You are on page 1of 1

БЕСМИСЛАТА НА ЖИВЕЕЊЕТО ПРИКАЖАНА ПРЕКУ

СТРАНЕЦОТ ОД АЛБЕР КАМИ

Физички, како вид човекот постои, но каде исчезна како морално


суштество? Каде ја снема целата поврзаност, она заедништво кое го красеше
општеството? Високо се вреднуваат остварувањето на потенцијалот на личноста,
работата, успехот и задоволството од самите себе. Љубовните врски,
пријателството па дури и роднинските врски не се повеќе на високото скалило на
вредности. Во така поставените животни приоритети, чувството на осаменост
пропратено со отуѓеност не предупредува дека ги запоставуваме нашите основни
потреби.
Камиевата драматична приказна за трагедијата на поединецот во судирот
со моралните норми што ги пропишува општеството, ја прикажува Мерсовата
индиферентност кон светот кој наметливо поставува свои очекувања. До Мерсо не
допираат работите кои се случуваат околу него. Настаните кои за некои луѓе би
биле посебно значајни, не го засегнуваат. Неговата отуѓеност од светот води кон
незаинтересираност како за смртта на мајката, така и за тоа дали Марија го сака
или не. Мерсо е странец во општеството, исто како што општеството е странец во
неговиот живот. Странец во својот свет, во својот сопствен живот. Странец во
светот на навиките и обичаите.
Од друга страна, Мерсо е потполно искрен и не се обидува да ја сокрие
ладнокрвноста со лажни солзи. Со тоа го предизвикува општеството и моралните
стандарди кои предвидуваат одреден начин на однесување. Кога судскиот процес
ќе го зграпчи во своите канџи, Мерсо не знае дали му се суди за одземање на
човечкиот живот или затоа што не плачел на погребот на својата мајка. Нему му
се суди за бесчувствителност и индиферентност во неговото однесување во
судот. Мерсо не се кае, не признава кривица, затоа што е свесен дека не е осуден
заради извршеното убиство, туку заради кршење на вообичаените правила на
општеството Никој од тие кои му судат не си го поставува прашањето дали е тој
навистина бесчувствителен човек или човек кој не ги изразува своите чувства..
Мерсо го судат луѓе кои едноставно не го разбираат - дали исходот од судењето
би бил поинаков ако плачењето било само глума, а не израз на вистинските
чувства. Чекајќи ја смртта, Мерсо сфаќа дека реалноста не им простува на
слабите, на оние кои бегаат од неа, кои се плашат да ги изразат своите чувства.
Не успеал да го прегрне животот и со одлука на системот тој ќе му биде одземен.
А сега толку многу го посакува.
Животот на секој од нас има некаква смисла. Самото наше постоење е
нашата смисла, секој ден ни носи нешто што го исполнува нашиот живот и му
дава значење. Животот е како молив - од ден на ден се пократок. Затоа да се
потрудиме да нацртаме нешто убаво додека сеуште го има.

You might also like