You are on page 1of 9

СОУГ Гоце Делчев – Куманово

ЕТИКА И РЕЛИГИЈА

Изработила:
Емилија Станковска IV-7
Етиката е наука за моралот. И двата поими,
етика и морал, имаат слично значење. Тие го
објаснуваат начинот на однесувањето на човекот.

ЗНАЧЕЊЕ НА Етиката најпрво се појавила во рамките на


филозофијата, а подоцна и во теологијата. Денес,
ЕТИКАТА таа постои како филозофска, но и како теолошка
наука. Етиката ги проучува и ги проценува
моралните вредности
Етиката е воспитно образовна наука и има за
цел да им помогне на луѓето во формирањето на
нивниот карактер.
Таа содржи правила или закони кои служат за
правилно однесување во семејството, во
училиштето, во општеството, во природата и општо
насекаде. Кога не би постоеле вакви правила,
тогаш сите луѓе би правеле само она што сакаат, а
не она што треба да прават, и така набрзина би
завладеал еден општ хаос во светот.
МОРАЛНОТО
Религијата е духовна врска помеѓу Бога и УЧЕЊЕ ВО
луѓето. Во светот постојат различни религии
(христијанска, исламска, јудејска и други), но
СВЕТИТЕ КНИГИ
основниот белег во секоја религија е верата во НА РЕЛИГИИТЕ
Бога. Воспитувањето и поучувањето во верата одат
заедно и не можат да бидат раздвоени. Знаењето
само по себе не е доволно, туку тоа треба да биде
проследено и со примена во животот. Затоа, секоја
религија во своето учење вклучува етички или
морални принципи на однесување. Тие принципи за
добро однесување се дадени од Бога. Тие се
запишани и во светите религиозни книги.
Религијата, етиката и филозофијата се взаемно
поврзани и имаат важна улога во
осмислувањето на човековото постоење, во
разбирање на светот и на смислата на животот.
Истражување на врската на религијата и
етиката ни покажува дека етиката често
настапувала со религиозна свест а религијата
градела највредни етики. Најголемите етички
системи во историјата на човештвото се
религиозните. До неодамна верата целосно
била поглед на светот и основа за етиката, а кај
мнозинство луѓе и денес таа е светоглед и
емоционална база на човековата личност која
го насочува кон живеење и морално
дејствување.
Во етиката постојат етичари
за кои религијата е
непотребна па дури и штетна
за етиката. Но постојат и
такви за кои етиката е важна
за религијата и тие Такви се најстарите
настапувале како религиозни моралисти: Сократ,
личности кои искажувале Платон, стоичарите,
огромно укажување за Шефтсбери и Кант.
моќите и придонесите на Според нив религијата
верата за добриот морал. е исто што и етика,
односно кога човекот
има вера во нешто тој
постапува истовремено
етички и морално.
Религиите пропушуваат и заначајни
морални норми кои служат како основа
за севкупното однесување на човекот.
Такви морални норми се: Десетте божји
заповеди, моралните поуки на
Конфучиј и на Буда, петте столбови на
исламот, пораките на Исус итн.
Религиските и моралните норми покрај
нивната поврзаност тие и се
разликуваат помеѓу себе.
Светите заповести според религиското учење се
задолжителни и безусловни во многу поголема мера
отколку што се тоа моралните норми.
Огрешувањето кон верските норми предизвикува
чувство на грев кон Бога, односно кон светоста, а
огрешувањето кон моралните норми во човекот создава
чувство на срам заради нарушување на личното
достоинство.
Верските норми се поврзани со посебна институција
– Црквата, а моралните норми се стекнуваат и се
усвојуваат со растењето и формирањето на личноста
под разни општествени влијанија (семејство, училиште,
заедница).
МИСЛИ
1. Кога мисионерите дојдоа во Африка, тие ја имаа Библијата, а ние ја имавме земјата. Тие рекоа
„Да се молиме“. Ги затворивме очите. Кога ги отворивме, ја имавме Библијата и тие ја имаа
земјата. - ДЕЗМОНД ТУТУ
2. Светот е мојата земја, целото човештво се мои браќа, а да се прави добро е мојата религија. -
Томас Пејн
3. Религијата не е дел од животот; тоа е нешто што навлегува во целината. - Алан Вотс
4. Лесно е да се зборува за религија, но тешко е да се практикува. - Рамакришна
5. Најважниот човечки потфат е стремежот кон моралот во нашите постапки. Од тоа зависи
нашата внатрешна рамнотежа, па дури и нашето постоење. Само моралот во нашите постапки
може да му даде убавина и достоинство на животот. - Алберт Ајнштајн
6. Потребни ни се безвременски принципи кои треба да ги следиме во водењето на нашите
организации и градењето на нашите лични кариери. Ни требаат високи стандарди --- етиката
на извонредност. - Цена Причет
БЛАГОДАРАМ
БЛАГОДАРАМ НА
НА ВНИМАНИЕТО
ВНИМАНИЕТО

You might also like