You are on page 1of 2

Живот меѓу два света.Детство и младост во две димензии.

Сон и јаве меѓу


реалниот и виртуелниот свет.А која е нашата реалност? Реално или
виртуелно.Ние сме генерација која живее и во реалното и во
виртуелното.Социјалните медиуми се наше секојдневие.Тоа се места на
собирање на луѓето со слични интереси. Преку нив се создаваат одредени
виртуелни заедници кои се собираат околу одредени теми.Комуникацијата преку
социјалните медиуми може да го креира јавното мислење односно да придонесе
за покренување на одредени активности за најразлични прашања.
Денес, речиси и не постои институција која нема своја интернет страница,а
контактот секако најлесно се сотварува преку меил адреса и социјалните мрежи
како ФБ и Инстаграм.Во таа насока социјалните мрежи стануваат лична карта на
институциите,на организациите,на луѓето.
Нашата генерација речиси и не може да си го замисли животот без социјалните
медиуми.Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Снап се моментално најпопуларни
социјални медиуми преку кои ние младите се поврзуваме и информираме.За
жал,социјалните мрежи станаа главен генератор на нашите животи.Како да се
изгубивме себеси во свет на измислени вредности во кои стануваме се
понесреќни и понезадоволни. А нашата љубопитност отиде до таа мера да
ѕиркаме во туѓите животи,губејќи ја својата приватност.Па така знаеме за сите
роденденски прослави, за сите љубови непреболени,за сите стари
пријателства.Повеќе ги живееме животите на другите отколку своите животи.
Благодарение на најразличните содржини на социјалните медиуми,младите луѓе
откриваат нови видици и идоли.Младите луѓе преку интернет се информираат за
инфлуенсери,блогери,јутјубери и слични личности од кои некои им стануваат
авторитет. Во голема мера младите луѓе ги пригаќаат негативните
работи.Поразителен е фактот дека идолите на денешната младина кои се
нарекуваат инфлуенсери и јутјубери и имаат илијадници следбеници не
промовираат позитивен систем на вредности.Никој од нив не им препорачува на
младите луѓе дека образованието е важно,дека читањето го јакне критичкото
мислење и дека во животот не се најважни парите и славата туку вредносите кои
не се купуваат со пари:здравјето,среќата,хуманоста,душевниот
мир,пријателството и љубовта.
Сепак,преку овој виртуелен свет не можеш да ги почувствуваш и забележиш
емоциите на оние со кои разговараш. Социјализацијата меѓу луѓето е се помала,
разговорите во живо се се поретки, детските игри веќе изумираат.Го нема повеќе
детскиот џагор по улиците, не се радуваат повеќе на првото цвеќе изникната во
полјаната, на првата падната снегулка во градот.
Во таа насока крајно време е да научиме паметно да ги употребуваме
социјалните медиуми.Да бидеме патници на времепловот на нашите животи а не
патници на социјални мрежи. Времепловот на нашиот живот ќе изобилува со
емоции, длабоко врежани спомени, изживеани моменти и настани.Да го ќивееме
својот, а не животот на другите.

You might also like