You are on page 1of 2

Учебна 2015/2016 година

OОУ „Лазо Ангеловски“, Општина Аеродром, Скопје

Училиштен конкурс за ораторство

I Дефинирање на ораторството

Ораторството или јавното говорење е битно средство во секојдневниот живот.


Тоа е начин за изразување на идеите и влијанието на работите коишто се важни во
едно демократско општество. Говорникот има моќ да ја придвижи масата, да ги
разбуди нејзините чувства, да ја поттикне на акција.
Познатиот римски оратор Цицерон му придавал огромна моќ на говорништвото.
Според него, тоа може „со мудри мисли да го обземе духот, а со убави зборови да го
помилува увото, да го крене срцето на народот, да ги отстрани сомнежите на судијата,
да даде решавачки резултати, да ги заштити невините, да им помогне на бессилните, да
ги спаси потиштените, да ги ослободи прогонетите, да ги повика заблудените, да ги
издигне слабите, да ги понижи дрските, да ги надвладее противниците, да ги придобие
колебливите, да ги преобрази сомничавите, да ги затвори отпадниците, да ја поддржи
правдата, да ја сруши неправдата и со истата сила да брани и напаѓа.“

II Теми за ораторство за учебната 2015/16 година

1. Слушнете ме, сакам да ви кажам


2. Зошто да не помогнам, утешам, насмеам
3. Јас, победник
4. Многумина рекоа „не можеш“ – реков „гледајте ме“!
5. Влијанието на медиумите врз градењето на детската
личност

6. Употреби збор, не насилство!


7. Да се биде богат, значи да се дарува љубов
8. Какви се другарствата на социјалните мрежи
9. Огледалото не е мерило за нашата вредност

10. Родени сме да бидеме оригинал, а не копија


III Задолжителни компоненти на говорот

1. Вовед (10-20 проценти од целиот говор)

а) привлечето го вниманието и интересот на публиката;

б) откријте ѝ ја темата на публиката;

в) најавете ја разработката на говорот.

2. Разработка на говорот (најдолгиот и најважниот дел на говорот)

а) изложување на идеите, доказите, аргументите

б) добра организација на говорот

в) дефинирање на специфичната цел, централната идеја и главните поенти

3. Заклучок (5-10 проценти од целиот говор)

а) навестување дека говорот завршува

б) засилување на централната идеја (сумирање на целиот говор, краток цитат,


драматична изјава, директен повик за акција)

IV Критериуми за оценување на добар оратор


• отсуство на трема
• моќ на убедување
• елементи на знаење
• моќ на владеење со себеси и со непредвидливото
• моќта на гласот и силината на гласот
• правилно акцентирање
• интетзитет, интонација и пауза во говорот
• говорот на телото (движењето на рацете, изразот на лицето, гестовите и
движењата на телото и на главата и сл.)

подготвиле:

библиотекар Благица Ангеловска

наставник Костадинка Поповска

You might also like