You are on page 1of 2

Анализа на песната Тешкото од Блаже Конески

Песната Тешкото е една од најубавите македонски лирски песни, создадени во


современата македонска литература. Нејзиниот автор Блаже Конески, го овековечил
македонското оро Тешкото, за да ни го претстави како синоним на тешкиот
страдален живот на македонскиот народ. Допирајќи до најдлабоките човечки
чувства, Конески на само нему својствен начин низ стиховите на песната, успева да
не пренесе во времето кога слободата била единствената мисла на македонскиот
народ.

Структурата на песната, авторот ја напишал во осумдесет стихови, кои се


распоредени во десет строфи. Секоја строфа има по осум стиха, а секој стих има по
дванаесет слога, освен завршниот (осмиот) стих од секоја строфа, кој има пет слога.
Сите стихови се римувани, а римата е вкрстена (првиот со третиот, вториот со
четвртиот стих). Песната има строг ритам, кој ѝ дава посебен белег, а застапена е и
трисложна ритмичка целина, кај која акцентот паѓа на вториот слог. Неизбежно е да
се каже дека доминантно место имаат многуте поетски слики, со кои авторот сакал
да ни го долови потресното чувство предизвикано од писокот на зурлата и грмежот
на тапанот.

О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,

штом тапан ќе грмне со подземен екот -

Да ни го наслика орото кое започнува со старци на кои подоцна им се


приклучуваат младите.

До старците момци се фаќаат скокум;

не издржа срце - сив сокол во клетка,

не издржа пламен жив потулен во око

не издржа младост што сака да летне!

Да го почувствуваме трепетот на душата на нашиот народ во тешкото оро.

И душата, чиниш, на родот мој мачен


во тешково оро се уткала сета –
Да видиме како во бескрајното оро син оди по татка, а по деда си внук.
Да ни ја претстави нашата земја како синџир на робја, се дур не се залула танец
низ крвје и оган, но и да ни го долови вековниот непокор на нашиот народ кој и
покрај вековното ропството иде со дар златен и пој во срцето.
Она што ја прави оваа песна посебна, е мајсторската употреба на стилските фигури, кои
авторски гениј на Конески не ги штедел. Така во песната, лесно ги препознаваме
епитетите, компарациите, анафорите, метафорите како и апострофата која низ извикот “О
тешкото!”, ја буди во нас мислата за тоа тешко минато, тој наниз на векови во ропство и
болка те прави да сочувствуваш со мракот во кој живееле нашите предци.
Песната ,,Тешкото ‘’ е химна на непокорливиот дух на нашиот народ и на
увереноста дека му претстои светла иднина. Низ целата песна провејува чувство на
настроение за да се заврши со оптимистичко чувство на радост и среќа заради
слободата на татковината.

You might also like