You are on page 1of 9

ОБРАБОТКА НА ЛЕКТИРАТА

„АЛЕКСАНДРА“
ОД ТОМЕ АРСОВСКИ
БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ
Томе Арсовски (23.09.1928 г., Косовска Митровица – 22.04.2007 г., Скопје) е македонски
поет, раскажувач, драмски писател и преведувач. Бил роден во Косовска Митровица1, поради тоа
што татко му имал службена работа таму.
Основното образование и 2 класа реална гимназија2 во Пеќ3, а по избувнувањето на
Втората Светска Војна на Балканот, тој се вратил во Кавадарци, односно местото од каде
потекнуваат неговите родители.
Таму го довршил гимназиското образование и отишол во Русија, односно тогашниот СССР
да студира 1 година на Геолошкиот Факултет, па продолжил во Белград да студира на Рударско-
геолошкиот Факултет, а дипломирал во Скопје на Филолошкиот Факултет, на катедрата за
славистика4.
Од 1951 г., неколку сезони работел во МНТ, потоа се вработил во културната рубрика на
дневникот „Нова Македонија“ и на крај работел од 1957 г., во Радио-телевизијата Скопје, како
уредник на драмската програма на радиото, кое подоцна прераснало во телевизија. Таму работел
сѐ до пензионирањето во 1988 г.
Во јавноста настапил првин со книгата песни „Грст смеа“. Како драмски писател за прв пат
се истакна со драмското дело „Александра“, а неговата драма „Парадоксот на Диоген“ се потврди
неговата умешност при пишувањето на драми.
Покрај драмите, тој се истакнал и при пишувањето на раскази и романи за деца и
возрасни.
За деца и млади напишал 2 драми-комедии: „Дедо Мраз и Феферона“ и „Марко Крале и
Феферона“ и објавил 11 романи за млади. Напишал и 3 збирки поезија за деца.
Негови дела се:
- „Патување во Таџетакомо“,
- „Кристална планета“
- „Подводен град“,
- „Бушави години“,
- „Пролет зад мојот прозорец“,
- „Млади и диви“...

1
Косовска Митровица е град и општина во северниот дел на Косово.
2
Реална гимназија е гимназија во која повеќе се изучувале природните науки, како што се математика,
биологија...
3
Пеќ е град и општина во западниот дел на Косово.
4
Славистика е наука која ги проучува Словените, јазиците што ги говорат и нивната културата.
ОБРАБОТКА НА ЛЕКТИРАТА
ВОВЕД

„Александра“ е драма која содржи 6 чинови (појави). Според жанрот, делово припаѓа во
категоријата на драма, бидејќи од начинот на кој е напишано делово, може да се изведе сценско
дело (театарска претстава, филм...). Во книгава е опишана Александра, која е ќерка на познатиот
адвокат Никола Бигорски. Но, тука е и бугарскиот начелник на полицијата Борис Ганов кој е
фашист, а воедно и ја сака Александра, иако таа не го сака него. Кон крајот на книгата, Александра
се придружува на партизанскиот одред и го казнува Ганов за неговите фашистички дела. Книгава е
првата драма на писателот Томе Арсовски и напишана е во 1958 г.

МОТИВ

Мотивот што го инспирирал авторот да го напише ова дело е самата Втора Светска Војна и
односот на фашистите и нацистите кон нефашистичкото и цивилното население. Овој факт може
да се потврди со стилот во кој говори началникот на бугарската полиција во градот, Борис
Ганов. Во неговиот говор може да се забележат остри критики и зборови кон партизаните
(борците против фашизмот) и има делови каде тој се восхитува на фашистичките дела и
нивните воени походи. Па, по ова може да се види дека книгава се однесува на Втората
Светска Војна.

ТЕМА

Темата, односно предметот на обработка во ова дело е Втора Светска Војна и односот
на фашистите и нацистите кон нефашистичкото и цивилното население.

ИДЕЈА

Идејата што сака да ни ја препорача авторот преку неговото дело е дека не треба да се
однесуваме и да бидеме лоши, бидејќи кога-тогаш тоа зло ќе ни се врати на нас. Па затоа,
треба да бидеме добри и да се потрудиме (се разбира, што е во наша можност) да нема
војни, бидејќи тие откако ќе завршат, ќе биде потребен долг период да помине за тие да
поминат во сеќавањето на луѓето.

ЛОКАЛИЗАЦИЈА

Дејството кое што е опишано во лектирата се одвива во еден провинциски град во


Македонија, во периодот меѓу 1943-1944 г.

ЛИКОВИ:
Ликови што се споменуваат во лектирата се:
1. Никола Бигорски – адвокат и татко на г. лик
2. Александра – г. лик
3. Владо – партизан, а подоцна и сојузник на г. лик
4. Мајорот5 - шеф на бугарската полиција во градот
5. Камбуров – полициски поручник, а потоа и капетан
6. Дежурниот – дежурен човек во полициската станица
7. Офицер
8. Маргарита – слугинка во домот на Бигорски
9. Герман – сојузник на Владо во антифашистичката борба
10. Граѓани Споредни ликови кои не се
11. Офицери
споменуваат многу во делото,
12. Полицајци
но се корисни при сценска
13. Народ
изведба

I СЛИКА (ЧИН)

I СЛИКА (ЧИН) се одвива во претсобјето (ходникот) во домот на адвокатот Бигорски,


кој е украсен со елипсовидна маса на која има цвеќе и прибор за пишување, витрина со пијалоци,
огледало, мебел, закачалка, малечки завеси на прозорите и стаклена врата која води кон
градината.
Надвор бил убав јунски ден, а Маргарита се симнувала по скалите со покриена кошница, при
што го сретнала Владо, па така зборувале за Александра, која набрзо се фрлила во
разговорот. Тогаш, Владо ја прашувал Александра за презимето, нејзиното „детско“
однесување и флертувањето со бугарскиот мајор Борис Ганов, кој навидум изгледал културен,
паметен и добар, но всушност бил спротивно од тоа.
Извесно време по разговорот, дошол татко ѝ на Александра – Никола Бигорски, кој ѝ дал
германско чоколадо, кое било подарок од мајорот. Тогаш дошол и мајорот , кој веднаш ги
известил членовите на семејството дека бил убиен професорот Марков, а за да не го гледа и
за да не слуша, мајорот го избркал Владо да го поправи расипаниот телефон. Тогаш тој
одржал долг говор каде го опишува антифашистичкиот отпор кој го чувствувал професорот,
што пак наишло на остри критики кај фашистичкиот мајор. Подоцна, рекол и дека
Нацистичка Германија била премногу моќна, за некој да ѝ се спротистави, а особено не
Балканскиот Полуостров, што му одговара на мајорот.
Штом го завршил говорот, Александра му поставувала прашања во врска со неговиот
„фашистички“ стил на однесување и мислење, на што мајорот бил стаписан да ѝ одговори. Па,
за да ја придобие на своја страна, тој ѝ дал пари, која таа веднаш потоа му ги дала парите на
Владо, преку Маргарита.

II СЛИКА (ЧИН)

5
Мајорот,всушност се вика Борис Ганов.
II СЛИКА (ЧИН) се одвива во полициската канцеларија на Борис Ганов, која има биро,
телефони, полициски шкаф, тркалезна масичка и гостинска фотелја. Во просторијата,
Мајорот потпишувал, а Камбуров средувал документи.
Работејќи, Ганов со надразлив тон го прашал Камбуров во врска за претресот во неговиот, а
воедно и домот на Александра, бидејќи и тој живеел таму. Камбуров безспешно се обидувал да
се одбрани, но било безуспешно. Камбуров го известил мајорот и дека има нови податоци во
врска со случајот „Ринин“6. ПОтоа, Камбуров му вели на Борис дека има болен затвореник во
ќелијата бр. 13, на што мајорот реагира пасивно, бидејќи не го интересира за здравјето на
затворениците.
Еден од офицерите во полициската станица, му рекол на мајорот дека има наредба за блокада
на Владимир Горски – Ринин и уште еден, што му одговара на мајорот, бидејќи тој се плеткал
многу во неговата куќа, т.е. куќата на Александра.
После таа вест, Дежурениот во полициската станица му рекол на мајорот дека требало да
влезе газдата на книжарницата, Лозанов, а кратко време подоцна, еден офицер му рекол дека
болниот затворениок умрел, поради инает. Мајорот, поради тешката работа му се пожалил
на Камбуров, на што тој не знаел што да одговори. Кога Дежурниот му кажал на мајорот за
Лозанов тој се изнервирал многу за тоа, а мајорот го нервирало и тоа што едно
дванаесетгодишно дете го прекинало протокот на струјата, која го оставила местото долго
време без истата.
Извесно време потоа, во канцеларијата пристигнал адвокатот Бигорски, кој го известил
мајорот дека ќе протестира, поради претресот во неговата куќа, на што мајорот сакал да се
оправда. Подоцна, му дошле и пропусниците на мајорот за него и Александра, за време на
часовите, кои што биле забранети за движење.
Штом излегол од канцеларијата правникот, поради некои недоразбирања, мајорот го
предупредил Камбуров дека е 2 чина подолу од него и дека треба да внимава како се однесува.
Но, неговата нервоза траела кратко, односно сѐ додека Ганов не дознал дека од Миле Лозанов
биле купени 2 топа хартија за печатење.

III СЛИКА (ЧИН)

III СЛИКА (ЧИН) се одвива во сцена иста како и првата слика (чин), само што на
почетокот на чинот, дејството се одвива во собата на Александра, каде таа си ја чешлала
косата, а одненадеж во собата влегла Маргарита, која очигледно била во алкохолизирана
состојба и ѝ велела некакви непотребни и глупави работи на Александра, а на нејзе ѝ рекла и
дека Владо ќе ја чека нејзе во паркот. После, Александра и Маргарита си зборувале за приватни
работи (најмногу поврзани со Маргарита). Среде разговорот упаднал таткото на Александра,
кој нервозно ја прашал неа за новите правила во куќата (кои ги воспоставил мајорот, кој
живеел кај нив) и лагата која требало да ја кажува на сите дека таа била во Скопје или дека
таа била болна и се разбира, ја прашал за врската која таа ја имала со Владо. Александра се
трудела да се одбрани, но на крај исходот на нивните спротиставени мислења резултирал со
караница и Александра да излезе надвор доцна во ноќта и се упатила кон паркот.

IV СЛИКА (ЧИН)
6
Случајот „Ринин“ бил случај кој го покренал мајорот, поради тоа што Владо често одел дома кај него, а со
тоа и кај Александра.
IV СЛИКА (ЧИН) се одвива ноќе, во паркот, каде во преден план само се гледаат една
клупа и една грмушка. Александра е облечена како кон крајот на претходниот чин, при што е
нервозна. Подоцна, дошол и Мајорот, кој пак бил следен од уште двајца помошни агенти.
На клупата седеле заедно и двајцата, при што Александра се однесувала луто и вознемирено,
додека пак Борис бил опуштен, со што се трудел и неа да ја опушти, но безуспешно.
Александра нервозно го прашувала за неговото однесување и со повишен тон му викала дека во
Македонија тој бил туѓинец и дека требало да си оди. Трудејќи да се одбрани од нафрлувањата
на Александра, зборувал за неговата „тешка“ положба во полицијата, за неговото минато
што го имал во Софија, неговото пролетерство7..., на што Александра му враќала иронично.
Наеднап, обидувајќи се мајорот да ја прегрне и да ја бакне, Александра му удрила шлаканица, по
што тој си отишол, при што потоа дошле Владо и Герман. Владо издал наредба да бидат
однесени сите работи од кај визбата на Александра да биде префрлено во воденицата на
Сенчо. Герман, кога го видел и виното, сакал и тоа да го однесе, но Владо му забранил. Во
меѓувреме, Александра му раскажала на Владо како се чувствува во однос на задачата што ја
имала, но Владо ја тешел да издржи уште малку. Наеднаш, пристигнал мајорот со голем број
на полицајци од станицата и го привел Владо и го затворил во ќелијата број 13, а Александра
ја оставил на слобода.

V СЛИКА (ЧИН)

V СЛИКА (ЧИН) се одвива во полициската канцеларијата на Мајорот, каде што тој


читал весник.
На телефонот, службениците го информирале одредени работи во врска со Александра, при
што ѝм наредил да ја најдат за 10 часа (со налутен тон), по што дошол и Камбуров, со кого
зборувале одредени работи поврзани за неа и за тоа дека требало да го испратат Владо во
централниот затвор, на што остро изреагирал мајорот. Наредил да ја најдат Александра и
да дознаат што било можно повеќе податоци од Владо.
Изненадено, зборувајќи, мајорот дознал дека Владо бил онесвестен, па се освестил, па посакал
да го види него малку и да позборува со него.
Извесно време подоцна, Камбуров му дал извештај на мајорот за извршената акција во
подрумот на Александра и дошол Владо, кој цел бил со модрици и со испокината облека.
Мајорот, смирено, а на време и со повишен тон, разговорале со Владо, во врска со најразлични
теми, како што биле: запленетата стока во подрумот на куќата на Александра, фашизмот,
напредокот на Сојузничките сили, поразите на Германија и Италија на бојното поле, за
Хитлер..., а кон крајот говореле и за Александра и нејзиниот татко, што би можело да се каже
дека било кулминација на целиот разговор, по што набрзо мајорот наредил да го измачуваат
уште. Камбуров му дал извештај на мајорот за извршената акција во подрумот на
Александра.
Дошол и адвокатот, кој му укажал на мајорот дека повеќе не сака да соработува со него,
бидејќи смета дека си ја завршил својата работа и дека не сакал да биде предавник.
Кон крајот на чинот, Камбуров му рекол на мајорот дека Ринин умрел, на што мајорот
одговорил дека треба да го закопаат некаде или да го фрлат во Вардар.

7
Пролетерство, односно пролетеријат е залагање за работничка класа, што е еден од фундаменталните
елементи на комунизмот.
VI СЛИКА (ЧИН)

VI СЛИКА (ЧИН) се одвива во салонот на Бигорски, каде имало банкет, во кој


учествувале разни цивили, офицери и дами, вклучувајќи ги и полно униформираните Камбурски
и Борис Ганов. Послужувале Маргарита и еден човек, кој бил облечен во бело. Во аголот имало
пијано, а врз него грамофон (на кој се свирела Лили Марлен), чаши, конзерви... Атмосферата
била полупијана.
Гостите си зборувале меѓусебе, се додека Ганов (кој бил делумно алкохолизиран) не испукал
неколку истрели на таванот (за да привлече внимание) и да зборува за „успешната акција
против комунистичката банда“, додека Камбуров му давал знаци на мајорот да запре со
зборувањето. Но, наеднаш дежурниот човек од полициската станица му дал телеграма на
Камбуров, во која пишувало дека тој е мајор, како и Борис. На тоа Борис негативно изреагирал
и почнал да зборува уште непотребни работи, сѐ додека публиката не почнала да го
критикува. Мајорот бил во толку алкохолизирана состојба, што почнал и да пука кон
пијаното, на што Камбуров издал наредба двајца офицери да го отстранат од прославата,
додека пак Ганов продолжил да зборува уште.
Извесно време подоцна, се слушнала многу силна експлозија надвор, а на надворешната врата
стоела Александра, со шмајзер8 во десната рака ги известила луѓето дека од страна на
Народноослободителната Војска9 бил разнесен полицискиот участок10, а моменталните
пукотници биле од престрелката кај затворот.
На крајот од чинот, Александра го спречила мајорот од тоа да побегне и го уапсила, а други
членови на НОВ го собрале оружјето од останатите полицајци.

КРАЈ

8
Шмајзер (Schmeisser), или МР 40 е познато германско оружје кое спаѓа во категоријата автоматско оружје
(автоматска пушка).
9
НОВ била војска која се создала за време на Втората Светска Војна, чија цел била да се бори против
фашистичкиот окупатор.
10
Участок (полициски) бил вид на затвор.

You might also like