You are on page 1of 1

Смрт или слобода? Живот со смисол или живот без идеја?

Во средиштето на романот Пустина


лежи интровертен конфликт што го преживуваат двајцата преживеани солунски атентатори Арсо и
Глигор. И двајцата ја имале таа несреќа да не погинат, кога требало да умрат. И двајцата ја
избирале смртта како највозвишен начин за борба против тиранијата, но смртта не ги сакала. Така
пред нив се појавува една непредвидлива егзистенцијална ситуација, што понатаму со животот кој
бил завештан на македонската слобода. Особено Арсо не може да се помири со фактот дека
останал жив. За него, тоа е рамно на предавство, а како предавство се смета да се остане жив, кога
другите погинале. Што да се прави понатаму? Тоа е критичкото прашање за кое Арсо има само
еден одговор-јамка околу вратот. Арсо е мечтател, храбар и чесен младич решен да го даде
животот за татковината. Поради неисполнетите обврски се презира себе си, душевно страда,
станува и свој поротник, и свој судија и свој извршител. За разлика од него Глигор е реалист и
противтежа на Арсо. Тој верува во друга девиза, дека не треба да се застане на завршување само
на една задача, туку да се оди до крај, до целосно уништување на тиранијата. За тоа треба човек
да биде жив. Иако е уапсен и осуден, храброста го тера да не се откажува, да организира бегство и
да продолжи да го користи својот живот во служба на идеалот.

Контрастот помеѓу Арсо и Глигор не може да биде поголем, но тоа ги надополнува создавајќи лик
на совршен патриот и борец.

You might also like