You are on page 1of 116

Септември, 2020

ТАА
Автор на книгата: Дарко Кондев

Издавач:
“Софија”, Богданци

Изработка на корица:
Ване Р.

Подготовка за печатење:
“Софија”, Богданци

Пчати: “Софија”, Богданци

Тираж: 500 примероци

септември, 2020
L
ove looks not with the eyes but with the soul and
therefore is winged cupid painted blind.

William Shakespeare
Таа

ПРОЛОГ

ЛУКА - стар човек при залезот на својот живот мирно


се лула на својата столица која му беше во дневната соба.
Неговите внуци трчаат во дневната соба. Најмалиот ја
удира ногата во еден шкаф. Почнува да плаче. Од шкафот
паѓа еден дневник – целосно црн, а на него со големи
бели букви е испишано ЛУДОСТИТЕ НА ЛУКА. Детето
заплака, но Лука му пријде на малиот палавко и го гушна.
Тоа стана и како ништо да не се случило се насмевна и
продолжи да трча. Но Лука го зема дневникот и со раката
ја пребриша целата прашина која се насобрала со текот
на времето, бидејќи таму стоел многу години. Го отвори,
го прелиста и се присети на своите тинејџерски години.
Тогаш започна сè ...

5
Таа

Л
ука – толку убаво момче, со бујна коса, згодно тело
и истакнат карактер, привлечен. Не толку совршен
колку и шармантен – би можел и најтврдиот метал
да го омекне со својата насмевка. Живееше во центарот
на градот. Мангуп како би го нарекле машките со кои се
дружеше, а некои девојки кои не можеа да си го дозволат –
лажен заводник, искористувач и Казанова. Некои негови
"пријатели" му се потсмеваа зад грб и зборуваа лоши
работи за него, но ништо од тоа не го интересираше.
Живееше во свој свет - секогаш насмеан и среќен –
едноставно уживаше во секој момент од прекрасниот
живот. Бидејќи нели ние сами си го создаваме животот
со нашите мисли и идеи. А да и него се му одеше од рака.
Почна да тренира фудбал од 8 години. Некои поранешни
фудбалски ѕвезди велеа дека навистина е талент во фуд-
бал, но тој и самиот знаеше и секојдневно работеше да се
усоврши во фудбалот. Исто така беше добар и во свирење
на гитара. Што и да направеше со малку ентузијазам и
напорна работа му успеваше. Имаше одлична фудбалска
кариера и заигра за репрезентацијата на свои 16 години
за У18.

Судбината не е прашање на
случајност, таа е прашање на
избор.

7
Дарко Кондев

Г
о имаше тој шарм што ретко кој го има и сите го
забележуваа. Но не, тој никогаш не веруваше во
љубов - освен онаа кон топката и играта. Тоа чувство
кога ќе стапне на теренот не можеше да го замени со
ништо друго на светот. Бидејќи ако се сакаме такви какви
што сме и најпрво се сакаме себеси ќе може да засакаме
вистински. Тогаш почна сè. Не знаеше какви работи
крие љубовта. Беше весел, дружељубив и ширеше љубов
– со такви убави зборови и убава енергија. Но имаше
еден проблем. Девојките. Тие му беа неразјаснета тема.
Можеби ќе научи сè за нив? Можеби ќе разбере како
функционираат, секоја на различен начин? Никогаш не
најде одговор. Можеби ова е и единственото прашање во
универзумот кое не е одговорено.

Бидејки лесно е да ги сакате


Жените, пробајте да ги разберете
– за тоа ќе ви треба вечност.

8
Таа

В
о основно училиште учеше во две училишта.
Првото одделение го помина во Вера Циривири
Трена. На девојките секогаш им бил симпатија,
дури една Кристина се осмели да го бакне во усни кога
целиот клас играше криенка. Во второ одделение се
префрли во друго училиште – помало со два класа од по
15 ученици. Во тие години имаше светла кадрава коса
до раменици. Кога влезе во класот на сите девојчиња им
го одзема здивот. Шепотеа за него како за некој познат
холивудски актер. За време на одморите трчаа по него.
Но не, тој ги мразеше, не ги поднесуваше. Освен една –
симпатија која не го забележуваше. Никогаш. Нејзиното
име беше Марија. Таа беше како божица за него, имаше
кафени очи. Цели 7 години беше вљубен во неа – што би
рекле ах, детска љубов. Но се разбира како што годините
поминуваа тој почна да ги забележува и другите девојки.
Ги приметуваше, ги следеше од глава до пети и ги гледаше
нивните постапки. Па и што може машко од 11 години
да мисли освен на фудбал и девојки. И кога наполни 22
години мислеше на истото. Ах и заборавив да кажам
нешто. Сите од класот беа на роденден кај неговиот
најдобар другар. Играа љубовно шише. Судбината посака
шишето да се заврти кон Марија и него. Сонуваше за таа
вечер со години. Можеби не се случи како што очекуваше
но сепак, се заврте кон неа, се бакнаа и тоа беше најубавата
ноќ за него во животот до таа вечер. Тој знаеше дека
колку подолго чекаме нешто и веруваме во тоа, повеќе

9
Дарко Кондев

ќе го цениме кога тоа ќе се случи, бидејќи за сите добри


нешта во животот вреди да се чека и да се бориме за нив.

Колку повеќе болка може да


издржите на вашето патување
толку е послатко пристигнувањето
на вашата дестинација.

10
Таа

П
о роденденот стигна дома пресреќен. Таа вечер
влезе во собата на сестра му за да и раскаже сè до
најситен детал. Но таа не беше таму. Имаше само
еден црвен компјутер кој беше вклучен. Но беше заклучен
со лозинка. Лука лесно ја проби шифрата – роденденот
на нивното куче. Го отвори интернет пребарувачот –
таму беше вклучена една веб страна. Имаше еден текст.
Тој започна да го читa:
Секогаш пробував да најдам дефиниција за љубов,
бидејќи се надевав дека ќе сфатам што е тоа љубов. Се
надевав дека ќе разберам што е тоа што не возвишува до
небо и не спушта под земја во исто време. Како рајот и
пеколот во едно нешто. Се надевав дека ќе можам да ја
контролирам љубовта и да не боли, бидејќи факт е дека
секогаш боли, порано или подоцна. Но не успеав, се
препуштив на истата и за миг заборавив на сè околу
мене. Веќе во тој момент не ми беше битно што значи
љубов и што таа ќе ми донесе. Среќните моменти брзо
поминуваат бидејќи сакаме да траат вечно, а оние
болните? Тие го запираат времето и ти ја делат душата
на илјадници парчиња. Открив што е љубовта, но не и
како да ја контролирам. Во моментите кога можев да ја
контролирам таа го губеше своето значење. Тоа повеќе не
беше љубов. Љубов беше мојата сеуште не допрена душа
и кревка која ја оставив во неговите раце. Љубов беше -
сите погледи кои ги упатив безброј пати и значеа “не ме

11
Дарко Кондев

оставај” љубов. Љубов беа солзите кои капеа секогаш кога


ќе осетев дека давам премногу од себе, а за возврат не
добивав ништо освен празни ветувања. Сепак не можев
ништо да направам. Љубов беа песните како “Слатка но
Психо” од Ава Макс или “Сењорита” од Мендес и Камила
Кабело, српската “Право Време” од Маја Беровиќ и Јала
Брат и во “Твојата кола” од Анабела и Функи Џ кои му
ги пуштав за да види колку ми го заземаше целото срце.
Љубов беше утрото во неговата топла прегратка. Љубов
беше моето, но не и неговото... Лука го прочита целиот
текст без да трепне и се зачуди. Зарем девојките можат
толку искрено да сакаат? Нова енигма во неговиот живот.
Пред да заспие му дојде една мисла.

Ако сакате луѓето да ви веруваат


секогаш бидете искрени.

12
Таа

С
тарецот го прелиста дневникот и отвори на
единаесеттата страна. Првиот ред почнуваше со:
Денес е убав ден – не заборавајте да се насмеете
на некого. Направете му го денот убав. Секој кого ќе срет-
неме води битка со своите нешта, а ние не знаеме ништо
за тоа. Затоа секогаш бидете љубезни. Денес дадов многу
насмевки. На госпоѓата која работи во супермаркетот,
до бабичката на која и го отстапив местото во автобусот.
На наставничката која беше нервозна и на мојата мајка
кога пристигнав дома. Повторно сакаше да прочепка
низ компјутерот на сестра му. Повторно ја отвори таа
веб страница - таа изгледаше како некоја социјална тајна
мрежа, но само за девојки кои беа разочарани од љубовта.
Сите беа потпишани со чудни имиња. Почна да чита
еден пост кој пред 11 минути го објавила “Скршената”:
- Кога некого сакаш - секогаш имаш место за него во
твоето срце. Срцето е толку големо што ја собира целата
љубов во светот, го збира и него. Без разлика дали тој е
со мене или не. Тој секогаш ќе биде мојот кошмар. Кога
секогаш ќе заспијам тој излегува пред мене. Но како
велат полека, полека и кошмарите исчезнуваат. Но исто
така велат дека кошмарите се само сон, но не, тој беше
вистински. Обидувајќи да се оддалечам од него, во мене
чувствував како нешто да ме влече повторно и повторно
кон него. Би направила сè за него. Би се жртвувала за
секоја негова солза, но самата не знам зошто... Да, не е
како порано, ме повредил, ме расплакал, но никогаш не

13
Дарко Кондев

осетив омраза кон него. Но зошто? Секоја девојка има


едно машко во животот – за кого ќе направи сè, ќе се
прегази себеси илјадници пати и ќе премине преку многу
граници - за него би срушила светови. Но не видов дека
светот кој го рушам е мојата реалност. Можеби затоа што
го сакам и секогаш ќе има место во моето срце. Но не и
во мојот живот. Се разбудив од тој кошмар бидејќи тој не
ја заслужува мојата љубов. И денес го видов после толку
долго време на Соборна. И му се насмеав. Тоа не значи
дека бев среќна без него, но научив да бидам силна без
неговото присуство.

Секоја силна жена на почетокот


била едно девојче со скршено
срце која тоа не го заслужила.

14
Таа

С
ледниот ден стана рано. Како и секој обичен
ден. Беше околу 6 часот. Се расони, извежба
околу 20 минути и се истушира со најладна вода.
Го практикуваше тоа. Тргна кон училиште. Веќе беше
9-то одделение - полуматурант. Убави години. Влезе на
час и сите гледаа во своите мобилни телефони. Освен
неговата Марија. Седна до неа и ја поздрави. Пред да
започне часот ја праша: - што мислиш Марија зошто
женските се вљубуваат потешко од машките? Таа му
одговори: - Машките мислат дека се што лета се јаде, а
ние девојчињата да, можеби тешко се вљубуваме но кога
ќе се случи тоа мислиме на вас цело време. А што правите
вие? Ги играте вашите глупави игри и не ни враќате.
Размисли што правиш. Тој сакаше да и врати, но тогаш
влезе наставничката по биологија која беше многу строга
и часот започна. Марија пишуваше нешто. По неколку
минути го скина ливчето и тивко му го даде на Лука.
На него пишуваше: Ова можеби е и добар совет, совет
до сите машки на светот. Биди упорен, но ако нејзе и
значи, ќе те гледа со сјајот во очите како дете што го гледа
сладоледот. Немој да ја повредиш, биди среќен и направи
да ја почуствува магијата на љубовта со тебе. Си помисли
и беше изненаден како размислуваат девојчињата.

15
Дарко Кондев

Дали Марија му потенцираше детали кои требало да ги


забележи? Но тој не беше таков, никогаш не обврнуваше
внимание на деталите, но не знаеше дека:

Убавината на животот не е во
големите нешта, туку во малите
детали.

16
Таа

Ч
асот по биологија им беше последниот во таа
среда. Тој со брзање отиде дома и се подготвуваше
за пладневниот тренинг. Во собата на сестра му
повторно беше нејзиниот компјутер. Како нешто секогаш
да го тераше да чепка по работите на сестра му. Но овој
пат беше различно. Прочита. Тоа беше недовршен текст
кој е на неговата сестра – потпишана на таа страница
како “луда девојка”. Текстот почнуваше: Прошетај низ
времето. На крај кога ќе стигнеш, погледни наназад и ќе
видиш дека секој од нас има тајно дрво некаде далеку од
својот крај, од светот и под него ги закопал сите надежи,
копнежи, среќи и радости, таги и неостварени желби. Ќе
видиш дека не постојат луѓе кои не плачат, срце кое не се
радува и дека не постои љубов од илјада години остварена
само во еден момент...

Не постои совршена Љубов.


- постои само љубов која ние ја
создаваме - а која со текот на
времето можеби ќе прерасне
во најсовршеното нешто во
универзумот.

17
Дарко Кондев

Д
одека читаше, погледна во часовникот. Веќе
поминале 45 минути. Побрза, се спреми и стигна
5 минути пред да почне тренингот. Истренира
како секогаш - секој тренинг го работеше најсериозно
како да е натпревар кој ја одлучуваше неговата кариера.
Знаеше дека еден ден ќе дојде тој момент и тоа ќе
го искористи - дека ќе освои злато на Олимпијада.
Тренингот заврши. Се истушира и тргна низ градскиот
парк. Беше Април. Се стемнуваше. Толку љубовни парови
беа седнати на клупите и шетаа што дури се почувствува
чудно бидејќи тој беше сам. Тогаш си помисли нешто – и
тој ќе се најави на веб страната на сестра му. Но секако со
женско име бидејќи сакаше да дознае повеќе за девојките.
До тој ден веќе имаше неколку кои изнудуваа насмевка на
неговото лице. Ништо посебно, тој чекаше некоја што ќе
му го зашемети паметот. Пристигна дома, отиде во собата
на сестра му. Таа беше на курс по англиски. Ја отвори веб
страницата и направи свој профил на истата. Ја избриша
целата пребарувачка историја и го затвори компјутерот.
Отиде кон својата соба и татко му го забележа. Го праша
синко како е? Лука избезумен му одговори: - Што како
е? Татко му се насмевна и му рече: - Синко последниве
неколку недели си малку изгубен, да не се заљуби? Лука
на тоа одговори со: - Не тато, учам нови потези во
играта еден на еден. Сакам да бидам како Роналдо, брз
и експлозивен. Татко му му кажа: - Синко искористи ги
сите можности што животот ти ги нуди, јас никогаш не

18
Таа

те форсирав во ништо, секогаш сум со тебе и секогаш ќе


верувам во тебе што и да одлучиш, го имаш интернетот,
користи го на правилен начин, вежбај, тренирај и
верувај во себе. Кога те гледам на терен навистина ми се
исполнува срцето. Кога игравте во Скопје публиката го
довикуваше нашето презиме, а јас не ни ги познавам тие
луѓе. Мали дечиња на хамер те нацртале. Колку и да си
млад, внимавај, на некого му даваш пример и не заборавај
твојот најголем обожавател е некој странец кој не го
ни познаваш. Ех, во мое време да имавме интернет се
присети татко му. Лука го гушна својот татко и отиде во
својата соба. Легна на креветот и во главата му дојде една
мисла:

Понекогаш во животот нема


да знаете колку вредат некои
моменти додека тие не станат
сеќавања.

19
Дарко Кондев

Л
ежеше во креветот и го зема лаптопот. Се
регистрираше на страната како “млада волчица”.
Почна да чита: - Болно е да ме сакаш а јас да не
те сакам, но најболно е и двајцата да се сакаме, а да не
сме заедно. Некогаш кога ветрот ќе ги врти ветерниците
на твојот живот, а тивкиот врабец ќе ја пее симфонијата
на мудроста сети се на момчето кое е случаен минувач по
патеката на твојот живот. Гладот е дел од сиромаштијата,
парите се дел од богатството, морето од природата, а
љубовта дел од најубавите нешта во животот. Кога се
родив ми дадоа очи и ми рекоа гледај, ми дадоа срце и ми
рекоа сакај, но не ми кажаа дека со тие очи ќе плачам а со
тоа срце ќе страдам. Но не, нема да плачам кога ќе заминеш
со друга, нема да те молам да се вратиш. Ќе бидам далеку
кога ќе бидеш среќен со друга и уште подалеку кога ќе
почнеш да патиш, да ме молиш и кога ќе видиш што си
изгубил. Ти праќам ѕвезда да ти го покаже патот до мене.
Ти праќам бакнеж да ти каже колку мислам на тебе. Ти
го праќам моето срце да почуствуваш како чука за тебе.
Се родив, да живеам, живеам да те сакам, излегувам да
те видам, спијам да те сонувам и умирам да те бакнувам.
А ти ако некогаш си тажна и сенката на тагата ти го
покрие лицето, солзата ти го замати окото, не грижи се
подај ми ги твоите меки раце како памук. Секогаш ќе
имаш некој кој те сака. Патувај бакнежу мој. Ако заспал
разбуди го, ако учи, бакни го, ако е тажен, развесели го, а
ако е со друга тогаш ја сум му недостижна. Адам на Ева

20
Таа

и подарил јаболко, Ромео на Јулија бесмртност а јас на


тебе ти подарувам бесконечна љубов, токму како твојот
омилен број. Можеби судбината ќе не раздели, можеби
животот ќе земе дел од нас. Но сеќавај се на мигот кога
се сретнавме. Тој ден во “Скопје Сити мол”. Јас и ти. Ти
ми ги покри очите и ме гушна. Иако пред тоа не ме ни
знаеше доволно. Толку многу се вљубив во тебе уште
од првото наше ненадејно гледање. Тие два часа траеja
вечност. Толку совпаѓања со тебе, толку убави разговори.
Пред тебе не верував во љубов на прв поглед. Но тоа не
беше само љубов на прв поглед, тоа е љубов и на втор и
на милионит поглед. Толку скриени погледи уште толку
рано. И да, навистина беше убаво, не само тој ден. Туку и
секој следен. Деновите без тебе? Тие траеја како вечност.
Но секогаш кога бев во твоите прегратки бев на седмо
небо. И беше убаво. Секој детал. Од сите наши прошетки,
седење на градските клупи. Koлку бевме различни, но
можеби различностите се привлекуваат како Јинг и Јанг
хармонијата. Во секое добро има и лошо. Но и во секое
лошо има и добро. Толку убави разговори меѓу нас. И да
знаеш најубав си кога спиеш. До оној заеднички одмор.
Тие седум дена како да бевме сами. Толку спомени на
плажите во Охрид. Секој ден различна плажа. А некогаш
немавме превоз и што правевме - автостоп. Колку пати
заспавме со слушалки во ушите јас едната а ти другата. Се
разбудивме изгорени од сонцето. И таа вечер на плажата.
Па потоа на кровот на хотелот. Толку романтично. Иако
го истурив пивото. Со тебе почуствував што е вистинска
љубов. Пушти ја “Секогаш ќе те сакам” од Витни Хјустон
и потсети се на нашите спомени. Толку многу се
збилижвме што не верував дека ќе се разделиме, но ете
и тоа се случи. Но не заборавај кога ќе отидеш далеку

21
Дарко Кондев

со оние огромни птици направени од челик наречени


авиони, сети се на мене и биди среќен бидејќи навистина
беше убаво а ти имаше некоја која искрено те сакаше.

Некогаш во животот ја наоѓаме


вистинската личност, но во
погрешно време.

22
Таа

10

С
ледното утро го разбуди алармот. Тој ден одеа
на таа долго очекувана екскурзија. Сите беа
возбудени. Во автобусот пеejа секакви песни
и им беше интересно. Најубавите спомени за него во
Берово. Сите беа сместени во еден хотел. Имаше тениско
игралиште. Тој се обложи со еден тенисер дека ќе го
победи во 500 денари. Тенисерот се насмеа и ја прифати
понудата. Играа. Брзоногиот Лука ги стигнуваше сите
топки. Девојките гледаа и навиваа. Беше нерешено.
Последен поен за победа. Не беа важни парите колку
жарот меѓу нив. Лука сервираше. Тенисерот ја врати
топката точно пред мрежата, но Лука со неверојатен
спринт го удри топчето толку брзо што можеби и некој
како Џоковиќ не би можел да го стигне тоа топче. Но при
ударот се сопна и остана да лежи на земја. Сепак победи.
Сите заминаа од тениското игралиште. Освен Марија.
Таа дотрча и го праша дали е добар. Тој не сакаше да
признае, но му беше потребна дезинфекција и преврска
на раната на раката, а Марија го владееше тоа бидејќи
одеше во секцијата за прва помош. Зема потребен мате-
ријал и го преврза Лука. Тој тогаш ја праша: - Зошто
го правиш ова? А таа му одговори: - вистинските при-
јателите се гледаат кога ти е најтешко, бидејќи кога
успеваш сите ти се пријатели, но кога имаш тешки
времиња само вистинските пријатели се покрај тебе и
ти помагаат. Лука секогаш се восхитуваше кога Марија
зборуваше. Како таа да беше позрела од сите девојки кои

23
Дарко Кондев

ги имаше запознаено. Беа сами во собата на Лука. Таа


сакаше да си оди. Лука нежно и го спомна нејзиното име.
Марија се сврте, тој ја гушна и ја бакна. Нивниот бакнеж
беше како цела вечност во една секунда. Барем Лука си
го замисли така. Марија со насмевка се врати во својата
соба. Тие три дена беа неразделни. Сите 7 години додека
беа заедно Лука мислеше на овие три дена. Беше убаво.
Но се што е убаво, кратко трае. Па така и екскурзијата.
По неа сите беа зашеметени. Имаше уште малку време до
нивното разделување. И таа полуматурска вечер. Марија
и Лука беа најубавиот пар. Тој со насмевка и ја стави
нараквицата од цвет и се гушнаа. Таа вечер сите заедно
ја пееја “Вечерва се разделуваме” од Мр. Блек. Заврши
основното училиште. Еден дел од животот на Лука
заврши. Старецот Лука ги виде сликите кои си ги зале-
пил во дневникот кога бил полуматурант. Сe насмевна и
си помисли: - секогаш со стил.

Ако имате вистински пријател –


вие живеете исполнет живот. Но
ако најдете вистински пријател
и љубов во една личност – тоа е
комбинација од соништата.

24
Таа

11

С
тарецот повторно прочепка по својот дневник,
сакаше да се присети на оние средношколски
денови. Отвори да види какви размислувања имал
кога имал 15 години и бирал каде да се запише. Патиштата
со Марија им се разделија. Иако тој не го сакаше тоа.
Но тоа беше најдобро за двајцата. Лука се запиша во
гимназијата “Јосип Броз Тито” бидејќи му беше блиску
до дома и ќе можеше да стигнува на тренинзи. Беше лето.
Тој секојдневно ја читаше веб страницата на сестра му
но веќе ја имаше и на телефон. Тој ден одеше кај баба му
во село. И по пат отвори еден текст кој гласеше: - Како
да те заборавам? Зошто...Зошто толку ненадејно замина?
И ме остави кога најмалку очекував? Зошто сакаше да
бидам сама и да тагувам. И не помислуваш дека треба
да ме почитуваш? Уште колку ли прашања ќе останат
без одговор? Почитувај ја мојата љубов. Можеби не
беше совршена но барем беше искрена. Онаа која е
во моето срце, а ти припаѓала само тебе. Се по тебе
е неважно. Еднаш те заборавив кога ти ме сакаше, ми
пишуваше цела година да се видиме пак. А се гледавме
низ Лептокарија, Карпош, Градскиот парк, Ројал. Прво
те сакав јас, и ти полека се заљуби во мене, во мојата душа
ладна како сибирска зима. Дојде во време кога не знаев
дали повторно да се заљубам или веќе те бев заборавила.
А љубовта можеби пак се распламтуваше? Секоја вечер
ти ги изговарам овие зборови - Врати ми се. Но вреди ли?
Дали допираат до тебе? Секоја вечер ти посакувам добра

25
Дарко Кондев

ноќ, верувам дека она што го пишувам и чувствувам не е


залудно. Дека некогаш повторно ќе се вратат оние убави
денови. Се надевам дека моите солзи, кои сега излегуваат
од очите ќе се претворат во ѕвезди што ги гледаш секоја
ноќ пред да заспиеш во моите прегратки. Сепак... Не
знам и не сум сигурна дали некогаш овој текст ќе стигне
до тебе. Но можеби ќе го прочита некој друг, некој кој се
чуствува како мене и кој знае колку може да боли првата
и искрената љубов кога навистина си вљубена во некој.
Лука стигна кај баба му. Имаше одговор на овој текст
од друго девојче кој набрзина го прочита: Ќе преболиш
и тоа ќе биде најубавото нешто во твојот живот во тој
момент, ќе бидеш како птица – Феникс која се издигнува
од пепелта. Слободна и повторно ќе ги рашириш своите
грандиозни убави крилја. Ќе засакаш повторно.

Не грижи се. Пред изгрејсонце


секогаш е најтемно.

26
Таа

12

С
е поздрави со баба му и отиде да го гушка
големиот коњ кој бабата го чуваше. Му даде да
јаде и му стигна нотификација на телефонот.
Нова објава на страната. Овој пат од “палавата девојка”:
- Во животот се е релативно. Некогаш сме мислеле дека
сакаме некого, дека тоа било она ,,платонска љубов”.
Но потоа сме се оддалечиле од таа личност. Така сме
забележaле и други работи - дека тоа било само една
лажна слика-илузија во која ние самите сме верувале.
Чудно и многу разочарувачки се чуствуваме кога таа
илузија завршува со завршниот чин срцекршење. Толку
е изненадувачки како болката од живеењето без некого
кого сте го сакале може да ве направи да се чувствувате
како да сте изгубиле се и да сте заборавиле на среќата,
радоста што животот ја нуди. Тогаш во срцето чувству-
вате само болка, болка и само болка. Но што друго
може да направиме друго освен да ја почуствуваме во
секој наш дел од телото, секој наш оган, секоја наша
клетка и како таа болка тече низ целото наше тело, како
во внатрешноста така и во надворешноста. Но немојте
да се каете. Вие не сте направиле ништо лошо, само сте
сакале погрешна личност. Колку љубов и внимание сте и
посветиле. Сте се труделе и сте се вложиле целосноно пак
ништо од другата страна - само лажна насмевка. Но тоа
не е поради вас бидејќи вие сакате искрено. Знаете како
велеше еден мој другар. Не се плаче по истуреното млеко.
Што друго ни преостанува? Да продолжиме. Повторно

27
Дарко Кондев

да се насмееме на утрото, да забележиме работи кои што


никогаш не ви паднало на памет дека постојат. Дајте си
време - колку што е потребно. Тие што ве сакаат – секогаш
ќе бидат покрај вас. Запаметете дека тој е губитник. Вие
сте изгубиле личност која не и било гајле за вас. Но таа
личност е најголем губитник бидејќи изгубила личност
што искрено сака.

Ако сте посветиле толку внимание


на погрешните личности.
Замислете колку љубов ќе и
дадете на вистинската.

28
Таа

13

К
оњот го изеде јадењето. Лука обожуваше да јава.
Го зема седлото и го прикачи на коњот. Го јавна и
тргна низ долината. Прекрасен поглед низ неа. Тој
го сакаше тоа. Размислуваше на животот додека јаваше.
Си помисли и реши дека ќе ги запишува во свој дневник
сите работи кои му се случуваат – па со текот на годините
можеби ќе ги разбере размислувањата на девојките.
Низ годините тој имаше неколку девојки кои ги сакаше.
Така беше и со Анастасија која ја запозна во прва година
средно. Но нешто беше чудно. Секогаш се заљубуваше во
девојката која не го забележуваше. Како секогаш духот
на една - го бараше во другите. Која и да запознаеше,
која навистина му се допаѓаше ги имаше следниве
карактеристики: пред него беше ладна (но малку само на
почетокот), потоа за брзо време омекнуваше. Следеше
толку многу вљубување на девојките во него. Тој не
знаеше да се справи со тоа. Секој момент поминат со
него беше како бајка. Но не секоја бајка има среќен крај.
Најчесто поради некоја глупава грешка, тој ги губеше
девојките, но чудно како духот на таа една преминуваше
од една во друга и како да го повикуваше повторно да се
вљуби, но секогаш крајот беше ист. Премногу дадено,
а за возврат само едно оладено срце. Можеби духот му
даваше лекција - која требаше да ја научи - испит кој
требаше да го положи. Неговото срце од топло, кое
зрачеше со љубов и убавина полека полека стануваше
грубо, околу него се формираше ладна обвивка. Секој

29
Дарко Кондев

пат кога духот ќе го оставеше, тој повторно остануваше


сам. Ладната обвивка се повеќе го обвиваше неговото
срце. Почнаа сомнежите, почна да гледа како луѓето се
лицемерни, превртливи, гледаат каква корист имаат од
тебе, а љубовта? Таа е нешто древно и античко која веќе
ја изгубила својата вредност. Но тој веруваше во едно.
Љубовта е клучот за среќен живот. Ни славата, ни парите
не можат да дадат она што го дава љубовта... Бидејќи:

Љубовта е онаа која го


придвижува Универзумот.

30
Таа

14

Г
о остави коњот во шталата и влезе во куќата на баба
му. Седна на каучот и повторно го зема телефонот.
Почна да чита: - го знаете она чуство кога бркате
две зајчиња истовремено, на крај ги губите и двете.
Останувате без ниедно. Вие сте разочарани, а такви сте
кога сте сами. Не, нема ништо лошо во тоа да се биде сам,
но што се случува со човечкиот ум, како телото реагира на
тоа? И дали го прифаќа? Да претпоставиме дека едното
зајче е љубовта. Величенствена, токму таква и каква што
е во полн сјај. Магична, неописливо магична. Мистична
и недопирлива. Сите ја бараме и пробуваме да ја најдеме.
Мислиме дека таа ќе не исполни и надополни. Дека ќе
даде смисла на животот. Смисла да се бориме, смисла
да живееме. Љубовта носи сигурност, а пак сигурноста?
Таа носи среќа. Кога сме среќни ние сме живи. Таа носи
цел ланец на хормони кои не исполнуваат. Понекогаш и
нѐ заслепуваат. Тука се наоѓа и другото зајче - илузијата.
Сестрата близначка на љубовта. Нема љубов без илузија
и илузија без љубов. Таа не е ништо освен игра на умот.
Испланирано сценарио од кое ни трепери телото и
ни се потат дланките. Сѐ ни е така убаво, така розево,
совршено. Сѐ во хармонија. Додека не ги изгубиме двете
зајчиња. Прво ни бега едното зајче - љубовта. Таа со себе
ги носи и среќата и сигурноста. Тогаш ни преостанува
илузијата. Љубовта лесно доаѓа на прсти, но кога си оди
ја затвара вратата. Поминува време и илузијата расте.
Илузијата за онаа голема љубов. Си замислуваш и ја

31
Дарко Кондев

оживуваш. Преживуваш секој ден одново и одново, ја


цениш дури повеќе и од зајчето што избегало - љубовта.
Пак си среќен, бидејќи знаеш дека таа нема да те остави
и напушти како што љубовта го направи тоа. Се враќаш и
се радуваш. Како на дрога. Стануваш зависен. Ја бараш, ја
наоѓаш. А кога ќе се предозираш? Доаѓа крајот ја немаш
ни илузијата. Бидејќи сето тоа било лага. Не постоело
љубов која е доволно силна да ја илузионираш дека се
случила. Тогаш сфаќаш дека не само што не се случила,
зајчињата не ни постоеле. Не си ги ни бркал , а не се ни
изгубиле. Зајчињата се само дел од нашата имагинација. И
на крајот што се случува со нас? Се чувствуваме изморено,
изнемоштено и вознемирено. Но ни преостанува само да
се надеваме на подобро утре.

Никогаш не може да имаме


подобро утре ако постојано се
навраќаме на лошото вчера.

32
Таа

15

Л
ука заспа на каучот. Баба му дојде од пазар, го
направи нејзиниот специјалитет – кифлички.
Седнаа да јадат. Таа донесе уште милион јадења.
Баба како баба. Ако не си одиш од кај баба ти со 3 кило-
грами повеќе тогаш не е тоа тоа. Но Лука беше сигурен
кога беше во таа куќа на баба му. И си помисли што
претставува сигурноста? Отвори на веб страната, можеби
таму ќе го пронајде одговорот. Во пребарување напиша
сигурност. Му излезе еден текст кој почна да го чита.
Колку пати во животот сме се почуствувале сигурни? Кога
сме имале покрив над глава или кога имате безбеден
разговор со вашите родители или роднини. Но највеќе
размислуваше за сигурноста кога ја држите во прегратки
личноста која сакате. Колку сигурно се чуствувате тогаш?
Ништо друго не ви е потребно. Но тогаш не размислувате
ни за иднината. Тоа се нарекува лажна сигурност. Самите
веруваме дека ќе бидеме во таа прегратка до крајот на
нашите животи. Но и самите знаеме дека тоа нема да се
случи. Што правиме? Се препуштаме на моментот. Тоа
претставува животот. Живејте го секој момент како да
е последен. Претходниот ден никогаш нема да се врати,
а и не знаеме што носи идниот. Затоа бидете среќни во
моментот. Се присети на еден час по од македонски јазик
во основно. Текстот за тој час гласеше: Еден мудрец му
дал три писма на својот ученик и му ги кажал следниве
работи - Првото писмо ќе го отвориш кога си најтажен

33
Дарко Кондев

во животот, кога мислиш дека животот нема смисла и си


разочаран. Второто писмо ќе го отвориш кога си среќен
и третото кога ќе бидеш најсреќен во животот. Ученикот
ги послушал учителот и ги земал писмата. По многу
години тој живеел во беда, ја зaгубил куќата, се чуствувал
многу тажен и се разболел. Тогаш помислил на мудрецот.
Тоа за него бил наjнесреќниот ден во неговиот живот.
Го земал првото писмо го отворил и со големи букви
пишувало "ЌЕ ПОМИНЕ". Ученикот се зачудил но сепак
ги сфатил овие зборови сериозно. Тоа го мотивирало,
почнал да работи секојдневно и животот му тргнал
во нагорна линија, ја добил работата од соништата си
купил кола, бил среќен. Тогаш повторно се присетил на
мудрецот. Го земал и второто писмо го отворил и во него
пишувало "ЌЕ ПОМИНЕ". Продолжил да напредува,
основал своја фирма, бизнисот му се проширил во
повеќе земји. Имал успешна кариера купил куќа 3 пати
поголема од поранешната. Бил најсреќен до сега. Го
земал третото писмо го отворил и се зачудил. На него
биле напишани истите зборови "ЌЕ ПОМИНЕ". Тогаш
ја разбрал најголемата лекција од мудрецот. Колку и да
бидеме тажни, скршени, немојте да запаѓате во депресии,
размислете и оставете ги емоциите да излезат, не ги
држете во себе. Но потоа станете посилна личност од
претходно.

Што и да ви се случи во животот


запомнете една работа
- "ЌЕ ПОМИНЕ".

34
Таа

16

С
е поздрави со баба му, ја гушна најсилно и
замина. Фати автобус и тргна назад кон градот.
Во автобусот се качи една убава девојка со очи
кои имаа боја на мед. Преубави. Тој ден нивните очи се
погледнаа, така што таа размена на погледи нема да ја
заборават никогаш. Лука ја гледаше девојката, а таа го
тргна погледот од него. Пред да се симне, го погледна и
му се насмевна. Тој и возврати со насмевка. Моментот
заврши. Лука се прашуваше која е оваа девојка. Се
симна и отиде дома. Сите веќе беа легнати. Тој влезе во
својата соба. Една мисла уште го копкаше. Која беше таа
таинствена девојка која навистина му се допадна? На
телефонот му стигна нотификација. Некој нов текст. Се
двоумеше дали да го прочита. Сакаше да дознае која е
девојката, но почна да го чита текстот: Доверба. Колку
убаво звучи - доверба. Составена од сврзникот до и
еден моќен збор верба. Тоа значи да веруваме, но дали
тоа значи тотално да станеме заробеници на таа верба
кон некого. Дали тоа ќе значи и да бидеме заслепени-
до тој степен да не ги забележуваме работите кои ни се
случуваат. Довербата е многу важна работа во љубовта.
Без неа би биле ништо. Но немојте никогаш да верувате
на другите и да го промените мислењето за некого врз
основа на озборувањата на другите. Бидејќи тоа ќе ви
го уништи и тоа што дотогаш го имате изградено. Ќе ви
ја турне довербата кон некого како кула од карти. Така
и нашата. Не направивме ништо лошо. Но ете сепак не

35
Дарко Кондев

сме заедно. Колку пати ми рече - не можам веќе да ти


верувам, ја изгубив довербата. Кога ќе ми ги кажеше овие
зборови полека умирав во себе. Кога ќе ми кажеше не те
сакам повеќе. Тие зборови по сто пати си ги повторував
во главата. Зошто? Зошто толку пролиени солзи за толку
чиста љубов? Можеби солзите беа оние кои ја прочис-
туват извалканата љубов која ја имавме, еве и денес и
секој ден стојам тука и сакам повторно да сме заедно,
како никогаш и да не си отишол. Но како велат оној кој
вистински те сака нема никогаш ни да замине. Но не, јас
не им верувам на нив, јас ти верувам на тебе и секогаш ќе
биде така.

Цвеќињата не можат да
расцутаат без сонце, а човекот
не може да живее без љубов.

36
Таа

17

Г
о исклучи телефонот, но уште мислеше на таа девојка
од автобусот. Како да ја најде. Заспа. Следниот ден по
утринскиот тренинг се чувствуваше одлично. Денот
беше сончев. Одеше пеш кон дома и прочита нов текст
на страната кој уште повеќе го збуни околу девојката.
Тој гласеше: - Зошто машките се такви гадови, толку
мили насмевки, а толку лоши мисли? Мразам кога ме
бакнува, а не го чуствува тоа, мразам кога ќе ме погледне
и засмејува, мразам кога ме залажува и го мразам начинот
на кој се однесува. Ги мразам неговите усни кога говорат,
а најмногу се мразам себеси бидејќи се заљубив во него.
И не давајте лажни насмевки – еден вчера, убаво момче
ми се насмевна пред да се симнам во автобус. Немојте да
верувате на таквите.

Ако има тесна линија меѓу


љубовта и омразата.Тогаш те
мразам највеќе на свет

37
Дарко Кондев

18

Л
ука се зачуди. Која е таа што беше потпишана
како срценцето (млеко и мед). Но знаеше дека
ќе ја најде. Прочепка по страната и ги најде сите
нејзини постови. Почна да чита: Дали кога ќе прекинете
со некого ви недостига? Па нормално, тоа е исто како
на мало бебенце да му ја земете цуцлата. Која ќе биде
реакцијата? Ќе плаче премногу додека не му ја вратите.
И јас исто. Секој ден вртев додека ги слушав звуците на
слушалката пред да се јавиш. Си замислував како е да ти го
слушнам гласот после толку време. Но не и оваа вечер не
ја крена слушкалката. Таа празнина која ја остави во мене
ме прогонува и ме уништува. Но како што бебето расте и
ја фрла цуцлата така и јас ќе ја пораснам оваа љубов.

Понекогаш на нашето срце


му треба повеќе време да го
прифати она што нашиот разум
веќе одамна го знае.

38
Таа

19

Л
ука продолжи да чита друг текст на девојката која
ја виде: - Дали ве погодила некоја песна, не кога сте
пијани во дискотека да кршите чаши и толку да сте
несреќни. Зборувам за некоја песна која ви е заедничка
со некого. Секогаш ќе ве потсетува на таа љубов. Кога ќе
почне, толку спомени одеднаш се наоѓаат во вашата глава.
Толку топли прегратки, разговори. Спомени кои полека
исчезнуваат. Но кога ќе ги слушнете тие волшебни ноти од
вашата ,,заедничка’’ се враќаат толку многу спомени како
јато птици по преселба. Нашата беше онаа "Сењорита".
Од пејачи кои на почетокот глумат дека се само другари
а потоа се случува она ненадејното – љубов. И ние така.
Скопје како Скопје. Убаво и мило. Навечер. Улични све-
тилки и толку луѓе кои итаат некаде. Сите места како
Силбо, она Силбо. Чичко Стоилко, Ројал, Седмица. Тие
се работите кои го прават посебен градот. Дискотеките.
Летните како Привилиџ, Соул, Хавана, Кабрио и Мара-
кана и многу други. Зимските како Станица 26, Мецо,
Авенија, Вокс и така натаму. Замислете на колку луѓе
патиштата им се сретнале на овие места. Еден поглед,
една насмевка, една случка. Еден разговор е потребен
да се заљубиш. Така и нашето, ненамерно те удрив по
рака. А ти беше толку лут што мислев дека ќе ме убиеш.
Ти се извинив неколку пати, но не ти не го прифаќаше
извинувањето. По некое време ти шепнав ја сум добро
детенце. Прв пат се насмеа. Патиштата ни се разделија.

39
Дарко Кондев

Размислете колку разговори се прават и колку луѓе се


заљубуваат само во овој момент додека го читате ова. Но
не само во дискотеките, љубовта е секаде околу нас. Во
секое ќоше во градот, на сите дрвени клупи има водено
поискрени разговори отколку каде било на друго место
во светот. Во кина,молови , пазари и училишта. Гледате
некое згодно момче или девојче разменувате погледи.
Соберете храброст. Кажете и здраво. Можеби ќе и земете
инстаграм како што вели нашата генерација. Некогаш во
училиште обожавате некое момче, другарките ви се смеат
секогаш кога и да помине, но вие го чекате оној ,,правиот
момент’’. Предизвикајте го, натерајте го да ве забележи,
па можеби еден ден ќе им кажувате на вашите деца какко
сте се запознале. Кога се прашувате дали да направите
нешто – направете го. Подобро да се каете за грешките
кои сте ги направиле отколку за шансите кои никогаш не
сте ги искористиле. Ако се борите можеби ќе изгубите,
но ако не се борите вие веќе сте изгубиле. И од грешките
се учи- ќе ми спомне некогаш мојата мајка. Грешките се
оние работи кои не прават силни луѓе. Ако животот ни е
рамна линија тоа не би било живот. Исто како линијата
на чукање на срцето и животот е таква крива линија.
Како бранови - а ние сме сурфери. Колку повеќе паѓаме
од брановите толку повеќе учиме да владееме со нив. Но
ако се откажеме по 8-миот пат никогаш не би научиле да
живееме. Некогаш ќе се потсетиме колку слаби сме биле
за разлика од денес. Тоа не значи дека животот станува
полесен туку дека ние стануваме посилни. Ние сме воени
херои на своите животи. Без рани од војните не би се
сеќавале на нив. Така и со животот. Ако немаме лузни тоа

40
Таа

значи дека не сме живееле, бидејќи лузните имаат чудна


моќ да не потсетат дека нашето минато било вистинско.

Живееме еднаш - но ако го


правиме тоа вистински и еднаш е
доволно.

41
Дарко Кондев

20

С
е зачуди зошто таа толку напишала за љубовта.
И си помисли дека ако ги оставиш девојките да
пишуваат за љубовта нема да има доволно хартија
на светот да се изрази нивната мисла. Училишната
година беше пред почетокот. На Лука не му беше битно
ништо друго освен фудбалот. Прва година средно. Толку
изгубени млади луѓе во училишните клупи. Девет години
на едно сигурно место на кое што се навикнале. И бум
одеднаш ново место, нови луѓе, предмети, професори.
Како кога ќе оставите некое маче на улица. Тоа е толку
мило и младо. Не знае ништо за надворешниот свет колку
е тој суров и злобен. Но тоа е магијата на секое суштество
на планета Земја - да се прилагодува и адаптира. Тие мали
мачиња полека полека се развиваат. Можеби е чудно но
ако ги прашате вашите родители тие би ви одговориле
најубавите години се оние средношколските. Лука влезе
во училница 5. Неговиот клас беше Прво два. Претежно
во класот имаше многу убави девојки и малку машки.
Тој седна во задните клупи, едно момче со плави очи
седна до него. Му кажа здраво. Лука секогаш сакаше да
се спријателува и веднаш ја подаде својата рака. Почнаа
да зборуваат. Лука дозна дека Стефан е кошаркар и
можеби затоа и се споија. Стефан му предложи: - ајде
да прошетаме, да разгледаме. Тие излегоа од училната и
шетаа низ ходникот. Забележаа многу познати лица, но
на Лука една му падна во очи. Онаа истата од автобусот.
Лука веднаш го праша Стефан: - Која е онаа со русата

42
Таа

коса и кафени очи и убавите адидас тренерки? Стефан


одговори: - Таа е навистина добра одбојкарка. Игра
за репрезентацијата до 18 години. Другарка ми е. Ако
сакаш ќе те запознаам. Лука почуствува некоја топлина
во своето тело. Но секогаш сакаше запознавање со убави
девојки. Сакаше да флертува. Се чуствуваше како да е на
терен. Срцето му чукаше забрзано и мораше да ја состави
најдобрата реченица во најкраток можен период. Се
пресретнаа и се запознаа. Лука и Стефан продолжија кон
тоалетот. Повеќе девојки го забележуваа Лука, но тие не
му беа интересни, во глава му беше девојката и дури се
запозна со неа – нејзиното име е Ева. Во очите и забележа
нешто. Едноставно се заљуби.

Ако добивам цвет секој пат кога


ќе помислам на тебе, ќе можам
да чекорам во мојата градина
бесконечно.

43
Дарко Кондев

21

Л
ука и Стефан се вратија во училницата. Од тој ден
станаа најдобри другари. Беа многу блиски. Седеа
заедно и зборуваа за секоја тема во животот.
Часовите тој ден завршија. Лука тргна кон дома. Го зема
телефонот и го отвори веб сајтот. Почна да чита: - Срцето
чука. Чука силно и се бори за некој што цени и сака да
биде сакан. За некој што никогаш не ценел колку тоа срце
плаче за него,туку цени тоа што мислат другите за тоа
срце што непрекинливо чука за него. Пијаното. Тажната
мелодија што ја испуштаат црните и белите дирки ни-
когаш не престана. Скршеното срце преку тажната
симфонија ја искажуваше болката, бесот, гневот и тагата
кон некој што го скршил и заминал. Заминал со многу
неодговорени прашања, многу неостварени приказни,
многу лаги и тага, затоа што таа личност одлучи да живее
живот што другите му поставуваа правила, живот што
никогаш не се слушаше себе, никогаш не го запраша
срцето дали ке биде среќно ако го повреди другото и
замине. Пијаното и нотите беа секогаш до скршеното
срце, кое бараше само заштита која никогаш не ја доби
затоа што другите сакаа тоа срце никогаш да не биде
среќно, никогаш да не почуствува љубов, но сепак на
крајот совеста на другото срце ќе покаже. Имам дваесет
и пет години. Имам две деца машко и женско – близнаци.
Двете мали нешта за што скршеното срце се бори. Имаат
две годинки. Девојчето личи на тато, а момчето на мама.
Поминаа осум години од последниот ден кога бевме сите

44
Таа

заедно. Заедно со тато. Еден ден децата почнаа да плачат и


ја прашаа мајка си: “Мама кај е тато?”. Mајката плачејќи им
рече: “Tато рече да го оставиме да си го живее животот”.
Децата само ја прашаа дали тато некогаш ќе се врати.
Мајката очајна и тажна незнаејќи што да им каже со надеж
им рекла дека ќе го чекаат да се освести и да се врати.
Тато им беше потребен на сите. Најмногу на мама. Мама
го чекаше. Со верба и надеж дека ќе се врати.Често си ги
враќаше спомените на средношколските денови додека
беа заедно. Пијаното беше најголем сведок за болката на
мама. Болката и борбата на скршенот срце што тато пред
да замине и рече дека се е готово, да го остави да го живее
животот на раат. Мама не знаеше што да прави. Одлучи
да продолжи. Ги израсна децата сама покрај сѐ, се бореше
со тоа дали ќе успее сама, го чекаше тато. Тато се врати
ама беше касно. Беше касно затоа што мама веќе имаше
скршено срце кое престана да чука, престана да страда.
Знаеше дека само скаменетото срце не може да сака, па си
рече на себе си дека ќе го направи камено. И го стори тоа.
Но како велеше дедо ми секое тенџерче си има капаче па
така и таа го пронајде својот. Но беше предоцна. Немаше
што да му даде бидејќи веќе немаше срце.

Оние кои имаат ледено и


ладно срце, еднаш се грижеле
премногу.

45
Дарко Кондев

22

Л
ука го допре овој текст и се присети на еден од
разговорите со татко му: - Синко немој никогаш
да бидеш копија. Биди оригинал. Каков што
си. Жал ми е за некои родители кои не им дале ништо
друго на своите деца освен пари. Секогаш те сакаме да
знаеш. Ако го правиш тоа со љубов не се грижи. Сѐ ќе си
дојде. Сложувалката ќе се спои. Иако сега ти изгледа на
расфрлани ситни парчиња, еден ден ќе се зачудиш дека
секое ситно делче е важно за да ја имаш целата слика. Но
немој да се изгубиш сега. Ти си во тие години. Фокусирај
се и еден ден ќе бидеш благодарен. Бидејќи времето лета
со брзина на светлината. Нема враќање. Сите пријателства,
врски кои ќе ги направиш ќе траат цел живот. Но сакај
го тоа што го работиш и работи го тоа што сакаш. Само
така животот ќе ти биде исполнет. Јас го сакам пијаното.
Иако никој не ме учел на тоа, го научив по слух. И да
знаеш кога ќе седнам покрај него целиот свет престанува.
Само звукот од него излегува и ми ја исполнува душата.
И можеби некои те споредуваат личиш на Роналдо или
Ибрахимовиќ , но кога ќе излезеш на терен ти си Лука сите
те паметат како таков. Покажи ја својата верзија и следи
ја својата среќна Ѕвезда. Тренирај и не се откажувај. Кога
сакаш да го направиш тоа присети се зошто си започнал и
научи да се одмориш а не да се откажеш. Јас верувам дека
секој човек е направен за една работа. Верувај во тоа. И
знај никој не ти мисли добро. Другарите ќе те гледаат да те
искористат, девојките ќе поминат, славата ќе исчезне, но

46
Таа

не семејството. Семејството е онаа за кое што живееме,


да се гушнеме и да бидеме среќни зошто се имаме. И да
знаеш синко, најголемиот дар од бога е да имаш свое дете.
Кога ќе го почуствуваш тоа животот ќе ти се промени.
Но немој овие денови. Се насмеа татко му.

Дури и најлошиот оргинал


е подобар од најдобрата
копија. Знаете зошто?
Бидејќи е оргинал.

47
Дарко Кондев

23

Л
ука влезе во својата зграда 11/3. Мајка му го
чекаше со неговото омилено јадење – компир
манџа. Јадеше како никогаш да не видел храна
бидејќи беше многу гладен. Тој ден запозна многу нови
луѓе. Професори, соученици и по некоја симпатија. Беше
навистина среќен. Но и малку загрижен, веќе не беше
исто. Но таков е животот. Сѐ се менува. Но сепак му беше
интересно. Првата година му поминуваше интересно.
Еден училишен ден во дворот ја забележа неа. Убавата
девојка со светол тен на кожата, прекрасна коса и очи како
мед. Ева. Се мислеше дали да оди да се поздрави или да ја
избегне. Но секогаш беше храбар, па и тоа го одбра и овој
пат. И кажа здраво. Таа го погледна и му се насмевна: - О,
Лука здраво. Тој и одговори дека е добар и ја праша како
оди одбојката? Ева го погледна и му кажа: Остави ја таа
тема туку колку е чуден овој свет, го паметиш ли тоа наше
видување во автобусот? Лука гореше од внатре, толку го
чекаше тој момент и се прашуваше себе си дали и таа го
памети. Со насмевка на лицето и одговори: - Понекогаш
господ не ни ги дава работите што ги бараме бидејќи за
нас има нешто поголемо и подобро. Таа му возврати со
иста мера: Лука запамти логиката ќе те одведе од точка
А до точка Б но имагинацијата? Таа ќе те одведе секаде.
Ѕвонеше за почеток на часовите. Се разделија, а Лука
беше подзамислен. Што сакаше Ева да каже. Судбината се

48
Таа

повтори. Пак сретна личност. Истиот дух и од минатото.


Дали овој пат ќе го помине испитот?

Kaко што расте љубовта во нас


така расте и нашата убавина.
Бидејќи љубовта е убавина на
душата.

49
Дарко Кондев

24

З
а време на часот по Физика, професорката
објаснуваше нова лекција. Но мислите на Лука
беа одлетани некаде далеку. Мислеше на Ева.
Одеднаш ја погледна професорката а таа ги изговори
овие зборови: - Третиот Њутнов Закон е секоја акција
има своја реакција. Тие зборови гласно одѕвонуваа во
главата на Лука. Си помисли дали тоа значи дека и Ева
превземала некоја на која што се чекаше реакција од
Лука. Телефонот му титна. Тоа беше нов пост: - Секое
девојче било повредено, навредено или искористено од
машко па и воедно и јас. Но не е важно, тој сега е некаде
далеку, крши ново срце а јас останав скршена. Тешко е.
Кога имаш скршено срце мислиш дека соновите ти се
стопиле како сладолед на топло време. Пред твоите очи
сопира животот, мислиш дека сите бродови потонале.
Но не е така, животот е убав, со падови и проблеми а
една од нив е и скршеното срце, нашата прва љубов за
која сме спремни да го дадеме и животот. Но знаеш дека
ниедна личност што те повредила не заслужува ниедна
твоја солза, не заслужува да го трошиш времето на
нејзе. Едноставно продолжи со животот бидејќи тој не
престанува да тече. На почетокот можеби ќе биде тешко,
но со текот на времето се навикнуваш на болката која ја
нанел и празнината што ја оставил. Молиш уште еднаш да
ги почуствуваш неговите врели усни, но немој тој не го
заслужува тоа. Да знаеш не си единствена, толку птици си
го бараат својот совршен партнер, но кога ќе се случи тоа

50
Таа

остануваат со него до крајот на животот. Животот знае да


биде суров, но Господ ги дава најтешките битки на своите
најсилни борци, а тоа си ти. Не дозволувај скршеното
срце да те спречи да уживаш во животот. Особено за
личност која не вреди. Не дозволувај тоа срце да стане
ладен камен и да не може повторно да засака и да верува.
Дај му време на времето. Животот ќе ти покаже дека не е
сѐ така црно како што ти мислиш. Мора да бидеш силна,
немој да дозволиш болката да те смени бидејќи ти си тој
цвет кој секогаш беше насмеан и расцутен. Дај си втора
шанса бидејќи секој ја заслужува, така и ти. Има многу
поголеми работи. Сите губиме, некој губи партнер, некој
родител и сите различно се носиме со болката, ама сепак
знај не вреди за личност која не се грижи.

Една лекција : Не секого што си


изгубил е загуба, па продолжи да
се бориш за својот живот.

51
Дарко Кондев

25

Г
о прочита текстот и ѕвончето ѕвонеше.Часот заврши.
Замина кон дома. Во автобус се сретна со мајка му и
ги носеше тешките ќеси кои таа ги наполнила бидејќи
пазарувала на зеленото пазарче. Ја праша зошто толку
животот е чуден а таа му одговори: - Синко животот е
таков, се тече се се менува, а во една иста вода двапати не
се стапнува. Колку и да сакаш некои работи не можеш да
ги вратиш во животот, но тие ти се во срцето. Да знаеш
можеби не сум со тебе секогаш , но мајката знае сѐ за
нејзиното дете. И чуствува. Јас сум те носела 9 месеци
во мене немој никогаш да дозволиш некој да те растажи
за 9 секунди. Секогаш те чуствувам. Кога ти си среќен
и јас сум, кога си тажен и јас сум. Знај дека секогаш ќе
те сакам бидејќи поискрена љубов од мајчинската нема.
Лука ја гушна силно мајка си и беше среќен што има таква
мајка најдобра на целиот свет, која секој ден се мачеше
и работеше од 7 до 5 за да помогне на семејството, и не
само тоа секогаш наоѓаше сила колку и уморна да дојдеше
од работа, ручекот секогаш беше подготвен на маса и
највкусен. Лука некогаш обожуваше да каже: - Мамо
твоите јадења се подобри и од најелитните ресторани
во светот, бидејќи ти додаваш уште една состојка која ја
нема во ниту еден ресторан а тоа е Мајчинската Љубов.
Тој беше пресреќен бидејќи имаше прекрасни родители,
кои му овозможија сѐ во животот. Можеби не му дадоа
милиони, но го научија на најважните лекции во животот.
Татко му беше неговиот најголем фан во спортот иако не

52
Таа

одеа често на натпревари, секогаш го гледаа на телевизија


и навиваа за него. А мајка му беше неговата прва љубов.
Таа искрената.

Љубовта на мајката е како твојата


душа. Жива или не таа секогаш
ќе живее во твојата душа.
Љубовта на таткото е како твојата
сенка. Без разлика дали е жив
или не, тој секогаш ќе живее во
твојата сенка.

53
Дарко Кондев

26

С
тигнаа дома и тој ден имаше убав ручек. Пилешко
во кари со брокула. Лука набрзина го изеде и
побрза кон фудбалскиот стадион. И овој ден
беше прв на теренот и вежбаше пред сите да дојдат, некои
од неговите другари го смета за луд, но тој знаеше дека
нема скратен пат до успехот, мора да одиш скала по скала
бидејќи нема лифт до успехот. Тренингот заврши, тој се
истушира, ги стави своите омилени слушалки и се упати
кон дома. Да знаеше колку ќе му биде интересна таа ве-
чер! Беше петок. Во паркот на далеку му се причини како
да ја гледа фигурата на "неговата" Ева, која беше негова
само во неговите мисли. И имаше добар вид. Тоа беше таа.
Сама во паркот. Дали беше тоа случајност? Се доближуваа
еден кон друг и Лука довикна: - Ева. Таа го погледна. Се
доближија еден до друг и се гушнаа. Ја праша: - Што прави
млада дама како тебе сама во градскиот парк? А таа му
возврати: - Не сум сама. Гласно викна: - Бруно. Еден бел
лабрадор дотрча од далечината и скокна на Лука. Се бореа
бидејќи Лука обожуваше кучиња. Ева се насмеа и го врза
лабрадорот кој мафташе непрекинато со опашката. Ева
продолжи: Некогаш во животот убаво е да си сам и да си
ги разбистриш мислите. Лука ја погледна и одговори: - Да,
јас тоа го правам често. Ева го праша: - А ти каде одиш?
Лука и одговори дека само што завршил со тренингот.
Седнаа на една клупа. Имаше детско игралиште. Лука
ја праша: - Што мислиш зошто детето во нас по некое
време исчезнува? Се раѓаме невини, убави и мили, и сме

54
Таа

среќни како мали, не размислуваме на парите, славата,


само сакаме да бидеме среќни во моментот. Лука дофрли:
- Секогаш сакам да останам дете. Ева продолжи: - Но ете,
нѐ тераат да бидеме посериозни, да мислиме на некои
други работи, да не уживаме, забораваме и го губиме
детето во нас кое е чиста добрина. Неизвалкано. Лука и
кажа: - Немој никогаш да го изгубиш детево со себе. Така
секогаш ќе бидеш среќна. - Кога бевме деца, зборувавме
како деца, размислувавме како деца, бевме среќни како
деца. Кога станавме возрасни го отфрливме она што е
детско, тоа беше најголемата грешка што некогаш сме ја
направиле. Месечината беше во својот полн сјај. Лука ја
погледна Ева во очите. Имаше сјај во нејзините очи, но
не беа одсјај од месечината туку тоа беше сјај кој значеше
бакнеж. Сега или никогаш. Се доближија еден до друг.
Тоа беше момент за паметење. Бакнеж од милион долари.
Продолжија да зборуваат и се разделија кај Силбо. Двај-
цата купија од тој дебармаалски сендвич и силбо ѓеврек.
Јадеа и беа среќни. Барем за момент.

Случајност не постои. Сè се
случува со причина.

55
Дарко Кондев

27

И
од тој ден ништо не беше исто. Лука и Ева се
зближија многу. Се почесто се сретнуваа во
паркот. Иако изморени од тренинзите. Таа од
смечувањето во одбојката, а тој од своите фудбалски
потези и атрактивни голови, но секогаш наоѓаа време.
Барем на кратко да се видат и да си го раскажат животот.
И беше убаво. Навистина убаво. Лука повторно се
заљуби. И даваше повеќе отколку што треба. Бидејќи тој
едноставно беше таков. Се гледаа и во училиште, но само
како другари. Одеднаш таа исчезна, повеќе не доаѓаше
во паркот. Лука уште еднаш се разочара. Но судбината
повторно го предизвика. Кога најмногу се заљуби духот
пак исчезна и му рече да го бара повторно. Лука знаеше
како Ева е потпишана на таа веб страница и ги прочита
сите нејзини објави. Една гласеше: - Некогаш морате да ги
напуштите оние што ги сакате. Но тоа не значи дека не ги
сакате. Вашето срце гори за личноста што ја напуштате.
Знаете дека цел живот ќе мислите на неа. Но не, морате
да ја напуштите. За доброто на двајцата. А толку се
сакате. Размислувате и замислувате сѐ со неа. Иднината,
заедничките деца и сите убави работи во животот. Но ете
некогаш тоа е така. И така требало да биде. Го чуствувате
нивниот парфем. Ги затварате очите и како во магла ги
гледате сите заеднички случки. Милион. Толку кратко
време а толку спомени. И таа ненадејна средба. Да не се
сретневме немаше да чуствувам ништо сега. Со тебе секој
ден беше празник, бакнежи, прегратки и бевме навистина

56
Таа

насмеани, и знам дека и ти ќе паметиш. Сѐ. Барем некое


време. Но морам да одам. Ова ми е најтешката одлука во
животот. Ти благодарам што ме научи да сакам искрено.

Ако не дозволите на минатото да


умре, вашето минато нема да ви
дозволи да живеете.

57
Дарко Кондев

28

Л
ука беше тажен. Духот победи пак. Лука повторно
не го помина испитот. Повторно направи сѐ како
што треба но ете пак не помина. Беше скршен,
срцето сѐ повеќе и повеќе му се скаменуваше. Го отвори
учебникот по македонски јазик и прочита една поучна
приказна:
Некаде далеку еден стар дедо бил на лов со својот внук.
Дедото сакал да му пренесе повеќе знаење и мудрост на
внукот. Му раскажал една интересна приказна. Во секој
човек се одвива непрекината битка. Тоа е затоа што во нас
живеат два волка. Внукот зачудено го прашал: Како два
волка? Дедото одговорил: Едниот е лош. Тоа се стравот,
гневот, љубомората, лажната гордост, негативноста, алч-
носта, егото, самобендисаноста и вината. Но постои и
добар волк. Тоа се радоста, спокојот, љубовта, надежта,
ведрината, добрината, вистината. Внукот прашал: - И
кој волк победува? А дедото одговорил: - Тој што ќе го
храниш повеќе.

Секогаш биди волк, но оној


добриот.

58
Таа

29

Л
ука секогаш одбираше да биде тој мил, радосен
и добар Волк. Животот секогаш го тераше да
биде суров и лош , но тој секогаш го слушаше
срцето. Ако топкатa ја потопите во вода, таа ќе излезе
на површината, колку повеќе давате отпор и сакате да
ја удавите, таа со сета сила ќе излезе уште повисоко
од претходно. Дојде викенд. Сите другари на Лука
излегуваа по ноќните дискотеки. Но не тој. Тој тоа не го
сакаше, барем за сега. Сакаше да се одмори и да мисли на
животот. Другарите отидоа во Хавана а тој остана дома.
Размислувајќи прочита нов текст: - На кого мислите пред
да заспиете? Една другарка ми рече - мислите пред спиење
се најискрените мисли. Беше во право. Тоа е времето кога
мозокот го слуша срцето. Тогаш размислуваме на лично-
ста која ја сакаме и посакуваме. Јас оваа вечер повторно
мислам на него. Но нема да му кажам. Бидејќи многу
пати прерано сум ги открила моите искрени чуства и сум
била повредена. Овој пат нема да избрзам. Убав, паметен,
разговаравме понекогаш. Но овој пат ќе размислам едно
десет пати пред да се отворам, но колку повеќе мислам
толку повеќе чуствувам љубов кон него, колку повеќе го
гледам толку повеќе се заљубувам. На почетокот сакав да
верувам дека ништо не ми значи, себе си се лажев дека
не ми се допаѓа и претерував. Понекогаш бев ладна, но
што да правам бев млада, се однесував детски и знаев
што е љубов. Сепак сакав да го види мојот таен поглед
кој значеше - сакај ме засекогаш. Се запознавме пред

59
Дарко Кондев

да одиме на одмор. Заедно моето и неговото друштво.


Почнавме да зборуваме и дури времето беше кратко –
стигнавме брзо. Излеговме на ноќна забава. Таа вечер
имаше нешто во воздухот-магија. Отидов кон излезот а и
тој беше таму. На вратата беше нашиот прв бакнеж. Тие
неколку дена беа како бајка. Но се што е убаво кратко
трае. Си помислив дека е готово. Се сретнавме во некој
бар и кажавме дека ќе бидеме заедно. А и сѐ потоа, сите
денови со него беа преубави. Мислев на него дури и кога
целото мое семејство беше покрај мене, ми фалеше тој,
чуствував празнина иако сите кои ги сакам се до мене,
а и тој со неговите. Неговите беа дојдени од странство.
Отидоа на одмор. Се допишувавме секој ден. Дури сакав
пеш да тргнам за да го видам барем за момент. Но не си
верувавме, а се сакавме. Поради мои грешки таа ја изгуби
довербата. Но ете така требало да биде. Еден ден се јави
и ми кажа сакам да прекинеме и тоа се случи. Никогаш не
треба да ја форсираме љубовта. Но нашето беше наплив
на емоции, љубов како да се знаеме со години, а бевме
толку кратко. Некогаш се прашувам што ли ќе беше ако
не направев нешто или направев. Но знаете тоа е како
да сме на раскрсница. Колку пати во животот сме биле
на раскрсница? Не само за љубовта, за сѐ во животот.
Секогаш сте имале сомнежи. Никогаш не сте биле 100
проценти сигурни. Колку пати сте посакале некои работи
да не сте ги направиле, но немојте да се каете за ништо
во животот ако во тој момент ви било убаво. Дури и да
било грешка. Но моето беше катастрофална не требаше
да се разделиме никогаш. Секој ден се молам да стигне

60
Таа

нотификација на мојот телефон. Чекам повик од твојот


број кој го знам напамет. Засекогаш те сакам.

Ако се доближиме преблиску до


сонцето ќе изгориме. Така и со
Љубовта.

61
Дарко Кондев

30

С
ледното утро беше недела. Тој обожуваше да оди
на Водно. Понекогаш со неговите, а понекогаш
со другари. Но тоа утро реши да оди сам, бидејќи
сакаше да ги разбистри мислите. На половина пат застана
да одмори. На онаа клупа која има убав поглед кон нашето
Скопје. Тогаш помина една убава девојка. Зборуваше на
телефон и викна гласно: - Kапа не заборавај. Лука носеше
се и сешто во ранецот. Му текна во глава дека има една нова
капа која ја носеше. Таа седна до него за да одмори. Тој и
кажа здраво и и ја подаде капата. Таа зачудено го погледна
и го поздрави. Почнаа да зборуваат. Лука започна: - Што
прави девојка како тебе сама и ако не е тајна би сакал
да го знам твоето име.Таа се насмевна и рече: Се викам
Нина. - А зошто и ти си сам како мене? Лука одговори:
- Некогаш е подобро да сме сами, да уживаме во нашето
време поминато со самите себеси. Таа го погледна
зачудено. Му рече: - Ајде да тргнеме. Тргнаа кон врвот.
Зборуваа за многу работи по пат. Изгледаше дека духот
пак го пронајде Лука. Повторно се заљуби, може не
веднаш, но по некое време зборување и разговарање.
Таа живееше подалеку па се гледаа на Рекорд. Времето
поминуваше. Лука седеше на една клупа и ја чекаше. Го
зема телефонот и повторно прочита нов текст на сајтот.
Беше 20 јануари: - Како да се навикнете повторно да
бидете странец со некого што ги знае сите ваши тајни
мислења, секоја среќа, тага. Како? Како без тебе кој ми ја
допре душата? Дали е добро да се засака. Дали е тешко

62
Таа

да се преболи некого после сакање? Дали секој се плаши


кога ќе засака на помислата дека ќе ја изгуби? Што ли е
таа долго озборувана Љубов? Секој од нас се прашува. И
како рече една моја: - Ако има љубов никогаш повторно
не може да бидеме само другари, бидејќи ако со некого си
го видел рајот на земјата, не може да бидете само другари,
а ако сме тоа значи дека немало ни љубов. Љубовта е
сонце што нѐ грее целиот наш живот. Понекогаш се крие
зад облаците, но секогаш е со нас и е таму. Го осветлува
нашиот пат, сонце кое и дава сила на нашата душа. А пак
што би било ако би имало само сонце? Без бура и дождови.
Љубов не е само љубовта меѓу двајца партнери. Тој и таа.
Љубовта е насекаде. Само треба да застанеме за момент
за да може да ја забележиме. Љубовта е присутна меѓу
родителите и децата, прегратките кои ги споделуваме
за збогум, кажанато добро утро, прошетките со нив
во парк, купеното чоколадо кое нас нѐ прави среќни
и тажните моменти кои ги споделуваме со другите.
Љубовта е присутна меѓу нас и нашиот најдобар пријател,
моментите кои сме ги поминале среќно, излегувањата
и разговорите до касно, кажаните тајни, прегратките
и советите кои си ги даваме меѓу нас. Таа е насекаде, се
наоѓа тука некаде блиску до нас. Не ја барајте некаде
далеку бидејќи таа ви е пред носот. Но, пружената љубов
треба да се возврати нели? Се заљубуваме во некого и
мислиме дека ќе биде нашата друга половина од срцето.
Премногу ја сакаме и пружаме сѐ за и таа личност да нѐ
љуби. А што ако само ние го љубиме саканиот а тој не
нѐ љуби нас? Мораме да го преболиме. Секако тогаш
е мрачно и врне. Но не врне вечно. Ако некое дрво се
осветлува само со сонце тоа ќе се исуши. Но ако заврне и
дожд, тоа расте и неговите корени стануваат се посилни

63
Дарко Кондев

и посилни. Така е и со нас. Можеби сме среќни, можеби


ќе бидеме, а можеби ќе бидеме и скршени. Но кога ќе ни
биде скршено срцето, сетете се дека можете понатаму,
можеме посилно. Бидејќи по тој дожд нашите корени
се посилни, бидејќи по тој дожд доаѓа сонцето. Потоа
нашето цвеќе расте и никогаш нема да се исуши.

Лесно е да сакате некого кога


има сонце во животот, бидете
неговата месечина кога е темно
во неговиoт живот.

64
Таа

31

Н
ина дојде. Тие зборуваа. Како и секогаш се вос-
хитуваа еден на друг. Лука раскажуваше што
му се случувало на тренинзи. Таа раскажуваше за
деновите во училиште. Заедничкото време им беше убаво.
Си пишуваа на социјалните мрежи кога не беа заедно. Се
зближија. Интересно. Лука не се заљубуваше лесно но
кога ќе го направеше тоа беше навистина романтичен.
Правеше секакви изненадувања. Нина беше среќна, таа
не беше толку романтична , но го сакаше искрено, за неа
тоа беше доволно. По некое време пак тоа проклетство.
Се скараа и нивните патишта се разделија. Лука повторно
беше тажен и го отвори сајтот. Започнуваше со: - Љубов.
Збор полн со безброј полни емоции и чувства. За неа
сме спремни ѕвезди да симнеме од небото, да го ветиме
невозможното па, дури и да отидеме на крајот на светот,
бидејќи тоа е единственото чуство кое ги поврзува луѓето
едни со други. Љубовта нема граници, таа е религија која
е целосна и сите на оваа планета се нејзини верници.
Но за да откриеш вистинска љубов треба најпрво да
се заљубиш во она што е во тебе, да ја почувствуваш
својата љубов. Кога веќе сме кај себе си ќе го споделам
своето искуство. Таа е чувство кое нема приближност
со ниедно друго. Секој од нас, во животот поминуваме
низ низа од љубовни патеки. Биле тие вистински или
воделе во слепа насока. Така и јас. Во своите тинејџерски
години, за прв пат се заљубив. На 15 години. Тоа секако
не беше вистинска љубов. Тоа повеќе беше созревање и

65
Дарко Кондев

љубопитност, желба за истражување и интерес. Но тоа


ми е јасно сега. А тогаш? Тоа за мене беше вистинска
љубов. Бев толку многу заљубена што би рекле имав
насмевка од 6-ка до 6-ка. Се заљубив во постаро момче.
Возеше мотор. Тогаш бев во нов свет, немам никаква
слика во што влегувам, се препуштив и ги следев него-
вите постапки. Научив многу работи и позитивни но и
негативни. Беше лето а ние решивме да бидеме заедно.
Се гледавме секој ден и излегувавме секој ден. За прв пат
во животот почуствував дека има некој до мене, некој на
кој му значам повеќе од сѐ. Правеше да се чувствувам како
единственета на светот. Како да ми ги симнал сите ѕвезди
од небото само за мене, како сѐ да застануваше кога ќе
ме погледнеше. Бев толку среќна и се прашував дали
ова е љубов, а ако е нека биде вечна. Со текот на времето
искрите исчезнуваа, моите не, но неговите. Одеднаш
почувствував дека светот застана, времето навистина
застана, но со погрешен тајминг. Тоа чувство не ми беше
познато, а ако некако можам да ја опишам болката на
скршеното срце. Тоа беше начинот на кој што плачев, а по
неколку минутки целата моја постела беше како океан од
солзи. Мислев дека нема никогаш повторно да бидам
среќна, мислев толку беше од мојата љубов. Но како што
рекле времето лечи сѐ. Тоа ми го покажа вистинскиот
пат, беше моја ѕвезда водилка. И тоа ми помогна. Овој пат
се заљубив. Вистински. Се заљубив во самата себеси. Се
заљубив во самата себе си и знаев дека оваа љубов нема
да ме разочара. Научив да се носам со секоја случка, како
да верувам во подобро утре, научив да бидам задоволна
од себе, начив да си бидам приоритет и никогаш повеќе
не дозволив никој да ги сруши моите сништа. Научив
како да сакам. Љубовта не е само зборовите Те сакам.

66
Таа

Не е само кон спротивниот пол, туку кон сѐ во животот,


професијата, музиката, книгите, спортот. Постои љубов
која никогаш не престанува, која никој не може да ја
откине, токму затоа верувам во вистинска љубов. Таа
не се бара, вистинската љубов те сретнува на пола пат,
случајно. Додека шеташ во некој трговски центар и
размислуваш на сосема друго нешто. Додека се смееш.
Љубовта доаѓа тивко, на прсти од зад грб. И ти ги покрива
очите. И вели: - Јас дојдов. Јас постојам. Но ти си толку
окупирана со лажната љубов, со социјалните мрежи и
глупави истражувања на неа, лажната љубов ме поттисна,
но јас сум секогаш тука и чекам на тебе.

Ако љубовта е искрена секогаш


наоѓа пат.

67
Дарко Кондев

32

Т
аа недела беше една од поважните за него. На спорт-
ски план. Играа финале во пионерска лига. Имаше
голем притисок. Се играа два натпревара во два дена.
Тој уште пред да тргне на полуфиналето зборуваше со
татко му. Сине секој има своја филозофија на животот. А
јас ја знам твојата. Оди и дај го максимумот како секогаш.
Лука излезе од дома со насмевка на лицето. Отиде на
тој долгоочекуван натпревар. Полуфиналето победија
со 3:1. Лука даде два гола. Следниот ден се играше тоа
финале. Секогаш на крајот едната екипа се радуваше, а
другата тагуваше и плачеше. Лука никогаш не сакаше да
се откаже. Натпреварот беше многу интересен. Многу
пропуштени шанси. Беше петата минута од судиското
продолжение. Корнер за екипата на Лука. Едно добро
нафрлање, а тој беше многу добар во ударите со глава.
Но тој пат топката не го посака. Ја промаши топката и
таа се одби во нозете на еден противнички играч, другата
екипа повлече контранапад и постигнаа гол. Имаше уште
неколку секунди. Радоста на другиот тим прерасна во
големо славје. Судијата свиреше крај. За Лука тоа беше
најтажниот ден во неговиот живот. Првото финале
во животот, а тој го изгуби. Не можеше да се соземе.
Солзите сами капеа, беше навистина тажен. Соиграчите
го тешеа но тој не можеше да ги погледне во лице. Се
чувствуваше виновен. Тогаш голманот кој потоа му стана
добар пријател низ целиот живот му пријде. Го гушна и
му рече ова е екипен спорт кога екипата победува сите

68
Таа

сме заедно, се радуваме, но кога ќе изгубиме како денес


сите сме виновни, ако мислиш ти дека си виновен сам
за поразов оди играј тенис. Лука го погледна и го гушна.
Го прогласија за најдобар играч на турнирот но тоа го
прифати со солзи на очите. Тој ден си вети дека ниту ед-
наш повторно во животот нема да изгуби финале. Така и
се случи. Следните неколку години играше пет финалиња
и победи во сите пет. Во кадетска лига две години по ред
и 2 години по ред младинската лига. Знаеше дека никогаш
повторно нема да дозволи да се чуствува како тоа финале
во пионерска. Кога изгуби. Но губитник не е оној кој
изгубил, туку оној кој се откажал. Вежбаше секогаш и
секоја капка пот од вежбањето се исплатеше на крај. Му
следуваше блескава кариера. Веруваше во тоа. Барем
фудбалот не го разочара никогаш како што љубовта го
направи тоа.

Победник е губитникот кој пробал


уште еднаш и не се откажал. Така
е и во љубовта.

69
Дарко Кондев

33

С
и дојде дома. Мајка му го гушна. Отиде во соба
и беше тажен. Ја фрли таа сребрена медалја и не
сакаше ништо друго. Лежеше и гледаше во една
точка. Го отвори компјутерот и почна да чита на таа веб
страна: - Eден ден ќе се присетите на сите работи кои ве
направиле тоа што сте денес. Такви какви што сте денес.
Зрели. Искусни. Силни. Паметни. Сите грешки што сте
ги направиле се ваши лекции. Можеби така требало да
биде. Ако не сте биле така тажни, повредени, нервозни
нема да станете тоа што сме денес. Нашите ни велат
сине учи од туѓите грешки. Но ние сме тврдоглави и
додека не осетиме на наша кожа, додека самите не се
изгориме, не веруваме во нивните зборови. А замислите
колку време ќе заштедите ако ги согледате грешките на
другите, но ете ние сме тоа што сме. Луѓе. Сите напорни
денови. Нервози, неуспешност, грешки, грешки и уште
повеќе грешки. И самиот збор НЕУСПЕХ се состои
од два дела - не и успех. Со напорната работа, со потта,
солзите и трпеливоста првиот дел исчезнува. И останува
УСПЕХОТ. Да не сме ја почустувале најладната зима
тогаш не би знаеле како ни е убаво во топлото лето. Ако
не сме плачеле не би ја ценеле насмевката која искрено ја
чувствуваме и ако не сме биле повредени никогаш нема
да цениме тоа што сме знаеле да сакаме. Толку многу
луѓе се изгубени. Не верувале во себе и затоа се каат цел
живот. Животот им давал безброј шанси – духот ги терал
да го положат испитот но не тие некогаш не доаѓале,

70
Таа

секогаш мислеле дека не се подготвени, некогаш не


носеле пенкало, но најлошото е тоа што не си верувале на
самите себеси. Замислите толку милјарди луѓе на светот,
а секој има различен отпечаток на прст. Различни мисли.
Верувања. Различна смисла за животот. И ти имаш своја.
Искористи ја. И биди среќен кога ќе им раскажуваш на
своите деца.

Секогаш верувај во себе, бидејќи


ти си тој што цел живот ќе го
помине со самиот себе.

71
Дарко Кондев

34

С
ледниот ден му беше полесно. Но беше тажен.
Како и секогаш кога ќе изгубите нешто што сте
го сакале премногу. Се разбуди. Отиде во бањата
и влезе во туш кабината. Ја сврте чешмата кон најладната
вода и се тушираше долго време. Не размислуваше за
ништо друго освен за како ладната вода му го допира
телото. По некое време излезе. Посреќен. Барем за малку.
Му стигна нотификација од страницата: - Зошто животот
е толку? Понекогаш мислиме дека имаме сѐ, кога во еден
момент тоа не значи ништо, исчезнува, некогаш сме на
дното на чашата и се чувствуваме изморени, тешки,
не може да испливаме нагоре, а некогаш пловиме на
површината лесни и ништо не може да не запре. Можеби
тоа е моментално, се чувствуваме полни со себе. Но кога
животот ќе ни удри шлаканица, удираме на подот како
во боксерски ринг. Но секогаш имаме две опции. Да
останеме долу и да плачеме или да станеме и со сите сили
да победиме. Да се чуствуваме задоволни од себе си.

Падни седум пати стани осум


- стара јапонска изрека.

72
Таа

35

К
олку случајности? Дали верувате во случајност?
Што е тоа? Шансите да се случи нешто што го
замислувате е еден на бесконечност. Скоро никаква.
Но ете, сепак е возможна. Се случува. Ќе помислите
на некоја личност и по некое време ќе ја видите. Ќе
помислите на нешто и ќе ви се појави пред очи за многу
краток временски период. Ова сте го почуствувале
сигурно еднаш во животот. Многу чудно. Сигурно сте
размислувале. Случајно. Од каде доаѓаат тие мисли во
нашите глави? Кој ги праќа? Одеднаш бум ви текнува на
нешто или на некого во момент. Што не ни би очекувале
никогаш да се случи. Многу чудно за ваков свет. Многу.
Колку пати се имате запрашано како сум овде во овој
момент? Среќен, тажен, насмеан, намуртен не е важно,
сепак сум човек. Па нели сите сме исти? Но во суштина
сите сакаме едно нешто. Да бидеме среќни.

73
Дарко Кондев

36

С
екој ден му беше полесно. Како велат, животот
продолжува. Се врати посилен од порано.
Училиштето не го забораваше, секогаш беше
примерен па и таа година заврши одличен. Тренираше
како секогаш. Тоа не му излегуваше од глава, но еден
ден во градскиот парк забележа седум-осум парови кои
смешкаjќи шетаа во таа пролетна мајска вечер. Се замисли
бидејќи тој најчесто е осамен. Отиде кон својот дом.
Стигна и веќе сите беа во своите соби. Влезе во неговата
и почна да чита, таа веб страна му беше излез од неговиот
свет и така мислеше дека ќе дознае сè за девојките.
Имаше еден текст: - Дали некогаш поради некого сте се
промениле? Одговорот е повеќе од јасен. Дали мислите
дека тоа е љубов? Љубовта е најчистото нешто во универ-
зумот, најубавото нешто, кој ја почуствувал, открил
и зошто сме овде на оваа чудна планета. Според една
старогрчка приказна на почетокот луѓето имале 4 раце 4
нозе, две срца, две души споени во едно тело. Но луѓето
ги изнервирале боговите, па боговите ги казниле со тоа
што ги разделиле луѓето и им дале една цел во животот,
да го поминат барајќи ја својата друга половина. Некои
луѓе ја пронаоѓаат, некои ја пропуштаат. Но личноста која
што е за вас ќе дојде во вистинскиот момент. Но ветете
ми нешто, немојте да ја пропуштите, бидејќи човекот
највеќе се кае за пропуштените шанси во животот. Кога
лежите заедно срцата ви чукаат синхронизирано, заедно,
смирено, бавно и убаво. Ќе ја погледнете и чувствувате

74
Таа

како да се гледате себеси. И бидете благодарни. Бидејќи


животот е навистина прекрасен. А љубовта? Посакувам
секој од вас да ја почуствува.

Секогаш остануваат вербата,


надежта и љубовта, но од нив
трите, љубовта е најголема.

75
Дарко Кондев

37

С
ледното утро се разбуди рано и како секогаш
излезе на утринско трчање. Си размислуваше
за животот трчајќи, што значи љубовта. Заврши
со 10 километри кои му беа зацртани во главата тој ден.
Му стигна нова нотификација од страната: - Една мајка
и ќерка биле заедно. Ќерката била тажна и намуртена.
Мајката ја прашала што се случува, а ќерката не сакала
да и одговори. По неколку минути мајката го поставила
истото прашање, а тогаш ќерката и одговорила дека
раскинала со момчето. Таа го сакала и мислела дека е
љубов, а тој не и обрнувал внимание, не бил секогаш со
неа, понекогаш исчезнувал и таа го гледала на неговиот
мотор со други девојки, но чувствувала страст кога ќе
го видела. Можеби тој ја сакал, но можеби не, таа не
знаела. Тогаш мајката и кажала дека ќе одат на прошетка.
Влегле во кола и отишле далеку од градот на една ливада
која била исполнета со ружи во црвена боја. Преубава
глетка. Тогаш мајката и рекла: Ајде да прошетаме низ
ливадава и ти ќе разбереш што значи страст, што љубов
а што сакање. Почнале да чекорат. Мајката и рекла: Ние
чекориме низ оваа бесконечно поле со ружи и одеднаш
твоите очи се привлечени од една ружа. Сите ружи се
исти на ливада, но ти не можеш да ги тргнеш очите само
од таа ружа. Се наведнуваш над тој цвет, ги допираш
неговите ливчиња, очите ти го пијат телото, блиску си
до него и се чуствуваш прекрасно. Сакаш тоа да биде

76
Таа

твое и единствено засекогаш. Мајката се наведнала и


го искинала тоа убаво цвеќе и продолжила: - Ја пушташ
раката и го откинуваш. Да го чуваш за себе без да сфатиш
дека така го убиваш на тој начин. Потоа продолжуваш по
тој твој пат насмеан задоволен... Се додека ружата овене
и го изгуби сјајот што го имала порано и ти го фрлаш и
започнуваш да бараш друг. Ова е страст. Мајката ја фрлила
ружата и продолжила: - Повторно шетаме во ова поле, се
восхитуваш и уживаш во неговата убавина. И повторно
погледот ти застанува на една посебна ружа. Се чини
дека е различен од останатите. Изгледа како да зборува и
со срцето те милува. Се наведнуваш над неа, внимателно
ја гледаш само таа ружа. Не се осмелуваш да го допреш за
да не го повредиш. Го гледаш, го гледаш , сакаш времето
да запре, да остане тука засекогаш. Не сакаш ништо да ве
раздели. Би умрел, само за да бидеш со него засекогаш...
Но одеднаш дува ветар и ти носи волшебна арома од друг
цвет. За момент ја забораваш својата ружа и тргнуваш да
откриете од каде потекнува овој мирис. Ружата останува
во твоето срце, ја чуствуваш болката кога размислуваш за
неа, но ... ете тоа е. Ова е љубов. Ќерката зачудена прашала -
а тогаш што е сакање? Продолжуваш да шеташ низ полето.
Погледот ти танцува со ветрот. Одеднаш го здогледуваш.
Цветот-ружата која се чини дека е создадена за тебе. Се
чини како да сте создадени за вашата средба. Седиш во
негова близина. Не можеш да ги тргнеш очите од него.
Знаеш дека конечно го најде своето место. Се најдовте.
Оваа ружа станува смислата за твоето постоење. Грижата
за него станува твоја мисија. Вие правите се што можете

77
Дарко Кондев

за да се заштитите и да му го продолжиш животот. И


останувате таму заедно засекогаш. Тоа е сакање.

Ружата треба да се полева со


вода, да и се зборува и милува за
да трае. Така и љубовта.

78
Таа

38

Г
о прочита текстот и го затвори телефонот. Се насмеа
и влезе во станот. Си помисли: - Никогаш не знаеме
што не чека во животот. Едноставно ние сме риби
во една голема река. Некои се мали рипчиња а некои
поголеми. Но тоа не е важно бидејќи сите се движат
по течението на реката, но оние најупорните одат во
спротивен правец за да дознаат нешто што другите не
сакаат ни да го помислат. Смислата на животот, неговиот
извор. Некои од рибите се откажуваат на пола пат , некои
ги дели само милиметри до целта и се откажуваат , но
некои во главата се толку упорни што стигнуваат на целта
и го пронаоѓаат мирот. Јадеше и излезе. Отиде на кафе во
познатото кафуле Излет во центарот. Седна со другарите
и покрај нив помина една убава девојка. Тој се зачуди
и ги праша другарите како се вика. Тие му одговорија
дека се вика Мила и учи во гимназијата Никола Карев.
Тој ја заследи на Инстаграм и чекаше нејзин одговор.
Денешното запознавање на тој начин е сѐ почесто. Објави
слика од него на својот инстаграм профил. Пристигнуваа
коментари и лајкчиња што би рекле денешните млади, но
него не го интересираше бројот бараше една дали ја има
приметено сликата, можеби ќе се сретнат и патиштата ќе
им се спојат тој ден, барем така веруваше. Мила помина
повторно и се погледна со Лука. Ништо не се случи. Но
тој навистина сакаше да се запознаат. Доаѓаше викенд.
И како и вообичаено Лука имаше натпревар. Овој пат на
фудбалскиот терен во Аеродром. Беше сабота. Судијата

79
Дарко Кондев

огласи почеток на мечот, натпреварот беше интересен


и во судиското продолжение од првото полувреме Лука
ја затресе противничката мрежа со глава. Полувремето
заврши. Одеше кон соблекувалната, ја крена главата и
погледна кон публиката. И замислете што се случи. Колку
е веројатноста на овој настан. Ја погледна нејзе. Мила.
Беше на трибините. И таа го погледна, Лука се насмевна
и потрча кон соблекувалните. И второто полувреме го
играше во свој стил. Постигна уште еден гол и тоа веќе
беше знак дека ќе победат на натпреварот. По деведесетата
минута судијата означи крај. Тој не размислуваше многу,
истрча кон публиката за да ја поздрави Мила. Во себе
собираше храброст што ќе и каже. Трчаше со насмевка
на лицето. Стигна на трибината и погледна. Но таа не
беше таму. Сигурно си заминала. Се изненади и тргна
кон соблекувалната. Сите го чекаа. Тренерот даде пофал-
ни зборови за целата екипа и особено за Лука. Сите се
израдуваа и прославија за таа тешка победа. Но Лука
беше замислен за нешто друго. За таа една. Мила. Се
прашуваше зошто таа не го догледа мечот. Се облече
и излезе. Размисли и сакаше да оди пеш од Аеродром
до дома. Го практикуваше тоа. Прошета покрај реката
Вардар. Низ убавиот кеј. И како секогаш животот ни
го дава она што вистински го посакуваме. Одеше и на
далеку забележа една женска фигура. Не му се веруваше.
Мислеше дека си замислува. Тоа е само плод на неговата
фантазија. Но не. Тоа беше Мила и трчаше. Иако таа не
беше некој професионален спортист сакаше да спортува.
Лука ја погледна. И собра храброст да и каже здраво. А и
таа добро знаеше кој е тој. Се поздравија. Лука не можеше
да верува како животот е полн со изненадување. Ја праша:

80
Таа

- Зошто дојде денес да гледаш? А таа му одговори: - Мојот


брат е голем фан на твојата игра, но е малечок да оди сам
па морав да го чувам. Лука повторно се изненади, но
само во себе, се насмевна и рече: - Прашај го кога сака да
ме запознае и да го израдувам со еден мој дрес. Мила се
заблагодари за понудата и рече дека кога ќе биде слободен
ќе му пише. Се поздравија и секој тргна на спротивна
страна. Но планетата Земја е тркалезна па ако тргнеш
во спротивна насока сигурно некогаш во животот
повторно ќе се сретнете. Таа вечер и таа го заследи на
социјалните мрежи. Тој и пиша: - Здраво со едно смајли.
Таа му возврати и цела ноќ разговараа. Недела беше ден
за одмор. Како што велеше библијата. Но не и за Лука.
Тој секогаш слободното време го употребуваше за да
искористи да научи нешто ново и различно, сакаше да
биде најдобар и знаеше дека сѐ ќе се исплати. Но љубовта
беше таа која што го копкаше, секој момент, кога не беше
мислел на неа му беше супер, но го копкаше тоа што се
прашуваше себеси дали ќе ја запознае вистинската? Или
нема да се сретне, или веќе ја сретнал и ја разочарал или
можеби не постои такво нешто. Многу прашања но без
одговор. И повторно си помисли на фудбалот, на топката.
Секогаш наоѓаше спас во таа топка. Колку проста а колку
сложена. Направена од вештачка кожа, малку пластика
и исполнета со воздух, тркалезна едноставна, но колку
живот има во тој предмет во вид на топка. Лука беше
свесен и ја сакаше премногу. Бидејќи кога ја имаше во
нозе се чуствуваше смирено и исполнето. Веруваше дека
така ќе биде кога ќе ја запознае онаа вистинската.

81
Дарко Кондев

39

С
ледното утро стана и прочита нов пост на
страницата: - Животот е преубав, навистина
преубав. Секое утро кога ќе се разбудам
чуствувам нешто. Можеби некогаш сме тажни, некогаш
среќни, некогаш ни треба многу време да станеме од
креветот. Тој ден имаме обврски а креветот ни вели
врати се и гушни ме уште 5 минути. Е замислете тоа да го
рече онаа вашата права љубов. Тогаш би останале нели,
но сега морате да станете и да постигнете нешто тој ден,
дури само ако тоа значи дека ќе си го наместите креветот,
а можеби ќе направите и нешто поголемо тој ден, ама
ве замолувам не бидете тажни, бидејќи тоа е навистина
лошо чувство. Секој од нас го има почувствувано еднаш
во животот и се надевам дека ќе го осознаете кога
следниот пат ќе се сретнете со него. Насмејте се бидејќи
не знаете што е точно, а што грешно, што е исправно а
што е расипано. Сите изгледаат среќни на социјалните
мрежи, но запрашајте се колку навистина се среќни
во вистинскиот живот. Дури и расипаниот часовник
покажува точно време два пати во денот

82
Таа

40

И
злезе од станот, и прошета низ Дебар Маало и
отиде до Флуфи на Боемска. Не јадеше благо чес-
то, но белиот крем го обожуваше. Влезе и доживеа
уште еден шок. Пред да го нарача своето омилено, мали
палачинчиња со бел крем и плазма, се заледи. На касата
беше Мила. Иако зборуваа, таа му немаше спомнато
дека работи таму. Го праша: - Повелете млад господине
што сакате? Лука беше навистина се замрзнал, во себе
повторуваше илјада пати бел крем и плазма, бел крем и
плазма, но како вилицата и јазикот да не беа негови, не
мрдаа. Таа го праша: - Ќе нарачаш или дојде да ме гле-
даш? Лука се созема и врати: - Едни мини палачинки со
бел крем и плазма. Седна на масите надвор. По неколку
минути дојде Мила и му го даде хартиеното чинивче со
преубавите флуфи палачинки со тој бел крем и плазма.
Тој ден немаше многу гужва. Мирисот на тие палачинки
беше предобар, се задлабочи во нив и не забележа дека
Мила му се приближува. Таа го праша: - Kако е? Лука
не можеше да одговори, бидејќи во тој момент зема
поголемо залче и се накапа на устата. Се засрами. Таа со
малку потсмев го праша: - Нели спортист како тебе не
треба да јаде вакви нездрави работи? Лука и одговори:
- Понекогаш и ние самите излегуваме од обичниот живот
што го водиме. Денес ми е таков денот. Лука сакаше да
ја праша што прави подоцна, по работата, но дојде
една група на девојчиња кои сакаа да нарачаат. Мила
мораше да оди на каса. Лука по неколку минути собра

83
Дарко Кондев

храброст и ја праша: - Што ќе правиш после работава?


Таа му одговори: - Можно е да сум слободна, а ти? Лука и
одговори: - Па би сакал да се возиме со велосипеди, ако си
за. Мила потврдно му се насмевна. Имаше уште неколку
часа од работата. Лука отиде дома, додека ја чекаше
прочита нов текст: Замислете дека сте некаде далеку на
планина, одмарате, си го бистрите умот неколку дена. Не
брзате никаде, сѐ е убаво смирено, навистина смирено.
Седнувате на тераса, го вдишувате планинскиот воздух и
ако знаете да уживате во моментите како овој, тогаш вие
сте навистина среќна личност. Срамежливите сончеви
зраци го милуваат вашиот образ, а вие размислувате,
размислувате и размислувате. Навистина убаво. Сонцето
заоѓаше, а на Лука му заѕвони телефонот. Тоа беше
Мила. Јас завршив, за 15 минути се чекаме во Градски.
Лука набрзина се облече, со стил како секогаш, отиде во
подрум и го зема својот велосипед. Тргна кон градскиот
парк. На пола пат му падна ланецот од велосипедот,
додека го намести ги извалка рацете со масло. Кога
пристигна во паркот, ја здогледа и таа возеше кон него,
застана и се симна. Мила сакаше да се поздрават, но кога
ги виде рацете на Лука - беа доста црни, се насмеа и му
кажа: - Ајде да одиме да измиеме раце. Лука се засрами,
но ја прифати понудата. Отидоа до тенискиот клуб кој
беше во близина, ги изми рацете и излегоа, се симнаа на
кејот на Вардар и почнаа да возат. Зборуваа долго и на
многу теми. Додека зборуваа не забележаа дека стигнале
скоро до крајот на кејот во близина на Влае. Мила беше
гладна, а и Лука сакаше да јаде нешто. Не знаеа каде да
одат, но во близина – Во Хром беа најдобрите крофни во
Градот, па можеби и пошироко. Се симнаа по скаличките.
Во понудата имаше крофни со една две или три лажички

84
Таа

од македонскиот еурокрем. Една лажичка беше премалку,


а три беа премногу, оптимално и скоро совршено беа
крофните со две лажички. Нараача две, ги земаа и седнаа
во паркот во Влае. Мила проба и беше воодушевена
колку беше вкусно. Лука ја изеде брзо. Веќе се стемни,
тргна кон центарот преку Партизанска, бидејќи покрај
кејот беше темно. Мила живееше близу Соборна. Лука
ја испрати до нејзината зграда, ја гушна и таа тргна кон
влезот. Лука се затрча за да ја гушне уште еднаш и се
случи уште нешто. Бакнеж. Неочекуван но навистина
преубав. Се насмеа и Мила влезе во зградата. Лука стигна
дома за кратко и беше весел. Мајка му го примети и го
праша:- Што е сине? Зошто си волку среќен? Лука се
засрами и направи сериозна мимика на лицето. Мајка му
продолжи: - Не ја криј насмевката, убаво е да си вљубен.
Лука влезе во својата соба и си спомна на себе си дека ова
беше убав ден. Пред да заспие му стигна порака: - Утре
сум слободна од работа, дали би сакал да правиме нешто?
Лука одговори: - Ќе смислам нешто. Заспа многу брзо
бидејќи беше многу уморен.

Земете длабок здив и едноставно


уживајте во вашиот живот.

85
Дарко Кондев

41

С
ледното утро се разбуди и помисли на Мила
и заѕвони и таа за 8 секунди му одговори.Тој и
предложи: - Дали би сакала да одиме на Кањон
Матка. Мила ја обожуваше природата, не и требаше
многу да размисли. Одговори потврдно и ја прифати
понудата. За еден час се чекаа кај Соборна, се поздравија
и застанаа на автобуската постојка, чекаа број 60 - која
води до Матка. Се качија во автобусот за кратко. По
половина час стигна на последната постојка, неколку
минутно одење и стигнаа до кањонот. Мила кажа: - На-
вистина убав пејзаж. - Навистина преубаво- возврати
Лука. Прошетаа по пешачката патека и стигнаа до една
клупа, но за жал беше зафатена. На враќање од патеката на
Лука му текна идеа. На почетокот на Кањонот можеше да
се изнајми педалинка или кајак. Мила беше пресреќна и
бидејќи кајакот беше двосед, го одбраа тој за 30 минутно
веслање. Го оставија нејзиното розево ранче. Се качија на
кајакот. Прво Лука на задниот дел, па Мила на предниот
дел од кајакот. На почетокот веслаа несигурно, имаа мал
страв, но по неколку минути научија. Кога поминуваа
бродчиња кои возеа до пештерата, правеа бранови, па
Лука и Мила на шега ја запееја "Лихнида кајче веслаше".
Мила го зема телефонот и не престана да слика и снима.
Направи милион фотки. Лука веслаше иако имаше
тренинг за неколку часа, беше пресреќен. 30-те минути
поминаа и тие се вратија на пристаништето. Стапнаа на
тврда подлога. Платија за кајакот и тргна да си одат. На

86
Таа

одење си купија по еден свежо исцеден сок од портокал.


Тргнаа кон Скопје. Се разделија. Лука стигна дома,
набрзина јадеше, се подготви и тргна на тренинг. Таму,
како секогаш даваше максимум, но овој пат леташе иако
беше преуморен.

Најискрените разговори се водат


на тивките клупи во парковите, а
не во гласните дискотеки.

87
Дарко Кондев

42

З
аврши со тренингот и остана дополнително да
тренира, шутна уште сто шута па си тргна кон дома.
На телефонот му имаше стигнато нотификација од
страницата со нов пост: - Во некое далечно село, на пол-
јана одмарале еден овчар и неговиот син. Синот секогаш
жалел за тоа што немал време за ништо. А таткото бил
среќен. Тој ден таткото му рекол на синот: - Зошто
секогаш си тажен синко? Синот на тоа одговорил: - Тато
јас сакам да имам милиони евра. Овчарот го погледнал и
му рекол: - Што би направил ако постои банка која секој
ден ќе ти уплаќа по 86 400 евра секое утро? Но синко за
да ги добиеш овие пари постојат само две правила. Прво,
сѐ што не си потрошил тој ден банката ти го зема навечер.
Не смееш да ги префрлаш парите на некоја друга сметка
и мора сите да ги потрошиш истиот ден. Второ, банката
може да ја прекине „играта” без никакво предупредување.
Овие пари можеш да ги трошиш на што сакаш. Да
патуваш, да купуваш подароци за себе и за пријателите.
Секој цент ќе го потрошиш на твои задоволства, не
мислејќи на утре, затоа што знаеш дека и следниот ден
ќе имаш богатство. Синот го запрашал Овчарот: - Каде
постои ваква банка? Овчарот одговорил: - Оваа банка
ја имаме сите ние на располаѓање. Секое утро кога се
будиме пред нас имаме кредит од 86 400 секунди живот
се до вечерта. Сѐ што не сме направиле тој ден загубено
е. Претходниот ден е засекогаш минато. Затоа, секое утро
е нова шанса за живот. Но не заборавај дека оваа банка

88
Таа

може да го прекине договорот во било кој момент. Затоа


не ги губи твоите секунди од животот и уживај во секоја
од нив... Токму како што тоа би го направил со парите.

Искористете го времето, и кога


ќе дојдете на крајот на патот од
вашиот живот бидете среќни за
работите што сте ги направиле.

89
Дарко Кондев

43

М
у беше преубаво. Убаво и во врската со Мила,
но нели сѐ е розево, додека вистински не се
запознаете, и не брзајте никогаш, видете ги
работите во љубовта од сите страни, не само од онаа
љубовната. Беше навистина убаво. Сите излегувања, збо-
рувања, но едноставно не беа еден за друг, таа направи
грешка која скапо се плаќа. Другар на Лука му се јави
касно во ноќта. Беше сабота навечер, а Скопје беше
познато, по ноќниот живот и излегувањата по скопските
дискотеки. Лука не излегуваше. Таа вечер Мила беше
излезена. Другарот му кажа на Лука: - Да знаеш, твојава
се матка тука со еден. Лука беше нервозен. По неколку
минути имаше нов повик од другарот: - Лука, сега излегоа
заедно. Лука се разочара, не веруваше и заѕвони, а таа не
му одговори на повикот. Му пиша порака во диско сум
премногу е гласно, со другарките сум. Лука и напиша
порака: - Не ме барај повеќе и убав помин со тоа момче.
Беше тажен, навистина тажен, отвори на сајтот и во
тој момент му се појави нов пост: - Некогаш тргнувате
со помислата дека личноста со која се гледате ќе биде
тука секогаш. Едноставно се заслепувате, не гледате
многу работи, но љубовта е онаа која го прави светот
розев, но таа е како филм , понекогаш краток, а некогаш
долгометражен , понекогаш во повеќе делови, но секогаш
има крај, а кога ќе исчезне? Светот станува само бледило,
црно сиво бледило. На почеток започнувате. Личноста со
која сте ви станува сѐ поинтересна и поинтересна. Вие

90
Таа

паѓате во длабочината на љубовта, паѓате на малите нешта


со кои ве освојува, со смеењето заедно, со зборувањето,
изгледот и допирот на дланките, со усните, со насмевката,
со прекрасните очи, со долгите и длабоки разговори,
со музиката која ја споделувате заедно, со уметноста.
Ве освоила кога одите по улиците заедно, со парфемот
кој секогаш потсетува на неа. Со моментите заедно, со
кафето кое го пиете заедно, со нејзиниот омилен дуксер
од вашиот шкаф, со филмовите кои заедно ги гледате,
со нејзината омилена храна, со нејзината фамилија, сѐ
повеќе и повеќе се вљубувате и паѓате во љубов. Но еден
ден заминува. Веќе замина. Вие се распаѓате, се кршите
како огледало на илјадници ситни парчиња. Сега сте
потполно сами и празни, но имате сеќавања, кои секој ден
ги обновувате во вашата меморија. На крај останувате
вие сами со сѐ што онаа личност ви го има дадено. И
сеќавањата. Бидејќи тие траат вечно и ќе ве прогонуваат
засекогаш.

Момент - мала секвенца од


вашиот живот, но може да биде и
најважна за вас.

91
Дарко Кондев

44

Т
аа вечер сестра му влезе во собата и го виде тажен.
Тој не и кажа ништо и ја гушна. Му фалеше блискост.
Сестра му секогаш беше тука за него, му беше како
ангел чувар. Го водеше му даваше совети, Лука беше
пресреќен што има таква сестра. Таа беше постара и
секогаш беше тука за него во кое било време. Имаше и
една анегдота од времето кога Лука требало да се роди.
Неговата сестра била во градинка и се заљубила во едно
момче по име Лука. Кога нејзиниот брат се родил роди-
тели ја прашале како ќе се вика? И тогаш таа одговорила
Лука. Така Лука го добил своето име. Сестра е благослов
од Господ. Пријател кој никогаш нема да ве разочара е
секогаш ќе биде покрај вас. Лука беше среќен што има
сестра. Таа му беше како втора мајка, многу работи кои
му беа незгодно да ја праша мајка му, ја прашуваше сестра
му, а таа секогаш имаше добар совет и одговор.

Да имате сестра е исто како да


имате најдобар другар, но не
можете да се тргнете од неа,
без разлика на сè таа секогаш ќе
биде тука за вас.

92
Таа

45

Ф
удбалската сезона беш при крај. Фајнл-фор
турнирот се играше во Скопје како и минатата
година. Тоа значи најдобрите четири екипи од
сезоната играат за титулата. Лука знаеше дека овој пат
нема да ја изгуби како минатата година, нели сепак си
вети. Нема никогаш повеќе да изгуби финале. Во полу-
финале треба да се сретнат со екипа од Струга. Тој меч
беше за две недели. Лука беше спремен, како никогаш до
сега, тренираше и тренираше. Атмосферата во екипата
беше одлична. Тој беше задоволен, но не и среќен. Веќе
се откажа од љубовта, кажа дека повеќе никогаш нема
да се заљуби. Но тоа сега не беше важно. Тие две недели
брзо поминаа, и завршниот турнир се играше следниот
ден - сабота. Беше петок, доцна во ноќта околу 2-3 часот
по полноќ. Лука беше превозбуден и не можеше да
заспие. Размислуваше премногу. Што ќе се случи, дали ќе
изигра, дали ќе победат. Беше многу вознемирен. Заспа
и сонуваше како промашува и другата екипа го крева
пехарот и ја освојува титулата - шампион на Македонија.
Се разбуди и беше среќен што тоа не беше реалност. Ги
затвори очите и продолжи да спие.

Немојте да мислите премногу


за работите што би се случиле.
Нема да направите ништо добро,
освен да создадете проблеми.
93
Дарко Кондев

46

Д
ојде и таа сабота. Стана, беше подготвен уште од
вечерта. Доручкуваше, се поздрави со мајка му и
татко му и тргна кон стадионот. Носеше слушалки
по пат и ги слушаше своите омилени песни. Дојде и стапна
на тревата, на стадионот имаше мирис на свежо искосена
трева. Влезе во соблекувалната, се поздрави со играчите.
Полека се подготвуваа за натпреварот. Излегоа на терен
и се загреваа. Публика имаше сѐ повеќе и повеќе. Лука
ниту еднаш не погледна во публиката. Дали се исплаши
и не сакаше да види некого во публиката. Натпреварот
започна. Во 11-тата минута со добра асистенција од еден
од соиграчите Лука ја затресе противничката мрежа.
Додека се поздравуваа со соиграчите за постигнатиот
гол, погледна кон публиката. Ја виде нејзе. Мила. И му
се навратија сликите. Заборави на мечот. Од тој момент
се тргна кон надолна линија за Лука. Промаши четири
чисти шанси за погодок, сам со голманот во контра
го промаши целиот гол. Направи и неколку грешни
додавања и дури на едно лошо додавање, противничката
екипа постигна гол. Судијата со силен свиреж означи крај
на првото полувреме. Тренерот беше многу нервозен,го
тргна на страна и го праша Лука: - Што ти е, играш во
многу лошо светло, непрепознатлив си, врати се во игра,
само уживај во неа. Второто полувреме започна. Лука
играше исто. Катастрофално. Во седумдесетата минута
беше и заменет. Беше многу нервозен, многу ретко беше

94
Таа

заменуван во играта, дури и заборави како е да се седи на


клупа. А тренерот да го извади? И тоа на ваков важен меч?
Но тоа беа само изговори, тој беше нервозен на самиот
себеси. Беше тотално исклучен од играта. Натпреварот
беше многу интересен и двете екипи имаа многу шанси,
беше нерешено до 88 минута, кога екипата на Лука доби
слободен удар. Иако Лука беше најдобар и во изведување
на слободните удари овој пат не можеше да помогне,
бидејќи беше на клупата. Одговорноста ја зема заменикот
капитен на екипата – jа намести топката и ја шутна со
ефè (што би рекле фудбалските експерти) и постигна
гол во десниот горен агол. Радоста беше преголема, Лука
не можеше да верува, скокна од клупата како најсреќен
фан на неговата екипа, сите заедно се радуваа, на Лука
не му беше важно што тој не играше, беше пресреќен
бидејќи знаеше дека победија. Имаше уште неколку
минути, а судиите означија надополнување на времето-
судиско продолжение од 3 минути. Екипата од Струга
имаше 2 шанси, но извонредниот голман на екипата на
Лука ги спаси и двете ситуации. Ја уфрли топката во игра
и судијата означи крај на натпреварот. Сите од клупата
се израдуваа како да ја освоиле веќе титулата. Лука
беше среќен но знаеше дека утредента недела навечер,
тогаш е вистинската битка. Тргна кон соблекувалната и
Александар го застана, го гушна и му кажа: - Толку многу
пати сме се натпреварувале на тренинг и секогаш си ме
победувал, ова денес беше лесно во споредба со нашите
дуели со слободни удари. Ова е благодарност што ме
направи подобар играч. Лука беше премногу изненаден
од Аце бидејќи тој беше познат по тоа што не познава

95
Дарко Кондев

авторитет, но овој пат му се заблагодари на својот


капитен. Лука го гушна Аце и му кажа:

Ако сакаш да одиш некаде брзо


- оди сам, но ако сакаш да одиш
далеку - одиме заедно.

96
Таа

47

С
е враќаше накај дома. Понекогаш животот
е навистина тежок, се чуствувате изморени,
истрошени, од љубов, лажна љубов во овој лажен
свет - си помисли Лука. Беше толку нервозен. Спасот го
најде во туширањето, таму плачеше, но никогаш пред
светот, туку скриен од суровиот свет. Водата течеше по
целото негово тело, измешана со неговите солзи. Го опцу
животот. Тоа беше вклоп на сите настани за тој ден и
гледањето со Мила, промашените зицери и лошата игра.
Туширањето траеше доста долго. Имаше некој бес од кој
не можеше да се ослободи. Како вообичаено телефонот
титна. Звук на нотификација од страната: - Понекогаш
се чуствувате празни, тажни, несреќни во внатрешноста
без чувства, мрачни и тмурни сте како дождлив ден полн
со грмежи и олуи. Имате некој бес , болка во себе, која
не може да излезе. И јас се чуствувам така. Премногу
изморен од овој брз начин на живот. Сите луѓе се по трка
за нешто, пари, слава, огромна куќа, автомобил. Тоа е
нешто што секој го посакува, но не треба да си го изгубите
здравјето кога лутате као птица без компас во таа трка.
И јас се чуствувам така. Еден ден ќе имам се, но ќе ми
фалат овие денови. Сега сум тажен, нервозен, чувствувам
преголема болка во телото, не од замор, туку духовно. И
знаете што правам кога се чуствувам вака? Одам некаде
каде можам да бидам сам,буквално сам. Да се исклучам од
овој свет. Барем за миг. Мир и тишина, по некоја птица
ќе пушти глас, некое куче ќе залае. И викам најсилно што

97
Дарко Кондев

можам на цел глас, највеќе. Се што ми е на душа. Викам.


Викам. Навистина убаво се чувствувам. Додека гласните
жици не ми се изморат, додека не можам повеќе. И многу
чудно, ама се чувствувам одморено. Пробај, можеби ќе ти
помогне и тебе. Лука го прочита текстот. Беше премногу
нервозен, не размислуваше многу, го зема велосипедот
од подрумот и возеше подолго време. По половина час
пристигна на една ширинка, изгледаше на мала планина,
ридче кое беше исполнето со дрвја, но во радиус од
неколку километри немаше ниту една куќа. И почна. На
почетокот беше тивок, му беше чудно и непријатно, но по
неколку извици, се чувствуваше баш убаво и продолжи,
на цел глас. Му потекоа неколку солзи, но не престана.
Секако, никој не можеше да го слушне. По неколку
минути се измори, но беше задоволен, исполнет и многу
среќен. Се чувствуваше лесно, го зема велосипедот и се
врати дома.

Понекогаш треба да си дадете


време на себеси, да се однесете
сами на вечера, да одите сами
на кино, едноставно да уживате
во своето присуство.

98
Таа

48

В
ечерта, Лука беше во својата соба и нешто се
промени, по она авантура со самиот себеси каде
го исфрли целиот бес од себе, овој пат беше мирен
во кревет, заспа за неколку минути и не мислеше ништо.
Дури не мислеше и на финалето. Утрото дојде. Лука беше
возбуден но не премногу, влезе во бањата и се истушира
со најладната вода. Го разбуди телото. Отиде во дневната,
трпезариската маса за доручек беше наместена. Сите
заедно доручкуваа. Тоа беше недела. Го зема ранецот и
пред излегување, сите ги гушна. Мајка му му рече чувај
се од повреди како секогаш, сестра му го гушна и му рече
биди паметен, а татко му го поздрави со рака и му рече
слушај го срцето тоа ќе те однесе до целта. Тргна кон
стадионот. Одеше по патот, а обичај му беше во недела да
оди во Соборната црква, таа му беше омилена. Се помоли,
отиде и запали свеќа и излезе. Беше среќен секогаш кога
ќе оди во црква. Се прошета со бавно одење до градскиот
стадион. Таму се играше финалето. Со градскиот ривал
од Скопје. Атмосферата беше тензична. Се чуствуваше
и во воздухот. Влезе во соблекувалната. Се поздрави со
сите колеги. Сите беа мотивирани но и имаше по некоја
шега, за опуштање на атмосферата. Влезе тренерот. Ги
погледна и го одржа својот говор: - Нема што да изгу-
биме, ние сме одлична екипа, но кога играме, еден за друг,
се бодриме и запамтете што и да се случи во ова сме заедно.
Се гушнаа и излегоа на терен. Загревањето започна,
трибините полека, полека се полнеа. Лука имаше чувство

99
Дарко Кондев

дека ќе биде интересно. Пред почеток на натпреварот


имаше околу три илјади гледачи. Секако беше градско
дерби и тоа во финале. Судијата свирна почеток. Во
првите десетина минути и двете екипи имаа ист посед на
топката, по неколку шанси, но недоволни за загрозување
на противничката мрежа. Екипата на Лука имаше неколку
шанси, но противничкиот голман беше на висина на
задачата и ги одбрани ударите. При еден корнер Лука
убаво ја зафати топката со глава, но ја погоди стативата.
И другата екипа имаше многу шанси, но една во 38мата
минута, во една одлична уиграна акција постигнаа гол и
поведоа 1:0. Лука губеше, поминаа и десетина минути
и полувремето се наближуваше. Лука не беше нервозен,
напротив ги мотивираше сите и се бореше. Полувремето
заврши. Отидоа во соблекувалната. Лука стапи на сцена.
Момци колку време сме заедно? Ќе ми одговори ли
некој?- Аце возврати - па од мали нозе, скоро 5-6 години.
Лука продолжи: - Минатата година изгубивме финале во
кое немавме среќа и тогаш си ветив нешто, дека никогаш
повеќе нема да изгубиме ниту едно финале. Замислете ова
се последните 45 минути од вашиот живот, дали само така
без борба ќе им ја дадеме титулата или ќе си го земеме она
што го заслужуваме? Ако има некој што не се согласува
со мене и нема да се бори како да е крај на свет овие 45
минути може слободно да крене рака. Сите молчеа, Лука
викна најгласно: - Ајде да им покажеме кои сме и што сме.
Сите викнаа заедно и се мотивираа. Излегоа на терен и
како тоа да беше друга екипа,се бореа за секоја топка,
покриваа сѐ и сешто, имаше остри фаули, прекршоци,
жолти картони. При една акција на противничката екипа,
голманот ја одбрани топката и ја уфрли во игра. Екипата
на Лука имаше контра напад. Топката беше во нозете на

100
Таа

Лука, беше во шеснаесетникот и сам против голманот. Од


левата страна утрчуваше Аце. Лука имaше две опции. Да
ја заврши сам, акцијата или да додаде. Сите на стадионот
очекуваа тој да ја затресе противничката мрежа. Го одвлече
голманот на една страна и ги изненади сите. Несебично
ја додаде топката на Александар и тој не разочара, погоди
за нерешено 1:1. Екипата на Лука беше пресреќна. Беше
70-та минута. Борбата беше голема, а и влогот поголем,
но наградата најголема што еден млад фудбалер би
можел да посака- титула за одлично завршена сезона.
Двете екипи имаа шанси за голови, но топката не сакаше
да влезе во гол. И второто полувреме заврши. Крај на
регуларниот дел на натпреварот. Односно продолженија.
Се чуствуваше заморот на двете екипи. Имаа пауза од 5
минути пред почеток на првото продолжение. Екипите
направија по една измена. Некои од играчите добиваа
кратки масажи од тимскиот физиотерапевт. Се собраа во
круг. Тренерот одржа краток говор: - Продолжете да се
борите, еден за сите и сите за едно нешто- да го земеме
она што е наше. Првото продолжение започна. Не се
случи ништо посебно, топката најчесто беше на средина
на теренот и двете екипи имаа еднаков посед на топката
по неколку шанси за гол, но не и загрозувачки. Второто
продолжение беше поинтересно. Противничката екипа
по една извонредна акција имаше шут, но среќата беше на
страна на екипата на Лука. Погодија статива. Лука ја зема
топката и дриблаше, додаде и му ја вратија топката. Беше
во близина на шестнаесетникот. Еден од противничките
играчи го удри одзади премногу грубо. Лука падна на
тревата, повредено беше коленото. Навистина имаше
голема болка. Но стегна заби, го изведе слободниот удар,
ја шутна топката, таа го прелета живиот ѕид и за несреќа

101
Дарко Кондев

погоди пречка. Од второто продолжение имаше останото


уште неколку минути. Се наближуваа пеналите. И тие
три минути поминаа без некои поголеми шанси. Дојде
време за пеналите. Кој би очекувал, но за многубројните
навивачи натпреварот навистина беше интересен. Сите
беа задоволни, навиваа и беше навистина убаво. Па и тоа
е спортот, исполнување на душата. Екипата на Лука се
собра во круг. Сите се гушнаа во круг. Тренерот одлучи
петте најдобри пеналџии од неговата екипа. Лука одржа
нов говор: -Момци тоа е тоа, мора да се сконцентрираме
и титулата е наша, но едно нешто сакам од вас, ајде сега
секој да каже по еден збор што ја одликува оваа екипа.
Играчите почнаа по ред: Еден кажа - уиграност, друг
- желба за победа, друг - другарство, трет - фамилија.
Сите кажаа по еден збор и Лука заврши со зборот -
Титула. Кажа: - Ја имаме во раце и нема да ја дадеме.
Двата капитена отидоа кон судиите. Судиите одлучија
противничката екипа прва да изведува пенали. Погодија.
Потоа и екипата на Лука израмни. Противничката екипа
повторно погоди а и екипата на Лука исто така.Третиот
пенал кој го шутираше противнички фудбалер го одбрани
голманот Мартин. Лука беше прерадосен. Третиот
пеналџија од екипата на Лука погоди за водство 2:3.
Другата екипа израмни 3:3. Потоа Александар ја затресе
мрежата за водство 3:4. Противничкиот играч го погоди
петиот пенал и резултатот беше изедначен 4:4. Сѐ остана
на Лука, еден пенал, еден шут, последен, го делеше него
и неговата екипа од титула,а секогаш меѓу тоа да имаш
сѐ и да немаш ништо. Стои еден момент, една секвенца
од целиот универзум. Еден чекор. Лука се упати кон
единаесетникот. Дишеше мирно, иако срцето му чукаше
забрзано. Застана смирено, ја спушти топката од раце, ја

102
Таа

намести, зема залет и ја шутна со сета сила. Го испрати


голманот на едната страна од голот, а тој ја затресе
мрежата. Делириум на стадионот. Сите соиграчи скокнаа
врз него, а тој лежеше на земја. Некои работи навистина
ти го менуваат животот, а оваа му го промени засекогаш.
Беа прерадосни, на лицата на соиграчите имаше
солзи радосници, иако Лука не можеше да дише беше
пресреќен и задоволен. Радоста не престана. Се радуваа
како да освоиле светско првенство, но тоа и го заслужија.
Медалјите беа доделени од еден познат поранешен фуд-
балер, а тоа претставуваше преголема чест. Се накитија
со златна медалја на вратот. Лука беше толку исполнет,
конечно за тоа работеше цела сезона. Награда за него
стигна дури потоа,беше прогласен за најдобар стрелец во
лигата. И дојде тој момент, во позадина песната од Queen
- "We are the champions". И предавањето на трофејот,
Лука го зема во раце. Го кренаа и ситее заедно се радуваа.
Огномет и конфети, незаборавна глетка. Беше преубаво.
Лука по 10 минути седеше на теренот, не мрдаше. Го
имаше гушнато трофејот и беше среќен. Сега и тука
не размислуваше за ништо. Сакаше моментот да трае
засекогаш.

Некогаш во минатото би
се вратил не за да сменам
некои мои постапки, туку да
почувствувам некои работи и
настани уште еднаш.

103
Дарко Кондев

49

Б
еше навистина убаво по толку напорна работа, успеа,
го освои тој трофеј. И таа година беше преубаво. Но
не само за фудбалот, туку и за сѐ друго. Летото дојде
и училишната година заврши. Беше интересно, Лука се
дружеше со својот другар од училиште, Филип кој беше
ватерполист. Тие уште од прва година средно беа заедно и
ставовите им се совпаѓаа. Дури Филип доаѓаше да го гледа
Лука на секој натпревар. Додека Лука беше помал и не
толку познат, Филип доаѓаше и ги снимаше дриблинзите,
асистенциите и головите на Лука. Навистина беше добар
другар. Најдобар. Тоа лето поминаа многу работи заедно,
излегуваа, се шетаа, правеа глупости заедно, разговараа.
Кога и да му требаше помош на Лука, Филип беше таму
и му помагаше. А и обратно. Играа заедно кошарка
во маало,тенис на кејот, сѐ правеа заедно. Тој му беше
пријател на кој секогаш му се доверуваше. Го сакаше и
го почитуваше. Ги слушаше неговите совети. Дури и
кога играше за репрезентација Филип дојде и го бодреше
Лука. Од кога беше детенце во својот клуб до кога заигра
за репрезентација. Понекогаш Лука знаеше да го остави
на цедило, но тоа беше ненамерно, а Филип се лутеше,
но не многу долго. По некое време се смируваа бидејќи
беа повеќе од пријатели. Лука еден ден му кажа: - Tи си
братот кој никогаш сум го немал.

Подобро е да имате еден


вистински пријател отколку илјада
лажни пријатели.
104
Таа

50

Л
ука навистина го сакаше животот. Годината
поминуваше брзо, а се што замисли таа година
му се оствари. Беше среќен, ја освои титулата,
училишната година беше при крај, семејството беше
среќно од него. Но го мачеше една работа, љубовта.
Многу пати во животот се разочара,но ако се откажеш
од нешто, ќе жалиш цел живот, а можеби после тој чекор
те чека твојата желба да биде гушната... и остварена, нели
е тоа што сите го сакаме? Пред да си легнеме размислу-
ваме за идеи, желби, работа од соништата и љубовта.
Оваа последната го загрижуваше највеќе. Бидејќи му
беше како равенка со две непознати. Што е тоа Љубов?
И второ како ќе ја препознае вистинската. А што е
сродна душа? Отвори на страната и во пребарување
напиша: Што е сродна душа? Отвори еден текст и почна
да чита: - Сродна душа - нешто како најдобар другар,
но повеќе, многу повеќе. Тоа е една личност во светот
која те познава подобро од сите други на светот. Тоа е
некој кој те прави подобра личност, најдобрата верзија
од тебе. Всушност не ве прави сродната душа подобри,
вие станувате подобри сами бидејќи таа ве инспирира.
Сродна душа е некого кого може да го носите на грб
засекогаш, но никогаш не го чуствувате неговиот товар
на вас. Тоа е личност која ве знае целосно и ве прифаќа

105
Дарко Кондев

покрај сите мани и недостатоци кои ги имате... Верува во


тебе пред било кој друг и кога никој друг не верувал во
вас.

Без разлика што и да се случи вие


ќе ја сакате засекогаш бидејќи
тие се дел од вас, а вие дел
од нив, две тела а една душа -
СРОДНА ДУША.

106
Таа

51

И
тогаш започна сѐ. По часовите во спортската сала
на училиштето Лука имаше тренинг по кошарка.
Можеби звучи чудно, но фудбалската сезона беше
завршена, па Лука беше повикан да игра за училишниот
кошаркарски тим на градското првенство. Тој ден имаа
пријателски натпревар со женскиот училишен тим.
Натпреварот започна и по неколку минути игра, една
од девојките ја водеше топката. Лука со груб фаул ја
удри по рака и ѝ ја зема топката. Професорот кој беше
судија не досуди фаул, Лука тргна во контра и ја уфрли
топката во мрежа. Таа девојка се викаше Ева. Кога Лука
ја удри, таа се налути и почна да го навредува со погрдни
зборови. Кога постигна кош, таа продолжи со зборови од
типот дечко ти не си нормален, се силиш на девојчиња,
не играш НБА, ти си класичен сељак. И многу други
зборови. Ева беше атлетичарка, најдобра, талент кој
Македонија немала последните 10-тина години. Имаше
освоено сребро на европско првенство во младинска
категорија во дисциплината 400 м. Естетски градена,
висока и витка, женствена и прекрасна, изнудуваше
воздишки кај машките кои ја набљудуваа. Каде и да одеше
беше забележана, иако не го сакаше тоа. Момчињата кои
ја гледаа, им трепереа срцата и секогаш кога сакаше некој
да и пријде остануваше без зборови. Таа сакаше памет и
интелегенција. Натпреварот заврши. Се поздравуваа. А
таа не му пружи рака - што би рекле да пукне. Ја тргна.

107
Дарко Кондев

Отидоа во своите соблекувални. Лука се истушира,


се облече и ја сретна неа. Ева. Лука повторно и пружи
рака во знак на извинување, но таа стоеше со вкрстени
раце и само го погледна. Лука се зачуди и се тргна на
страна. Прв пат во животот наиде на таква личност,
што би рекле ,,дигната”. Денот заврши брзо, Лука легна
на креветот и како по обичај за неколку секунди заспа.
Следното утро се разбуди, истренира во утринските
часови и тој ден му беше наменет за играње Play Station 4
со неговиот најдобар другар Филип. Го зема велосипедот
од подрумот и тргна кон него. За неколку минути стигна.
Го заклучи пред влезот и со лифт тргна. Другар му
Филип го чекаше пред влезот од станот. Се поздравија и
влезе. Веднаш започнаа да ја играат популарната Фифа.
По неколку часови, Лука огладне, а мајка му на Филип
беше специјалист по готвење, кога и да дојдеше Лука ќе
зготвеше нешто вкусно. Лука никогаш не се срамеше и
јадеше сѐ до последно залче. Ѕвончето заѕвони и некои
роднини на Филип влегоа во станот. Лука се поздрави
со нив и веќе беше време да оди. Се поздрави и Филип
го испрати до лифтот. Лука се симна на приземјето и во
тој момент виде една личност која чекаше лифт. Колку е
светот мал, а желбите и патиштата на универзумот многу
чудни. Пред лифтот беше Ева. Таа се зачуди, а исто така
и Лука. Прозборе: - Извини Ева ја сум добро детенце,
ненамерно беше. Тоа измами насмевка на лицето на Ева.
Тој го зема велосипедот и тргна кон дома. Целата сцена
ја слушаше една бабичка која се качи во лифтот заедно со
Ева. И ѝ прозборе: - Види како те гледа и те моли смири
му се на момчето. Ева не сакаше да објаснува и само се

108
Таа

насмевна и одговори: - Добро. Излезе од лифтот. Не ни


претпоставуваше каквов план крои универзумот

Насмевката е универзален знак


на радост и среќа.

109
Дарко Кондев

52

Н
а Лука не му преостануваше ништо друго освен да
ја додаде на социјалните мрежи. И Ева го заследи.
Тој и напиша: - Здраво. Првите неколку месеци
само се допишуваа, но не се совпаѓаа, беа многу различни
но исти. Се караа за ситници, за сториња, за спортот и
за се останато се контрираа. А најинтересното допрва
доаѓа. Не беа заедно а на инстаграм водеа војни како да се
маж и жена. Можеби и еден ден ќе бидат, а можеби и беа а
уште не знаеа. Одеднаш Нова Година. Мислењата почнаа
да им се совпаѓаат. Почнаа да зборуваат. Се привлекоа.
По неколку дена таа му прати слика од Сити мол. Тој
ја праша дали сама шета? Таа му одговори: - Да мојата
другарка не можеше да дојде бидејќи учи, а треба да
купам неколку подароци, за зетовците на моите сестри,
за нив по нешто и на мојата мајка. Лука виде прилика.
Се облече најбрзо. Фати автобус. И стигна во Сити мол
бидејќи таа беше таму. Но Ева не претпоставуваше дека
тој ќе дојде. Лука и пиша со возбуда: - Во која продавница
си? Таа му врати: - Во Зара. Тој влезе и ја виде од далеку.
Почна да се прикрадува. Таа беше свртена со грб. Тој и
ги покри очите и ја гушна. Таа се сврти и се изненади
дека Лука дојде. Се шетаа два часа. Но од првиот поглед
имаше нешто чудно, многу чудно што Лука не можеше да
го препознае што е. Зборуваа, разгледува, се восхитуваа
еден на друг, дури во еден момент се согласија за една
работа дека една кошула имаше многу грди крукчиња.
Ева сакаше да проба еден фустан но имаше премногу

110
Таа

купувачи, па Лука чекаше во редот со неа. Потоа шетаа


и влегоа во друга продавница, Лука проба кошула за да
видат како би им стоела на зетовците, и заедно се смееја.
Тоа беше навистина интересен ден. Тој тргна кон дома и
размислуваше само на неа. А и Таа не беше поразлична.
Се јави на својата најдобра другарка и зборуваа еден час
за сѐ што се случило. А Лука со неа почуствува нешто што
никогаш не го почуствувал. Блискост - како да се знаат
отсекогаш. Дали тоа беше љубов на прв поглед?

Љубовта е ризик може да заврши


на два начина: со скршено срцe
или среќен брак со две дечиња.

111
Дарко Кондев

53

Н
ивното пишување стана многу поинтензивно. По
неколку дена Лука требаше да оди на подготовки.
Зборуваа и се договорија кога ќе се врати дека ќе
излезат. И тоа се случи. Ладна зима. Ја почека на една
автобуска, а таа дојде со автомобил. Се прошетаа во
градскиот парк. Беше преубаво. Лука не веруваше дека
вака може да се чуствува. Сродна душа. Имаше кал, а Ева
имаше бели патики. Па Лука ја качи на грб и ја пренесе.
По тој "дејт" следеше следен и следен и следен. Безброј.
Ги сакаа истите работи, истите отмености, одеа заедно на
театар, возеа во ноќните часови. Одеа на ледено езерце
во еден парк кога беше навистина ладно, но се гушкаа и
се стоплија. Времето леташе брзо и после сѐ изгледа Лука
беше среќен, не мислеше на иднината, во моментот беше
среќен. А и Ева исто. Се совпаѓаа премногу, не можеа да
се разделат еден од друг. Како јинг и јанг хармонија. Се
чуствуваа премногу. За Лука беше пречудно но изгледа
ја најде Љубовта на својот живот. Пројде многу време
а тие останаа еден до друг гушнати. Беа на многу места,
шетаа, правеа спомени заедно. Не беше важно местото,
туку личноста, понекогаш само една прошетка по улица
им беше доволна. Еден бурек со пица од Тохе и срцето
исполнето. Навистина беа сродни души. Лука по две
години веќе имаше 19, и доби понуда од еден германски
фудбалски тим. Се јави на Ева и ѝ соопшти. Таа дојде кај
него, се гушнаа и знаеја дека ништо не може да ги раздели.
Многу пати се разделуваа како разделба пред Германија.

112
Таа

Тоа се одолговлечи, но конечно по неколку месеци


Лука отиде. И се допишуваа секој ден, си недостасуваа
премногу, но нивната љубов беше посилна од сѐ. Таа
продолжи со атлетиката и двајцата беа најуспешни во
своите спортови. Лука и пиша еден ден: - Kога имам
љубов како тебе, другото е небитно. Лука се врати и се
видоа. Беа пресреќни. По многу години беа среќни со
неколку дечиња што трчкаа во куќата на една егзотична
плажа во Тајланд. Куќата во која падна црниот дневник
од шкафот...

На Француски не велите:
,,Mи недостасуваш".
Велите ,,Tu me manques" -
што значи ,,Ти недостасуваш од
мене".

113
Дарко Кондев

А ТИ ? ми фалиш најмногу...

114

You might also like