You are on page 1of 6

Прашања за лектирата .

“ УЛАВИТЕ ГОДИНИ “

1.Набројте ги сите ликови од романот на тој начин што ќе ги опишете сите нивни особини?

2.Определете: локација,тема ,идеја и мотив?

3.Опиши ги тажните случки од романот

4.Запишете ги итроштините на децата!

5.Претставете ги постапките што треба да се осудат!

6.Опишете ги смешните случки!

7.Извадок од романот што многу ви се допаѓа!

8.Дали и вашите години се " улави години"? Објаснете зошто?

9.Споредете некој од ликовите од книгата со некое другарче што го познавате?

10.Опишете една ваша смешна случка од училишните клупи која долго ќе ја паметите?

Романот го раскажува авторот Бранко Копиќ викан поетот како сеќавање на времето кога бил
ученик и од дома го пратиле во големиот град во гимназија , каде се за него било ново. Животот
во новата средина и новите другари од интернатот го одбележале неговото детство и оставиле
трајни сеќавања исто како и војната која ги разделила, уништила се што е убаво и вредно да се
живее. Но од војната сите биле зафатени, дури и вклучени во неа.

КОНВИКТ – е интернатот во Бихаќ каде престојувале учениците КОНВИКТАШИ.

ПРЕФЕКТ - е управникот на интернатот.

На авторот – раскажувачот на романот - првото патување со воз му било кога вујко му го однел од
родното село Хашани во големиот град за да го запише во школо и да го остави во интернатот.
Толку многу се исплашил од локомотивата што првин побегнал па морале да го гонат низ
станицата да го качат во возот. Вјко му најпрвин го оставил во доверба на повозрасен ученик
Мило Шкориќ од петти клас, да го надгледува и да се гржи за него да не тргне по лош пат.

Најпознатите ликови , дружината од конвиктот биле:

Бајо “Бајазит“ – најкрупен, најгласен и насилен ученик, ученик кој владеел со сите од помалите
одделенија а се мерел и со некои од поголемите. Бајо бил штитеник на некоја Црковна
организација од Америка која му го плаќала школувањето, а имал обичај сите нови ученици да ги
заплашува и да му се поклонуваат, да му даваат од сите пакети што им ги праќале од дома со
храна и колачи. Имал една тетратка во која запишувал дали учениците му плаќаат чланарина од
половина денар месечно-сите што му плаќале можеле да се шегуваат на негова сметка, а кој не
платил и го немало во тефтерот јадел ќотек и за останатите. Така Бајо со својот “гвикт“ железен тег
украден од некаде, сеел страв и трепет во околината, а на неговиот роденден 21 мај –бил
најпрославуван роденден во конвиктот бидејќи сите конвикташи издвојувале од својата храна да
го даруваат Бајо.
Хамид “Русинот’’ е ниско момче со широки плеќи и многу долги раце. На сите им се обраќал со
“брате сладок“ и секогаш мислел на некоја од лекциите кои ги имал за учење . Еден ден додека
муслиманите биле на молитва во џамијата тој излегол и им ги растурил и испомешал чевлите.
Тогаш оџата убаво го истепал Хамид, по што тој решил да избега , си го земал куферот и заминал
во просветнот дом “Гајрет“каде престојувале претежно христијани и со нив јадел свинско, одел во
црква и ги сакал исто како муслиманите. Одтогаш го завикале “Русинот“.

Хамид дури и многу години подоцна од детските денови, загинал во војната борејќи се од
страната на партизаните заедно со браќата срби и хрвати. Во негова чест на споменикот на
загинатите секогаш имало свежо цвеќе.

Крсто “Болвата“ бил наречен болва бидејќи имал најголеми способности да скока, лази, да се
искачува, ползи, прескокнува исто како болва. Не се плашел од ништо ни од висина, ни од мрак,
ни од змии или било што друго, секаде можел да влезе и да прави пакости па им приредувал
многу нешта на конвикташите-им ги разглобувал креветите, ги поттурал со вода, им поставувал
јаже за сопинање и така настрадал и Шицо полицаецот вечниот непријател на дружината.

Дуле Дабиќ “Ајдукот’’ бил од село Горна Суваја, наглув на едното уво, познат по тоа што ги
отварал сите шкафови и куфери и им го земал јадењето на другите .Го викале ДЕ-ДЕ-А, бил
замешан во сите караници и тепачки. Дуле Дабиќ со неговата храброст и способност учествувал во
сите случки.

Други ликови биле Љубо“маската“, Милан “Снашката“, Гојко “Чукан“, Ратко “Кракија Миле
Шкориќ и многу др.

На конвикташите во тоа време им било интересно да ги следат случувањата со ајдуците од нивнат


аоколија, кои правеле злодела, биле гонети од сите и затворени во Кулата, но тие успеале пак да
побегнат. После тоа бегство се зборувало дека бил замешан и чуварот на Кулата Јово Брдар, кој по
казна за ова бегство го преместиле да биде чувар во конвиктот.Тој им раскажувал за сите случки
во Кулата велејќи Шкандал! Се случи ова и ова...затоа го завикале Јово Шкандал.

Кога конвикташите биле во интернатската занимална и требало да учат, секојпат имало назначен
Чувар – некое дете од повисоките одделенија кој обично бил миленик, подлизурко и поткажувач
на управникот, водел ‘’црна книга “ во која секој ученик имал свој лист. Во таа црна книга Дуле
Дабиќ како најнемирен има 3 листа, и тој секогаш бил најказнуван од управникот-останувал без
право на доручек, ручек по неколку дена и без право на излез во град. Секогаш било предизвик да
му се одмаздат на поткажувачот, па еднаш на еден чувар му смислиле таква одмазда што сите го
завикале „Смрдло “ и тој надимак му останал засекогаш. Имено тој Смрдло за се ги кодошел и
дружината искористила прилика кога тој и се додворувал не една девојка купувајќи и локуми, да
му ја наполнат кутијата локуми со кокошкини црева. Кога девојката ја брцнала раката во кутијата
кокошкини црева толку се згадила што никогаш повеќе не го ни погледнала Смрдло. Смрдло
знаел дека Де Де А и дружината се замешани во ова, а нив ги издал Бобо Куклата бидејќи тие го
почастиле со парче од украдениот локум.

Бобо Куклата пак поради тоа го ставиле на Вошливиот список и поради предавството сите
конвикташи му се одмаздувале на начин што- му ги растурале работите и креветот, му ги криеле
личните работи и куферот, не ми дошепнувале на часови, му се плазеле и слично. Бобо кој бил
мамино галениче секогаш дотеран и среден и затоа имал прекар Кукла, едвај издржувал а во
целата работа и Јово Шкандал ги поддржал конвикташите бидејќи сметал дека Вошливиот список
е официјален документ кој е огласен на огласната табла, а на предавници не им се простува. Така
го притворил Бобо во свињарникот, и го чекале префектот 2 дена да се врати од пат. Тој дури и му
се заканил на затвореникот дека за таква грешка - предавство на другари - може да лежи во
вистински затвори или да оди на бесилка. Кутрото момче дури вечерта било извадено од
свињарникот со помош на наставникот по историја Пејан-кој бил заменик на префектот, но Бобо
од тогаш го завикале Бобо Гудето.

По таа случка со Бобо целата дружина била казнета една недела без јадење , а Бобо станал
омилен поткажувач и на префектот и на Смрдлото.

Кон крајот на есента во конвиктот им се придружиле близнаците браќа Мандиќ, од 3 клас, синови
на некој финансиер од Госпиќ.Тие биле сосема исти и никој не ги распознавал, но биле бистри,
итри деца,мозокот им работел најбрзо, секогаш исто облечени и имало безброј интересни случки
со нив. Ранко и Бранко прв го насамриле Де Де А уште првиот ден, тој мислел дека е еден ученик
и поминува низ ѕидовите па час е затворен во свињарникот час е во собата со другите деца.Трчал
Де Де А таму-ваму, додека не ги видел и двајцата заедно. Бајо пак, наплатил првиот месец една
чланарина а и двајцата му се потсмевале бидејќи не знаел кој му платил, потоа им рекол или и
двајцата да плаќаат или и двајцата ќе ги тепа каде ги види. Браќата дури и кога биле казнети си ја
делеле казната бидејќи не кажувале кој го строил делото, а и кога одговарале на час одговарал тој
што повеќе ја знаел лекцијата. И наставниците имале мака со нив па ги разместиле во различни
класови. Уште со доаѓањето тие биле прифатени во дружината, а тие дале и идеја да ја запалат
“црната книга“ каде се запишувале гревовите и се ределе казните на учениците. Дружината
ковала план како да ја украде и потоа запали црната книга, без многу чад да не ги забележи никој.

Договор било во понеделник после полноќ да се украде книгата од фиоката на префектот додека
тој е во кафаната, но дотогаш Бајо да собере колку што може повеќе клучеви за да може да се
отворат вратата и фиоката. Но, Бајо нешто бил замислен и во среда кога го прашале колку клучеви
собрал тој како да не знаел за што му зборуваат, другарите го забележале тоа... почнале да се
чудат што му е на момчето и зошто се однесува поинаку. Се договориле Крсто Болвата да почне да
го следи за да открие што му е на другарот.За едно попладне Крсто открил дека Бајо е заљубен во
Зорка Катиќ, и покрај оградата со цвеќиња и кажувал убави зборови ....оттука неговата замајаност.

Утредента Бајо го повикал Бранко поетот и му побарал услуга - да му напише љубовно писмо. Ако
го стори тоа ќе добие убаво парче сланина, а ако не го чекаат “гвиктот“ и ќотекот. Бајо пробал да
излаже дека писмото е за некој другар од градот, не за него. И Бранко се правел дека не знае, а
писмото со леснотија го напишал бидејќи тој си замислил дека и пишува на Зорка Танковиќ со
крупните црни очи од нивниот клас... кој стално ја загледувал. На крај оставил место да се
потпише другиот заљубен.

Следниот период Бранко постојано мислел на убавата Зорка Танковиќ, а веројатно и таа, дури
побарала да и напише нешто во нејзиниот споменар. Но наставниците по географија и историја
кога ги испрашувале учениците лесно сфатиле дека умот на овие деца не им е во лекциите. И Бајо,
и Зорка и Бранко треселе глупости и не мислеле на градивото- па наставникот по историја
добродушен старец им рекол “ Ах деца деца вие сте во улавите години“. Улавите години 13, 14 па
и 15 се кога на децата мислите им бегаат,а се јавуваат и првите љубови, тоа постарите убаво го
знаеле но некои од учениците сеуште се шегувале на сметка на “улавите години’’.

Кога Зорка побарала од Бранко да и напише песничка во споменарот, тој помислил дека е добра
прилика да се сокрие на таванот и таму на раат да размиислува и пишува. Но читајќи низ
страниците на споменарот забележал и дека Де Де А веќе имал напишано песна во него-тоа многу
го изненадило. Бранко напишал убава песна од 8 стиха, кога одеднаш зад грб му се појавил Јово
чуварот. Тој му го одземал споменарот мислејќи дека е некое лошо дело, но кога сфатил за што се
работи, поранешниот затворски чувар толку многу се разнежнил што замолил да му го даде една
вечер да ги прочита сите убави работи кои тој како дете немал прилика да ги доживее. Така цела
ноќ Јово Шкандал, останал буден читајќи ги убавите зборови на заљубените деца, а за
изненадување на Бранко, дури и се расплакал над ова дело. Солзи капеле од очите на суровиот
ајдучки чувар.

Двајцата браќа близнаци сакале да му се одмаздат на Бобо Гудето затоа што бил голем
поткажувач, а во исто време да го освестат Бајо од заљубеноста за да се реализира нивниот план
за уништување на црната книга, па смислиле следното: На Зорка и рекле дека Бобо е заљубен во
неа и дека цело време зборува само за неа, а на Бобо му рекле дека Зорка го бендисала, но пред
неа мора да зборува се најлошо за Бајо. Така посредувале во договор помеѓу Зорка и Бобо да се
видат кај градината во 17ч, во исто време кога ќе дојде и Бајо. На Бајо пак му рекле дека малиот
поткажувач постојано го оцрнува и зборува најлошо за него. Така и се случило – а дружината
скриени во сончогледите го набљудувале планот како се реализира. Бобо зборувал глупости за
Бајо и го оцрнувал пред Зорка-дека има нос како пиперка, дека не ги мие нозете, дека е голем
како вол, а празен и слаб за тепање и.т.н. Но Бајо стрпливо го чекал во копривите и се изнаслушал
додека мравки не го полазиле ,почнале да го јадат и тој почнал да мрда.Тогаш Зорка и Бобо го
виделе но било касно, Бобо бил жив фатен и Бајо му рекол да си ја каже последната молитва дека
е мртов човек. Дружината ги пречекала во сончогледите, а на Бобо му било пресудено да го
пуштат но ќе плати подоцна за неговото лошо дело.

По тој настан Бајо не трчал веќе по Зорка, Бобо не смеел да ја погледне, а Зорка изигравала дека
не и е гаље за ниеден од нив. Но Бајо се вратил на задачата за уништување на црната книга. Една
вечер откако сите други заспале дружината решила да го реализира делото, близнаците биле
поставени да чуваат стража надвор на патот и пред собата на стражарот за да не дојде
управникот. Целата дружина заглавила во училницата и мислеле дека ќе ги фатат бидејќи Јово
Шкандал на изненадување на сите таа вечер се вратил од градот и го фатил жив на улица малиот
близнак. Но тој итрец брзо се сетил да се преправа дека е месечар, и куртиот чувар се сожалил на
него па го пратил на спиење. Исто и со другиот брат кој седел во ходникот пред неговата соба,
кога го видел дека е надвор од собата а не внатре се изненадил, но Јово избрзал и рекол-така е
мора чим сте близнаци во се да сте исти па и двајцата сте месечари 

Дружината ја нашла и раскинала црната книга на парчиња а потоа ја запалиле во печката од неа
да остане само пепел. Другите работи од фиоката на Смрдло ги расфрлале, а колонската вода ја
истуриле врз интернатскиот мачор Ѓоко. Вечерта сите легнале да спијат задоволни од своето дело,
не размислувајќи за последиците утре-биле среќни дека планот се реализирал- и се одмаздиле на
книгата!
Утрото како што се очекувало Смрдло бил изненаден и бесен, а чуварот Јово Шкандал не
дозволил никаква истрага без управникот кој бил на пат. Во меѓувреме Бобо Гуде го погалил
мачорот Ѓоко и целиот мирисал на колонската вода и првиот сомнеж паднал на него. Бобо Гуде не
знаел како да се одбрани.Дури после 5 дена префектот се вратил од пат и бил бесен! Сите од
Ајдучката дружина биле на распит, а кај Дуле Дабиќ биле пронајдени куп клучеви, но ниеден од
училницата и фиоката. Сепак дружината се држала сложно и не се издале меѓу себе, но префектот
сите ги казнил еден месец без излез во град, а Дуле Дабиќ бил избркан од интернатот.

Оваа вест многу ги погодила сите , не само во интернатот туку и во целото училиште а и целиот
град дури и бабите почнале да зборуваат за бркањето на сирачето Дуле Дабиќ. Сите се соживеале
со неговата субина и најпрвин другарите му нашле засолниште (во една просторија магацин близу
интернатот каде се чувале стари предмети од театарот), а девојчињата од класот почнале секој
ден да му носат јадење и да го канат на ручеци дома кај нив. Кога имало невреме сите се плашеле
за него, мислејќи како преживува сам во теминцата, а тој удобно си спиел на театарскиот отоман.
Одеднаш Дуле Де Де А станал омилен меѓу девојчињата кои го нарекувале Дуле, Дуленце, Дуци,
Душко, Дукан.... ова кај другите од дружината предизвикувало и по малку љубомора и завист.

Но во интернатот после кинењето на црната книга веќе ништо не било исто. Децата од високите
класови гледајќи дека третоодделенците се сложни и јаки, а богами и храбри, почнале да коваат
нов план против префектот. Така се организирал штрајк со глад! Никој веќе не сакал да ги трпи
казните со гладување и да гледа како готвачката и управникот ја крадат интернатската храна, а
децата се гладни. Штрајкот бил брзо организиран и сите до еден го поддржале, на чело со Миле
Шкориќ. Паралелно на тоа се организирало и издавање на весникот “Крекалка“ хумористичен
весник преку кој конвикташите ја изразувале својата слободна мисла преку песна. Сите се смееле
на нивните натиписи, но сите тие натиписи ја содржеле суровата вистина како за животот во
конвиктот така и за другарите и сите нивни добри и лоши особини. Но на тие песни никој не се
лутел, напротив сакале да се поправат меѓусебе. Кога за штрајкот со глад се разбрало низ градот, а
децата отишле гладни во школото целиот град живнал! Сите ги слушнале Барањата на
штрајкувачите а биле следни: 1.Да се смени стариот префект 2.Да се подобри храната 3. Да се
врати Дуле Дабиќ во конвиктот и 4. Да се отпушти готвачката поради крадење

Управата , составена од видни луѓе од градот брзо заседавала и кога увиделе што навистина
применувал префектот да ги казнува децата и како им крател храна а тие многу пари издвојувале
за интернатот и често давале пари да им се купи облека и други потребни нешта на децата а тоа
никогаш не се случило, веднаш го разрешиле префектот. Донеле одлука за нов префект да биде
најдобриот наставник по историја кој децата многу го сакале! Сите други барања биле остварени
како што барале децата. Штрајкот бил успешен, а на Јово Шкандал иако му понудиле да го вратат
во Кулата како стражар на старото работно место , тој тоа го одбил велејќи дека сака да остане да
работи за децата. Освен тоа тие направиле и споменар за Јово, кој скришум си го читал секоја
вечер и се радувал, а некои од нив почнале да го подучуваат лекции за да може да полага и
вонредно да заврши школо.

Поетот или Бранко станал познат низ градот по неговата способност да ги пишува најубавите
песни како за девојчињата така и за весникот. Многу пати пишувал писма во име на друг бидејќи
знаел да ги изрази убаво своите мисли. Така девојчињата како Зорка Кутиќ ја искористувале
неговата добрина да им напише убави работи.Сепак на крај поетот сфатил дека е вљубен
единствено и само во Зорка Танковиќ . И таа ја искажала нејзината наклоност кон него и му рекла
да ја чека во алејата да се шетаат заедно кога паднал и првиот бакнеж а таа му викала “кутре“.
Додека ја чекал размислувал како може во момент да помисли на друга девојка и првите љубовни
солзи му паднале по лицето.Тогаш сфатил дека бил вистинско момче вознемирено и превртливо
под влијание на улавите години.

Сето ова сеќавање на убавите денови, поетот си ги замислува, гледајќи во разрушениот интернат
од војната. Во војната поминале по неколку од нивните години, а улавите години биле зад нив. Со
Бајо биле соборци во партизанската чета. Знаеле дека Близнаците Мандиќ загинале минатото
лето, и дури ни мртви не можеле да ги распознаат кој е Бранко а кој Ранко.Во нивна чест Бајо си ги
крстил топовите Бранко и Ранко. Крсто бил диверзант на Козара, Хамид бил партизан кој подцна
загинал, а Де Де А партизански интендант –работи во некоја од кујните за партизаните. Смрдло
бил предавник како секогаш, одржувал врски со италијаните окупатори .

Поетот и Бајо седеле пред разурнатите скали на интернатот додека од другата страна на реката
Уна се слушала песна и весело победничко оро од некоја од партизанските чети. Тоа повторно ја
вратило кај нив надежта дека можеби војната скоро ќе заврши и пак некаде ќе ги видат девојките
од нивните улави години!

You might also like