You are on page 1of 1

Втора писмена работа по македонски јазик

„Сакам да Ви кажам“

„Сакам да Ви кажам“... Навидум лесен наслов, за кој што може да се


започне со состав, но сепак тешко е да Ви кажам сѐ што јас знам и што сакам. Јас,
во овој состав нема да пишувам многу во врска со она што јас сакам да бидам
кога ќе пораснам или што би сакал да имам, туку ќе пишувам во врска со тоа каков
сакам да биде светот и моето опкружување. Ова го велам затоа што ако јас
живеам во неубав свет, нема да бидат важни моите желби.
За почеток, прво би сакал да нема војни, бидејќи војните колку и да сметаме
дека се далеку од нас, истите сепак нѐ погодуваат материјално или духовно. Го
велам ова, бидејќи не е лесно секој ден да гледаме како се мачат и умираат
луѓето, поради некаква војна, затоа што војните не само што оставаат
материјална штета, туку оставаат и празнина во нашите и срцата на другите луѓе
кои што загубиле некоја блиска личност за време на војната. Сепак, животот е
бесценета работа и ако еднаш се загуби, не може да се надомести и врати назад.
Сакам да Ви кажам на Вас, сите луѓе на овој свет, дека војните не се само
единственото нешто што мене ме растажува, поради што тука не се само војните,
туку проблем е и загадената животна средина. Животната средина не смееме да
ја загадуваме, бидејќи сѐ што ќе направиме против природата е исто како и да си
направиме против нас, луѓето. Затоа апелот мене ми е не само да нема војни,
туку и да ја заштитиме животната средина, колку што ни дозволуваат нашите
можности.
Во меѓувреме би сакал да кажам нешто и во врска со криминалот, бидејќи слично
како и војните и загадувањето на животната средина, и оваа појава во нашето
општество се одразува лошо на сите нас. Поради тоа, би сакал да порачам да
нема ни криминал, бидејќи истиот подеднакво може да направи штета како
војните и загадената животна средина.
Што се однесува на моите желби, јас би сакал да бидам успешен човек, што ќе
биде познат по добро меѓу луѓето, бидејќи мене доброто што ѝм го правам на
луѓето ме исполнува како ништо материјално на овој свет.
Ова го велам и апелирам да ги нема овие појави во нашето општество, за
да можеме да живееме убав и исполнет живот и воедно да можеме да уживаме во
истиот. Не мора сепак да направиме многу во однос да ги искорениме овие појави,
туку и малите промени може да влијаат многу, поради тоа што подобро е да
направиме нешто добро, отколку да не направиме ништо и да гледаме од страна.

You might also like