You are on page 1of 1

Животот е патување, патувањето е живот

Животот не е само стремеж кон среќата, животот е убав со сите негови составни делови.
Со среќата, тагата, добрите и лошите искуства. Затоа што животот е сè она од што се
состои. Нема целост во една половина. Сите случувања во животот претставуваат
благослов доколку се сфатат свесно и правилно. Впрочем нема зло без добро и добро без
зло. Тие постојат за да се сфати суштината на било која вредност.

Секое лошо искуство може да е само подготовка за наредно добро искуство. Секоја
затворена врата или поглавје во животот нè води кон нова врата или поглавје. Ако ние тие
промени ги прифатиме и се прилагодуваме на нив, слободно ќе циркулира животната
енергија, а доколку болуваме, одбиваме да прифатиме и даваме отпор ние се блокираме
себеси за понатамошниот развој. Ништо што ни се случува не постои за да не скрши туку
за да не направи помудри, подобри, почовечни, посвесни.

Животот е како воз. Секој тргнува од една почетна точка „станица“ и мора да го помине
патувањето со другите патници. Ние не ги избираме патниците кои патуваат со нас, ние
само можеме да се прилагодиме кон нив или дистанцираме од нив. Но мораме да
патуваме. Како што ние не избираме кога тргнуваме, така не избираме и кога се
симнуваме од возот. Но тој период додека сме заедно имаме иста цел: Сите патуваме.

Животот е дар, животот е вдахновение. Животот живее во нас и преку нас. Животот
сведочи за себе преку сопственото сведочење. Животот е енергија која се шири низ нас.
Ние не го живееме животот, животот не живее нас. Ние сме само средство кое избира како
ќе го живее тој драгоцен дар.

You might also like