You are on page 1of 78

Илија ТУМБОВ

Нашиот сигнал

1
За НАШИОТ СИГНАЛ

Кога во Богданци или билокаде ќе чуете како некој (Тихо, Перо,


Дуги, Ташо, Коста, Насто, Колчо-Гелс, Мирко или јас) со устата го
свирка созвучјето што овде е дадено како нотен запис знајте дека тој го
свирка НАШИОТ СИГНАЛ.
Ако во близината има некој на кого му е познато созвучјето ќе се
јави со истата свирка и ќе поита кон местото од каде бил свирнат
сигналот.
Таа свирка ссосема случајно се всади во нашите животи.
Во Богданци уште беа свежи спомените за филмскиот мегахит од
шеесеттите снимен според бродвејскиот мјузикл „Приказна од
западната страна“ (West side story) со Натали Вуд (Natalie Wood) и
Џорџ Шакирс (George Chakiris) во главните улоги.
Токму тие години, во екот на рок-ерата, филмот беше репризиран
во киното „Просвета“ и остави силен впечаток меѓу гледачите.
Кај малку постарите не беше згаснат споменот на Сините вечери
на кои дуетот Живко Дуев и Насе Прчков од Ѓавото го изведуваа
музичкиот хит „Нашиот сигнал“ од бугарскиот поп пејач Емил
Димитров.
Во изведбата артистот на едно место со уста го свирка
созвучјето.
Романтичната младост на Тихо, Перо, Ице-Дуги, Ташо, Коста, и
Насе (јас, Колчо-Гелс и Мирко им се придруживме подоцна) имала
потреба со нешто да се разликува од другите.
Најмузикален меѓу нив е Тихо.
Тој ја предложил свирката од созвучјето за сигнална свирка.
Свирката е лесна за паметење, продорна е и била прифатена како
сигнал.
И ние подоцнапридружените ја прифативме како таква.
До денденешен може да се слушне како се довикуваме со неа.
Збирката со намера да биде спомен на нас самите ја нареков
НАШИОТ СИГНАЛ.
Нотниот запис од свирката на НАШИОТ СИГНАЛ го направи
Влатко Сапламаев.

2
3
4
Разговор со животот
Животе,
прашања јас имам многу
и би можел со тебе
да разговарам на повеќе теми.
Еве, да речеме, за ова:
Што ќе ти биде, 
што ќе загубиш
ако престанеш 
да ми правиш проблеми?

5
Патувања со ноќните возови
Се препознав во
Амадеу Алмеида Праду
и во неговите ноќни возови.
Има возови што патуваат ноќе.
Нееднаш сум се возел во нив.
Во постојано патување сум.
Патувам кон себе.
Секогаш патувам
иако никогаш не стигнувам.
Затоа се плашам од староста.
Староста секогаш оди по патот
што води кон крајот.
Патувајќи кон крајот
не стасав да се опишам себе
иако цел живот тежнеев
да го направам тоа.

6
Сечењето врски

Прво се „маркираше“ тој


на кого ќе му се сечеше врската.
Потоа требаше да се земат ножици
и да се прикријат некако.
Уште попотоа нужно беше
на избраниот да му се
сврте кон некаде вниманието
и дури тогаш, во еден потег,
се сечеше врската.
Не се знае кој прв почна
да ги крати „машните“,
но „адетот“ се тераше долго време.
Никој, никогаш не се налути
за исечената врска.
Дури имаше случаи
присутни „јабанџии“
самите да ги вадат врските
и да ги подаваат за сечење
сметајќи дека така треба.
Се паметат многу креативни
изведби на сечата

7
Искрењето на кременот
Кременот е камен.
За поинакво мислење
тука место нема.
Студен е тој и тврд на лика.
Таков е се додека
од друг камен или
од железо некое
чукнат силно нема да биде.
Тогаш во него нешто се буди
и искри фрчат бесно.
За тоа сакам да ви кажам.
За искрите што од него прскаат
кога тој удрен ќе биде,
ми беше зборот.
Не за каменот-кремен
што кротко си седи
ако гибан нема да е силно.

8
Препознавањето
Некогаш напишувам по нешто.
Едни потоа велат
дека се препознале во напишаното.
Што има тука необично?
За да се препознаеш во нешто
тоа на тебе да наликува треба.

9
Товарот на искуството

Голем е товарот
што на рамениците ми тежи.
Денови се тоа
и години
што по патиштата животни
сум ги изодел.
Искуство е тоа присобрано.
Ука набрана по школите редовни,
знаење и вештини
од „аглите“
на животот
и приклученијата негови
„кинати“ патем.
Како товар го чувствувам тоа.
Товар кој некогаш притиснат
од осаменоста моја
имам потреба
да го излеам некако.
Просто да го истурам некаде
и да се раатисам од него.
Под притисок на таа потреба
го правам ова:
пишувам, пишувам,пишувам...
Еден ден некој можеби
ќе го прочита напишаното.
Така ќе се дознае
дека на клобото земјино
не сум престојувал
толку години попусто
Дека со некоја смисла
и оправданост било
проткаено битисувањето мое
овдешно.

10
Една вечер од тие денови

Седната бевме врз столовите


начичкани во круг
околу маса за четворица.
Мене ми се падна
да седам на аголот.
Древно суеверие вели
дека ако се седи на ќошето од маса
нема да се ќердосаш.
Фала му на Господа,
оти не бев суеверен,
немав таква мака
и без гајле си седев на завиокот.
На останатите агли седеа други.
Заради коњакот на загрепски Бадел
кој го арчев кога од пиење потреба имаше
во гимназијата ме завикаа Бренди.
Времето на тоа време
уште не беше поминало.
Тихо, пак, беше убеден
дека вињакот на Рубин е подобар
од сите домашни коњаци
и не отстапуваше
од тоа убедување.
Мирко го беше зел мисурчето
од под кафето на Дуги
и во него ги дробеше
чоколатцата на „Краш“
кои ги купуваше заради
сликичките на „фудбалистите“
од репрезентациите што
учествуваа на Мундијалот
и се наоѓаа внатре,
а Неда и Јова,
ќерките на брат му Иљо,
ги лепеа во албумот на Панини.
Тој гест го одаваше
дека со „баделот“ има намера

11
да боцка од ордеверот
и „чоколато“ да мези
Некој му рекол
или некаде прочитал
дека на аристократските трпези
коњакот се служел со чоколадирано мезе
и не пропушташе можност
да провери
дали „дотичните“ имале право.
Коста стандардно
коњакот го пиеше како „шрафцигер“.
Во голема чаша си тураше коњак
и го прелеваше со кока кола.
Во случајот се имаше послужено
со чашата на Грошот кој,
по обичај,
„скопското“ го „цевчеше“ од шише.
Се знаеше што пијат Гелс и Ташо.
Тоа што не се знаеше беше
заради што нивните мастики
секогаш ги побелуваат со вода.
Ване од Драмче
кружеше околу нас.
Ние бевме другарите на шефот
и, по неговото разбирање,
честа природно ни следуваше.
Аџиманот, така го нареков Перо
откако беше бил на едно туристичко
патување во Египет
од каде донесе дузини слики
од пирамидите и од себе
облечен во арапска носија
како јава на камила,
беше отиден аскер.
Во војска отиде од позицијата
шеф на Секторот за угостителство
и туризам на „Изворски“
и Драмче не престануваше
да го вика –ШЕФОТ.
Ханичка и Грижина,

12
заедно со другите од полската музика
дремеа, секој на своето место,
додека тапанарот Витолд
зборуваше нешто за „Солидарност“
со кој Лех Валенса
од Гданск беше кинисал
да го корне комунизмот во Полска.
И ние и другите молчевме
додека тој зборуваше..
Понекогаш на Полјаците
им велевме „џинкуе“
во знак на благодарност
што ни ја погодиле песната,
но друг полски збор не знаевме и
не „пањимаевме“ што зборуваат звучниците.
Мирко го искористи моментот
и зеде збор на масата:
„Ако некого молчешкум
удреш посилно по тилот негов
тој допирот твој
како завратница ќе го доживее
што за казна се сметало секогаш.
Ако полека го допреш по истото место
и насмевка можеш
да му измамиш
оти за милувка ќе го есапи тоа.
Сакам да кажам дека
врз основа на силината на ударот,
како што објаснив предмалку,
удрениот „влече“ перцепција
за стореното.
Многу работи така „се градат“
или се „разградуваат“
и кога изградени биле,
ако разбравте
што сакам да кажам.“
Очигледно беше дека
Мирко попладнето
читал нешто во врска со тоа
и сега искористи можност

13
да отвори „панел дискусија“.
Не е важно
дали се разви дискусија
и, ако се разви,
како се одвиваше.
Важно е дека таа вечер
во Новата сала на Ресторанот,
како и претходната,
како и наредната ,
како и многу други,
пред и потоа,
се беше исто.
Само темата беше различна
и од друг наметната.
Се до фајронтот.
После следуваа други дешевки.
За некои од нив
со години потоа
се раскажуваа „сказни“.

14
Отсуство на дешавки

Масата се беше протегнала


од крај на крај во собата.
Одвај ако имаше место
за столчиња
на нејзините куси страни.
Тишината го „пареше“ воздухот
што дури и „стенкањето“
на масите
под товарот од јадењето и пиењето
се слушаше како се пробива
низ густата завеса од чадот
на три-четиринаесетте цигари
што кадеа во одајата.
Тихо и Перо не научија да пушат.
Некој себеп,
во некоја од куќите
беше во пршање.
„Што ви е, бе?
Позаспавте немо.
Како касетофон сте
кога ќе му изврти лентата.
Мачна тишине ве обви.
А и пред тоа,
исто како касетофон сме.
Со години иста касета вртиме
И за исти дешавки
се залисуваме.
Дајте малку да се размрдаме,
нови глупости да правиме
за да има што да раскажуваме
наредните години.“
Си кажа Перо
што имаше да каже.
Другите кажаното
го потврдија со молк.
Но, главно, се согласија со него.
Не ми текнува

15
дали та вечер се случи нешто
за што се расправеше подоцна.

16
Песните

„Многу се тажни песниве наши,


ќе рече Нада на Тихо.
Нема песна што ќе те развесели.
Нема радување
кога се пеат наши песни.
Како да се радуваш
на небиднина?
Ако се љубовни
за што се пее?
Или нејзините
не ја даваат за него,
или некој некого оставил,
или умирачката
ги разделила.
Љубовни, а тажни.
Ако не се љубовни
комитски се:
неправди,
отпор,
затворање,
робии.
Или, пак:
„Имам уште два патрона
еден за тебе
другиот за мене.“
Како да се радуваш во пеењето?
Ич место за радост нема.
Само тага.

17
Свети Костадин

Многу го сакав
именденот на Коста.
Секогаш е на 3 јуни
и секогаш е топло.
Никој од нас
не беше посветен верник,
ама на имендените
и на другите семејни слави
не пропуштавме
да им ја искажеме
сета наша почит.
Свети Костадин
посебно не мотивираше
да се чувствуваме убаво.
На именден се одеше ноќе.
Ванчеви имааа голем трем
каде што можевме
да заседнеме удобно.
Имаа и пространа авлија
во која излегувавме
да се „проветрееме“
кога ќе не „стегнеа“ главите
и низ чија широчина,
во шарениоте сенки
на расфрлените овошни дрвца,
го повраќавме
фазлата од испиеното.
Ѕвездите, како ноќни светила,
„закачени“ на небесниот свод
и кога беа
прикриени од месечевиот сјај,
немо сведочеа
за нашите „подвизи“.

18
Вечерта кога паѓаа ќерамиди

Легендата вели дека


на Њутн му текнало за гравитацијата
кога од дрвото под кое бил седнат
јаболко паднало
и по главата го погодило.
Гравитацијата онаа вечер
не можеше да ги привлече
ќерамидите од куќата на Перо
крај пазарот
да паѓаат во нејзиниот двор
ако некој не се беше намерачил
да ги фрла од горе.
Гравитацијата не може
да ги откове од летвите
за кои закачени се тие.
Раце човечки треба
за тоа дело.
Кога по кровот одев нагоре
гравитацијата не ми пречеше толку
колку што се обидуваше
да ме ничкоса
кога надолу слегував кроце
стискајќи ги двете ќерамиди
што подмишка ги бев зел
за да ги однесам во Ресторанот
од каде што
бев излегол предтоа.
Се симнав
и со ќеремидите в раце
назад се вратив
ставајќи ги гордо
кабадахиски, дури, би рекол
пред Аџиманот
кој коњакот од турата претходна
во грбот ми го беше турил.
Потоа, седнувајќи си на местото
ја подигнав чашката

19
што со новата тура стасана беше
и, на здравица повикувајќи,
реков дека никогаш на арно
шегувањето со Чиче не било.
Другите ја прифатија здравицата
не знаејќи дека тлото
пред куќата крај пазарот
црвенее од срамната будалаштина
за која дури утредента
свесен станав.

20
Впечатливата лекција

Аргентина не е далеку
ако од телевизијата се пренесува
мундијалот кошаркарски
што таа година
се одржуваше таму
и што можеше да се гледа
на шарен екран
од аголот
на некоја овдешна соба.
-Старите не се дома,
на армас кај Линка не одиме
доста веќе се мавтавме
по корзото...
ајде да одиме кај мене.
Прво ќе направиме малку покер,
а потоа, од полноќ,
ќе гледаме кошарка,
рече Перо таа саботна вечер
кога со Мирко и Томе Стамнов,
кој му беше братучед на Перо
и беше застанал кај нас,
се шуткавме низ корзото
во Богданци.
Други планови немавме.
Во Ресторанот имаше свадба,
а понудата не беше лоша.
Ги запаливме колите
и се „нацртавме“ во Шимови.
Ја поставивме масата,
Мирко донесе карти од дијаната,
Перо принесе
пијалок и нешто за грицкање
и „сечевме“ за место.
На Мирко му се падна
да седи со грбот кон телевизорот,
Томе седеше право,
јас и Перо отстрана.

21
Нешто по полноќ почна преносот,
Ама ние не ја прекинавме партијата.
Не дочекувајќи да престане
крцкањето на портата
Перо списка „Старите“
и фати да ги собира
картите и неговите пари.
Ние се поведовма по него.
Му ги зедов картите на Перо,
ја најдов и кутијата за нив
и , откај вратот,
си ги пикнав во сомотската јакна
која на половината имаше
цврсто плетен растеглив појас,
а однапред се затвораше со патент.
Го повлеков затворачот до грлото
ставајќи си ги парите во џебот
кога се отвори вратата.
Се примирив.
И другите веќе се беа примириле
со погледи вперени
кон натпреварот
кога влегоа Милица и Директорот.
Се гледаше дека Директорот
ги видел нашите коли
паркирани на улицата
оти ги беше „обесил“ веѓите.
Во еден глас
ни посакаа добравечер.
-Гледаме светско,
одговоривме и ние едногласно.
Милица се заврте и си отите.
Директорот се наведна кај огинот,
ја зеде машата
и дојде кај нас.
„На бојаџија ли боја ќе продавате?
Како што сте наседнати
одвај ако гледате во телевизорот.
Средулникотод масата ви е празен.
На ќошињата сте наредиле

22
ракија и пепелници.
Со чадот може
лисици да се лови.
Карти не сум играл во животот,
ама сите знаци покажуваат
дека се коцкате.
Ќе ме натерате да ве претресам,
да ви ги фрлам картите во печката
и да ја скршам машата од вас.“
Премревме од страв.
Со Томчо Шимов немаше шега.
Незгоден беше кога
од нешто ќе се изнервираше.
Таа вечер и налутен беше нешто.
Оти кабаетлии ништо не рековме.
Тој се заврте
ја остави машата
и отиде по Милица.
Ние занемени ги поразместиве
нештата што беа на масата,
си ги поднаредивме парите,
јас ги спакував картите
и се наместивме да гледаме натпревар.
Не можем да се сетам
кој против кого играше таа вечер
ниту како заврши мечот,
ама споменот за настанот
од таа вечер кога „стариот волк“
ни одржа
мошне впечатлива лекција
никако да го заборавам.

23
Стокецот на Коста

Само песокта што пороите


од Дукавец ја имаа донесено
на улицата „Дојранска“
беше ли причината
Коста да го „залепи“ стокецот
на Минчевиот ѕид?
Тој велеше дека
му се излизгала колата.
Можеби!
Прашање е што правел тој
кога заставата
почнала да се „шм’ге“?
Таа загатка
ја решевавме на масата
додека чекавме
да се вратат тие што отидоа
да го вадат стокецот.
Одговор немаше кој да даде.
Коста беше со нив.
Ниту подоцна
тој за тоа расправаше,
ниту ние нешто инсистиравме
да ни каже
што вистински се случило.

24
Во ред наредени

„Ајде ред се редат мале,


ајде ред се редат...“
Токму како во песната.
Најнапред ќе се наредеше
Перо со црвениот голф.
Насто со Марина по него.
Зад нив Ташо со Џефа.
Ицто со неговата буба
се редеше четврт.
Јас со мојата буба-петти.
Коста по нас.
Мирко со дајаната на крајот.
Така наредени колите
на паркиралиштето
во центарот,
со по неколкумина во нив,
право кинисуваа за кај Миле Докшин,
Чарли што сакаше да го викаат,
во Паљурци.
Таму Миле со жена му, со ќерка му Жана
и син му Роберт
го држеше ресторанчето
што Перо го беше направил
како собиралиште за младината
кога и претседателствуваше
и беше раководител
на Секторот за туризам и угостителство
на “Изворски“.
За да се дојде до локалот,
неколку километри од Богданци,
кој имаше сопствен трансформатор
и не потпаѓаше под режимот
за немање струја
што Електростопанството
го применуваше тие години,
нужно беше да се има гориво
за колите.

25
Ние за гориво мака немавме.
На разни начини се снаоѓавме
да најдеме бонови за гориво.
И наоѓавме.

26
Песната за „Емина“

Не сум по пеењето,
но сакам
кога ќе ми „натежнат“ клепките
и ќе се создаде ќејф
за пеење на масата,
да ја зафатам „Емина“,
песната на Алекса Шантиќ
музички „вкоричена“ во
старогратски
босански севдалински стил,
што си ја бев
препеал на македонски.
„На враќање сношти
од топлиот амам
покрај дворот минав
на стариот имам.
А таму, во дворот,
веднаш покрај ѕидот
со ѓумот во раце
Емина ја видов.“
Ќе си ја запеев јас Емина
на начинот на кој ја пееше
Ибрица Јусиќ,
а другите,
кој колку го знаеше препевот,
ме следеа.
Масовно се вклучуваа кај:
„Ај ши, ај ша, јаваша
Коњ си јава кој има.“
Така беше секогаш
кога ќе „притиснеа“ малиганите.

27
Лелекот по пеперутката

Песните беа во „надлежност“ на Гиле,


кога и да беше со нас,
ама и Коста,
кога ќе му се „зацрвеше“ креската,
знаеше да „залелека“
„Улична светиљка
баца свјетлост у круг
док црни лептири
лете право на њу.’
Потоа,
низ алкохолните испарувања
и пасмата од чад,
ќе се чуеше „хорот“
од басови и сопрани:
„Црни лептиру
летиш у ноќ
јутро сачекај
свјетлост ќе доќ.“
Така отприлика изгледаше
„ Crni leptir“,
големиот хит на YU GRUPA,
во наша изведба.

28
Трагите од кока-кола

Никој не дозна како Зора


ги имаше избришано
трагите од кока-кола
што во млазеви избивајќи
низ грлото од расклачканите шишиња,
со темна распенета течност,
за време на климаксот
од славењето на светиот Васил
во Манолеви,
ги полеваше белите ѕидови
од собата каде што биле
сместени „пријателите“ на Васе.
Јас не сум сведок
на „дешавката“
За неа знам
од раскажување.

29
Аманетот за Гиле

Како што стоеја работите


и како што беше договорот,
кога ќе дојде време Гиле да премине,
ако има некој од дружинта
да е жив и здрав,
ќе треба да се преземат мерки,
да се најдат добри пејачи
и во даден момент,
да се испее
„Си заљубив едно моме“.
која тој со посветеност
ја пееше придружувајќи
се самиот на гитара
секогаш кога ќе му се
пружеше можност.
Тоа аманет за него
треба да биде.

30
Возот за Загреб

За да стасам во Загреб,
прво до Лоборска 6,
каде што живеев,
а потоа и до улицата Лола Рибар,
на пазарот „Трешњевка“,
каде што ги продавав
доматите наши,
од железничката во Гевгелија
на воз требаше се качам.
Неколку лета Дуги и Фитка
со нивната буба
до станицата ме возеа
за во 19 часот да го фатам
експресниот
што од Атина за Париз одеше.
Утредента, на пладне,
„влакот“ на „главниот колодвор“
во Загреб стигнуваше.

31
Изборот на песните

Нека не ве залажува
што на Тихо кога е „здрвен“
на „Борјано, Борјанке“
му текнува.
Таков му е „штимот“ во тој момент.
Некои други, на пример,
на далматинскиот мелос
му се восхитуваат,
па со „Рибар мрижу своју плите“
и се натаму како што следува
во сплетот
си го прават ќејфот.
За мој атер
или само така
и „Со маки сум се родил јас“,
за машки род прилагодена,
се пееше често.
И на други песни,
на „Налеј, налеј,“, да речеме,
патриотски се тропаше
по масите.
Но секогаш реакција беше тоа
на некое моментално расположение.
Првиот избор на друштвото,
кога музиката,
тогаш и секогаш, беше во прашање
без дилеми е рокот.
Во тоа име Коста,
кога ќе се„наредеа коцките“
како што треба,
без „Још мало“,
хитот на нишките Лутајуќи срца,
не поминуваше.

32
La femme de mon ami

Од некоја причина
таа зимска вечер
навративме кај Миле во Палурци.
Не беше многу ладно,
ама се „милуваше“ топлината
што од големата
нафтена печка со вентилатор доаѓаше.
Масите си ги споивме
во близина на печката.
Миле беше седнат на стол,
меѓу печката и нашите маси
и, пратејќи се на гитара,
си пееше за свој ќејф.
Други гости немаше.
Ние, колку што можевме,
му правевме друштво
држајќи му терца.
Последна се испеа
бугарската верзија на
француската шансона
„La femme de mon ami“.
И ние пеевме со Докшин
бидејќи песната ја бевме научиле
од бугарската музика
што настапуваше во ресторанот.
Шефот на насамблот, Бај Јован,
„Жената на мојот пријател“
шлагерот го пееше
придружувајќи се на хармоника.
Чарли тоа го правеше
на пооригиналниот начин
затоа што Енрико Масијас
песната ја беше компонирал
на гитара.
Сакавме да останеме уште,
ама доцна беше веќе.
Надвор не дочека белилото

33
од распосланиот снег.
Дури и на тенката страна
од надворешните ретровизори
имаше неколку сантиметри снег.
Снегот уште врнеше пластејќи се,
но патот беше прооден.
Во Честите јавори дијаната на Мирко
кршна кон снежната полјанка.
И другите коли кинисаа по неа.
Од дијаната излезе Добрила
и грбно, со раширени раце и нозе,
легна во снегот.
За миг побелената земја
се нареди со легнати луѓе.
Кога си одевме зад нас
оставивме многу човечки фигури
вдлабнати во снегот.
Не бевме многу пијани,
ама ни трезни не бевме баш.

34
Боцкањето од сувите треви

И преку панталоните
бевме боцкани од сувите треви
на ледината северно
од горнината пред Николиќ
на патот Дојран-Богданци
низ која таа септемвриска
вечер со месечина
трчавме барајќи го зајакот
што на враќање од Мрдаја
го беше удрила
некоја од колите,
а тој, тешко ранет,
се обиде да се скрие
во пространството
под ридот кон Гопчели.
Сите коли застанаа.
Некои се беа паркирале на патот,
а некои беа завлезени во нивата.
Целата група се рашири наоколу
и „китејќи се“ со чички од тревите
трагаше по зајакот.
По некое време
Мирко се врати
победнички држејќи
го убиениот зајак за ушите.
Утревечерта него
и уште два од
зајчарникот на Коста
ни беа сервираше
на терасата од „Бобо.

35
Влечките на Перо

„На другар ми
деновиве му е роденденден.
Сакам да му подарам
„пандофли“ за по дома.
Што ќе ми препорачате?“,
му кажав на пазарџијата
што продаваше обувки.
-Кој број чевли носи?,
ме праша продавачот.
-Од скоро е женет
и ГОЛЕМ „папучар“ стана.
Дајте ми го најголемиот број.“
Во пластичното кесе ми беа ставени
најголемите влечки на пазарот.
Тоа му го кажав на Аџиманот
во кафеаната каде што
честеше за роденденот
кога му го давав „бакшижот“
спакуван со сино „фљонго“.
Досетката ја сметав за успешна
бидејќи сите се смееја.
Се смееше и Перо
држејќи ги „лотките“ од влечки
во рацете.

36
„Рапсодијата“ во жолто

За да имаме себеп за собирање


си правевме забава
вечерта спроти
Старата Нова Година.
Тој 13. јануари
од раните осумдесетти
јас бев домаќин на забавата.
Домаќинлакот го одредувавме
кршејќи лепче со паричка.
Кај кого ќе се најдеше паричката
на забавата
тој ја подготвуваше забавата
идната година.
За да и дадам содржина на забавата
кај Драги Хаџиниколов,
уметник од Гевгелија
нарачав да ми „исчука“
бакарна плакета
на која стоеше текст со објаснување
за што станува збор.
Плакетата имаше дрвена рамка
и беше наменета цела година
да стои кај тој што
му се паднало да биде домаќин
на „дружбата“.
Рамката беше направена
и за закачување на ѕид
и са стоење на комода.
За дар на добитникот на паричката
ја подготвив книгата
со македонското издание на Библијата
што ја купив од црквата
„Свети Атанасиј“ во Богданци.
За местославење ја изнајмив
кафеаната на Дељо Костенаров
на Чавдарова чешма.
Дине Гуша го зедов

37
да ги служи гостите.
Ице Дуги доброволно се нафати
да биде одговорен за музиката
и да пушта плочи и касети.
Перо, Нада на Тихо и Каролина
имаа роденден околните денови
и со нивни прилози
ги правеа интересни овие наши
зимски собиранки.
Таа година Нада донесе торта.
Перо, обичајно, донираше
печено прасе со јаболко.
Не ми текнува
што донесе Каролина.
Тихо беше на работа
и не беше присутен
Дури по полноќ дојде
со уште двајца цариници.
Кога дојдоа
ние бевме по малку
„натргнати“ веќе.
За да не идат со празни раце
тие со себе донесоа
неколку шишиња Johnie Walker.
Донесоа и некои спрејови
со златножолтеникава боја.
Веднаш се префрливме на „скочот“
бидејќи „шетачот“ беше славно виски.
Од спрејовите за миг
ни пожолтеа косите.
Кршењето лепче
беше среќно за Нада Вангелова.
Нејзе и се падна паричката
и ја доби Библијата на дар.
На бакарната плакета,
во вградените прстени,
ги ставив книвчињата
на кои пишуваше дека
наредната година зимската забава
ќе ја спреми Нада со помош на Насто

38
и им ја предадов на Вангелови.
Забавата траеше до сабајле.
Разденето беше кога си одевме.
Дома долго ми префрлаа
дека не само што сум си ја
вирандисал облекатта
туку и постелината
сум ја вапсал жолто.

39
Силата на бројченикот

Перо беше 94,


Дуги беше 96,
јас бев тука некаде.
Се меревме сосе „амбалажа“
кај Перо во Дојран.
Имам слика
како сум качен на вагата
со бројеникот кој покажува
пет помалку од сто.
Се ќе беше во ред
ако тие двајцата не беа
за глава повисоки од мене.

40
Разбирањето

Со тук-таму по некој исклучок


госпоѓиците што ги „шетаа“ на времето
сега се законити госпоѓи
на господата од НАШИОТ СИГНАЛ.
Не дека немаше по некое „раскинување“.
Го имаше и тоа.
Раскинувањата се правеа со стил.
„Не можам да разберам зошто? “,
ми беше рекла една на која
за „последно“ и кажав:
„Ако јас не излезам од твојот живот
ти ќе се загубиш во мојот.“
Немаше големи очекувања од мене,
но очигледно беше дека
кажаното ја погоди.
Со време разбра.
И денденес сме пријатели.

41
Лејла

Еднаш во ресторанот
се обидов да му правам
друштво на Ташо
„трошејќи“ побелена мастика.
Останатите пиеја други пијалоци.
Дека многу сме испиле
не се уверив
по главата која
утредента ми беше тешка
дури претешка, би рекол.
Ме уверија кажувањата
дека повеќепати сум
ги терал „Интервали“
да ми ја пеат Лејла со која
Сеад Мемиќ Вајта
таа 1982 година
ја претставуваше Југославија
на Евровизија
и „херојски“,
станат простум,
сум кревал тупаница
како што на олимпијадата
во Атланта
правеа атлетичарите
од американското братство
„Црни пантери“.

42
Ротвајлерот

Ниту не помислив на него


додека возев накај Дојран
каде што Магда не беше
повикала на забава
„Дојди каков што ќе се затекнеш.“
Мирко со дијаната
возеше по мене.
На портата пред вилата
не пречека ротвајлер
исправен на задните нозе
со предните потпрен
на решеткастата врата.
Во тоа време уште
не ставаа домофони на портите
и немаше како да го најавиме
нашето доаѓање.
Решивме да викаме.
Со Мирко неизменично
ги извикувавме имињата
на Перо и Магда.
Имавме среќа дента
децата, трчкајќи се,
да ја откачат надворешната врата
од долната шарка
и таа не можела да биде затворена
обесена само на горната.
Магда слушнала дека некој вика,
дојде, го врза пасот
и не спроведе внатре.
Некои веќе беа дошле,
некои уште ги немаше.
Домаќинот не беше дома.
По едно време,
сиот расторбешен,
низ вратата од терасата влезе Тихо.
Во дворот влегол по скалите
што до него доаѓаа

43
од една друга улица.
На терасата се качил по лозата.
„Одете врзете го кучето.
Не може да се влезе низ портата
од него“,
„изрецитира“ објаснувајќи
како се качил тој.
Додека Магда да го одостои него
се отвори вратата
низ која влегоа
Коста, Костанда,
Нада на Тихо и Јованка.
„Колчо остана да
го врзе кучето“,
проговори Коста.
Магда побледе.
Побледевме и ние.
По некое време
Влезе Колчо – л’снат во очите.
Го врзал кучето
и се качил горе.
„Од пијаните
и будалите бегаат.“,
ја протолкува Перо
дешавката со Гелс
кога се беше вратил.
Подоцна кучето
го помина векот
на бензинската
во Чеплевац.
„Тој самиот не знаел да се чува
не, па, да ја чува куќата.“,
го објаснуваше Перо гестот.

44
Принципиелноста на принципите

„Не си човек ако не си подготвен


да умреш за принципите свои.“
велат дека велеле Прусите.
Еднаш со Коста во ресторанот
сакавме да се правиме Пруси.
Но ножевите што ни ги беа
донеле со скарата
не беа доволно остри
за сечење вени
и не можевме да ја докажеме
човечката природа наша.
Другите од масата
немаа потреба да умираат
за нивните принципи.
Дека бевме пијани – бевме,
Прашањето е – колку.
Погоре раскажаното го дава
одговорот.

45
Blue jeans

Колку густо некогаш


седевме по локалите
кажува и примерот
со сините фармерки мои
кога им ја бев бојадисал
гардеробата на тие
што под масата
се допирале до мене.
И порано се случуваше
да се допираме под масите,
но сега до џинсот беше.
Траперките со таков квалитет
што доста скапо ги платив
од Австралија ми ги
имаа донесено.

46
Четворките за покер

Перо, Мирко и јас


бевме стандардните тројца
за покерот
што повремено,
наседнати на каси за пиво
покриени со картони,
го игравме во
магацинот на „Галерија“,
дискотеката што Перо
ја држеше
во куќата на пазарот.
Како четврти се менуваа
Иљто Петрушев,
Миљто Тотто
и Ицто Дуев.

47
Теписите

Не верувам дека теписите


што Томе Стамнов
ги имаш послано
во нововселениот стан
во Гевгелија
беа со низок квалитет.
Можеби нашето
„ѕверско“ шизење врз нив
да беше во прашање.
Важно кога си одевме
од куќата во која,
кога се сретнавме во
мотелот на Вардар,
Стамнови не поканија на гости
преснокупените волнени килими
послани во станот
ги оставивме раскубени.
Перо му беше братучед
на Томчо.
Ние останатите му бевме
само пријатели .

48
Воланот на стокецот

Кога онаа вечер,


додека „бесувавме“ во ресторанот,
Насе скришно ми рече
„Ела со мене.“
знаев дека подготвува
некоја пеза.
Излеговме на паркиралиштето.
Тој извади нешто
од багажникот на Марина
и се упати
кон стоединот на Коста
кој од некои причини
никогаш не ја
заклучуваше вратата.
Седна на возачкото седиште
и со еден тенок шрафцигер
го извади капакот од воланот
со кој е покриен тастерот
на сирената.
Потоа со еден голем клуч,
дваесет и двојка
или можеби дваесет и четворка
ја одврте бурмата
што го држеше воланот.
Си ја стави бурмата во џебот,
го врати капакот на место
и излезе од колата.
Јас се бев иставил од вратата
на која бев „обесен“
за да гледам што прави.
По излегувањето Насе
го отвори „гепекот“
кој Коста, исто, не го клучеше
и отиде кај знамедржачот.
Знамедржачот беше железна алатка
составена од камионски бандаж
на кој со шест држачи имаше заварено

49
поголем железен круг.
На косо поставените држачи
имаше прицврстено соодветни цевки
во кои за празниците се ставаа копјата
на две државни,
две републички
и две партиски знамиња.
Во внатрешноста на бандажот
беа сместени неколку крупни камења
за ветерот, кога ќе ги вее знамињата,
да не го разместува по тлото.
Зедовме по еден камен
и ги оставивме во багажникот.
Тогаш сфатив
дека бев повикан
за камења дигање.
Го затворивме „ хаубата“
и се вративме кај другите.
По фајронтот кинисавме
„да менуваме локал“.
Поседнавме по колите.
Како беа паркирани
за тргнување напред
се упативме накај Паљурци.
Коста тргна прв.
Јас возев по него.
По дватриста метри,
кај слаткарницата на Азис,
колата на Коста застана.
Застанав и јас.
Сопреа и тие по мене.
Кога тој излезе од неа
со воланот во раце.
настана општа смеа.
Денеска, знаејќи што
можеше да стане, никому
не му е смешен аџамилакот
што го бевме направиле,
ама тогаш се залисувавме
од смеење.

50
Црвенилото на црвеното

И се јавив на Магда
за да и кажам
дека ќе ја тужам
за оневозможената
деловна способност моја
и дека ќе и барам отштета
затоа што со бубата
сум го истругал
столбот од нашата порта
таа ладнокрвно ми одговори
дека не е виновна
што со Перо имаме
стрвни „газови“,
па сме ја испиле
сета кратошија
од бифето на бензинската
во Богданци
и ми го затвори телефонот.
Потоа кога го гледав црвнилото
од повраќаниците во дворот
помислив дека е во право.

51
Ноќта кога не ми успеа туркањето

На секоја кола и се заклучува


воланот ако се турка
без клучот да и стои
во бравата на „рекетата“.
И со моделите на колите
ALFA ROMEO е исто.
Кога замолив едни момчиња
да ми помогнат да ја истуркаме
белата Алфа Ромео на Перо
од пред куќата на пазарот
за да ја извадиме на улицата
го имав тоа на ум.
Затоа внимавав воланот
да не го вртам премногу
оти немаше клуч во стартерот.
Ја истуркавме некако на улицата
до пред трафиката за весници.
Требаше таму да ја оставиме.
Ќе беше тоа доволна „казна“
за Аџиманот што ми ги беше
истргнал копчињата од кошулата
затоа што не отидов на серенада
кај Костанда во Прочкови.
Но јас посакав да ја насочам
кон автобуска одржувајќи
ги предните тркалата
во позиција на полукруг за вртење
без да го „сецкам“ воланот.
Идејата ми беше,
дека улицата Маршал Тито
натаму беше на долнина,
да ја туркам до Чавдарова чешма.
Ништо не излезе од туркањето.
Воланот веднаш се заклучи
и колата заглави на ивицата
од тротоарот кај книжарницата.

52
„Дружбите“ со папагалот

Колкупати, некои од нас,


сме се собирале во
канцеларијата на Коста
за да го слушаме папагалот,
што го имаше во кафез
на висока стојалка,
како ни „лафе“ и пее.
Директорот понекогаш
гледаше дека сме таму,
но, не знаејќи дека персоналот
од бифето на Млаз
не послужува со коњак
во филџани за кафе сервиран,
мислеше оти по некоја работа
сме дојдени.

53
Ловењето снегулки

Голите гранки на липите


покрај паркот засадени
се беа поднаведнале
под товарот од снегот
кога излеговме од ресторанот
каде што, заради спортските
натпревари пренесувани
од телевизијата, музиката
вообочаено имаше слободен ден
и се расцапавме
по белата постелка што ги беше
прекрила тревниците и патеките.
Некоја од женските предложи
на излеземе надвор
и да „ловиме“ снегулки.
Сигурно било интересно
да се гледаме оттстрана
како со исплазени јазици
трчаме наоколу обидувајќи се
да фатиме некоја од
разлетаните бели „пеперутки“.

54
Истоста на сличните коли

Сам, со чадорот
што ме заштитуваше
од дождот во раце,
ги обиколував локалите
во центарот на Богданци
барајќи ги Ице и Фитка
чија буба беше паркирана
на паркиралиштетото.
Немаше каде не влегов.
Трага од нив не најдов.
Ветрето што поддувнуваше
го тераше дождот
да врне закосено
па овој, и покрај
„ламбрелата“ што ја носев,
ми ги мокреше алиштата.
Шлапкајќи со брзи чекори
низ плитките вирчиња вода
што се имаше насобрано
во вдлабнатинките на тротоарите
упорно ги барав наоколу
не би ли некако наишол на нив.
Скоро мокар бев кога
белата буба на Ице
се здаде од некаде и се паркира
до белата буба
која мислев дека е неговата.
Двете буби, паркирани
една покрај друга,
ме збунија со својата истост.
Дури отпосле сфатив
дека бубата за која мислев
оти е на Ице и Фитка
и бубата со која се довезоа
имаат сличен регистрациски број.
Паркираната буба која
излезе дека е на

55
Климе Минов од Гевгелија
и бубата на Ице Дуги
се разликуваа само по една цифра
во бројот на регистрациите.
Се друго им беше исто.

56
Вицот на Насто

Повеќето од нас бевме


раководители на фирми
или на нивни сектори.
Некои имавме
и општествено-политички
ангажмани.
Насе работеше
на приемното одделение
во авто-сервисот на „Млаз“
и не го интересираше
ништо надвор од работата.
Многупати знаеше да тера
шеги со нас кои некогаш
бевме зафатени со
„поинакви“ активности.
Многу успешно,
потсмевајќи ни се,
го раскажуваше овој виц:
-Примиле некого за член
во Сојузот на комунистите.
Кога му ја предавале книшката
претседателот му рекол.
-Сега си член на авангардата
на нашето општество
и ќе треба да бидеш
за пример на другите.
Нема да се пијанчиш,
нема да пушиш
и нема да одиш по жени.
Ако треба за партијата
и животот ќе го дадеш.
-Ќе го дадам, одговорил овој.
Што ќе ми е таков живот?

57
Нашата верба

Верувавме во моќта
за комуникација
кај луѓето
со различни погледи
иако сите ние,
ако не исти барем слични,
погледи имавме.

58
Потковицата

Немаше нешта на светот


кои ни беа туѓи
или билошто
што не ни будеше
љубопитство
да ја ѕирнеме „однатре“,
неговата суштина.
Кога и да бевме прекорени
за таквата природа наша
се браневме со анегдотата
за научникот кој имал
обесено потковица
над влезната врата.
-Зарем верувате во нејзиното
влијание врз среќата?
-Аман, луѓе,
јас сум научник.
-Зошто тогаш сте закачиле
потковица над вратата?
-Ми кажаа дека носела среќа.

59
„Химната“

Прво ќе се подигнеше Тихо


држејќи ја чашата во рака.
Ќе ја кренеше високо
и ќе ја зафатеше
„Моји су другови“,
песната на
на Бајага и инструкторите.
Потоа ние другите,
сите со чашите во раце
високо дигнати,
ќе му се придруживме
пеејќи:
„Моји су другови бисери расути
по целом свету.
И ја сам селица,
па их понекад сретнем у лету.
Дал’ је то судбина
ил ко зна шта му је
кад год се сретнеме
увек се залије,
увек се заврши
са неком од наших пјесама.
Моји су другови жестоки момци
великог срца.
И кад се пије,
и кад се љуби
и кад се пуца.
Горе од Аљаске
до Аустралије
када се сретенемо
увек се залије
увек се заврши
са неком од наших пјесама.
Да смо живи и здрави
још година сто.
Да је пјесма и вина
и да нас чува Бог.

60
Да су женске увек
поред нас
јер овај живот је кратак
и прозуји за час.“
Кога ќе завршеше песната
некој ќе повикаше
„У СРИДУ“
имитирајќи го повикот
на „Алкарите од Сињ“
и сите ќе ги принесевме чашите
кон средината од масите,
ќе ги чукнавме полека
и ќе се напиевме од нив.
Таков беше ритуалот
секогаш кога ја пеевме
„химната“.

61
Возењето наназад
Од мотелот на Вардар
до рампата на пругата
пред Гевгелија
еднаш возевме во „рикверц“.
Перо секогаш имаше
оригинали идеи.
Тој со црвениот голф
тргна прв.
Тихо кој тогаш возеше
„пежо 404“ го следеше.
Насто со Марина беше трет.
По нив возеше Ташо со Џефа.
Јас и бубата бевме петти.
Коста зо заставата – шести.
Дајаната на Мирко возеше на крајот.
Пред него одеше Дуги со белата буба.
Гелс таа вечер не беше со нас.
Не знам дали по истиот редослед
се бројат колите
и кога се возени наназад,
но ние таа делница
така ја извозевме таа вечер.
Се возеше многу по фајронтот,
фајронтот беше на полноќ,
па на асфалтната лента
кога го изведувавме
тој „подвиг“,
освен нас,
немаше други „драјвери“.

62
Од една дискусија

Се случуваше некогаш
со нас да седнат и такви
кои ќе искористеа можност
да наметнат некоја, за нас,
несвојствена тема.
Така еднаш ни се беше
придружил еден
кој од нигде –никаде
почна дискусија
за месијанската природа
на Исус од Назарет.
Еден од нашите
што тие денови
имал читано нешто
на таа тема
со самоувереност,
„од високо“, што се вели
зеде збор велејќи:
„Со самото тоа што
на крстот,
за време на распнувањето,
тој изјавил
’Eli, Eli lama shebantari’
што ќе рече
’Боже, Боже зошто ме остави’
Исус Христос, разочаран за
оставеноста негова од Бога
во таквиот тежок и
судбински момент са него
се легитимирал себе си за атеист.“
Натрапникот подголтна
и црвен во лицето
ја напушти масата
обвинувајќи не
за ширење безбожништво.

63
Стрелите на Ерос

Еднаш кога на масата


муабет за улогата
на стрелите кои Ерос
ги фрла од неговиот лак
и ги боде во телата
на тие кои потоа
за вљубени едни во други
се чувствуваат,
се беше зафатил,
се спомна дека во некои јазици
се велело дека
„паѓање во љубов“
е појавата на вљубување
со што се објаснува дека
вљубеноста е резултат
на погоденоста со стрела
од Ерос или од Купидон како што е
неговото латинизирано име.
И со такви прашања
се бавевме на седенките
по кафеаните или по куќи.
За да бидеме уверливи
во дискусиите наши
моравме и да читаме
по нешто.

64
Мезето на Чарли

Неретко се случуваше
кај Миле Докшин,
во кафеаната на „Браната“
да бидеме само ние
и семејството негово
кое му беше „персонал“.
Една зимска вечер,
кога не ни недостасуваа
бончиња за гориво,
за да ја избегнеме редукцијата
на струја во Богданци,
отидовме во ресторанот на Чарли
како што беше неговото
„уметничко“ име.
Миле не дочека со радост
за чија причина дури потоа
станавме свесни.
„Вечерва, рече, ќе бидеме ортаци.
Од вас ќе биде пијалакот
од мене ќе биде мезето.“
Седнавме и нарачавме пијалак.
Чарли отиде до кујната
и се врати со гитарата
и шише ризлинг со чаша
во другата рака.
Си постави столче на масата
и си седна до нас.
По некое време дојде син му Роберт
носејќи голем овал со нешто.
Го остави на масата
и отиде по друг.
Жана ни принесе
чинијки со прибор.
Кога пробавме од мезето
излезе дека е топло
пржено поховано „шкембе“.
Толку ни се допадна мезето

65
што веднаш се префрливме на вино.
Потоа, цела зима, пиевме ризлинг
и мезевме поховано “шкембе“.
Инаку, вино пиевме само
во исклучителни ситуации.

66
Вредностите на животот

Уште пред зародишот


на новава ера
на Далечниот исток
се имало проширено учењето
за вредностите на животот
определувајќи ги како такви:
-духовноста,
-материјалното
-и чувството љубовно.
Мора да имало некое „влијание“
тоа учење врз нас бидејќи:
-За да закрепнеме духовно,
читавме, слушавме музика,
следевме сценски уметности...
-Во интерес на материјалните вредности
секогаш ќејф на душата си правевме
со удобностите што ни беа
на располагање.
- „Да се води љубов,а не војна“,
воскликот со кои хипиците
го обележаа нивното време,
му припаѓаше на минатотот,
но не бевме спречени
да си го присвоиме
како парола
со што и „правевме“ чест
на третата вредност.
Другата парола ни беше
и во најлошите околности
да извлекуваме најдобри резултати.

67
Како се покажавме во „Море“

Фитка силно му се налути на Ице


префрлувајќи му дека
сите се пригодно облечени
само тој е во фармерки,
во блуза, во кошула
и јакна со лого од „Макпетрол“.
Јас, на пример, таа вечер
кога одлучивме да одиме во „Море“
го носев костумот
што тие денови си го бев купил
при едно патување во Белград.
Се што имав на себе таа вечер,
него, кошулата, врската,
ги имав облечено за првпат.
Не бевме во целосен состав.
Тихо, Гелс, Ташо и Насто-отсуствуваа.
По ништо не се „наѕираше“
дека вечерта ќе биде
поразлична од другите ноќи.
Грошот кој беше дошол подоцна
почна да и дава „тон“ на играта.
Ние другите се бевме оддалечиле
за неколку тури и тој,
не би ли некако не стасал,
фати да форсира
налевајќи си коњак
во шишето со пиво.
Атмосферата се беше подгреала
кога Дине Гуша го потсети Мирко
да го донесе виното
што попладнето им го дал директорот
за да го пробаме.
Мирко оттрча до дијаната
и донесе „канистер“ од пет литри
полн со црно вино.
Сите имавме своја „аура“
и секоја беше во инаква боја.

68
„Аурата“ на Перо
во сите бои на спектарот беше „фарбана“.
Веднаш се „сети“ дека неизоставно треба
Да се проба виното на татко му.
Побара да донесат пригодни чаши,
ги наполни со вино
и секому подаде чаша.
Јас не практикувам, при пиењето,
да мешам пијалаци
и го одбив виното.
Аџиманот, таков каков што е,
ми го истури виното на главата.
Се разлеа течноста по мене
и „оделото“ со кремова боја,
заедно со кошулата и врската
се бојадисаа во црвено.
Да не останам подолу
јас му го плиснав коњакот во лице.
Другите зедоа да не имитираат
и во „Море“ стана општ хаос.
Ги истргнавме рибарските мрежи
кои за украс ги имаа обесено,
и се наоколу„пребојадисавме“ со вино.
Дојде Иљо Такашманов,
сопственикот на локалот и
затоа што го бевме „потопиле“ местото
ни нареди да го напуштиме кафулето.
Излеговме оставајќи ја блузата на Грошот
да виси закачена на едно весло.
Со години потоа не влеговме во „Море“
срамејќи се од сопствениците дури
и на улица кога ќе ги сретневме.
Не сум „докарал“ ред
да ја прашам Фитка
како се чувствуваше
кога гледаше како
си ги уништуваме облеките
со оглед на тоа што
му забележа на Дуги
дека е несоодветно облечен.

69
„Мечот“ кај Тихо и Нада

Откако не избркаа од „Море“


некој спомна дека не е лошо
да се намине во Прочкови
и да се види што им е на Тихо и Нада
кои ја пропуштија дешавката.
Веднаш ги упативме колите
кон тој дел од градот.
Уште во дворот Перо и Грошот
се заинатија дали можат да го искорнат
борчето што домаќините го имаа
засадено во аголот покрај ѕидот.
Двајцата, дека спортски типови
оти беа активни ракометари на „Младост“,
со здружени сили го „издргнаа“ дрвцето.
Едно влегување внатре
ја здогледаа пластичната топка на Васко
и смислија да се пробаат на пенали.
Едната страна од рамката на голот им беше
телевизорот и комодата врз која стоеше,
а другата рамка музичкиот систем
врз кој ставија табуретка.
Ице Дуги го избраа да пресудува
додека тие двајцата, неизменичо,
едниот бранеше, другиот шутираше.
Како што обично бива,
заради несогласување некое, дојде до кавга.
Расправијата се претвори во мешаница со борење.
Најдебелиот крај, останувајќи без блуза и кошула
го извлече судијата.
Среќа што куќата му е во соседството,
па дома си отиде облекувајќи ја јакната
на голо врз фармерките.
Кога го гледав како си ги собире
парталите од блузата и кошулата
ми текна дека пред „Море“
Фитка го прекоруваше
заради несоодветната облеченост негова.

70
Двајца на двајца

Табла и билјард секогаш


игравме двајца против двајца.
Тој ден со Коста, Мирко и Перо
некако завршивме во „Џоната“,
кафеаната на Голе Камбов во Стојаково.
Билјардата беше слободна, па чифтосани,
јас со Коста, Мирко со Перо
се наместивме да поиграме.
Не научивме добро билјард,
па се мачевме при играњето.
Заради неумеењето наше
ни паѓаше билата од маса.
Гледајќи како ни се тркала топката „по земи“
и плашејќи се да не ги скршиме плочките
Наташа, ќеркичката на Голе и Виолета,
се расплака терајќи не да си одиме.
Плативме и си заминавме.
Штотуку се беше замрачило
кога се префрливма кај
Стамко Љоков, во Богданци.
И таму имаше билјард, па сакавме
да ја продолжиме партијата.
На една маса седеа
Стамко, Владо Солаков и Томчо Пејков.
По картите на маса се гледаше
дека за покер се подготвени.
Само што бевме почнале
кога Пејко му пријде на Перо
и го покани да им биде четврт воиграта.
Аџиманот го одби одговарајќи
дека веќе е „фатен“ во игра.
-Ела ,бе, да ти земеме некоја пара,
му рече Пејко.
-Мани ми се од тука.
му врати Перо,
Не можете да ми земете толку пари

71
колку што јас сум спремен да изгубам.
Освен нас и тие
немаше други луѓе во кафеаната.
Одговорот на Аџиманот ги примири.
Се примиривме и ние продолжувајќи ја играта.

72
Торта од триесет јајца

На крајот од првата декада на јануари


беше роденденот на Перо.
Секогаш го славевме „со стил“.
Еднаш Аџиманот за честење
не одведе кај Чарли на „Браната“.
Се нарача што се нарача
за пиење и мезење
кога Перо го викна Миле
и му побара да подготви торта
од триесет јајца оти калабалак свет
се бевме собрале.
Докшин му одговори
дека нема да може да ја прими нарачката
бидејќи не е најавена однапред.
Рече дека јајца имал,
но шеќер немал доволно,
маргарин немал,
немал и други работи потребни
за подготвување торта.
-Ако не бива торта тогаш
подготви ни омлет од триесет јајца,
го смени Перо барањето.
Чарли не рече ништо.
По некое време излегоа со Роберт
од кујната носејќи
по два големи овали во рацете
полни со омлет.
Стаса и нова тура пијалак.
Потоа цела вечер молкум
мезевме од „роденденскиот“ омлет.
Непредвидливи беа некои
од постапките на Перо.

73
51 песна
На 72 страница
+ Овјаснување за нашиот сигнал
+ Нотниот запис
+За мене
+ содржина

74
75
76
77
78

You might also like