You are on page 1of 1

Тешкото симбол на тешкиот живот и желбата за слобода

Една од највпечатливите лирски песни создадена во македонската


литература е песната ,,Тешкото’’.Блаже Конески,автор на истата е
најпознатото извикано име во македонската литература.Тој бил инспириран
да ја напише оваа песна поради постојаната мисла на македонскиот народ за
слобода.Преку песната е претставен тешкиот,страдален живот на
македонскиот народ.Местото каде што се одигрува орото е на крајот од
селото каде печалбарите се испраќаат со своите најблиски.Во орото се
присутни и млади и стари, сите со болка и жал во своите срца го играат
самото оро.
Тоа македонско оро е познато како тешкото и истото претсавува химна
за печалбарстото, тежина и горчина собрана во македонските души низ
многубројните векови ропство.Со писокот на зурлите и тапаните поетот ни ја
претставува потресната слика во која и тој самиот е многу тажен.Тој ја
претставува нашата земја како синџир на робја од вековното ропство се
додека не се појави танец низ крв и оган што го симболизира борбата на
нашиот народ за ослободување од ропството.На почетокот на песната поетот
е обземен со многу тажни чуства за понатаму низ текот на песната да
преминат во визионерски среќни и надежни чуства за слободна земја.Она
што ја прави посебна оваа песна е тоа што поетот нештедел стилски фигури и
со тоа и дал значаен белег ,а ритамот е строг и изедначен. Во последните
стихови, поетот Конески му се обраќа на својот народ и му предвидува
светла иднина .Истата песна завршува со оптимистички дух на радост и среќа
за слободата на татковината.
Орото ја симболизира борбата на македонскиот народ за
ослободување од петвековно ропство.Блаже Конески успешно низ песната ја
покажал целосната слика на ропсттво,борба и ослободување.Со самото
пишување на оваа песна Конески одиграл голема улога во нашата
македонска литература.

You might also like