You are on page 1of 1

Психолошкото и историското во романот “Пустина”

од Ѓорѓи Абаџиев
 

            Темата e историска, односно од периодот пред Илинденското востание, пролетта


1903. Опишани се солунските атентатори, поточно внатрешната состојба на двајцата
преживеани извршители на акциите - Арсо и Глигор, секој на свој начин треба да го плати
долгот кон татковината.

          Филозофијата на гемиџиите: „На хероите ликот им е чист само кога се мртви. Живите
херои не се херои... Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме создадени да го
порекнуваме она што постои“. Овие зборови храбро изречени од Глигор, ни го претставуваат
како бунтовник, како човек кој не се помирува со својата и со судбината на татковината. Тој
стои гордо, предизвикувачки ги гледа сите со своите живи костенливи очи, неговото тело е
јадро, косата непокорна и дива. Неговата појава ги дразни сите присутни, а неговиот
ироничен говор уште повеќе. Тој им вели:
            „Се уплашивте? Вие сте многу. Ние сме останале само двајца. Сакавме само да го
вознемириме вашиот сладок спокој, да фрлиме само камен во вашето блато, та луѓето што
носат осетливи носеви да го сетат лошиот мирис... Само тоа. Што можеме ние друго?“

            За разлика од него, Арсо е тивок, мирен, молчалив и само чека да помине целиот
циркус (судењето), за конечно да дојде пресудата и смртта која ја ветил.
            Преку судскиот процес кој е во тек, се запознаваме со акциите кои ги извршиле, за  
потопувањето на францускиот брод „Викторија“, за разрушувањето на Отоманската банка и
со казната што ја добиваат - смрт со бесење.
            Арсо и Глигор се сосема спротивни ликови и физички и психички. Во затворот, Арсо
не сака да разговара со никого, се му е здодевно, размислува, се навраќа на минатото.
Глигор, напротив, цело време е во движење, ги запознава сите во затворот, интересни му се
туѓите животни приказни, ведар е, полн со живот и изнаоѓа начин да избегаат од затворот, но
при бегството тој успева, а Арсо - не.
            Во меѓувреме султанот ги амнестира и наместо смртна казна тие добиваат доживотен
затвор.
         Осамениот Арсо живее во минатото, опкружен со звуците од дворот на затворот. Се
сеќава на сестра си Анѓа, на родителите кои не ни претпоставувале во што ќе се впушта, на
ликовите од прочитаните книги на кои им завидува бидејќи тие ја бараат и ја наоѓаат
смислата на своето постоење.
Преку сеќавањата на Арсо се прикажани подготовките на атентатите - копањето тунел од
берберницата до банката. При копањето наишле на водоводна цевка која ја совладуваат, па
на карпа која речиси не може да се совлада, но Арсо бил посилен и од неа. Тогаш тој бил
упорен, силен и истраен.
            Арсо се сеќава и на својата девојка Ана, неговата платонска љубов кон неа и
нејзината женственост и страст кои тој не сакал да ги задоволи за да не ја врзе за себе.

         Фатениот Глигор е повторно со Арсо и му раскажува за патешествието низ Сахара, за


девојката Смарагда која го лекувала. Раскажува дека во бегството му помогнал чуварот Едип
кој имал несреќна семејна судбина се наоѓал во вистински безизлез, но Глигор со својот
оптимизам му помогнал и му ја вратил желбата за живот. Затоа тој го водел низ пустината, но
при невреме, во една песочна бура - исчезнал.
         сеќавањето на Арсо на атентатот. Тој бил уапсен бидејќи излегол од зградата на
банката пред да експлодира, но тоа го направил од хумани причини. Забележал семејство со
дете кои не можел да не ги спаси, ги фрлил последните бомби и не успеал да се самоубие.
Глигор решава да копа тунел од ќелијата за повторно да избегаат. Арсо не сака да учествува,
тој е сосема паднат во духот. Со неговата ведрина и оптизимам, Глигор го бодри, му вели
дека тој ќе копа, дека задачата на Арсо е само да лежи врз дупката и да стражари, дека тој
ќе му помага во се. Но, за Арсо нема бегање - неговиот излез е смртта - она што го ветил на
другарите пред атентатите. Затоа на крајот Арсо се обесува оставајќи на ѕидот мал траг од
себе: „Тука згасна Арсо во лето 1903“, а Глигор бега преку ископаниот тунел кон
француската граница и кон слободата.

You might also like