You are on page 1of 1

Судбината на човекот – возвишение на човековите доблести, љубов,

пожртвуваност и хуманост

Кога читателот за прв пат ќе се сретне со приказната на Русинот Андреј


Соколов, со него несомнено ќе завладеат, од дното на душата, тивките пориви на
тагата, сожалувањето, хуманоста но и надежта. Само така може вистински да се
почувствува здивот на тешката човечка судбина, да се прифати таква каква што е и да
се верува во подобро утре.

Неверојатно е колку војната може да го промени животот на еден човек.


Главниот протагонист е еден од ретките преживеани од полињата на смртта. Но
војната скапо го наплатила својот данок. Ниту жена да прегрне, ниту деца да израсне и
да им се радува. Парадоксално, но овие збиднувања не го претвараат Соколов во ѕвер.
Тој останал исправен пред обврската кон татковината, да ја брани дури и во најтешките
денови на мизерување во непријателскиот логор.

Љубовта кон својата татковина е таа внатрешна сила да поднесе толку многу, а
не желбата за одмазда.

И затоа судбината повторно му се насмевнува, за да не остане сам. Го посвојува


малиот Вања од улица. Не постојат зборови, ниту пак некогаш биле измислени за да се
опишат солзите од среќа во очите на Соколов. Затоа што имал кому да ја подари
својата љубов.

Самата книга претставува бедем од хартија, накитен со можеби една од


најхуманите приказни. Таа сведочи за неограниченоста на добрината и љубовта на
човековото срце. Пораката е јасна – судбината на човекот е безмилосна, но мораме да
веруваме дека еден ден таа ќе го открие подарокот за нас, и пак ќе не увери дека
надежта за светла иднина сепак постои.

Сите ние имаме своја судбина и го живееме животот на посебен начин, секој со својата
тежина, се исправаме пред нови предизвици, клекнуваме, паѓаме но животот не учи
дека мора да станеме и да продолжиме да живееме најдобро што можеме. Треба да ги
надминеме сите пречки, недостатоци и мани и да имаме надеж за подобра иднина.
Судбината ни е нешто со кое сме се родиле, но животот е еден, има само една
премиера без репризи, лавиринт без можност да се вратиш назад. Треба да застанеме
пред секоја препрека високо исправени, горди на самите себе и она што го носиме во
нас, е само тогаш ќе можеме да ја прифатиме судбината и да го живееме животот во
целост и да бидеме испонети и среќни.

You might also like