You are on page 1of 57

1

2
3

Содржина

1. Лаком макадам
2. На арно нека е
3. Се има своја цена
4. Света вода од Хиландер
5. Во метежот со својата сенка
6. Оф не рече Босилка
7. Ѕверот си заминал
8. Светот се смееше громогласно
9. Месечева постела
10. Рецензија
11. Кратка Биографија
4

Лаком макадам
Небото повторно започна да пламти со
својата пеколност. Облаците како да
се натпреваруваа меѓу себе кој повеќе ќе исфрли
громови и кој гром ќе спржи што поголемо парче
земја. Шиштеше воздухот и низ тој остар змиски звук
го носеше сувиот воздух. Од сето ова ноздрите се
ширеа толку бргу, што напати капиларите се
доведуваа до границата на прскање. Споро ги
влечевме чекорите и не забележувавме кога ќе
се удревме на ситните камења.Веќе се навикнавме на
болката во овој пат без крај. А којзнае и дали
одевме, така напати мислевме, дека само се вртиме
во еден волшебен затворен круг.
- Спиридоне.оо Спиридоне! – ме праша
некако пискаво проклетникот спроти мене.
- Кажи Алекцо, кажи бргу оти грлово ќе ми се спржи
од жештињево, барем да понесеше некоја капка вода
на тоа твоите шлапатарки.
- Имаш ли деца Спиридоне?
Оф мори мајко, си помислив во себеси.ние сега
чекориме заедно со смртта, овој ме прашува дали
имам деца.
- Зарем тука е важно Алекцо дали имам или немам.
Кратко одмолчи, ама таа неговата сува воденица не
знаеше да запри, сетики се отвораше, та мелеше се и
5

сешто. Понекогаш кога ќе му го погледнев


неговото исцибрено лице помислував дека паметот му
го испиле гавраните додека одевме низ долината.
- Е добро де не се жести одма ти,прашав онака да ни
помине времето.
Побеснев, ама вистински побеснев од овие негови
зборови, а и малку бев среќен
што побеснав, којзнае од кога не сум
ја почувствувал оваа емоција. Безживотноста што
беше не опфати не` не убиваше, ами само
ја зголемуваше агонијата на млакиот живот. Но ете со
оваа емоција некако полека пак како да започнуваше
да се раѓа она мало пламенче кое го носеше надежта.
- Алекцо !-извикав силно, а тоа Алекцо со некое чудно
ехо одекна наоколу-за кое време зборуваш бре
непрокопсан еден, зарем не гледаш дека времето тука
не постои.
Абре едно жилче да му мрднеше на тоа карпата
негова која само беше пресликан ликот
негов, едно, или некоја нова треска да му се родеше
во тоа вените да му заклокоти тој
бучен извор.ама не се случи тоа. Само воздивна, онака
од навика, не оти со воздивот ги фрлаше од себе
гревовите, туку пусто градите негови му
го знаеја ритамот, па се вовлекуваа и се издигаа
механички.
- Спиридоне-повторно започна да пцала-од кога не те
полазиле морници?
6

-Мал бев, очите ми беа замаглени


тогаш, полуотворените усни затреперуваа, а јас само
ќе ги забуцав рацете во косата, ќе го допрев лицето и
ги чувствував брзите удари на морниците како удираат
под кожата, тогаш мислев дека стрина Божана
направила некои чинки и ги ставила под прагот, па
затоа таа огненица се буди под кожата.
Со крик се тргна малку од мене, очите му
се разлејаа низ пеколниот простор, проба да ги отвори
усните и знаев тогаш дека сега ќе ги мерда сите богови
и светци.
Некој позади нас започна да се кикоти, а кикотот негов
беше како татнеж небесен.
- Сѐ уште ја посакуваш топлината на нејзиното месо да
ја морничави твојата кожа?-праша и ги развлече
усните.
- Не можам да мислам на тоа, сега е само легната
сенка на кревет, а во далечините нејзини гледам како
мермерниот паметник и се доближува.
Беше висок со светла коса, во торбите носеше
одпоодамна смрзнати капки тага кои ги ронел во
некое далечно време. Алекцо и тој ги притаи веќе
машките воздишки, беше едно време и во
манастир, ама попусто, можеби затоа сега кога
притаено пцуеше, ги мердаше по ред сите светци. Тука
зборовите не одеа никаде, па затоа веќе гревот не
постоеше.
7

- Алекцо, ајде не се влечи како некоја стара


вештерка, оти ако не го најдеме тоа по кое
дојдовме, тогаш лилавото утро ќе го фрли пепелот на
заборавот врз нас. Ете дури тогаш
ќе спласни пламенчето во нас.
- Спиридоне, знам дека сум далеку од гробовите на
моите дедовци, но ако утре се скаменам се до
прстите, кажи ти некоја измислена
молитва, знаеш, ние во нашата фамилија пред
умирачката не кажуваме молитви, ами пиеме вино и
пееме како улави.
Седнавме малку да поседиме на земјата, која не беше
ни црна, ни црвена, ами некако повеќе беше како
некоја пепел, но сеедно седнавме да
ги слушнеме нејзините тајни. Профучи некоја тешка
воздишка покрај нас тогаш, знаев дека е
на Босилка, лежи кутрата на кревет и само брои бели
зрна на таванот од собата болничка. А толку сакав сега
да бидам до неа, да ја спуштам главата на нејзините
гради и со топлиот здив да го смирам тоа мало срце
кое биеше со брзина на исплашена срна.
Уверливоста на моите зборови и ги
смирија тогај сите сомнежливи огнови што пламтеа во
неа.
- Босилке-го кажав ова и ја погледнав во очите каде со
секој миг се гаснеше оганот на животот-знаеш дека
никогаш не сум се спротивставил на Бога. Ќе
одам Босилке до границата каде што владее смртта и
ќе се спогодам со неа, ако тогаш судбината за тоа ми
8

се спротивстави, да знаеш ќе ја треснам силно по


муцка. Само те молам до тогаш
не поцрнувај, издржи, знаеш дека амајлија силна
имам со мене, света земја од Ерусалим ќе носам околу
вратот. Само ти стисни заби и чекајме, помисли
пак Босилке на пилците наши.
Со движењата на недолгите раце слични на
суви ветки ме прегрна онака слабо.
- Спиридоне, усните ти испукале од жед, напијсе
барем малку од сокот што ми го донесе, енего на
наткасната уште стои.
Шмукнав неколку капки од сокот, колку да не и бидам
во мисла, ги завиткав сите неизговорени зборови
во крпчето, чувајќи ги така за шепотите што сѐ уште не
беа родени.
Тргнав како побеснет ѕвер и со продолжен крик
по макадамот кој сѐ уште не знаев дека ќе биде толку
тежок, макадам на кој му беше сеедно од каков сој
сум, од која вера сум, палниот само
капки крв сакаше, крв човечка да капи по него.
9

На арно нека е

Стана и ги сокри солзливите очи Алекцо од мене. Без


да офни го направи првиот чекор во следната
непозната патека која само што се создаде.Така барем
помисли дека му тече животот во иднината.Над него
облакот со сребрени ивици се надвисна да го
наслушни неговиот притаен шепот.Видливо беше дека
е вознемирен но неговите стиснати усни не го одаваа
пред другите кои се криеа од нас во мракот.Чудни се
луѓето,а уште почудна е сеприсутноста околу нас,или
беше обратно,чудни се луѓето,а едноставна е
сеприсутноста околу нас.Се наведна и скина исушена
билка која мирисаше малку одвратно.

-Нели е прекрасно Спиридоне ?-ме праша загатливо.

-А што има толку интересно во една мртва билка ?

-Па и оваа билка некогаш била жива,исто како нас ?

-Ајде Алекцо нетуку трескај глупости,па се уште ние не


сме мртви !

-Ти само мислиш дека сме живи-и повторно загатливо


продолжи да зборува-погледај таму,погледај како
умира во далечините виножитото.

Да земеше некој камшик да ме камшикува можеби ќе


офнев,но неговите зборови ме погодија како стрели
10

отровни,болеа во телото и се забуцуваа во секој дамар


кој играше од нивното поминување,болеше но
неможев да писнам,само го слушав.

Тој зеде да врти со главата де лево де десно,бараше


некој нов соговорник во околината.

-Ене погледај Спиридоне,погледај таму-покажа со


раката во она што беше пред нас-погледни како горат
грпките на планината,ете гледаш и таа умира во
агонија,овде се умира пријателе,се.

-Знам Алекцо дека само ѕверот кој е сокриен во


шашливо грне не умира.

Остапи еден чекор подалеку од мене кога ова го


кажав,а пред нас небаре од месецот се откачи се
створи Борис,малку пламнат во ликот,куц на десната
нога и со дрипави раце кои му висеа покрај
телото,очите натечени,бузите потечени,брадата
одвреме навреме му се тресеше ако немаше ветар.

Пробав со дланките да му ја избришам крвта која се


засушила на десниот образ,одмавна со раката
кажувајќи така да продолжам да одам.

-Зборувај му погласно оти е глув-дошепна Алекцо.

-Од каде пак ти знаеш дека е глув ?


11

-Кога не ги слуша громовите околу нас,значи е глув.

-Доцните,премногу доцните-извика Борис и ги


набабри очите .

Викаше и со нозете удираше по земјата,гледав како по


нозете му лазат пролетни црни бубачки,па можеби
затоа тупоти сиротиот,сака да ги истреси од себе.

Се наведна,откорна една мала ракатка трева,ја


изџвака во устата,потоа се заврти према Алекцо.

-Му ги откорна дробовите на човекот пред да му го


ископаш гробот,нелииии ?

Небаре спиел во студените години,само рамнодушно


ги крена рамениците Алекцо и му возрати.

-Тоа требаше многу порано да го направам,требаше


порано да му го изгаснам кандилото,заслужи,ја
обесчести најмалата ќерка на Лозана,имаше детулето
само 12 години.

Врз нив легна парче темнина,тие се прегрнаа и небаре


се живи факли зедоа да играат прегрнати,викаа,пискаа
и плукаа одвреме навреме врз туѓите сенки.

Со горчлива тага во стомакот ги броев безимените


сенки кои стоеа наоколу нас и само молчеливо
12

гледаа.Некои мислев дека ги познавам,а некои беа


како бесни пци,со крвјосани очи.

Да, еден од нив беше Марко од Стико Аврам кој


знаеше секогаш да ги пее песните на душата.Ете
Стрико Аврам беше со едно Ангелско крило на себе и
душа длабока како езерото сино,ама Марко беше со
две црни криља на себе.По лицете одвреме навреме
ќе му се лизнеше украдена шурка сонце,кога ќе
дојдеше до усните ќе ги отвореше покажувајќи ги
своите поцрнети заби и ќе ја лапнеше лакомо во себе.

-Не сум предавник да знаете само..ако другите само


ломотат дека сум-помина покрај нас истураќи ги
зборовите на земјата.

-Остави го,само си ја олеснува душата-промрмори


Алекцо.

-Не си,не,ама сепак те стигна клетвата на девојките


што им ги продаваше на бароните и грофовите.

Тогаш Марко му се даде влице на Борис.

-Од нешто морав да живеам,ме испадивме од


племето,не сум бил личен,сум бил грд..а што сакаше
ти..тебе да ти ги носев девојките.

Ги одминавме двајцата оставаќи ги да си ја мерат


силата на зборовите.Некој пред нас кашлаше
13

лошо,кога се доближивме видовме дека неговото


лице умира полека и дека пепеластата боја се лепи
брзо.

Се топеа полека чекорите пред нас.Дали нашата


привидна смиреност тоа го правеше или
полуовенатите цветови го навестуваа новото
пространство та затоа брзавме.

Конечно стигнавме до нешто што наликуваше на


ливада,заодот зад нас ги препокриваше непознатите
планини.Песната на враните,страчките или којзнае кој
сој на птици беа,одекнуваа од гранките на полусувите
дрвја.

Се рапливна месечината пред нас,очите започнаа да


ни зреат од оваа привидна убавина,сакав вода да се
напијам,ама Алекцо ме презре во намерата.

-Немој,шурките само привидно фрлаат вода,кога ќе ги


допреш со усните ќе шикне крв црна од нив и после
тоа ќе станеш ептен лаком за празнини.

Се закикотив со смеа незаприлива,Гавраните


замолчиа а шурките секнаа вчас тој.

-Сонуваш мртов сон Алекцо,та затоа само бладаш.

-Не Спиридоне,на Босилка и се пие сега вода,затоа ти


го споменувам ова за шурките.
14

-Не и го погани името песу еден,не и буричкај барем


ти во болката нејна..!

Сакаше да зини со тоа пештерата негова,ама брзо


заграбив парче земја та му ја оставив во рацете.

-На,лапај,лапај лакомо земја,за да не лапаш нешто што


не му долкува ни на твојот стомак.

Малку навистина лапна од земјата,небото десно од


нас легнуваше полека,а пред нас две три тишини се
испрелетуваа во чудна плетенка.

Земјата стори да кркори додека зборуваше,немаше


копнежи кутриот сега во тоа глаголење.

-Се сеќаваш ли Спиридоне на песната свадбарска што


ти ја пееше Блаже Радобилецот за сите неродени
времиња,се сеќаваш.Ти и гугутките игравте како млади
снегулки во дворот на Босилка.Ти опиен од чадот на
темјанот,Босилка опијанета од твојата машка пот,се
прегрнавте и заплакавте пуштаќи ги првите невини
солзи.А после..после ги соблековте ленените кошули и
оставивте прстите да играат насекаде по вас..се
сеќаваш ли Спиридонееее.

Со овие зборови некако дојде пред мене мојата


младост,неможев да заплачам оти знаев дека ќе
прегорат созлите тука од врелината.
15

-Зошто ми го кажуваш сето ова ?

Стана,но морав да го придржам бидеќи неговата


ослободена тежина ќе се предадеше пак на земјата.

-Блиску сме Спиридоне блиску сме до крајот..го


чуствувам во ноздрите мирисот на скапано..ете така
мириса реата на реката.

Немо само ги исклештив забите,тој тоа го разбра како


насмевка,но не знаеше дека така секогаш се клештам
кога ќе ми се забуца во слабината непозната болка.Во
себе си промрморив.

-Само да не e касно,само да не e касно..кој знае сега


Босилка колку офка од болештини,кој знае колку тој
ѕвер во неа ја раскинува,само да не се јагленоса
додека се вратам.

Едната веѓа ми затрепери,ако си реков,на арно е ова.


16

Се има своја цена

Потполно беше свесен Алексо дека сеќавањаат го


напуштаат за секогаш,ги гледаше како мисла по мисла
се впиваат брзо во земјата и со раката ги
поздравуваше,некои кои беа зли врискаа силно и
пробуваа барем уште малку да останат залепени на
веќе исушената кожа.Добрите,благородните мисли
беа толку топли и во последните мигови,та пред да ја
допрат земјата со должна почит се поклонуваа пред
својот креатор Алексо.Спиридон го гледаше озарениот
лик на својот сопатник.Сакаше да го праша нешто,но
немиот одговор што го доби со раката разбра дека
треба да почека малку.

Но,во главата на Спиридон започна некоја чудна бура


да се крева,која во првиот миг го исплаши,патуваа
новите мисли низ виугите со светлосна брзина
недавајќи му време правилно да ги дефинира.Многу
од нив со викот зборуваа едно исто...застани
Спиридоне,застани за подоцна не се покаеш.Додека
стоеше на местото се доближи Алексо и го потапша по
рамото.

-Сега дури ја разбрав мислата на мојот дедо кој повеќе


пати ми ја кажуваше.

-Која мисла ?
17

-Неможеш да бидет добар Татко,ако си бил лош син.

-Не те разбирам што ми кажуваш и на крај краеви


зошто токму сега ова ми го кажуваш ?

Живиот жар за последен пат заклокоти во очите на


Алексо,зовриената крв спласнуваше,браздите на
челото ги снема,стапалките беа лесни,не беше сега ни
маченик ни самотник.Ни пак беше веќе прогонуван од
голтари.

-Отсекогаш барав своја патека кон иднината


Спиридоне,на тие патеки проодната слава честопати
ме презреваше и завиткуваше во разноразни
бесчуствителни ситуации,честопати бев осамен и
немилосрден,од проколнатите богаташи земав,на
блудници давав,никого не сожалував,ни синот ни
татко кој го оставив слеп на улица да сконча.Не ти се
исповедам со ова.Оставив за тие после мене многу
злато,енеги таму позади мене на гробот се клештат
како улави од радост.Од пуста радост еве ми го дадоа
последниот нив дар-тогаш од устата ја извади малата
паричка држеќи ја цврсто во раката-не оти ме
сакаа,ами да бидат стопосто сигурни дека нема да се
вратам.

Од овие зборови Спиридон морници го полазија.


18

-Ајде тргни Спиридоне,ајде ете на само стотина чекори


пред нас е Танатос,не чека нестрпливо.Сега и ти знаеш
што ќе побараш од него.

И од самото споменување на името Танатос,доволно


беше тоа за небото над нив да пушти црна молња која
го распара просторот.

-Не се потсмевај со мене Алексо,не се потсмевај оти


песјата нарав се` уште живее во мене,ќе те раскинам
да знаеш.

-Смекнат сум Спиридоне,смекнат,не завива веќе во


мене ѕверот да знаеш само.

Спиридон направи чекор и се нурна со погледот


напред,гледаше како сончевите кругови се смалуваат
во непознати далечини.Ова сега тука беше ноќ и не
беше ноќ.

-Заколнисе Алексо дека не сме во сон и дека


утрешната сенка повторно ќе ме чека надвор.

-Ако се заколнам во крстот Спиридоне,ќе ме извадат


од гробот и ќе ме остават пците да го тргаат моето
тело,но ако се заколнам во сите Живи Богови ќе се
заплеткам самиот подлабоко во лагите.Но сепак се
колнам во онаа светлина што се раѓа пред нас.
19

-А што да правам пред него ако ми ја земи младоста


од сеќавањата ?

-Ти трепери со кожата,мислите смириги и зборувај


само со јазикот на душата.

Пред да продолжи Спиридон малку се


замисли,мислеше на утрешнината,искушенијата,и
прашуваќи се себеси дали и понатаму ќе го огрева
црното сонце во пурпурот.Но имаше пород а ја имаше
и Босилка,причината зошто дојде дури до тука.

Полека веќе наслушнуваше како оштро удираат


брановите на реката Ахерон.Одеа молчешкум,секој со
своите мисли.Чудно.Алексо целосно замолчи,само
цврсто ја стегаше десната тупаница гледаќи да не му
испадне паричката.

Додека обајцата ја гледаа реката и очајниците кои


седеа на брегот тивко липтајќи,последните капки ноќ
се оделија од нив.Се свртија еден према друг,без
ветер меѓу нив.Молкум само со поглед си кажаа
збогум и Алексо веќе со следниот чекор беше пред
скеларот подавајќи му ја паричката.Спиридон се
заврти малку леводесно и на неколку чекори од него
,на црна карпа го виде Танатос како седи навален врз
своето црно крило.

Пријде и без наклон го погледна.


20

-Попусто ме гледаш,мене ми е сеедно дали имаш или


немаш паричка-го кажа ова и ги подигна клепките
повисоко на кои беше залепено многу пластови од
сомеленото мртво време.

Во воздухот треперееа црните кристали.

-Но мене се`уште ми е горчлив здивот и се`уште


сонувам румени зори.

-Ненаспан си и уште си опиен од топлината на


сонцето,затоа така зборуваш.

-Ја сум..сакаше уште нешто да каже Спиридон но


Танатос го прекина.

-Знам кој си и знам што сакаш.

-Ќе ме проколниш ли за ова.

-Ти се`уште пиеш мрак и се`уште копнееш по


светлина,кажими зошто да те проколнам ?

-Можеби затоа што дојдов на границата помеѓу двата


света.

Подоцна по години многу кога студениот ветар


влегувал брзо во коските и кога патеките во планините
не постоеле,нашле еден полусмрзнат старец кој
повеќе бладал во сонот,помалку зборувал кога било
ден дека некој смртник со клокот во крвта се симнал
21

длабоко под земјата во царството на смртта и за чудо


големо се вратил жив,со малку свенато лице и здив кој
напати запирал во градите,но пеел пак за светната
месечина.

Полека тука се губеше значењето на времето и на


настаните.Танатос малку посака да си поигра со
смртникот,додека душите кои беа во ред голем
сеедно им беше за оваа игра,тие имаа само една
цел,да се качат на скелето и да му платат на скеларот.

-Голи се ридовите овде а и небото е голо,понекогаш


наминува тука ветерот но неговите прсти се премногу
ладни,невидливата утроба на овие очајници кој само
стојат на рекава е празна,та попусти им се
виковите.Погледниги-извика силно Танатос кон
Спиридон-погледниги како грчевито се држат за
земјата,која не е земја.

Од студениот ветар малку се замрзнуваше десното око


на Спиридон,а некаде во левата половина од душата
го заболе добар дел од животот што беше го ставил
таму како спомени.

-Ќе го сториш ли тоа по кое што дојдов-праша,но


зборовите се изгубија некаде во криљата на Танатос.
22

-Таму горе,живите многу лесно ги забораваат


покојниците,а тука покојниците ги паметат премногу
добро живите.

-Така е во другите села,во моето не е така-малку


мудро возврати Спиридон.

-Знам,Јас се знам.

-Безумие е,безумие големо е и затоа тоа го прават.

-Млада е зарем не и сакаш и понатаму мугрите да и


цутат во скутот ?

-Да млада е Босилка моја и не скрби и никому не му ги


отвара темните бездни,ама ете сега гниеж и ја
разјадува душата.

-Премногу долго те трпев !-пламна Танатос.

-Молчам и чекам-ја наведна главата Спиридон.

-Знаеш дека се има своја цена ?

-Да знам.

-Се ова ќе ти биде како сон,Босилка твоја кога втората


полна месечина ќе се роди ќе стане на нога,а ти-се
наведна над Спиридон-тебе ќе ти го земам стравот од
смртта,а ќе ти го дадам стравот кон животот.Во
23

ноздрите до својот последен здив ќе го носиш


мирисот на мемлата од гробот.

На запад полека доаѓаа разбуричкани облаци кои


носеа малку дожд.Се распливнуваа во непрегледноста
и играа со времето,во таа игра се надви мало облаче
над Спиридон и го ороси само на челото со ладни
капки.

Цела ноќ месечината зобела од ѕвездениот прав,а


Спиридон не го видел тоа,но кога ги отвори очите ги
виде брестовите како се нишаат на ветерот.
24

Света вода од Хиландер

Се врати бесилен Спиридон од тоа што многумина ќе


го наречат сон,но во дното на својата душа ја смести
радоста дека на Босилка негова не и се скинати
нишките на животот.Нејзината недозреана убавина
утре ќе биде цвет на сите нивни надежи.Ако Спиридон
ќе биде тажен како Орфеј.

За да ја утеши дека го нашол лекот за сите болештини


нејни зеде во канче малку вода и и подаде да се
напие.

-Напиј се напиј Босилке малку света вода од


Хиландер,ќе ти ја врати силата за утрешниот чекор.

-Ме благослови синоќа Спиридоне Архангел-спокојно


му возрати на ова и во таа цела радост и се подигнаа
нејзините јадри гради.

Заспа Босилка од сета таа блаженост а Спиридон


повторно остана сам слушајќи го ноќниот ветер како и
се исповеда на земјата за сите дневни авантури.

Горе на планината во бигорниот храм на


призраците,двајца стари полупапсани испосници
повторно вечерва пробаа да молат за прошка на
гревовите од луѓето.Наоколу десетина зелени гуштери
запоседнаа мали дупки и чекаа да прснат веселите
пламенчиња.Неколку змии,којзнае дали беа
25

отровници со погледот се простуваа од сите сончеви


денови.Долу,во самото подножје одекнаа свадбарски
песни кои ќе ја веселат ноќта со своите пијани
гласови.Во самата длабочина на планината подалеку
од сите човечки погледи,буѓосаните коски шкрипеа
тешко пробуваќи така од себе да ги фрлат старите
рѓосани окови.Некој утре кога ќе оди во оваа
планина,ќе каже дека слушал мртви песни испеани во
ноќ кога ветерот завивал злокобно.
26

Во метежот со својата сенка

Се разбуди Спиридон со некое чудно непријатно


чуство во грлото ,да во грлото започна да се извишува
мирисот на мемлата,онаа гробна,тој проклет мирис кој
ќе го чуствува се до својот последен здив.Но ете како
утеха некаде од вијугите пролета нова мисла,ќе
оздрави Босилка,ќе оздрави и пак ќе се смее со својот
ѕвонлив глас.Отиде во купатилото да ги симни
гурелкуте кои се напластиле со дебел слој околу
очите.Се погледна во огледалото,ликот беше ист,не,
беше сличен како тој од вчера,но сега имаше една
длабока изорана бразда на челото,толку длабока што
животот синоќа орал се до коската.Ах,си
помисли,одлета сето црнило од главата што останало
само белилото,косата беше обелела со такво белило
што и најчистиот снег во зимо ја немаше таа
белина.Нејсе,повторно се утеши и со белината се
живее,но малку луто ја подголтна плуканката која го
собра сиот мирис на мемлата и го однесе во
стомакот.Но што да се прави и вака и така ќе ја голта
иднината Спиридон.

Надвор се призатопли,пролетните брзаци деновиве се


збудалија,крвта од тоа вриеше кај луѓето,на некои
очите им се полнеа со влага од дните,а некои веќе беа
постари и од своите мисли.Неколкумина само
безделничеа и со погледите броеа муви во просторот.
27

Нивното малоумие не го интересираше,сказанијата им


ги остави на бабите да ги кажуваат,а тој ги призатегна
врвците од чевлите,ја поднамести крагната на
кошулата,палтенцето си го префрли на левата рака и
си го благослови чекорот.

Додека Босилка на постелата збираше здив по


здив,Спиридон одеќи накај неа се збогати со многу
зборови.Ќе и ги подаде токму тие си мислеше во себе
и со тие зборови ќе го совлада секое премрежие кое
ќе се испречи пред нив.Чекореше и напати ќе
скрцкаше со забите,оти некоја зла мисли ќе му го
поречеше патот.Не се даваше,ами ќе ја спржалеше
одма.Карши него покрај одот,непознатите лилави
цветови му ја мамеа насмевката.Проклета да бидеш
немој тука,мустаќите не му ја сопреа солзата која му се
лизгаше.

Кога стигна пред пансионот мртвите очи на чуварот го


гледаа безволно.Го одмина бргу и го остави да му
бабарат празните часови.

Усните на Босилка и се мачеа за молитва,а Спиридон


кога пријде само и ги допре кажуваќи и.

-Немој,немој ,не се мачи домаќинке моја,вчера


молвев тивко на тврда земја и светецот,еде оној што ја
буца со копје ламјата,утешително ми кажа дека нема
да ти истинат жиличките околу челото.
28

Во овие мигови кога Спиридон ќе и глаголеше вака на


Босилка со лазареви надежи,тогаш и тагата и
омекнуваше,а мислите и летаа во топли и богати
краишта.

-Ако,ако домаќине,ти барем за сите нас помолисе и


кога има и кога нема светлина и стискајго јако парчето
свето дрво на кое е врежан крстот.

-Босилке-ја погледна во очите-денес ќе дојдат пилците


да те изгушкаат,не им ги дупчи нивните насмевки со
твоето оф,стори себап на душата,за утре да не копнеат
по лелек.

-Не се срди сега,нема да бладам пред нив и нема да ја


видат мојата студена прозирност.

Ги стисна силно клеките иако можеше да го гледа


лилавиот облак кој полека лазеше надвор од
прозорецот.

Спиридон седеше покрај креветот и ги слушаше


другите во собата како им се спобудалува стравот од
смртта.Им се наголемуваше та кога ќе ја видеа со
своите очи,им пукаше земјата под нив.Судбината тогај
стивнуваше и не се спротиставуваше пред таа илузија.

Набрзо еден глас кој се лизна накај подот издупчен


целиот од уплав и носител на паганска вера се јави.
29

-Перуне не ме заборавај тука-неговите смрзнати прсти


се грчеа а трепетливото каење се лепеше на неговата
модра муцка.

Јасник беше надвор и немаше никакви умирања


таму,само вилиците му се затресоа од гнев.

-Спиридоне !-се јави Босилка како далечен глас од


далечни простори.

Во далечините плачеше јатото утки.

-Кажи домаќинке.

-На наткасната е ливчето на кое се запишани лековите


кои треба да ги купиш,пак снемало тука лекови.

Го зеде молчешкум ливчето со своите големи


шлапатарки и се изгуби надвор во метежот со својата
сенка.
30

Оф не рече Босилка

Стоеја пред вратата на ординацијата Босилка и


Спиридон и немо без збор гледаа во пукнатините на
ѕидот,кој беа сличнии на нивните пукнатини низ
душата.Со мака ги голтаа плунките пред нешто да
кажат,ама кога ќе требаше да ги отворат
усните,повторно молк.

Седна Босилка на литата столица,малу луто плесна со


рацете по сопствените колена и го погледна Спиридон.

-Изгледа натемаго му дошол на гости на докторов


наш,та си разврзале муабети,исто како Баба Илинка
кога ќе го разврзи предивото низ собата.

Спиридон се ослободи од тежината што му ги


пристискаше градите.

-Оставиги Босилке тие муабети за друго место и во


друго време,остави.

Надвор бадемите веќе почнаа полека да го фрлаат


цутот,кажувајќи со тоа дека сега ноќите ќе блеснат и
ѕвездите ќе светат небаре се очи вљубени.

На вратата се појави мало бушаво старче,со голо лице


и малку збрчакано,погледот беше сличен на рибите
кога ќе ги извадиш од вода,ококоравени.
31

-Не зборувај за ѓаволите оти и тие се како поповите


црни,само со рокчиња мали.

Спиридон си ја поткаса устата и ја погледна Босилка


малку криво.Промрмори за себе.брејј слушнал
проклетников.

-Оставетеги докторе ѓаволите,тие и онака постојано


трчаат од раѓање до пеколот и назад.

Со чемерна замисленост влегоја двајцата во


собата,старчето и покажа на Босилка да легни на
креветот на стомак,а на Спиридон му покажа да седни
кај главата нејзина.

-Домаќинке,ќе земам малку срцевина од коските и од


рбтетот,сакаш да пискаш,сакаш да пееш сеедно ми
е,само немој да касаш.

-Ѓаволчињата секој ден докторе ме апат и по градите и


по џигерите па не пискам,не пак сега..ајде врши си ја
својата работа.

Започна со сврдлото полека да ровари по бутната


коска,а мраморните дупки на ноздрите од Босилка и
потреперуваа немирно,ја подзеде раката на Спиридон
и ја стегна онака силно,колку што беше голема
болката на Босилка,толку беше голема и на Спиридон
и тој сега трпеше.
32

-Спиридоне се сеќаваш ли кога бевме мали,толку мали


што пупунците за нас беа џинови големи-ја слушаше
Спиридон Босилка како глаголи од болка а неговиот
извор на солзи само што не пукнал-и кога одевме по
ливадите на дедо да трчаме и да се натпреваруваме со
ветрот,ех што беше тој итрец,ќе не пуштеше да го
претрчаме,та после кога ќе ни се згнеше од позади,ќе
не туркаше во грбот,та ќе не стркалаше по земјата.А
којзнае и него колку луди ѓаволчиња тогаш го бркаа
што фучеше напати збеснато.А, што мислиш
Спиридоне,колку ѓаволчиња тогаш го бркаа-молчеше
Спиридон,оти ако само зинеше ќе рикнеше тој пусти
извор-се сеќаваш нели,а кога подпркавме,кога крвта
ни вриеше во вените небаре беше казан од пеколот
Спиридоне,ехххххх-тоа ех го испушти со малку болка
ама не даде докторот да разбери дека лелека-како ти
црвенееше секогаш пред мене,небаре беше
велигденско јајце.

Кога докторот ја заврши работата го погледна


Спиридон кажувајќи му.

-Е алал да и на оваа жена,оф не рече.

Спиридон премален од болката му возврати

-Е таква е докторе Босилка оф не кажува.


33

Ѕверот си заминал

На Спиридон плашливо му затреперија белите клепки


кога пред него помина топлиот ветар на
животот.Малку му замириса на есен.Животните
настани во последно време трчаа пред него толку
брзо,што кутриот не можеше веќа да ги брои.Стоеше
под прозорот и ја слушаше како тивко од радост
Босилка липа.Утрово и го даде белиот лист додека
рацете му треперееаја толку многу што домаќинката
помисли дека злото е втиснато таму.Со двете дланки
го стискаше та Босилка му подвикна малку.

-Спиридоне,не го стискај толку листот ќе го исцедиш и


мастилото од него,та не ќе знаам што пишува.

-Арно кажуваш домаќинке-и возврати со засипнат


длабок глас.

И го подаде листот и ја испрати со погледот до вратата


од собата каде ги лепеја сите соништа по ѕидовите.

Остана така гологлав и со малку навлажнети очи од


шкрти солзи да чека кога повторно на вратата ќе се
појави неговата домаќинка со залепено сонце на
ликот.Времето споро врвеше,споро се виткаше тоа
палното на вретеното свое,чекаше чекаше а Босилка ја
немаше,та излезе надвор небаре беше измитарен пес.
34

Стоеше така под стреата и од немајкаде слушаше како


досадната страчка пее некоја неповрзана песна,на
брборливите кокошки им беше сеедно што тој е во
близина,тие само колваа и некоја своја кавга си правеа
меѓу себе,песот караман повеќе од досада
лаеше,неоти имаше некој душман во близина,ама ете
да му го чујат гласот се надвикуваше со комшивскиот
пес.Наоколу него беше запишан дивиот закон на
природата,треви боцки грмушки се котеја
незаприливо.

Под планината развлечените песни на овчарот Орде ги


веселеа стадата бели,карши нив ѕверосаните волци
саде се стрвеа,ама беа секогаш обесхрабрени од
лавежот на Гром,така го викаа најголемото куче кое
р`жеше и на мракот густ.

Мислите негови се залепија по земјата и се влечеа


како стоногалки насекаде,кога звук на шушкање
позади неговиот горостасен грб се слушна.Иташе со
брзи ветерови чекори Босилка негова кон него,грееше
толку убаво со ликот што и камен ќе стопеше од
милина.

-Спиридоне,си отишол ѕверот од моите вени,си


отишол во неврат.

Сега и Спиридон ги растргна црните облаци околу него


ширеќи ја својаат бескрајна прегратка.
35

-Си отишол,си отишол домаќинке,да не даде Господ


да се врати-си поплука во пазувите.
36

Светот се смееше громогласно

Новата историја во својот живот започнаа да ја


пишуваат Спиридон и Босилка.Во височините ги
врзуваа соѕвездијата.Продуваните векови кои врвеа со
светлосна брзина ги сопреа.Започнаа да ги обновуваат
своите сопствени сетила.Гледаќи ја ѕвездата Деница
како ги грее посакаа да отидат далеку,некаде каде
што се раѓаше сето верување,посакаа да одат во
Ерусалим.Иако одвреме навреме ќе се јавеа некои
кобни гласови од затвореното минато,тие сепак
чекореа со пресликано сонце на ликовите.

Светот се смееше громогласно,се смееја и тие двајца


со него.Времето сега излегуваше полека од новата
кожурка.А и почесто се целуваа и пуштаа сладострасни
воздишки.

Всушност,Спиридон со својата смеа што и ја


подаруваше катаден,не дозволуваше да ја спопаднат
зли мисли.

-Каде се децата Спиридоне?-го праша малку


загрижено.

-Етеги надвор во дворот ,седнале со другите и од тули


и камења си ја ѕидаат иднината.

Удрија тричетири снопја од светлина врз нив,се


размрдаа повеќе од вчера.
37

-Поканети сме денеска да одиме кај Мајка на ручек-


пак прослови Босилка.

Да му речеше евети јаже обесисе ќе се обесеше


сигурно,да му речеше оди на карпата и фрлисе во
бездната ќе се фрлеше,од овие зборови му се пеплоса
лицето,веѓите ги собра исто како студот што ја собира
земјата во тутки.

-Пак ли по стари тефтери ќе прелистуваш сметки –


малку луто му се обрати.

Мина времето кога Спиридон ја ведеше главата пред


таа ѓаволска сенка.

-Ќе одиме ќе одиме домаќинке,ама да знаеш,ако ми


суди ќе и судам и јас.

-Има убава ракија,така рече.

-Има убав отров за мене,така мислела.

-Татко јагне цицалче заклал за на трпеза.

-Таткоти само басми ќе продава ништо друго!

Зад дворот на Спиридон започнаа непознати грмушки


да цутат.Нему не му беше мило одењето ама ете си ја
љубеше од срце домаќинката,па кинисаа нога за нога.
38

Месечева постела

Вретеното на времето вртеше премногу бргу недавајќи


му ни миг слободен за да ја избриши мемлата која се
лепеше постојано на него.Напати кога од толку
налепена мемла стануваше дури и зелен ликот
негов.Доброволното злострорство што го стори врз
себе сега веќе му тежеше премногу.Босилка,Босилка
веќе небеше таа што ја знаеше.По малку и се плашеше
да помисли на приказните од нејзиниот дедо,дека во
фамилија имале некоја голема караконџула.Ете така
Босилка стана.Кој ли зол дух влегол во неа,не
знаеше,ама понекогаш наслушнуваше со неговото
скаменето уво како кркори лошо.

Кога беснилото ќе ја здивеше Босилка тој одеше да


чекори под полната месечина. Во тоа одење
посакуваше барем негде да најди солза од
самовила,за да му ги стопи сите јадови кои го
раскинуваа.Но,судбината беше му стана душам,та
сопки имаше секој ден од неа.

А и небото започна да го плаши,кога ведите ќе ги


фрлаше,со светлината нивна го пишуваше неговото
име таму.Кутри Спиридон кога тоа ќе го видеше
немаше сила ни да се прекрсти,ама ќе си кажеше во
себеси.
39

-И што ако се прекрстам,санки Господ ќе се симни и


чадор ќе стави околу мене за да ме чува од ведите.

Напати мислеше дека е само жива марионета врзана


со нишките на сите настани кои нетребало да му се
случат,и затоа.

Еднаш Спиридон Апостолов,пра пар правнук на


некојси стар пагански Бог клекна на земјата заедно со
неговиот нов другар Црн гавран кој крикаше рапаво
насекаде.Клекна и зеде да ја бара силата на својот пра
пра пра дедо.Зеде да ја растура претходно собрана
пепел од стогодишен даб,ете таму на таа пепел
требаше да се налепат сите далечни времиња.Додека
ја растурал пепелта,му се доверил на гавранот со
зборовите.

-И мене и тебе сега Боговите ќе ни ја тестираат


верноста.Ние сега ќе се пробиваме низ мислите а тие
ќе се пробиваат низ далечините,кога ќе се стретнеме
пред прагот на Вечноста ти немој да крикаш.

Малку поинаку размислуваше Гавранот од


Спиридон,но сепак му се восхитуваше што не е сенка
или некој вампир.

Прво што требаше да направи Спиридон во сета оваа


работа беше статичниот сон да не го носи позади сите
настани кои подоцна ќе му се јават.
40

Ама нејсе,беше тој залепен на неговата сенка та го


следеше во секој чекор.

Се реши ете конечно да го побара својот пра пра пра


дедо,тој стар пагански Бог,ама незнаеше ништо за
него,дали има некоја стара лузна на телото,дали
браздите на ликот му се изорани од судбинаат или на
неговото чело има чиста ледина.Не знаеше дали сега
покојниците се`уште го сакаат него како свој
Бог.Препоставуваше дека сега тие и понатаму од него
треперат под својата исушена кожа.Додека вака
мислеше,карши него збеснати глутница кучиња
пробаа да го одврати од намерата навистина да го
разбуди тој Пагански Бог.Нивните кучешки предци им
раскажувале за овој Бог дека многу мразел кучиња.

Времето беше умерено топло и неколку минути по


полноќ.Столетијата започнаа да оживуваат од тивката
молитва на Спиридон.Напред пред него,неопределена
сенка започна да се раѓа.Повторно таа задгробна
мемла го шибна во грлото,ама тој не и попушти и не
бегаше сега некаде во некоја темнина.

-Како утрешен покојник молам пред семоќната власт


која владее со иднината и која е моќна да проникне во
секоја тајна,да ми каже зошто немам веќе
спомени,зошто сите околумене се туѓинци и зошто
секоја моја тишина се оплодува постојано во нова
тишина.
41

Загрме,некои од тој грмеш ќе оглувееа а некои ќе се


исплашеа многу но Спиридон само молчеше и
гледаше.Од небото почна да капе сок,благ и
чудотворен кој ги лекуваше сите рани.Месечината ги
пушти своите златести нишки од кои започна да се
плети најубавата постела за сонување.Неколку орли
кои стоеа на спилите десно од нив запееа песна
столетна.Единствено само Панко шлакнатиот играше
полугол подолу од нив покрај потокот.

На десното рамо долета утка која му шепна тивко.

-Легни легни Спиридоне на постелата месечева за да


знаеш многу тајни и ти.

Легна и ги навлече клепките преку очите оставајќи


понатаму неговиот пра пра дедо тој стар Пагански Бог
кој се`уште не му го кажуваше неговото име да го носи
низ настани неслучени.

Сега знаеше дека е стар и дека низ неговите вени се


заробени стотици години,но убавината на ова
сеќавање беше што околу него немаше покојници кој
ќе му ги реметат сеќавањата.

Однекаде,од некоја темна шуплина која некој ја


држел ете така затворена потекоа детските
години.Галопираше Спиридон низ секакви облици по
сокаците и ја растураше обилно својата смеа,напати ќе
42

застанеше пред некоја храм слушаќи ги старците како


си ги распукуваат усните од молитви кој не одеа
никаде.Некои заблудени го плашеа тогаш дека за
неговата дива пргавост ќе одел во пеколот и дека ќе
вриел заедно со другите грешници во катран но
претходно ќе го премачкале со зајачка лој.Знаеше
дека ова се суви сенки кој не копнеат по ништо па
затоа им се насмевнуваше само и ги оставаше да се
намалуваат до заодот.Потоа си ги види страстите како
му течат низ телото.беше момче стројно.Му го гореа
месото тие страсти,му ги печеа очите од погледи,и
косаат му ја спржалуваа напати.Кога веќе беше зрело
момче умираше и воскренуваше секоја вечер меѓу
бедрата на Алтана блудничката.Беше тоа
грев,беше,ама младоста не признаваше вакви
гревови,та затоа се предаваше на овие сладострасни
бранови.Потоа во еден чуден заод стоеше на куќниот
праг и за него непозната жена со врзулче во рака му
кажуваше збогум.Тогаш далечнаат смеа на друга
непознаат жена го морничавеше.Прашуваше
Спиридон која си,а таа таинствено молчеше .Копнеел
ли по нешто ја праша.А таа пак молчеше.Се потргна од
прагот и пак го слушна тоа збогум.

Ги остави тие простори отвараќи ги очите.Над него


стоеше Босилка со ладен поглед го гледаше.

-Сакаш ли кафе ?-го праша .


43

-Тикви варени сакам-и одговори

-Си одам,мајками нашла некој стар ерген кој дома во


дневната имал позлатен кралски трон.

-Тикви варени имал-пак и возврати.

Сенката која стоеше над него сега беше безбојна без


лик.

-Која си ти всушност ?

Зад него се разденуваше,стана и застана пред


прозорецот гледаќи како се раѓа денот.

Нишките на несватливото полека се плетеа околу


неговото срце.

-Спиридоне збогум-ги зеде малку нервозно пилците со


себе и замина,пред да стапни на последната скала
само и довикна.

-Кога ќе влезеш во гробот твој немој да се изненадиш


ако ме видиш и мене таму.

Се заврти и влезе во собата.

-Да сум здрав и жив... застана крај огништето ставаќи


го ѓезвето за кафе.
44

Сенка без своја сенка

Небесата воздивнуваа кога гледаа Спиридон како ја


цеди својата тага врз земјата.Придушените татнежи му
ја параа душата,недавајќи да си ја раскине кожата од
целиот собран гнев.

Чумосаната бабетина еве ја пак му доаѓа да му пцала


за старите грешки,мислеше ако ги крени повисоко
ѕидиштата и ги вжешти до пеколност дека ќе ја сопри
да доползи до него.Ама таа ми ти била копиле од
испаден калуѓер и блудница стогодишна која
потекнувала од пород кучешки,та ни порои можеа да
ја сопрат.

Ја подаде муцката модра во собичето и зацвили.

-Излези,излези Спиридоне оти пишти плачи каменот


на судбината за тебе,излези од под него да се опулите
еден на друг.

Се беше темно околу оти руменилото уште не


зацарувало.Се огласи како жив факел и и се вдаде на
бабетината Донка.
45

-Не ми ја глодал празнотијата вештерке една,знаеш и


самата ти дека усните веќе ми се празни без зборови.

Ги подаде рацете према небесата Донка низ кој


минале многу продувани векови и зеде онака човечки
да молви.

-Аште ли во маѓиски круг на невозможно ќе го држиш


ти господару на сите пространства,кој и да си,како и да
се викаш.Простиму,простиму што со сој Јудески се
ороди,простиму што и со смртта сојуз стори.

Не се клештеше,ама клепките ги креваше угоре угоре.

Спиридон со едното око плачеше,со другото сонуваше


и Донка ја слушаше.

Во сета оваа миговна зовриеност пак му писна на глас.

-Што мајка бараше бре непрокопцан еден кај смрта да


одиш..и таа убаво ти кажа..грешка е твоја што
дојде,поголема грешка ќе ти биде ако се
вратиш,најголема грешка ти е што молвиш за друг.

Посака Спиридон кучешки кога клекна на подот да


завива и после да плаче со глас на млад вдовец,ама
пуста пештера го врза јазикот и не му даде ни да
писне.Ете тогаш имаше сила небесата да беа ставени
на столбови ќе ги рушеше.Остави само огновите во
46

неговаат душа да пламтат и да го горат но да не го


пеплосаат.

-Петок е петок Баба Донке,а во петок не се крстам,ајде


седни до мене та двајцата да си ископаме јама и да
легниме во неа.

Уште од дните на нејзината грешна младост баба


Донка не се прекрстила,ама сега кога го слушна ова и
натежна тагата на градите та зеде да се крсти онака
чисто,како што се крсти поп Атанас,Море и солза и се
срина од десното око.

-Ех синко синко,сега си ми сенка без своја сенка и не


си веќе покорен на времето и умираш во минатото
бегаќи од сегашноста.

Го остави така легнат на подот Спиридон да се грчи


без сон и замина да бери тревки кои ќе му ја излечат
душата.
47

Кратка Биографија

Никодин Чернодримски-(Трајче Јованчески)

Сјајот на ѕвездата под која сум роден повеќе не


трепери така силно во оваа мирна и тивка ноќ.,Сега
само невидливите очи на судбината ме гледаат од
далечините бдееќе над секој миг нероден.Но ете Јас
низ моите сеќавања се прашувам,каде ли отидоа во
таа Светлосна Река сите минати животи.Знам некој ќе
рече..размислуваш за утопијата наречена Вечен
Живот..но..ќе ви кажам..Низ сите минати
48

денови,месеци,години само ја раскажував најубавата


Балада за Бесмртната Душа, таа Вистина која ме
оплеменуваше и ми подарува сила се до физичката
смрт.

Напати кога одмолчував,моите соништа градеа


мостови помеѓу сите желби и
можности,одев,трагав,скитав,честопати на патеките
каде што несмеев и во тоа забрането,обичното го
претворав во необично.

Па така

Додека се менуваа Еоните,го гледав мојот втиснат лик


како се менува,менуваќи се ликот,се создаваа
Напишаните Дела,тие Небесни Симфонии кои ми ги
подари мојата Муза.Муза,која ме натера да ги
поминам границите кои не им беа дозволени на
смртниците.
Знам дека суптилно ме провлече и низ круговите на
Данте,и ме натера да тагувам заедно со дождот на
прагот каде што Јавето доаѓаше.

Напати бев принуден да ги купувам деновите,за да ја


смирам разбрануваната тишина,тишина која се
распрснуваше во секоја утринска пурпурност и тогаш
крадев од небото ситни златни зраци,ги пружав исто
како дете дланките,и на секој заскитан облак го
пишував нејзиното име,Музата,која ме Воздигна,но и
ме турна во сите Бездни.
49

Ако некому му значат бројките тогаш 1964 е годината


кога светлината се роди во моето срце,и блеска се до
последниот миг,некаде под Величенствената Маркова
Грамада ,каде и сега во спокој под заштита на
Месечината спие градот Прилеп.

Верувајтеми,не сакам да бидам споменик на


младоста,ја немам веќе мојата Муза и храброста да
отидам на нејзината хумка,но сепак припаѓаме на
Бесконечноста и таму во тие Бескрајни пространства
ќе бидаме прегрнати со Антеријата на Љубовта.

А вам,вам,ви ги оставам сите напишани


зборови,читајќи ги знам,ќе ги допрете сите невидливи
светови,влегуваќи несвесно во вретеното на времето.

Стихозбирки

1.Арнаутска Жетва-2.Астра-3.Балканска Рапсодија-


4.Бездомност-5.Ден Без Виделина,ноќ без Месечина-
6.Дневникот на Еден Сонувач-7.Изгубени Мигови-
8.Јавето Ако Некогаш Апстинира-9.Кај Си бе Другар-
10.Како Станав Лита Сенка-11.Крилати Сни-
12.Македонија и Сонцето-13.Мисловен Дневник-
14.Мој Роде-15.Мозаик Од Мигови-16.Мртви Сенки на
Мртва Стража-17.На Спилите им раскажувам-
50

18.Носталгични Ноќи-19.Од Небиднина крај Јавето


дојдов-20.Огнени Виори-21.Ова не е Мојот Лик-
22.Пагански Стихови-23.Пелин вода-24.По Патеките на
Орфеј.25.Прилепски Ехо-26.Шепотот на Скриениот
Дамар-27.Скрбот како Утеха-28.Трагач по Илузии-
29.Успони и Падови-30.Во Метежот на Чуствата-
31.Заборавени Спомени-32.Мртов Бунтовник-
33.Спомени Собрани во Ковчег-34.Големиот Летач-
35.Апокалипсата на Мртвото Време-36.Добредојде во
Мојот Свет-37.Месечеви Сонети-37.Мислите на Еден
Ерегор-38.Смарагдни Записи-39.Осамени Монолози-
40.Во Пукнатините на Времето-41.Скрбот како Утеха-
42.Ликот на Болката-43.Еретик.44.Последните седум
дена на Љубовта.45.Моите Проштални
Шепоти.46.Копиле на Судбината 47.Помеѓу Тишината
и Животот.48.Оставетеме барем да Сонувам.49.Кукла
на Судбината 50.Фенерите на Мојата Душа 51.Пред
Огледалото на Вистината 52.Недовршена Вистина
53.Од Мене за Вас 54.Без патоказ кон Судбината
55.Фрагменти од Душата
56.Недовршена Приказна 57.Последните Записи на
Скитникот
58.Протеран од Рајот 59.Деветиот Круг на Светлината
60.Пирејот се ќе Прекрие 61.На чекор пред
Проклетијата 62.Гости во лош сон 63.Посакав за да
Посакуваш 64.Јас и Курвата 65.Мојата Бесмртна Душа
66.Заточеник на Вистината 67.Не плаши се од животот
68.Вечен Сонувач
51

Поеми

1.Ангелски Шепотења(напишана заедно со Даница


Петровска-Дани од Куманово и Славица Славкова од
Битола) 2.Браќа по Мрак-3.Десете Балкански
Проклетства-4.Катадневно Тркало-5.Монолог со
Паметникот-6.Ново Утро-7.Паганска
Ода.8.Катакомбите на Ужасот 9.Пад Без крај

Драми

1.И сега Шо-2.Нова Кожа.

Романи

1.Последна Молитва-2.Пред Портите на Љубовта-


3.Затворија Пандорината Кутија-4.Кара Севда-
5.Злокобна Вистина-6.Кафез-7.Приказни кои не
требало никогаш да бидат раскажани-8.Парче Душа-
9.Ти Благодарам Месечино-10.Тајната на Нормандови-
11.Првиот Ангел.

Монодрами

1.Ало Диоген на Линија.

Новели
52

1.Кога Животот беше Приказна.2.Ноќта кога започна се


3. Оф не рече Босилка

Збирки Раскази

1.Бразда-2.Неизвесни Патеки-3.Номад во Душата-4.Од


Сонот до Јавето-5.Приказни од Малиот Сокак-
6.Затворени Кругови-7.Молскавични Мигови-
8.Шепотот на Вечноста-9.Битпазарска Хроника-
10.Прошетка по Соништата.11.Грутка Земја 12.Со
Ѓаолот не фаќај работа 13.Клетвата на Невините

Автобиографија
1.Апостолите на Ѓаволот.

Хроника
1.БитПазарска Хроника

Собрани Народни Умотворби

Македонски Народни Поговорки 1 и 2


Македонски народни песни 1,2,3,4,5,6,7,8,9,10,11,12
Македонски Забавни Песни 1,2,3,4,5,6,7,8
Македонски Војводи
Македонски Обичаи и Верувања
Македонски Легенди за Градовите
Македонски легенди за Личности
53

Графички дизајн и изработка на Корицата

Веб Студио вавилон

Електронска Изработка на Новелата

Веб Студио Вавилон

Новела

Никодин Чернодримски-Оф не рече Босилка

Скопје 2020 година

CIP-Каталогизација на публикацијата

Национална и Унервезитетска Библиотека


“Св Климент Охридски”-Скопје

Оф не рече Босилка година 52 страни

ISBN-978-608-4778-99-8
54
55
56
57

You might also like