You are on page 1of 2

Сара Ристовска I-3

sr152947@schools.mk

,,Комуникацијата во совремието’’

Секојдневно, во секој момент сите живи суштества меѓусебно комуницираат, односно


применуваат различни средства за размена на информации, на нивните мислења, знаци,
ставови и остваруваат врска со другите. Од своите четвороножни прапредоци, човекот ја
совладувал комуникацијата. Во минатото најпрво се комуницирало со пештерски цртежи,
гласови, а потоа се појавиле пишувањето и азбуката. Со тек на времето вербалната
комуникација ја заменила иконичката комуникација и се развила како доминантен
опшествен систем за комуницирање.
За разлика од минатото кога со посредна или непосредна комуникација луѓето помеѓу себе
испраќале важни информации, пронаоѓајќи со текот на времето најразлични начини тие
побрзо да стигнат до оној кому му се наменети, денес информациите ги добиваме во
секунда. Формите на комуникација постепено се менувале со напредокот на човештвото,
па така како резултат на развојот на современата технологија и современиот начин на
живот, денес постои масовна комуникација. Комуникацијата во современиот живот е
многу важна, односно уметноста на комуницирањето со луѓето е прва етапа на патот кон
успехот. Бидејќи е многу важна, таа треба да биде брза, прецизна, точна и разбирлива.
Потребата за комуникација се појавува уште од најмала возраст, кога детето чувствува
потреба да ги сподели своите чувства, потреби, мисли, емоции, знаења со другите. Како
што растеме важно е да знаеме дека со различни возрасни групи треба да се има различна
комуникација. Поинаква е комуникацијата и начинот на кој таа се споделува со деца, со
тинејџери, со возрасни и со стари лица. Исто така треба да се внимава на начинот на
комуникација кој се разликува во однос на средината во која се одвива. Дали е во домот,
во училиште, на час, во ресторан, со пријатели или роднини. Колку повеќе сме
емоционално поврзани со одредена личност, толку поголема е потребата за комуникација
со таа личност. Денес најчесто воспоставуваме комуникација преку интернет, пораки
односно преку друштвените мрежи од кои сме зависни. А всушност, за да оствариме
добра комуникација ни е потребен разговор во реалниот живот, способност за слушање и
разбирање. Иако интернетот е побрз начин да споделиме некоја информација, ништо не
може да го замени комуницирањето лице во лице, кога зборуваме искрено , од
раскажување наши доживувања до дискусии за разни теми за кои се зборува насекаде во
светот. Мислам дека денес иако ги имаме најсовремените средства за комуникација, сепак
помалку комуницираме, разменуваме мислења и совети. Наместо тоа сите споделуваме
фотографии и статуси преку кои луѓето дознаваат каде сме и што правиме, се
информираат за нашите чувства и случки во животот. Наместо преку комуникација да
градиме пријателства, ги собираме на социјалните мрежи.
Како и да е, без комуникација не може да постои ниту едно опшество. Таа има големо
значење за човекот. Kако во образовниот систем, каде е многу важна комуникацијата
помеѓу професорите и учениците, така и во бизнистот, каде треба да се привлече
вниманието на луѓето за одреден производ, во секојдневието, кога стекнуваме
пријателства и во разни други ситуации, каде треба да се докажеме и истакнеме во
најдобро светло.

You might also like