You are on page 1of 1

Песната Тешкото е една од најубавите македонски лирски песни, создадени во современата

македонска литература. Нејзиниот автор е Блаже Конески, на кој повод да ја напише


песната ,му дало истоименото оро „Тешкото.

Орото „Тешкото“ го играле печалбарите од мијачкиот крај, во мигови на разделба со своите


најблиски, или за Петровден, кога се враќале во родниот крај заради свадбите на своите
блиски роднини. Ниедно друго оро од нашата богата фолклорна ризница, не го отсликува така
мачното минато, длабоката тага и копнежот за слобода на Македонците.

Поетот започнал со потресното чувство предизвикано од ударот на тапанот и писокот на


зурлата - чувство на жал и болка поради нешто недоживеано, нешто изгубено во неколкуте
векови. Во орото е вткаена душата на Македонците, огорчени и затворени во решетки на
темнината и со една единствена искра на надеж дека ќе го извојува вековниот стремеж -
слободата.

Понатаму, поетот како низ магла се сеќава на генерациите кои минале низ синџирот на
ропството, носејќи во себе една единствена мисла - да бидат слободни.

Во песната преовладуваат многу поетски слики, со кои авторот ни го доловува вековиот


непокор на нашиот народ, ја буди во нас мислата за тоа тешко минатои болка која не прави да
сочуствуваме со мракот во кој живееле нашите предци.

Тешкото е химна на непокорливиот дух на нашиот народ и на увереноста дека му престои


светла иднина.  Авторот, визионерски и` претскажал среќна и богата иднина на својата
намачена земја и верувал дека идните генерации во слободната татковина нeма да го
заборават тешкото минато.

You might also like