некои случаи
и да создадат фашистичка
држава.
Кју Клукс Клан
• тајна организација основана по завршетокот
на Граѓанската војна во САД, која има за цел
предизвикување на расна и верска
нетрпеливост. Се смета за
прва фашистичка организација во светот.
Членовите се облекуваат во карактеристична
бела облека, мантии со конусовидна качулка
која во целост го затскрива лицето, на која
има само отвор за очите. Организацијата
премолчано е штитена од државните органи,
и е толерирана и покрај големиот број на
уништени приватни имоти, и убиства.
Нејзини жртви се американските
Африканци, Евреите, но и белите христијани
кои биле сметани за помагачи или
заштитници на Црнците и Евреите.
Организацијата постои до ден-денес, се
занимава со ширење параноја и омраза и сѐ
уште има моќ која не е за потценување.
ИСИЛ
• Исламска држава, понекогаш позната како Исламска држава Ирак и Левант (ISIL)
или Исламска држава на Ирак и Сирија (ISIS и исто така означена со кратенката
Daesh на арапски јазик е исламистичка милитантна џихадистичка група и
поранешна непризнаена квази-држава што ја следи доктрината на салафи џихад
врз основа на сунитската гранка на исламот. Основана е од Абу Мусаб ал-Заркави
во 1999 година и стекна глобална важност во 2014 година, кога ги протера
ирачките безбедносни сили од клучните градови за време на кампањата во Анбар,
што беше проследено со неговото заземање на Мосул и масакарот во Синџар.
Лев Тахор
• Лев Тахор (еврејски: „чисто срце“) е екстремистичка религиозна група основана од
Шломо Хелбранс во 1988 година. Често опишан како култ, се состои од околу 200–300
членови. Групата следи фундаменталистичка форма на еврејска практика и се
придржува до сопствените нетипични толкувања на еврејскиот закон, вклучувајќи
практики како што се долги молитвени сесии, договорени бракови меѓу тинејџери и
црни покривки од глава до пети за девојки и жени кои почнуваат на возраст од три].
Групата се соочи со обвинувања за киднапирање, сексуална злоупотреба и злоупотреба
на деца.
Радикализација
• е процес преку кој поединецот
или групата прифаќа екстремни
социјални, политички или
религиозни ставови и
однесувања, значително
различни од повеќето членови
на нивната група/заедница.
Однесувањето честопати е
насочено кон настојување да се
изврши значајна промена во
општеството. Доколку
поединецот кој е радикализиран
размислува за употреба на
насилство како легитимно и
посакувано средство за
дејствување, тогаш се зборува за
радикализација која води до
насилен екстремизам.
• Екстремистите имаат силно изразени
заштитнички ставови кон сопствената група,
а омраза, нетрпеливост и агресивност кон
некоја друга група. Целта им е зачувување на
вредностите, идентитетот и гледиштата на
сопствената група, со начини кои може да
бидат на крајната граница на дозволеното
или незаконски начини, како што е
тероризмот.
• Младата популација се смета за една од најранливите групи
лица кои лесно потпаѓаат под влијание на одредени
радикални групи кои практикуваат насилство и екстремизам.
Желбата за припадност во одредена група, потрагата по
идентитет, разочарувањето од институциите, социјалниот и
семејниот статус, потрага по возбуда и авантура е тоа што
младите ги прави многу ранливи да потпаднат под разни
влијанија и да прифатат дури и насилни активности со цел да
ги исполнат своите очекувања и идеали
• Најчесто, манипулацијата врз младите е на
индивидуална емоционална основа, каде што лицата
т.н. регрутери ги бираат младите кои во моментот се
особено ранливи, т.е. чувствуваат грижа за нешто
изгубено, имаат лоши односи или несогласувања со
родителите и во училиштето, чувство дека не се
сакани, немаат доволно финансии, друштво,
чувствуваат неприпадност во заедницата, сметаат
дека не постои иднина за нив, чувствуваат лична
неправда и слично.
Знаците на радикализација, понекогаш кај младите се
манифестираат на многу јасен и предупредувачки
начин, но има и случаи кога радикализацијата кај
младите е малку видлива, па дури и воопшто не се
забележува.
Знаците за радикализација вклучуваат:
• Изолирање од семејството и пријателите
• зборување како од напишана скрипта
• неподготвеност или неспособност да разговараат за
нивните ставови
• ненадеен непочитуван однос кон другите
• зголемено ниво на гнев
• зголемена тајност, особено околу употребата на
интернет.

You might also like