You are on page 1of 1

Комуникациите во семејството

Како важна карактеристика на ефективна комуникација во едно семејство


се издвојува силата-моќта, всушност може да се каже дека со неа се гради
силна и стабилна врска меѓу членовите во тоа семејство. Комуникацијата
ја вклучува способноста да се обрне внимание на секој член посебно околу
тоа што тие мислат и чувствуваат. Како клуч на добра комуникација не се
издвојува не само зборувањето тука и слушањето што другите имаат да
кажат, довербата и меѓусебното разбирање. Отворената и искрената
комуникација креираат средина која овозможува секој член да ги искажува
различните ставови. Се претпоставува доколу комуникацијата е директна,
јасна и искрена тогаш семејството ќе биде поефективно и посложно.
Постојат неколку ставови поради која комуникацијата е важна во
семејството:
- Се достигнува високо ниво на разбирање
- Полесно се решаваат проблемите
- Се стекнува охрабрувачка поддршка
- Проблемите се согледуваат од различни аспекти
- Довербата се качува на повисоко ниво.
Разивањето на комукациските способности е клучно за успешна врска,
однос помеѓу родителите и децата, роднините, пријателите и
надворешниот свет. Се повеќе треба да се создаваат можности за
комукација во семејството за негово подобро функционирање, исто така
би било добро доколку има повеќе фамилијарни собири, одење на пикник
со децата, едноставно создавање на една весела традиција која ќе го одржи
семејсвото. Не секогаш мора да значи дека секое семејство има внатрешна
комуникација, често се среќаваме со семејства кои се несреќни или не
задоволни од таа причина што потребите за комуникација во семејството
ги заменуваат или надополнуваат со други работи.

You might also like