You are on page 1of 2

ДЕНОВИ - Кочо Рацин

Поетот во песната со бавен ритам ни ги опишува деновите на работникот


во минатото исполнети со мака кога работникот работел за парче леб само за да
преживее. Кај него единствено постоела надеж дека нешто добро ќе се случи за
да може да го издржи денот. На почетокот ги опишува тешките денови на
работникот како камени ѓердани кои висат на неговиот врат и му тежат. Наутро
тие започнуваат со надеж дека нешто ќе се промени а навечер завршуваат со тага
и очај дека ништо не се променило. Работникот со неговото раѓање станува роб
кој работи за друг и добива малку колку да преживее. Неговиот живот е тежеок и
црн како гроб наспроти животот на другите. Така секојдневно се нижат тешките
денови како што на синџирот се нижат алки ковани.

Песната е со социјален мотив и во неа поетот го опишува


незадоволството и тешкиот живот на својот народ. Таа е составена од осум
строфи од кои четири се со четири стиха(катрен) и четири со два стиха (дистих).
стихот е осмерец и нема рима. На почетокот преку компарација поетот ги опишува
тешките денови на работникот како камени ѓердани . Тука поетот преку контраст
на утрото и вечерта го засилува чувството на безнадежност и преку метафора го
споредува аргатскиот со кучешки живот. Песната е богата со епитети како камења
студени, маки големи, живот кучешки, скотски живот, бели дворови, синџир
железен..Среќаваме и анафора кога се повторуваат некои зборови на почетокот
на стиховите како на пр. роди се.. и нижи си... На почетокот поетот полека ја
опишува маката на работникот но на крајот со градација незадоволството се
зголемува. Со контраст е спореден животот на работникот тежок и црн како гроб
а на богатиот раскошен како бел двор. На крајот е прикажан животот
метафорично како ропство со синџир железен.

Поетот преку работникот кој до крајот на животот ќе го носи


тешкиот синџир и го чека го денот да се ослободи од него ни го претставил
тешкиот живот на македонскиот народ и неговата постојана борба за подобро
утре.
Денови

Како на вратот гердани


ниски камења студени
така на плешки денови
легнале та натежнале

Денови ли се - денови
аргатски маки големи!

Стани си утре порано


дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси -

ај, пусти да е, пуст да би


останал живот кучешки!

Роди се човек - роб биди


роди се човек - скот умри,
скотски цел живот работи
за други туѓи имоти.

За туѓи бели дворови


копај си црни гробови!

За себе само ргај си


за себе маки тргај си -
нижи  си гедан денови
нижи си алки ковани,

нижи си синџир железен


околу вратот навезен!

You might also like