You are on page 1of 2

Чудна случка

Денот ми започна сосема обично. За време на вечерата не ми се јадеше и си заминав во


мојата соба. Имав некое чудно претчувство. Неможев да заспијам па одлучив да излезам
малку на терасата, на свеж воздух. По 10-тина минути, забележав нешто чудно на небото.
Доаѓаше некаква светлина, како што се доближуваше до мене стануваше се поголема и
поголема. Кога дојде до мене не видов, бидејќи почувствував како таа светлина да ме
проголта. Ги затворив очите, бидејќи светлината беше како златен прав. Кога ги отворив
очите се најдов на некое чудно и различно место, но беше величествено тоа што го видов.
Еден голем грчки храм. Прекрасен беше. Влегов внатре и сите луѓе ме гледаа како да
виделе вонземјанин. Можеби затоа што отпатував во минатото. Облеките им беа чудни,
додека јас имав патики, некои беа боси или со кожни римјанки. Се беше како во стара
Хелада од историја. Јас не разбирав што зборуваат и не можев да им кажам од каде
доаѓам. Им кажав дека се викам Марко. Бидејќи народот се исплаши од мене, помислија
дека сум некакво предупредување од боговите за некоја катастрофа, па затоа одлучија да
ме однесат во лавиринтот. Јас не ни помислив што ме очекува таму. Ми дадоа еден меч,
кој беше потежок од мене и ме натераа да влезам внатре. Беше многу морничаво и
страшно место, како во филмовите, само што воопшто не ни размислив дека внатре го има
минотаурот (половина човек-половина бик). Татко ми ме воспитуваше секогаш да бидам
храбар и одлучен, па решив конечно да ги послушам неговите зборови. Со сигурност и
храброст продолжив да одам низ лавиринтот, чувствував како се повеќе и повеќе да се
губам и дека никогаш нема да излезам оттука. Кога наеднаш слушнав силно рикање, беше
многу страшно, мислев срцето ќе ми застане. Почнав да бегам и се загубив. Беше
невозможно да се излезе од лавиринтот. Но се уморив и одлучив да застанам, си реков
ионака нема да излезам подобро да видам што ме очекува. После 20-тина минути
трчањето и рикањето беа се поблиску, а јас се повеќе се исплашив. Дојде моментот кога
помислив дека сум готов, но се случи сосем спротивното. Наеднаш минотаурот се исправи
пред мене, беше со глава на бик, толкави рогови никогаш не сум видел, многу се
исплашив но ете решив да бидам храбар во тој момент. Минотаурот само гледаше во
мене, а јас одлучив да го поздравам, му реков јас сум Марко. Потоа тој ми проговори, а
тоа беше најмалку што очекував, ми рече: - Јас сум Порифирис. Потоа јас му се поклонив
за да разбере на некој начин дека ми е мило што го запознав. Седна спроти мене и само ме
гледаше, а јас почувствував како да полудувам. Но потоа тој проговори на македонски
јазик, а јас само останав зачуден. Ми рече не грижи се Марко, ти си тука за да ми
помогнеш, таа светлина што ја виде беше испратена од мојот бог заштитник. Тој ми рече
дека само ти можеш да ме извадиш од овој лавиринт, во кој сум повеќе од 20 години. Тебе
те чекам, бидејќи ти си потомок на боговите, ти беше испратен во сонот на кралот да му
кажеш дека син ќе му се роди кој ќе го освои светот. Јас и понатака мислев дека сум во
сон, но решив да му верувам на минотаурот. Тој имаше компас, само што незнаеше како
да ракува со него, затоа јас помогнав, по долго време и големи маки, успеавме да дојдеме
до излезната врата на лавиринтот. Му требаше повеќе од 1 час да ја сруши вратата и
конечно после долго време затворени, излеговме на чист воздух, на виделина што се вели.
Минотаурот ми се заблагодари од `срце и ми го даде неговиот медалјон кој беше во форма
на позлатен круг, а во внатрешноста се преливаше светлината што ме донесе тука. Ми
рече дека секогаш ќе биде со мене, и кога и да ми треба само да дувнам во кругот и тој ќе
ми го реши проблемот. Потоа ми раскажа дека јас ќе бидам познат во светот. Откако се
збогував со него, светлината повторно се појави, и ме проголта, и јас повторно се најдов
на мојата тераса, само со медалјонот околу врат. Едноставно не ми се веруваше каква
чудна случка доживеав. Не ми се веруваше, а кога го свртев медалјонот имаше порака на
него, на која пишуваше „Марко твојата посета ќе остане тајна, ама за твојата храброст ќе
дознае целиот свет“.
Јас само се насмевнав и сфатив дека тоа што го доживеав беше една прекрасна но чудна
случка.

You might also like