You are on page 1of 1

Дали, колку и како општеството влијае врз оформувањето на карактерот на младиот човек

Живееме во стереотипно општество во време на војни, пандемии, политички кризи


каде човекот е во постојана борба за пронаоѓање на својот идентитет. Го зголемивме нашето
богатство, но ни се намалија човечките вредности. Зборуваме премногу, сакаме премалку и
мразиме пречесто, научивме како да преживуваме, но не и како да живееме. Додадовме
години во животот но не и живот во годините. И наместо да сме посветени на образованието,
спортски активности, култура... не можеме, а да не сме загрижени за тоа во каков свет и
општество живееме. На прашањето дали, одговорот е да, на прашањето колку, одговорот е
многу, како?

Ако младиот човек живее со љубомора, тогаш учи што е завист. Човек што завидува не
поднесува туѓ успех, незадоволен од она што некој друг го постигнал и го посакува она што
другиот го има. Зависта е како отров што не јаде и не дозволува да бидеме среќни.

Ако младиот човек живее со исмевање учи да биде срамежлив. Живееме во ера на
дигитализација, каде интернетот е достапен за се и на секого, во време каде социјалните
мрежи може да те „соџвакаат“ за еден миг. Исмеан од реалниот живот не свесно влегуваш во
барабанот на лажни животи, лажно совршенство и претставување на „розов свет“. Почнува да
станува срамежлив и почнува да го губи допирот со реалниот свет, се повлекува во себе.

Поради ова и поради променливите, нестабилни економско-социјални и општествени


предизвици само го подгреваат одливот на мозоци од државата. Кога еден млад човек ќе
одлучи да го напушти општеството во кое се родил, растел и стекнал образование во куферот
со себе носи и дел од иднината од таа земја во потрага на остварување на своите соништа.

Сакам да верувам дека без разлика на околностите кои влијаеле на тоа кои сме, ние
сами сме одговорни за тоа кои сме станале. Да го споиме искуството на старите и силата на
младите, да го осветлиме магловитиот простор наречен иднина. Сакам да верувам дека секој
од нас ќе почне да влијае врз општеството и тоа ќе стане столб на кој ќе може да се потпираат
идните генерации.

You might also like