You are on page 1of 2

КАВАЛОТ НА ДЕДО МИ

Свиреше на кавалот а од очите се лееја солзи и како по јолук се цедеа по


кавалот паѓајќи и отварајќи дупчиња на песокот под нозе.
Каква тема обработуваше со звукот ?
Го слушав, и јас солзи ронев, а зошто и сам не знаев.
Кога престана се доближа до мене, изваде марамче од џебот, ми ги избриша
моите солзи а потоа и неговите.
- Ајде сега внучко, кажи ми што разбра од мојата свирка ?! Зошто и ти
изрони солзи ?!
- Не знам дедо, ете.. овие звуци ме однесоа во моето ПОЖАРСКО, кога
одам
таму селските козарчиња свират со кавалчињата такви песни со истите овие
тонови.
- Така е внучко, овие звуци ја кажуваат нашата мака Македонска, која
уште
царува таму а и овде кај што сме. Таа е впиена и во нашите души и во нашите
инструменти. Ако ти засвирев со ГАЈДА се плашам дека ќе ми се закочеа
прстите а не знам дали ти ќе можеше да станеш од твоето камено столче.
Нејзините звуци поболно ги гребат нашите души. Со звуците на ГАЈДАТА
можеш да истераш и свадба, ама, ако чепнеш со мислите за нашите ЕГЕЈСКИ
патешествија, од неа ќе излезат звуци што ќе го замрзнат твоето срце па и
сечие, а поготово твоето кое ги преживеа истите маки.
Сега внуче, земи ја тамбурата од татко ти и засвири нешто весело, оти таа
не знае да раскажува тажна историја.
Го прибра кавалот во обвивката и ми ја подаде тамбурата со едната рака
а со другата ги добриша солзите.
- Дедо !! Во мојава душа се уште се звуците што ги слушнав од твојот
кавал,
а види, и прстите не ми мрдаат, ајде да ја оставиме мојата свирка за друг пат !
Пак пророни солзи, ги процени моите емоции и ме погали по косата и
пак ја остави тамбурата на своето место. Тој друг пат не дојде, неговиот кавал
остана траен успомен, а јас никогаш не успеав да произведам такви звуци.
Дедо ми, сигурно си ги зеде со себе во покој за ние внуците да останиме
со мирни души кога ќе свириме.

You might also like