You are on page 1of 16

Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф.

Гоце Арсов,

2 МОДУЛ : Граѓанска поврзаност


1 лекција :” КОМУНИКАЦИЈА”
ВОВЕДЕН дел на часот:

Денешниот ритам на живеење е најтесно поврзан со комуникацијата. Според


македонскиот писател Венко Андоноски во делото “ Неверството на јазикот ” (или како
лаже јазикот): “Јазикот е универзум на вистината ”. Значи, секој кој лаже има проблеми
кога комуницира. Се знае дека и вистинскиот јазик на науката е математичкиот јазик.
Комуникацијата е поврзување на луѓето меѓусебно, со другите нешта кои не опкружуваат,
но истовремено е и креирање нови нешта, бидејќи комуникацијата најдобро го мотивира
создавањето на нови идеи, соработки, разбирање.

Главен дел на часот:

1. ШТО Е КОМУНИКАЦИЈА?
Комуникацијата е интеракција (однос на две и повеќе лица). Комуникациајата е и
поврзување на групи во општеството, етникуми т.е. заедници, интеркултура но и
поврзување со луѓе и општества надвор од државата кои имаат и друга култура на
живеење. Едноставно живееме во ера на масовна и глобална комуникација.
Дефиниција :” Комуникацијата е двонасочен процес на размена на пораки
(информации) низ заеднички систем на сигнали меѓу различни луѓе.”
Што се тоа сигнали ?
Пред се сигналите се делат на знаци и симболи. Пример, јазикот т.е. писмото е систем на
симболи и колку човекот подобро ги знае и разбира толку подобро и поуспешно
комуицира со другите луѓе.
Терминот “комуникација” етимолошки доаѓа од латинскиот збор communicare – што
значи, да се направи општо, значи воопштување, да се направи некој учесник,
содејственик, споделувач. Како и секоја вештина и комуникацијата го бара целокупното
наше битие, нашите мисли, чуства, енергија, но и нашето дејствување.
Секогаш треба да се трудиме во комуникацијата да бидеме: јасни, кратки, разбирливи.
Најпрвин треба секој човек многу да учи, да чита литература, критички да се размислува,
така ќе ја збогатуваме својата свест. Нашата комуникација , нашиот јазик и размислување
зависи од нашата свест. Се што искажуваме или размислуваме е израз на нашата свест и
самосвест. Нашата комуникација нас не претставува во општеството кој сме, какви сме,
шѓто сме, колку знаеме и умееме, колку можеме. Колку подобро комуницираме толку
поуспешно сме разбрани од другите околу нас. Можеме онолку колку што знаеме, знаеме
онолку колку што размислуваме, размислуваме колку што комуницираме првин со себеси
а потоа и со другите луѓе, суштества, нешта кои не опкружуваат.

2. ЕЛЕМЕНТИ на ПОРАКАТА ?
Коминикацијата се остварува преку споделување на содржини т.е. пораки / информации.
Информацијата е составена од 4 елементи : 1. Испраќач на пораката, 2. Содржина на
пораката, 3.Примач на пораката, 4.Повратна информација.
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
3. ВИДОВИ КОМУНИКАЦИИ ?

Комуникацијата опфаќа 4 вида :

1.Вербална и невербална комуникација,


2. Гласовна и негласовна,
3. Непосредна и посредна, и
4.Еднонасочна и заемна .
Во првиот вид (вербална и невербална) комуникација се користат зборови, јазик,
писмо, глас. Ако користиме само гестови, паузи, знаци, гримаси (делови од лицето),
пантомима ( делови од телото) тогаш тоа е невербална комуникација.
Во вториот вид (гласовна и негласовна ) комуникација гласот се користи или спротивно
ако е негласовно тогаш се користи мимикрија, гестикулација, писмо или текст.
Во третиот вид (непосредна и посредна) комуникацијасе зависи од тоа дали директно или
индиректно ја правиме комуникацијата. Ако е непосредна значи комуникацијата е со
физичко присуство. Односно, ако е посредна тогаш ја правиме користејќи различни
апарати или посредни начини ( телефон, компјутер, таблет, писмо, итн. ).
Во четвртиот вид (еднонасочна и заемна ) комуникација се однесува на тоа дали
комуницираме еднонасочно (кон себеси, или преку средствата за јавно информирање:
телевизија, радио, интернет, пишани медиуми како весници, списанија, , писма, итн.) .)
или комуницираме заемно ( кон другите луѓе).
2-от вид комуникација : - Гласовни - вербална (реченици, зборови)
невербална ( ритам, паузи, знаци, интонација)

Негласовни – Држење на телото, Изрази на лицето,


Знаковен јазик, Писмени симболи .
4. АКТИВНО СЛУШАЊЕ ?
Во комуникацијата е многу важно активното слушање. Треба култура на комунцирање.
Имено, додека еден зборува другите треба да го слушаат и да размислуваат што им се
кажува. Ако потполно се посветени кон соговорникот тогаш потполно и ќе го разберат и
ќе им биде јасно. Секој треба да се труди културно да се изразува без разлика со кого
зборува (пр. со членовите на семејството, со пријателите, соседите, во институциите, во
јавни или приватни објекти, секаде треба да сме кратки, јасни, да не бидеме прегласни,
гневни, бесни, заповедно, арогантно, конфузно (долго и нејасно). Психолозите велат
првин добро размисли потоа говори , за да не бидеме погрешно или лошо рабрани.
Библијата поучува дека и зборовите можат како најостра сабја да сечат. Блаже Конески
има речено “ Јазикот е патување на душата”. И на друго место вели ”Јазикот е нашата
татковина.”. Значи комуникацијата зависи од самите нас. Во комуникацијата секако дека е
важна и нашата емоционална интелигенција која помага да ги прочитаме луѓето со кои
комуницираме дали се тажни, весели, уморни, спокојни, . Пр. ако соговорникот е уморен
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
треба секогаш да сме кратки и јасни и со насмевка да контактираме оставајќи малку
свежина зад нас.
ЗАВРШЕН ДЕЛ на ЧАСОТ :
Комуникацијата е многу важна за секој нас. Треба да учиме како да се комуницира
секојдневно и да вежбаме наш најдобар стил . Но, особено е важно секојдневно да се
читаат нови нешта и за нив да размислуваме. Секоја комуникација си има свои добри и
свои негативни страни. Затоа треба секоја комуникација да ја подобруваме.
ЕСЕЈ
КОМУНИКАЦИСКА ВЕШТИНА
ВОВЕД
“Постојам значи комуницирам!”
Oваа парадигма означува една есенцијалност која значи дека комуникацијата
не прави живи, т.е. го облагородува животот.
Во ова свое истражување ќе се обидам да заземам теза дека ние во последниве години
вистина премногу комуницираме, но некако животот ни стана индиректен, нема жив
разговор, или ако го има кратко трае. Се повеќе му се посветуваме на виртуелниот свет, на
оној свет кој телекомуникациски постои но не е директен. Комуникацијата е неизбежен и
секојдневен дел од нашиот живот. Но, и покрај нејзината сеприсутност и важност, во
нашето општество недостасува правилен пристап за едукација и развој на соодветни
комуникациски вештини. Ниту семејствата, ниту образовните институции не ги даваат
потребните знаења, ниту пак ги градат и подобруваат потребните комуникациски
вештини. Ваквата состојба на недоволно развиени комуникациски вештини е основата на
многу потешкотии и проблеми во секојдневното семејно, социјално и професионално
живеење и функционирање. Пример, најновите истражувања укажуваат на се поголемата
присутност на отуѓеност на луѓето во социјалните односи. Луѓето се помалку директно,
непосредно, очи во очи, комуницираат. Денешните технолошки алатки , како што се
компјутеритте, лаптопите, умните телефони, тоа го овозможуваат. Станува дури и
комично кога ќе се забележи дека млади луѓе вклучени во социјални конекции со некои
таму во недоглед а околу нив самите врие од осамени поединци.
Дали ваквото комуницирање вистинско го афирмира нашето вистинско постоење?
Во овој труд ќе се сретнеме со различни погледи на стручнаци за комуникација и можеби
ќе се сложиме со некои од нив за да можеме подобро да се запознаеме и себеси и другите.
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
Терминот “комуникација” етимолошки доаѓа од латинскиот збор communicare – што
значи, да се направи општо, значи воопштување, да се направи некој учесник,
содејственик, споделувач. Како и секоја вештина и комуникацијата го бара целокупното
наше битие, нашите мисли, чуства, енергија, но и нашето дејствување.Стручната
литература комуникацијата ја дели на вербална, невербална и паравербална. Ние
луѓето навикнати сме човекот да го проценуваме со помош на изразот на лицето,
должината на погледот, движењето на рацете и телото. Значи таа пантомима на човечкото
тело знае многу да каже за нас самите кои сме, како сме, какви сме, што сме. Во
различната литература може да се прочита дека постојат пасивни, агресивни и пасивно-
агресивни начини на комуникација. Сето тоа покажува дека за вештината на
комуникацијата учиме со помош на надворешни форми и истите тие настојуваме да ги
контролираме и усовршуваме. Бихејвиористите, т.е. психолозите кои ја истражуваат
личноста на човекот според неговото однесување, се длабоко убедени дека нашите мисли ,
чуства, осети, енергија, не се нешто интимно, таинствено, бидејќи говорот на нашето тело
се искажува, т.е. нас не издава пред другите. Значи, социолозите, психолозите, лекарите и
другите стручнаци за човековото однесување се уверени дека за се постои одговор само
што треба да се набљудува внимателно нашето однесување.

Веројатно сите ќе се сложиме дека не можеме со сите луѓе да комуницираме на ист начин.
Тоа е еден факт. Да се воспостави човечки однос со некој значи да се воспостави дијалог
кој ќе го овозможи таквиот однос. Но, се случува наместо да се воспостави однос т.е.
дијалог, денес честопати се случува да се разменат монолози бидејќи еден од
соговорниците брза со одговорите пред другиот и да престанал да зборува. За разлика од
тој начин, во стара Кина или кај Индијанците, на пример, било вообичаено да се причека
неколку моменти откако некој нешто ќе кажел, и дури потоа да се одговори. Било
потребно правилно да се ислуша и да се промисли за она што е кажано за да би можело
истотака правилно и соодветно да се одговори . Говорниот збор е настанат со способноста
за помнење. Се усвојувала низ зборовите кои се слушале и кои во себе содржеле идеја. Во
тој долготраен процес многу голема важност имала творечката фантазија. Може да се
запрашаме зошто е толку потребно да се знае да се слуша или пак дали навистина е толку
важно читањето. Оној кој знае добро т.е. внимателно да слуша, тој знае и правилно да
зборува, затоа што си го обезбедува себеси потребното време за да го разбери она што го
слуша.Не треба да се соживуваме во се што слушаме, но да се знае да се ислуша другиот
или другите всушност значи да се развива владеењето над самиот себеси и почитувањето
на другите. Денес разговорите многу често се сведуваат на многу поедноставен речник,
измислени изрази влегуваат секојдневно во мода, иако е потешко да се разберат ако не
припаѓаме со оние кои ги создале и кои со нив се служат. За жал, и пишувањето често
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
пати само го повторува лошиот говор. Исто така, во денешно време честопати се стремиме
да ги редуцираме зворовите и сме склони кон скратеници. Со аудиовизуелната
комуникација го заменуваме живиот дијалог и се повеќе користиме техничка отколку
јазична комуникација. Ако говорот е израз на нашето битие, тогаш важна е и вредноста на
зборот. Често пати главен проблем ни претставува изразувањето на чувствата и мислите,
можеби е тоа затоа што и не ги познаваме доволно. Ако не си ги препознаваме или не ги
управуваме нашите емоции

Ако не се управуваме т.е. раководиме според нашите емоции , најверојатно нема да


бидеме способни да разликуваме површни од трајни. Ќе се создаде емоционален неред и
ќе донесуваме погрешни заклучоци заради кои може ќе страдаме, очајуваме. За чувставата
е потребно е да се размислува, да се анализираат, да правиме избор она што најмногу го
сакаме и што ни е вистински вредно. Редот треба да се направи и во нашите мисли.
Потребно е да се знае добро да се размислува за да се може посвесно, со разјаснување и
поврзување на нашите идеи, да се расудува, анализира и разбира. Ако научиме добро да
размислуваме, тоа нам ќе ни помогне да не ги повторуваме грешките во изборот, полесно
да ги отфрламе сомненијата и да ги одбегнуваме страдањата. Од многу голема помош во
тој процес е вниманието со која ќе ги осветлуваме мислите во нашиот ум. Зошто? Заради
полесното и поправилното исправување доколку се тие лоши или се плод на фантазијата.
Бидејќи, ако во нас владее збрка, хаос, ако не знаеме што чувствуваме, ако не ни се јасни
нашите чувства, тешко дека ќе знаеме вистински да одговориме т.е вербално да се
искажеме. Нашите искажани зборови се само плод. Производ на нашите мисли и чувства.
Значи го кажуваме она што го знаеме и што го чувствуваме. Не треба да заборавиме дека
НИЕ самите одлучуваме за што ќе мислиме, како ќе се чувствуваме и како ќе живееме.
Исто така, НИЕ самите ослучуваме и за начинот на комуникација кој се темели на два
поими : да знаеме да слушаме и да знаеме да зборуваме.

Разговорот / интеракцијата/ комуникацијата треба да биде како музиката од различни


инструменти чии звуци се испреплетуваат , но си оставаат еден на друг меѓусебе простор.
Денес најмногу се зборува за век на комуникации, но вистина и дека во истиот овој век се
потешко меѓусебно комуницираме. Последиците од внатрешниот хаос , како и
редуцирањето (намалувањето) на директните меѓусебнио контакти оставаат длабоки траги
внатре во нас. Нашиот внатрешен свет е поосамен бидејќи нашиот надворешен свет е
далеку од нас. Оние телефонски разговори најчесто траат долготрајно и не оставаат
исцрпени а згора на тоа не оставаат и со чувството на површност дури и бадијала изгубено
време. Зошто е тоа така ? Можеби е токму затоа што немаме што вистински да си кажеме
бидејќи идеите и на нас самите не ни се јасни, често прикриваме и вистински чувства во
нас, или бидејќи омаме присутен страв пд мислите и чувствата на другите луѓе. Во
разговорите секогаш треба да аме јасни, кратки и искрени (директни) бидејќи само тала ќе
се израземе најприродно како што е нашата мисла и начите чувства. Јасноста во себе дека
знаеме што сакаме и што можеме остовремено е и јаснотија како се чувствуваме околу тоа
прашање. Така сме ги исчистиле сите негативни емоции и нагони кои ни ја замаглуваат
јаснотијата во нас и ја нарушуваат внатрешната хармонија и стабилност. Помалу лаги,
помалку страдања. Колку повеќе лажеме толку и нашето тело, нашиот организам се
спротивставува во самите нас и со одредени физиолошки реакции се издаваме (често
клепкање, чешање на делови на телото, некакви вцрвенување по лицето, потење, дури и
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
аритмија на отчукувањето на срцето. Нашењто тело ги изразува нашите мисли и чувства.
КОМУНИКАЦИЈАТА Е ЕДЕН ВИД НА ГРАДЕЊЕ МОСТОВИ И ПАТИШТА НИЗ КОИ
ВРВАТ НАШИТЕ МИСЛИ; ИДЕИ; ЧУВСТВА; ЖЕЛБИ. Комуникацијата е давање и
примање кои го пблагородуваат човекот.

Затоа треба да се надминат негативните појави како : егоизам, нарцисоизам, предрасуди,


дискриминации, табуа, стравови, несоработка, неразбирање, непријателство,
нетолеранција. Сите НИЕ сме различни на свој начин според својот идентитет, но и
истите тие различности не прават интересни, побогати со различни мисли, чувства, желби,
идеи, кои не треба да создаваат препреки туку склоност за запознавање меѓу себе со кои и
самите ќе станеме побогати како културни луѓе. Комуникацијата е само вештина на
запознавање на другите кои се и слични но истовремено и различни од нас. Таа страна на
комуникација раѓа многу вредни односи како соработка, љубов, помагање, радост, забава,
надминување на стравовите кои ги носи повлеченоста, осаменоста, очајот. Соработката е
најважна – таа е повеќекратно умножување. Пример, твојата и мојата идеја можат да
донесат сосема трета идеја која ќе биде многу подобра и покорисна за двете лица.
Неуспехот на еден може да се претвори во нареден успех ако покрај себе се има друг
човек кој ќе влева помош, стабилност, соработка, надеж. Соработката (кооперативноста)
е заеднички труд на стручни лица од различни области и вештини кои имаат способност
за прилагодување заради поттикнување на иновативни, креативни, мултидисциплинарни
проекти и давање на адекватен примерен одговор на барањето на пазарот, односно
потребите на заедницата. Ако секој од нас го работи она што најдобро го знае, она што е
негова вистинска природа, можеме хармонично да се вклопиме во заедништвото
создавајќи синергија, станувајќи комплементарни и среќни во извршувањето на нашите
задачи. "Заеднички да се држиме " – е излез од криза. Комикацикацијата ако е искрена,
вистинска, раѓа нови перспективи, покренување на неупотребени способности (воља,
желба за докажување, желба за успех. Пандемијата на КОВИД создаде многу иновативни
начини на помагање на луѓето, создаде нови движења на соработка, нови начини на
приспособување, наоѓање на нови лекарства за справување со болеста . Сето тоа е
благодарение на комуникацијата. Видете го влијанието на еколозите од целиот свет кои
глобално информираат со загрозениот екосистем и влијанието врз граѓаните и нивните
политичари да внимаваат на ризиците од нивните политички проекти. Мотото да се
држиме заедно значи континуирано меѓусебно да комуницираме. Иднината не зависи од
некои други, туку од тоа како НИЕ во сегашноста ќе ја сместиме нашата комуникација.

“Ниту капката вода не се губи, само се менува, па како


може да се изгуби сета човештина. “ – Меша Селимовиќ.

ИНТЕРКУЛТУРНА КОМУНИКАЦИЈА
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
Во модерна смисла на зборот поимот “ интеркултурна комуникација ” се
заснова на категоријата културен плурализам која претпоставува рамноправен,
толерантен и отворен однос помеѓу националните култури ( што е еден од централните
принципи на УНЕСКО ). Ако, пак, се зборува за комуникација меѓу културите кои
постојат на цубнационално ниво, во употреба е терминот мултикултурализам .

( Пр. Како да се разбираме и интерпретираме, што пак, де факто, значи меѓусебно да се


запознаваме ).

Интеркултурната комуникација може да се разбере како форма на интеракцијата која


содржи два спротивни правци / процеси:

А) Како средба / соработка / размена / поврзување на културите,

Б) Како судар / конфликт / натпревар / раздвојување на културите.

Тука суштински се операционализира ставот за културниот идентитет низ сферите:


историја, традиција, обичаи, религиозност, јазик и писмо, вредности, економски и други
интереси. Интеркултурната комуникација ги негува ставовите на фаворизирање на
отвореност кон разликите.Теоријата на интеркултурната комуникација1 се обидува да
разбере како луѓето од различните земји и припадниците на различните култури се
однесуваат, како комуницираат, како го гледаат светот околу себе и како може да се
воспостави најоптимална, флуентна, и ефикасна размена меѓу културите. Тука се
проблематизираат: - Категоријата на различностите и Агонијата меѓу глобализмот, од
една страна, и трибализмот (блискост според крвта и земјата, народност, племенство), од
другата страна. Дистанцирањето од реализмот на политиката т.е. уметноста на интригата
и маневрирањето (Хавелизам2, Гандиевизам3).

Tеза: Живот со вистината , според Вацлав Хавел, е живот со љубов, т.е. живот
заснован врз политиката со високи морални вредности. Слично животно политичко кредо
имале и Томас Масарикут, Жан Батиста Мара, и др.. Генерален став на Аристотел
бил :”Најдоброто нешто за луѓето е она што го прави најдобар нивниот живот” . Во
делото “Никомакова етика” Аристотел потенцира дека “Овде е најдобро да се сади за да
може добро да расте и убаво да цвета”

1
бројни теоретичари : Р.Робертсон – 1992г., Л.Склер-1995г., П.Тејлор-1996г., Б.Барбер-1995г., Т.Фридман-
1999г., Ј.Томлисон-1999г., Ф.Фукујама-1992г., Ф.Флечер и Џ.Боли-2002г., И.Валерштајн-1980г., Џ.Вотсон-
1997г., Ноам Чомски-1993г., П.Бергер-2002г., М.Кнежевиќ-2003г., Зорица Томиќ-20008г., А.Семприни-2004г.,
Семјуел Хантингтон-1977г. и др.
2
Вацлав Хавел, Обид за живеење во вистината, Есеј “Политика и совест”, 1990г..
3
Махатма Ганди го користел методот ненасилство (ахимса) против британскиот империјален конгломерат во
Индија.
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,

Декартовиот квадрат е едноставен, но многу ефективен метод


кој може да ви помогне да донесете тешки одлуки. Идејата е да се понуди можност за
анализирање на било кој проблем или ситуација од различни агли, и тоа само со
одговарање на четири прашања.
Дадете искрени одговори на следните прашања:

1. Што ќе биде доколку се случи тоа? (Што ќе добијам од тоа?)

2. Што ќе биде ако тоа не се случи? (Дали сè ќе остане исто? Кои се предностите ако не
сторам нешто?)

3. Што нема да се случи ако се случи тоа? (Слабости, недостатоци, грешки, штетата која
би произлегла доколку направиме нешто.)

4. Што нема да се случи ако тоа не се случи? (Грешките и недостатоците доколку не


направиме нешто.) Бидете внимателни со ова прашање - мозокот ќе се обиде да ја
игнорира дуплата негација и вашиот одговор може да биде сличен на првиот. Не
дозволувајте тоа да се случи.

Иконографијата на панкот или гранџот.

Па, може ли? Секако дека не, ни во лудило! „Популарната" култура едноставно е
легитимен и неодвоив дел од современото културно богатство и ново наследство.

II МОДУЛ, 2 лекција :

МОДУЛ II : “ГРАЃАНСКА ПОВРЗАНОСТ”


Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
МОДУЛ. ЕДИН. 2 : “ РАЗГЛЕДУВАЊЕ РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ И ГЛЕДИШТА”

Резултати од учењето / Ученикот/ученичката да

- препознаваат различни гставови и гледишта за важни општествени прашања и да ги почитуваат

различните ставови и гледишта од своите.

Стандарди за постигнување / Ученикот/ ученичката да може

- Да аргументира (со докази, со факти, со логички и веродостојни извори) свои ставови за


различни теми од различни области,
- Да дискутира различни гледишта за важни општествени прашања,
- Да прифаќа дека постојат различни вредности, ставови и мислења,
- Да објаснува како погледите на светот ги определуваат односите меѓу луѓето.

Методи, техники и форми на работа и активности на часот:

Бура на идеи, Дискусија, Индивидуална работа, (изразување на лични ставови), техниката Барометар на с

дебата околу некој став пр. Социјалните мрежи повеќе прават штета отколку корист.

ВОВЕДЕН ДЕЛ : Секојдневно во комуникацијата со другите луѓе се соочуваме и со различни гледишта

мислења и ставови. Некои од нив може да ни се толку спротивставени на нашиот личен став што имаме

чувство дека мораме да го одбраниме од таквата спроивставеност. . Никогаш не смееме да

заборавиме дека секој има природно и демократско уставно (законско ) право да размислува слободно

се додека не го загрози слободното мислење и изразување кое е казниво со закон.

Сфаќање на значењето – главен дел :

Најпрвин да се појасни поимот СТАВ. Ставот е позитивен или негативен однос кон
предметите, ситуациите и лицата кои што се стекнуваат преку индивидуалното искуство.

Луѓето не се раѓаат со своите ставови. . Значи, секој човек кога се раѓа е


tabula rasa “Празна табла”. Да се има преубедување од порано за нешто значи да се има
предрасуди и стереотипи. А, тоа значи необјективност, субјективност, нелогичност,
невистинитост.
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
Ставовите се учат и се стекнуваат во текот на животот и врз основа на
воспитувањето, образованието, искуството, карактерот на човекот, средината,
личниот емоционален пристап, итн.

(Се користи техниката барометар како наставна техника за заземање на позиција за


одредена изјава помеѓу СЕ СОГЛАСУВАМ и НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ и се споредуваат
различните позиции меѓу учениците / луѓето(.

Пр. I Став: Социјалните мрежи прават повеќе штета отколку корист! (Учениците се
позиционираат во две групи кои се ЗА и кои се ПРОТИВ). Потоа, секој од учениците без
осудување и со почит го образложуваат својот став ( со докази, примери, аргументи) и
може ако е убеден да го прифати другиот став и да премини во другата група. Од ова
произлегува дека да имаш став (гледиште) значи да се позиционираш за тоа и да можеш да
го објасниш, или ако си убеден од другите што се против твојот став ако се поубедливи и
повистините ѕогаш може да го промениш својот став. Според швајцарскиот психолог Карл
Густав Јуинг “ Ставот е готовност на психата, која може да биде свесна или несвесна
намера, насоченост, очекување, интенција.”

Значи ставот е еден вид на држење, положба, свесно развиена ориентација, оформен
културен поглед, т.е. да се има сфаќање за нешто.

Ставовите се делат на : лични ставови и социјални ставови . Лични ставови


се оние нашите индивидуални, приватни, интимни. ( Пр. Личен став е “Убав човек ”.
Имено, според кој критериум тој човек е убав? Или, мојот личен став за короната е дека е
лоша зараза, болест и треба да се биде многу, многу внимателен за да може да се
заштитиме). Социјалните ставови се оние кој се однесуваат на групи на луѓе, на некоја
заедница, на организација, на религиозна определба, итн. ( Пр. мојот социјален став за
короната е дека треба да ги почитуваме дадените норми за одалеченост, носење маски во
затворени простори, без гушкање со други, и да бидеме одговорни кон другите луѓе).

Ставовите се препознаваат по нивната A.постојаност (времетраење,


релативност), Б.цврстина (убеденост) , В.конструктивност (логичност, докажаност,
сргументираност). Пример, ставот “ Се согласувам на компромиси само за да нема
расправија или за да не се влошат повеќе работите и да излезат од контрола.”. Или . став е
“ Кај што има сила нема правда”, друг став е “ Секој има право на свој став, како и јас,
прашањето е само кој е побјективен, пореален”.Став е исто така “ Зоолошките градини
треба да се забранат оти животните ги држат принудно”, или против став би бил “ Во
зоолошките треба да има само животни кои се згрижени заради нарушеното здравје”, итн..
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
Дали ќе се избере став на надеж, среќа, радост, бунтовност, смиреност, разочараност, тое
лична одлука и е личен избор. Животот потоа ни го враќа она што ние претходно сме го
дале. Пр. Ако даваме мрзливост, незадоволство (фрустрација) тоа за возврат и ќе го добие
и така во круг. Исус Христос има кажано : “ Се ќе биде според твојата воља! ” Ставот
треба да биде : јасен, цврст, објективен (логички аргументиран со докази и примери).
Ставовите често пати се предуслови (предиктори) за нашето однесување, нашите
активности, личните афинитети, интереси. Пр. традиционален став , позитивен став,
критички став, мирен (пацифистички), модерен став, насилен став, итн. Авторот Trevis
Bredberi на славната книга “ Емоционална интелигенција” пишува дека :” Ставот е
поважен од основната интелигенција”. Пример, некои нови истражувања кои се
објективни треба да можат да го променат вашето мислење, но ако треба и вашиот став.
Психологот Керол Двек смета дека постојат 2 категории на ставови кај луѓето :

1. ФИКСЕН СТAВ: - нееластичен став, крут, принципиелен начин на размислување.


2. КРИТИЧКИ СТАВ: - напреден, модерен начин на размислување кој се менува во
зависност од аргументите.
Американскиот писател и филозоф Ралф Валдо Емерсон “ За различни умови, еден ист

свет е пекол или рај”. . Ставовите и вредности, покрај знаењето, вештините и


граѓанското однесување се основни граѓански компетенции. Што значи поточно терминот
компетентност? Компетентноста е дефинирана како: „поседување на потребна
способност, знаење или вештина да се направи нешто успешно“. Клучниот збор тука
е „успешно“.

Завршен дел на часот : Ставовите и гледиштата ја претставуваат


личноста и граѓанинот во општеството. Треба да се има свој став за некои нешта , но
истовремено тие треба да се развиваат , а не да преминат во нешто круто, тврдоглавост,
стереотипно, туку да еволуираат со текот на промените во општеството. Пр. ставот не
сакам интернет е став кој може да ја кочи личноста во современата комуникација и
информираност. Или ставот со денешната корона дека е ветачка или природно појава е
дискутабилен оти недостигаат научни докази. Или ставот дека за добра сума на пари се
менува лесно ставот е неморален, деградирачки.
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
Научи повеќе за ставовите, гледиштат и компетентноста :
Само затоа што сте возрасна личност и што имате одредени обврски, не значи дека сте
компетентна личност. Постои голема разлика во правење нешто и правење на тоа нешто
добро. Некои од нас се подобри во овој свет на возрасните од другите. За да одлучите дали
сте компетентни, потребно е да си ги поставите следните прашања:Дали можете да
прифатите критика? Способноста да прифатите критика во животот е од суштинско
значење за вашата компетентност. Сите знаеме некоја личност, која кога ја поправаат, се
брани и смета дека секоја повратна информација е личен напад кон него. Никој не е
совршен, дури ниту вие. Да се биде објективен за сопствените грешки не само што ве
прави посилни туку и ве прави и подобри во она што го правите.Дали можете да
преговарате? Преговорите се поврзани со компромис. Без разлика на тоа дали купувате
автомобил или избирате каде да одите за ручек, преговорите со другите луѓе се дел од
нашите секојдневни животи. Клучот е да не се откажувате.Дали можете да се справите
со себеси? Ако едно копче излегува од вашата кошула, дали тоа значи дека таа е
уништена или можете да ја направите? Ако ви се скинала гумата дали можете да ја
смените или заглавени сте? Способноста да се грижите за малите работи во животот како
шиење и одржување на автомобилот е голем знак за компетентна возрасна личност.Дали
можете да се извините? Клучот на извинувањето, кој повеќето луѓе го забораваат, е
признавањето дека не сте во право. Премногу често луѓето се извинуваат за нешто без да
обрнат внимание на однесувањето кое предизвикало извинување.Дали можете да
направите буџет и да го одржувате? Парите се често одлучувачкиот фактор за успехот
на луѓето, меѓутоа не е работата колку пари имате, туку како ги користите. Трошењето на
целата плата на нова чанта или уред и потоа „преживувањето“ до наредниот месец и не е
баш знак за компетентност. Држењето до буџетот е она што е суштинско.Дали
сочувствувате со другите луѓе? Сочувството е скоро изгубена форма на уметност денес.
Само затоа што луѓето се повеќе свесни за она што се случува околу нив, не значи дека
тие преземаат нешто за да го променат тоа. Сочувството доаѓа од местото кадешто живее
несебичноста. Тоа е способноста да ги оставите вашите потреби настрана и да се
погрижите за потребите на друго суштество.Дали можете да побарате помош? Сите
доаѓаме до одреден момент во нашиот живот кога ни е потребна мала помош. Клучот тука
не е да побарате помош, туку како ќе побарате помош. Потребно е да бидете свесни за што
барате помош. Не се` во животот е криза, па постојат работи за кои можете да се
погрижите самите.Дали можете да готвите? Можеби ви се чини глупаво, меѓутоа
готвењето е вистински знак за компетентност на една возрасна личност. Готвењето за
себеси не е само едноставно приготвување на храна за себеси туку купување на правилни
состојки, заштедување пари, наспроти јадењето во ресторани. Способноста за готвење
создава самодоволност која сите компетентни возрасни личности треба да ја имаат.Дали
можете да зборувате со луѓето? Ефективната комуникација нема никаква врска со бројот
на зборови кои го користите. Потребно е да слушате повеќе и да зборувате помалку. Толку
е едноставно.Дали можете да кажете не? Способноста да одбиете покана во кафулето
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
или колаче, е полесно да се каже отколку да се направи. Во животот, одлучувачки фактор
за успех не се секогаш работите на кои велиме „да“, туку работите кои ги одбиваме.

3 Лекција : ПРИПАДНОСТ кон ЗАЕДНИЦАТА


БОВЕДЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ

-Учениците да можат да го објаснат значењето на индивидуалното чувство на припадност


кон различните етнички заедници.

-Учениците да можат да ги промовираат вредностите на припадноста кон својата држава


(патриотизам) и на светот (космополитизам).

Методи и техники :

Дискусија, работа во групи, социодрама (играње улоги) и техника аквариум.

ВОВЕДЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ :

Часот почнува со прашање до учениците: Кој од Вас се чувствува патриот? (Да си ја сака
својата таковина), а потоа следува и второто прашање : Што е тоа национализам ? (Тоа е
поставување на својата држава и нациј над другите нации). Потоа следува и третото
прашање до присутните уленици: Што знаете за поимот космоплитизам? (Тоа е
поврзување со заедништвото меѓу народите и државите на повисоко ниво од
националните и етничките поделби). После дискусијта на учениците и разгледувањето на
овие термини, настапува ...

ГЛАВЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ :

Наставникот почнува со појаснувањето на поимот патриот кој означува човек кој ја сака
и длабоко почитува својата држава, татковина. Патриотот се гордее со својата татковина и
се стреми кон нејзин развој, подобрување, си ја сака традицијата и обичаите,
националната култура, и секогаш се труди да ја подигне на едно повисоко ниво со што се
подобрува и нејзиниот идентитет во светот. Античкиот филозоф Демокрит рекол
“Културата е подобра од богатството” , како и нековата мисла “ На мудриот и добар
човек целиот свет му е татковина”. Американскиот претседател Џон Ф.Кенеди има дадено
една модерна определба на поимот патриотизам :” Не прашувај што може државата да
направи за тебе, туку запрашај се себеси што можеш самиот да направиш за својата
држава”.

Следниот поим национализам значи ставање на националните интереси на преден


план заедно со националните вредности на една нација над сите останати интереси, и над
сите останати етнички заедници. Дури, често пати, националистите своите лични
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
интереси ги поистоветуваат со националните интерси (пр. ставот на националистот е
државата и мојот народ ми се најважни од се во животот.).

Третиот поим космополитизам е светска идеја според која идеите, интересите и


вредностите во животот ги надминуваат националните рамки и се однесуваат на целиот
свет, на целото човештво. Тоа се таканаречените “граѓани на светот”. Космолитизмот е
племенита идеја на отворени , демократски настроени луѓе кои сакаат пријателства и
поврзување со луѓе и народи од целиот свет, без разлика на расата, слоевите, религијата,
културното ниво. Тие луѓе се нарекуваат културни релативисти и нивните ставови важат
за културни универзалии. Космополитизмот е спротивен на национализмот или
културниот етноцентризам., бидејќи не ја величи само својата татковина и национална
култура, својот народ, туку ги величи сите добри и позитивни светски појави, процеси,
движења. Космополитизмот е заедништво помеѓу народите.

ЗАВРШЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ :

Преку техниката аквариум наставните содржини се сублимираат. Имено, наставникот ги


замолува своите ученици со една реченица да запишат што им се допаднало најмногу и
како го доживеале часот (пр. ми беше убаво или не толку убаво и посебно ми се допатна
патритизмот итн.). Кој сака може да напише и што ново научил на овој час. Тие ученички
ливчиња се ставаат во една кутија која наставникот ја има поставено (АКВАРИУМ).
Ливчињата се анонимни, и наставникот им чита некои од нив на глас пред сите. Оваа
техника се користи за наставникот подобро да ја процени (рефлексија) успешноста на
сфаќањето на учениците на новите поими, содржини. Или можеби нешто не е во ред и ќе
треба обавезно да се промени за подобар успех кон прилагодувањето и усвојувањето на
содржините на часот.

4 Лекција : ХУМАНОСТ
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
ВОВЕДЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ :

-Учениците да можат да го објаснат поимот хуманост,


-Учениците да ги знаат ранливите категории луѓе на кои им е потребна помош и нега,

-Учениците да ги знаат институциите и организациите кои ги помагаат ранливите


категории луѓе.

Методи и техники : Фронтална работа, Групна дискусија, Дијалог, Анализа на ситуации .

ВОВЕДЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ :

Часот почнува со гледање на видеоснимката од YOU TOUBE : линк” Change youreself to


e better person ” и притоа ги прашува за појаснување на поимот хуманост.

ГЛАВЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ :

Дефиниција: “ Хуманоста е верување во вредностите на животот на луѓето и се


изразува преку однесувањето кое значи љубов, помош на дргите луѓе, со цел
човештвото да биде морално подобро и несебично.”

Хуманоста е љубов кон луѓето. Тоа е желба да се помага. Хуманиот човек е позитивец,
алтруист, секогаш е на страната на доброто.

Спротивности на хуманоста се егоизам, нарцисоизам, алчност, злосторство, завист,


злобност, злонамерност, ладнокрвност, непомагање, несоработка, неразбирање.

Основна појдовна точка на хуманитарното дејствување е Универзалната декларација за


човековите права и слободи. Тука е и Женевската Конвенција со која е формиран
Црвениот Крст како најголема светска хуманитарна организација и нејзиниот исламски
пандам Црвена полумесечина. Организацијата Црвен Крст секогаш нуди директна,
конкретна акција на давање помош во кризни ситуации на време на војна, земјотрес,
поплави, пожари, епидемии, суши, глад, немири, војни, револуции.

Целта на хуманоста е еднаков третман на сите луѓе, секојдневно помагање, грижа за


животот и достоинството на секој човек и спречување на страдања и трагедии.
Хуманитарните организации промовираат вредности : мир, здравје, слобода, толеранција,
правда, пријателство, соработка, разбирање, помагање, емпатија, и други вредности.

Хуманоста на луѓето најмногу треба да се однесува кон следните категории на луѓе:

- Болни лица, хендикепирани лица, постари лица, деца, бремени жени, лица со
посебни потреби, невработени лице, припадници на етнички малцинства, итн.
Граѓ. образов.,2021 година. МОДУЛ II “ Граѓанска поврзаност”,проф. Гоце Арсов,
Во меѓународната политика постои законска рамка на хуманитарната интервенција која е
регулирана со меѓународно (ООН) изгласан правен документ на кој се обврзани сите земји
членки на ООН. Меѓународните организации (пр. ОН, Црвен Крст, Црвена
Полумесечина, НАТО, Светска Здравствена Организација, УНИЦЕФ, ЕУ, Интерпол,
и други) донесуваат мислења и препораки за одредени прашања или формираат
советодавни тела за таа цел , на пример: Меѓународните Организации ги промовираат и
ги штитат човековите права и слободи, ги зајакнуваат правата на безбедноста на државите
и заштитата на животот и здравјето на луѓето. Потоа, тука е на пример СЗО која се
обидува да влијае врз текот и спречувањето на пандемијата COVID 19 која го зафати
целиот свет. Или меѓународните судови во Њујорк, Венеција, Хаг , Стразбург, се грижат
за владеењето на правото во државите и ги осудуваат оние кои ја узурпираат власта,
предизвикуваат вооружени конфликти, се занимаваат со организиран криминал (пр.
ИНТЕРПОЛ), спречување на негативни општествени појави како мито и корупции во
демократските граѓански општества, итн.

ЗАВРШЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ :

Наставникот во отворена дискусија со учениците се осврнува на тоа кој од нив знае кога,
каде и како дејствуваат некои хуманитарни организации. Потоа, кој од нив има некакво
искуство да помогни на хуман начин и како потоа се чувствувал поради својата насочена
практична човекољубивост. Дали можеби знаат некој хуманитарец во нивната средина
(сосед, роднина, пријател?

Хуманоста е една од најголемите моралности кои човекот ги има. Хуманоста го става


човекот во највисоките критериуми и ниво на општеството. Хуманоста секогаш се цени
почитува и особено е важна граѓанска компетентност која ја гради поединецир во
граѓанскиот идентитет, т.е. социјалниот идентитет.

You might also like