You are on page 1of 15

 Со прокламирање на независноста во РМ се промени

општествено-политичката ситуација во РМ, но и


религиската ситуација. Главни карактеристики на новиот
период се:- процесите на ревитализација на религијата
 Длабока криза на секуларизацијата
 Екстремно блиски односи помеѓу религиската и
политичката елита
 Религиска толеранција
 Улогата на религијата во мир и конфликт
 Како резултат од тоа се појавија големите предизвици на
современата Социологија на религија во РМ. Прв
предизвик е воведување на религиско образование во
државните училишта
 Воведувањето на р.образованието во Македонија се поклопува со
падот на комунизмот, дотогаш ова прашање во рамките на СФРЈ
било третирано како табу тема. Религиското образование било
организирано само во верските објекти и комплетно одвоено од
државното образование. Дури и во предметите како социологија,
марксизам, самоуправување, скоро и да не беа присутни содржини
поврзани со феноменот религија и неговата функција во
општествениот систем.
 По осамостојувањето започнува процесот на ревитализација на
религијата. Религијата од приватна сфера навлезе во јавниот
живот.Со самото тоа процесот на секуларизација(одвојување на
црквата од државата) полека почна да навлегува во голема криза. Во
тоа време дојде и до силно приближување на политичката и
религиската елита (господин господин Михаил, тогашниот
архиепископ, најпогоден за прв прeтседател).
 Ревитализација на религијата и криза на секуларизација беа првите
предуслови да се отвори прашањето за р образование. Ова прашање го
отвори религиската елита особено високи претставници на МПЦ кои беа
отворено поддржани од Исламската верска заедница, католичката
црква и други присутни религиски заедници.
 Сепак религиската елита моралa да пронајде силни аргументи ЗА
 Главната карта беше превенцијата на падот на моралните вредности кај
младите
 По падот на комунизмот се појави вакум на морални вредности што
резултираше со одредени карактеристики на аморализам.
 Себичноста, бескруполозноста, егоизмот и макевијалистичката теза
дека целта ги управува с-вата станаа карактеристки на македонското
модерно време. Освен тоа социолошките анализи дојдоа до заклучоци
дека се зголемува бројот на социо-патолошки зависници. Алкохолизмот,
наркоманија и проституција. На тој начин младите ги леча чувството на
бесперспективност, разочараност, отфрленост.
 Скоро сите религиски претставници се согласиле со тезата дека
Религиското образование може само да помогне, а не и да
одмогне во подобрувањето на моралната ситуација во
општеството.
 Овие тези беа поддржани од претставници на научна и
интелектуална елита и сето тоа резултираше со политички
договор меѓу црквата и државата.
 На тој начин беше решена дилемата дали да се воведе р
образование, туку, какво, за кого и кога да се почне. За таа цел во
периодот од 2004-2008 беа спроведени неколку сериозни
истражувања, со цел да се откријат најважните општествени
причини за воведување на религиско образование
 Ги и издовојуваме на Зоран Матевски и Владо Темов
 Етичките програмски содржини ќе го пополнат вакумот на
моралните вредности и моралното однесување на младите;
 Учениците, учејќи за различни религии ќе се запознаат меѓусебно и
со тоа ќе ја спроведат социјално-интегративната ф-ја на религијата;
 Преку овој тип образование ќе се зајакне индивидуално
психолошката функција преку стравот од судниот ден;
 Религиската едукација ќе биде ставена под државна контрола;
 Овој тип на образование би требало да ги подобри личните
карактеристики на младите. Со развивање на хуманоста,
солидарноста, почитта, љубовта, македонското општество ќе се
заштити од девијантните однесување.
 Како резултат на се ова Министерството за образование и наука
донесе одлука од учебната 2008/2009 да започне со овој проект во
петто одделение со два предмети Вероучение и Запознавање со
религиите
 Д-р Цуцуловски причините за невоведување на верска настава во
образовен систем ги поделува на следните аргументи: а) теолошки,
б) педагошки и б) практичен аргумент. а)Tеолошки аргумент.
Влегувањето на црквата во световните училишта би значело
нарушување на принципот на секуларизација, т.е. на одвоеноста на
црквата од државата. Со тоа, колку и да звучи парадоксално, би се
напуштила интенцијата на Исус, кој токму се залага за издвојување
на сферата на духовно-религиозното од сферата на световното,
државното. б) Педагошки аргумент се состои во несовпадноста на
општиот поглед на светотот што постои помеѓу научниот пристап
кон суштинските прашања, од една страна, и религиозното
толкување и објаснување на овие прашања. Односно, како да се спои
религиозното учење за создавањето на светот за шест дена и
теоријата што ја нуди современата наука? Како да се сообрази
сфаќањето за создавањето на животот од страна на Бога и
Дарвиновата теорија за еволуцијата на живиот свет?
 Значи, на една страна се ригидните догми на религијата, а на
другата, сознанијата на науката. Во таква ситуација на крајна
спротивставеност помеѓу религијата и науката, нужно ќе дојде
до одредена конфузија во духот на младите личности, кои во
значајна мерка ќе бидат растрганати помеѓу авторитетот на
религиозната догматика и авторитетот на науката.,
прашувајќи се постојано кон кој авторитет да пристапат,
бидејќи не е можно обата авторитети подеднакво да се
прифатат, ниту пак, да се помират. Отука е најдобро
религиозното да си остане во доменот на приватноста, а во
световното образование да остане науката која, во крајна
линија, е матријалистичко ориентирана. в)Практичен
аргумент. Во Република Македонија егзистираат повеќе
религии и ниедна од нив не смее да биде занемарена, сеедно
 на фактот дека доминантни конфесии се
христијанската и муслиманската. Ваквата структура на
различна кофесионална припадност ќе се одразува и
во училиштата. Значи ли тоа дека, кога ќе дојде
времето за час по верска наука, едни деца ќе одат во
едни простории, а други во некои други за да ги
слушаат оние верски содржини што ги споделуваат или
за кои се интересираат? Не значи ли тоа верско, а со
него и етничко подвојување, наместо учулиштето да ја
остварува една од своите основни функции да ги
поврзува граѓаните без разлика на нивната расна,
верска или национална припадност? Не значи ли тоа
дезинтеграција, наместо интеграција?
 Социолошките анализи по ова прашање го покажаа
следново:
 Како и најголем број верски организации, така и МПЦ
смета дека нејзината религиска вистина е единствена и
исправна сите други се лажни што е впрочем во духот на
целокупното Православно христијанство. Меѓутоа, тоа
не значи дека не постои верска толеранција од страна на
МПЦ. Таа покажува толеранција која е практична пред се.
Ако сака да биде дел од поширокиот општествен систем
мора да покаже чувство на толеранција. Свесна дека
егзистира во мултиеничка средина кај МПЦ имало точно
онолку толеранција колку што било потребно во склад со
времето и просторт во кој делувала.
 Заради нејзината тесна поврзаност со албанските
политички партии до израз доаѓа поистоветувањто на
моралните начела на исламската религија со политичката
идеологија (ДУИ, ДПА и сл). Заради таа нејзина
поврзаност доаѓа до осцилации во толеранцијата спрема
православните христијани во зависност од општествено-
политичките ситуации во македонското општество.
 Исламот теоретски е доста толерантен, но и затворен и
ограничен на самиот себе особено во руралните средини
каде е конзервативен. Затоа може да се заклучи дека ИВЗ
во Македонија била на одредени дистанци кон
православните христијани
 Социолошките анализи покажуваат дека конфликтот во 2001 нема
типични карактеристики на религиски конфликт. Како и во многу
други околности религиските чувства биле злоупотребувани за
политички цели. Во тој контекст би било интересно да се даде
одговор на прашањето дали МПЦ и ИВЗ со своите дејствувања ги
разгоруваат етничките проблеми и дејствувања?

 Бидејќи се одвоени од државата тие неможат да бидат директни


виновници за сите меѓуетнички проблеми, кога би се прашувале
МПЦ и ИВЗ веројатно и би немало етнички конфликти. Меѓутоа тие
не се ослободени од секаква одговорност па не им се замерува за
она што го кажале, туку за она што не го кажале. Впечатокот е дека
немаат доволно сила да зборуваат на сопствениот религиски јазик
туку со колективниот јазик на својата средина
 Кога зборуваме за феноменот на ревитализација него мора нужно да
го поврземе со процесите на длабоки општествени промени и кризи.
 По осамостојувањето РМ влезе во длабоки политички,
економски,етнички кризи. Транзицискиот период донесе страотни
социјални кризи предизвикани од грабежот на општествениот
капитал и политички кризи предизвикани од наплив на национални
чувства и етноцентризам (конфликт 2001). Во вакви кризни периоди
поединецот се чувствува беспомошно и се врти кон религијата и
подзаборавените вредности.

 Суштинската карактеристика на ревитализацијата на р во РМ е дека


не се зголеми процентот на убедени верници туку драстично се
зголеми бројот на традиционалните верници.
- Прво, модел на предоминација на религискиост систем
наспроти уставно-правниот систем, кој се нарекува
теократија;
- Второ, модел на предоминација на уставно-правниот систем
наспроти религискиот систем кој е типичен, на пример, за
комунистичките држави, а кој најчесто се нарекува
антитеизам;
- Трето, модел на привилегиран статус (соработка) на одреден
религиски систем во рамките на воспоставениот уставно-
правен систем на една држава, кој во теоријата се нарекува
модел на државна религија, како и
- Четврто, модел на уставна, како и на доброволна одвоеност на
уставно-правниот систем од религискиот систем, кој се
нарекува секуларизам
 Може да се заклучи дека иако во постсоцијалистичкиот период
македонските верници се актуелно поврзани со религијата таа врска
им е сеуште слаба а религиското однесување не е континуирано. Во
најголем дел се верници кои се идентификуваат со црквата но не се
навлезени во верата во вистинска смисла
 Во РМ најприсутни се традиционалните верници кои имаат малку
познавање за догматските ставови во Библијата и останатите
религиски текстови. Во религиската пракса се поврзани само во оној
дел кој е директно поврзан со македонските вредности, обичаи и
традиција. Причина за ваквата состојба е слабата организираност на
МПЦ во сегментот на веронаука и проповед
 Најновите социолошки истражувања покажуваат дека поминува
времето на помодна побожност. Се зголемува бројот на оние кои во
црква одат од религиски причини. Се зголемува процентот на
убедени верници, иако традиционалните остануваат најбројни

You might also like