You are on page 1of 2

КОМУНИКАЦИЈАТА И ЧОВЕЧКИТЕ ОДНОСИ

1. Комуникација
• комуникацијата претставува контакт помеѓу луѓето, испраќање и примање
информации, разговор, ширење на ставови и сознанија и сл.
• при комуницирањето пренесуваме известувања за нас, за нашите интелектуални,
емоционални, социјални и етички ставови и својства
• комуникацијата е поврзана со човековата потреба да се претстави себеси и своите
погледи, како и автентичната човекова нужност да има врска со другите луѓе
• денес е развиен посебен правец Етика на комуницирањето, кого го засноваа
германските мислители Карл Ото Апел и Јирген Хабермас
2. Претпоставки за добра комуникација
• како размена на информации, факти, мислења и чувства комуникацијата
претставува силно средство за градење односи со луѓето
• комуникацијата е двонасочен процес
• во комуникацијата треба да има:
 желба да се искаже порака
 искажување на пораката
 посветување внимание на другиот
 обврска да се биде добар слушател
 свест за невербалната комуникација
 користење на едноставен јазик
 сигурност дека постои разбирање од соговорникот
 најголема моќ на човекот е способноста да комуницира со луѓето, нив да ги убеди во
нешто
 комуникацијата е манифестација на човековите мисли, вредности и ставови, од начинот и
од квалитетот на комуницирањето зависат разбирањето и односите меѓу луѓето
3. Елементи и постапки за успешна комуникација
 во комуникацијата како процес на пренесување пораки и информации вклучени се пет
основни елементи
 испраќач на пораката
 порака
 средство за комуникација
 примател на пораката
 повратна информација
 во комуникацијата се советуваат низа постапки за успешна комуникација
 треба да се зборува јасно и концизно
 идејата, мислата, уверувањето, чувството треба да се образложат разумно и
логично и да се поткрепат со факти
 треба целосно да се дослуша кажаното
 земете го предвид она што е кажано – бидете отворени кон туѓиот став
 гледајте го во очи оној со кого зборувате или го слушате
 поставувајте прашања што ќе помогнат во разјаснување на проблемот
 зборувајте и` директоно на личноста
 учете се да ги прифаќате разликите во мислењето
 кога е можно прифатете компромис
 треба да ги држите на страна личните проблеми
 бидете чесни и пристојни
 треба да ја прифатите одговорноста за своите активности

You might also like