You are on page 1of 2

Тешкото од Блаже Конески е една од најубавите македонски лирски песни, кои се

создадени во современата македонска литература. Блаже Конески, го овековечил


македонското оро,Тешкото, за да ни го претстави како синоним на тешкиот страдален
живот на македонскиот народ. Допирајќи до најдлабоките човечки
чувства, Блаже Конески на својствен начин низ стиховите на песната, успева да не
пренесе во времето кога слободата била единствената мисла на македонскиот
народ.која е и како и македонска химна. Тешкото асоцира на бунт и борба исполнета
со крв и оган за да се урне тиранијата и ропството. Преку реторско прашање
напочетокот на осмата строфа поетот го искажува ужасот и страдањетоод
долгогодишно ропство. Низ целата песна провејува чувства за да се заврши со
оптимистичко чувство на радост и среќазаради слободата на татковината .
Структурата на песната, авторот ја напишал во осумдесет стихови, кои се распоредени
во десет строфи. Стиховите се римувани, а римата е вкрстена со стиховите. Песната
има строг ритам, кој дава посебен белег, има и трисложна ритмичка целина, кај која
акцентот паѓа на вториот слог. Може да се каже дека посебно место имаат многуте
поетски слики, со кои авторот сакал да ни го долови потресното чувство предизвикано
од писокот на зурлата и грмежот на тапанот.
Она што ја прави оваа песна посебна, е мајсторската употреба на стилските фигури,
кои Конески не ги штедел. Така во песната, лесно ги препознаваме епитетите,
компарациите, анафорите, метафорите и апострофата која низ извикот
..тешкото”,ја буди во нас мислата за тоа тешко минато,таа е химна дека постои светла
иднина за нас и нашиот народ.

Везилка
Поетот започнува дијалог со старата искусна везилка која бара сопатник во потрагата
за наоѓање на зборови од кои еден по еден ке навезе строга македонска песна.
Конески ја истакнува својата длабока вознемиреност и растрепереност низ песната
Везилка.
Тој го бара одговорот во прегратките на тешкото минато,за време на наголемите
македонски настани со маки,страдања со крв, и солзи за изгубената
слобода,изгубените надежи, згаснатите здивови на многу луѓе кои го дале својот живот
за својата земја, за своите деца..
Везилка е како сведок на се што поминал македонскиот народ му вели да провлече два
конца од срцето,едниот црн а другиот црвен. Црниот буди морничави таги, а црвениот
копнеж. Самата песна е исткаена со две бои, едната како боја и белег на смртта,
темнината и стравот,а другата како повик за борба. Поетот вели да живее песната од
копнеж и мака, стихови во кои лежи самата судбина, стихови кои допрат до секое срце
и предизвикат чувство на бунт и разгор:“ Ја храбри Везилката дека слободата е близу,
страдањето и болките ќе поминат за миг, кога на небото, ќе се појави синиот конец на
платното. Везилката му зборува за своите спомени, навезени зборови кои кријат
радост и тага, живот и смрт, слобода и ропство, - како еден контраст, кое едното не
може без другото. зборува дека тие две бои, црвена и црна, се бои на жарта кои
создаваат немир и страв, кои будат морници и солзи, спомени и сеќавања. Везилката,
е сама заедно со две бои,две судбини кои пополека но сигурно го гаснат секој нејзин
спомен.бидејќи таа видела слики на црнила и хорор.
Одговорот на Везилката е јасен и има симболичко прикажување. Црнатанишка го
симболизира ропството, маките и страдањата на македонскиот народ, а црвената
нишка, борбата и копнежот послобода.:“Везилка е една од најубавите македонски песни

You might also like