You are on page 1of 5

Втора писмена работа по македонски јазик и литература

Тема: Социјалните мотиви во поезијата на Рацин и Неделковски

Делата на Кочо Рацин ја опишуваат атмосферата во еден каменолом,


размислувајќи за суштината на односот помеѓу сопственикот и работникот, потсетувајќи
не дека во капиталистичкиот свет парите се појаки од свеста и дека таа ги држи во
покореност обичните луѓе во борбата за егзистенција. Сето тоа го прикажал во
збирката ,,Бели мугри“. Оваа збирка песни предизвика особен интерес со тоа што
претставува еден од првите обиди да се создава уметничка поезија на македонски јазик.
Додека пак квантитетот на делата на Коле Неделковски е скромен. Минијатурни се двете
збирки „М’скавици“ и „Пеш по светот“, што ги оставил, во кои доминира мотивот на
вербата и ропството во борбата за посветла иднина. И во нив јасно ја одредува силуетата
на еден поет, што е носител на една неоптоварена чувствителност.
Макотрпниот живот на македонскиот човек е речиси единствениот предмет во
Рациновите „Бели мугри“. По содржина таа е сосема социјална, тој е конкретен и знае со
прецизност за кој зборува и за чии маки пее. Посебно се истакнува песната „Денови“.
Песната се однесува на аргатите, на сите тие работници чија работа не била гарантирана и
добро платена. Во првиот стих преку компарација поетот ги опишува тешките аргатски
денови, мачни- како ѓердан од камења. Во продолжение ги опишува како долги,
неиздржливи но поткрепени со надеж дека барем за тој и за утрешниот ден има
обезбеден леб за семејството. Врвот на незадоволството и деградацијата на наемните
работници е претставена во третиот дел од песната. Аргатите се принудени да работат за
друг, за да преживеат. Тоа се прикажува во стиховите:
„Роди се човек – роб биди
роди се човек – скот умри,
скотски цел живот работи
за други туѓи имоти.
За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!“
Во завршниот дел од песната поетот го прикажува постојаното страдање на работниците
кои до крајот на својот макотрпен живот ќе го нижат железниот синџир од алки ковани.
Во редот на социјални песни спаѓа и „Тутуноберачите“, каде се опишани солзите и потта
излеани врз секој тутунов лист на тутунарот. Во првата строфа е прикажана сликата на
тутуноберачите каде го носат тутунот на мерење односно на откуп. Го потенцира лошото
влијание на тутунот и болеста која ја предизвикува тој така наречена жолта болест
(туберколоза). Тоа се прикажува со стиховите:
„На кантар студен со туч го мерат
а можат ли да го измерат,
нашиов тутун — нашава мака
нашава солена пот!
Од темни зори на утрини летни
до никоја доба на вечери зимни
тој гладно пие тагата наша
и потта и крвта и снагата ни.
Жолт — жолти прави лицата бледни
и жолта гостинка у градите носи.“
Понатаму со благи лирски тонови ни го опишува односот на властодршците спрема
тутунарите на кои немале услови во процесот на обработка, со што се загрозува
душевната состојба на работниците. Прикажан е и гневот што ја опфаќа душата на вечно
измамениот човек. Изразот „кантар студен“ е синоним на студената бездушност. Песната
завршува без надеж дека нешто ќе се подобри. Се чувствува само маката и тивкиот револт
на тутуноберачот и неговата помиреност со судбината. За разлика од „Тутуноберачите“,
стихотворбата „Проштавање“ поетот му ја посветил на печалбарите. Каде во часот на
разделување со саканата го излева сопствениот протест против ваквите заминувања:
„Не ли ти кажав, не ли ти кажав,

нели ти реков на проштавање?


Ич не ме чекај, ич не ме пекај
Белград е ламња, во Белград ја роб
снага по туѓи палати оставам,
снага во усни несити клавам,
и дома – дома не ќе се вратам,
не ќе ги пијам очите твои
не ќе ја гледам снагата твоја –
далеку негде сувата рака
по тебе, Вело, пустата мака
пуста ќе остане... „
Тој е свесен дека во таа туѓина му останува само протегнатата рака во празно, дека
саканата не ќе може да го стокми рувото за мажење, бидејќи таа е аргатка, чиј труд е
експлоатиран по задушливите простории на монополот. Песната завршува со верба во
борбата, односно оној кој паднал во борбата за правина и слобода никогаш нема да
исчезне за поколение. Во споредба со сите овие стихотворби, песната ,,Ленка“ е
најпознатата антологиска негова песна. Во неа Рацин ги обединува сите аспекти на
сопствениот поетски талент: својата голема сензибилност, потоа социјалните проблеми
кои го преокупираат, а сето тоа да го вообличи во прекрасна, елегична поетска форма. Во
таа смисла од големо национално значење е препевот на оваа песна, затоа што тој
овозможува увид во една од најубавите творби во македонската литература. Во првата
строфа поетот директно и јасно ја опишува принуденоста на девојката да го остави својот
чеиз,и поради сиромаштијата да оди и да работи во монопол:
„Откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој
и на наломи отиде
тутун да реди в монопол —
лицето ѝ се измени
веѓи паднаја надолу
и усти свија кораво.“
Убавината на Ленка несомнено се должи и на мајсторски употребените стилски фигури со
кои изобилува песната. Централна фигура која ја одбележува поемата е градацијата, со
која низ само шест стиха се исцртува трагичната судбина на Ленка, односно поетот успева
да ни ја претстави трагедијата, да ни ја претстави болеста на Ленка,нејзината претсмртна
мака:
„Прва година помина
грутка в срцето ѝ легна,
втора година намина
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата.“
Оваа елегија упатува на нашата културна традиција со упатување на народниот обичај
кога девојката пред брак носи мираз, а кошулата е еден од неговите главни елементи. Во
последната строфа е изразена тагата за прерано згаснатиот живот на младата и убава
девојка Ленка,неостварената желба да се омажи и да основа семејство. Песните на Коле
Неделковски се слични по мотив како на Рацин. Низ сите негови песни преовладуваат
мотивите на родољубието, социјалната беда и тешкото чувство на ропството. Идејата да ја
напише песната „Работник“ е да се слушне гласот на работниците за идните генерации да
живеат подобар живот. По содржина песната е тажаленка на стариот работник, кој се
смета за непотребен. Условите во кои што живеел работникот биле мизерни:
„По земници влажни
ноќеви тежат,
а векови тажни
на срце лежат.“
Веќе во следната строфа поетот ни го прикажува како работникот го започнува својот ден
станувајќи рано наутро за да работи. Бидејќи младоста му поминала по скелињата, не му
била воопшто лесна. Во следните стихови ни опишува како стариот работник старее и
дека староста почнала да му причинува голема пречка за да најде работа. Работникот
зборува за тоа како тој го живее мачниот живот во парталава облека и како него му
минала младоста по скелињата и носењето на малтер. Работникот со големо
разочарување и болка им се обраќа на своите браќа кои што се наоѓаат во истата
ситуација:
„До кога ли вака
шепот без екот?
Па доста сме браќа
робја на векот.
Од матен ни поглед
да молсне веда,
да стокмиме довлет
за нашите чеда.„
Но, во името на идните генерации кажува дека ќе го прифатат неговиот крик како повик
за борба, за пресметка со експлоататорската класа.
Кочо Рацин се смета за основоположник на современата македонска поезија кој
целиот свој живот го посветил на борбата за бели мугри. Рацин е безмилосен критичар на
ваквите општествени односи што се прикажани во неговите песни. Низ неговите песни
протестира во одбрана на македонскиот работник и селанец, но и силно верува во силите
на пролетаријатот во светот кои најдоа одраз во неговата поезија. Коле Неделковски
негувал посебен култ спрема македонскиот јазик. Неговата поезија влезе во фундаментот
на македонската литература. Неговата поезија во основата носи извесни идентични
обележја. Примерот на Неделковски и Рацин покажува како мислата се преобразува во
дело и акција.

You might also like