You are on page 1of 7

Кочо Рацин

 Коста Апостолов Солев е роден на 22 декември 1908 година во Велес, во


семејството на сиромашниот грнчар Апостол Солев.
 Имал гладно и сиромашно детство во кое многу работел и учел. Рано го
сфатил ропскиот живот на македонскиот народ и затоа уште во детството
кај него се јавила омраза кон експлоататорите.
 Поради сиромаштија го прекинал школувањето во II клас нижа гимназија
и му се посветил на татковиот, грнчарскиот занает. Но, секој слободен
момент го користел за читање, повлекувајќи се на таванот и учејќи на
свеќа. Ги читал делата на најистакнатите марксисти, социолози, писатели
и мислители.
 Меѓу двете светски војни станал член на Комунистичката партија на
Југославија.
 Во 1939 година, во Самобор, до Загреб, била отпечатена на македонски
јазик стихозбирката „Бели мугри“. Книгата била забранета, но сепак брзо
се раширила меѓу македонското население.
 Во 1941 година Рацин работел во Софија, но по смртта на Коле
Неделковски, бил гонет од софиската полиција, па избегал во Скопје.
Тука работел во Народната библиотека, а живеел илегално. Малку подоцна
се вклучил во партизанските одреди. Го издавал весникот „Илинденски пат“.
Работел во партизанската печатница и подготвувал нова книга за печатење.

-Загинал несреќно (?) на 13.6.1943 година, на планината Лопушник.

Поетско творештво
Кај Рацин јасно се издвојуваат две фази во неговото творештво.

Првата фаза опфаќа песни напишани на српски (и бугарски) јазик, а


втората, на македонски.
Прва фаза

 Првата фаза ги опфаќа песните посветени на невозвратената љубов


што тој ја чувствувал кон Рахилка Фирфова-Раца. Тој ѝ пишувал
картички со љубовни изливи, а некои од нив ги напишал со сопствена
крв.
 Овие песни, вкупно 24 (19 на српски и 5 на бугарски јазик) како и 31
картичка го сочинуваат поетскиот ракопис „Антологија на болката“.
 Таа никогаш не му одговорила на неговите љубовни изливи.
 Освен овие песни, во првата фаза спаѓа и обидот да напише роман
„Афион“ или „Опиум“, на српски јазик, кој не го довршил, а ракописот
бил запален при неговото апсење во 1934 година.
 Во 1932 година, добива награда од хрватското списание „Литература“
за новелата „Во каменоломот“.
 Тој ги напишал и расказите: „Резултат“, „Златен занает“, „Татко“,
„Тутуноберачи“, „Пладне“, „Еден живот“, „Радоста е голема“, „Јулус“,
„Новак“.

Втора фаза

 Во втората фаза, Рацин ќе биде преокупиран со животот и експлоатацијата


на македонскиот народ и ќе пишува на македонски јазик.

Ќе ја напише и објави стихозбирката „Бели мугри“, како и неколку есеи,


критики и историски осврти.

 Стихозбирката „Бели мугри“ е составена од 12 песни, од кои 2


се циклуси (со по 6 и 7 песни) напишани на велешки дијалект со
примеси од западномакедонските говори, во кои доминираат
социјалните и револуционерните теми. Односно, според лирскиот
вид, сите песни во збирката се социјални, а мотивите се: аргатски,
печалбарски, за пропаднатите занаети, елегични и револуционерни.
 Насловот на стихозбирката е симболичен — пејзаж кој е посакуван од
работниците, аргатите и сите експлоатирани луѓе. Тоа е ново утро,
нов почеток, нов живот во кој сите ќе бидат еднакви.
„Бели мугри“ е создадена под влијание на народната поезија, на
„Зборникот“ на Браќата Миладиновци.
 Со аргатски мотив се песните: „Денови“, „Селска мака“,
„Тутуноберачите“, „Печал“.
 Во стихозбирката „Бели мугри“ елегија е: „Ленка“, можеби
најпознатата, антологиската песна на Рацин и балада: „Балада за
непознатиот“.
 Со мотивот на пропаднатите занаети, Рацин се преокупира во
циклусот песни „На Струга дуќан да имам“. Циклусот содржи седум
песни кои може да се поделат на два дела: првите — во кои се
искажува тагата заради пропаднатите занаети; и вторите — во кои се
искажува револтот против капиталистичкото општество.
Циклусот, жанровски го определуваме како елегија, во која се
искажува носталгијата по некогашниот чаршиски живот, љубовта меѓу
луѓето, љубовта кон саканата и желба за враќање на старите
времиња.
 Разочараноста на поетот од животот на работниците во
капиталистички услови е основен мотив во целата збирка песни. Тој
речиси во сите песни се помирува со таквиот живот, односно само ја
потенцира тешкотијата без да даде предлог како тој живот да се
подобри.
 Единствено во песната „Копачите“, која е со експресионистичко-
револуционерен мотив, поетот јасно повикува на борба против
таквиот живот, повикува на револуција. 
 Останатите песни на Рацин се со: печалбарски мотив, песната
„Проштавање“; патриотски мотив, „Елегии за тебе“ и „Утрото над
нас“ и исповедно-патриотска е песната „Татунчо“.

Коле Неделковски (16.12.1912 — 2.9.1941)

Hикола Крстев Неделков е роден во селото Војница, близу Велес, 1912 година во
сиромашно земјоделско семејство.
Основно училиште завршил во селото, а гимназија учел во Велес, но морал
да го прекине образованието поради недостаток на пари.
Заминал во Скопје каде работел како молер, но го посетувал и трговското
училиште.

Поради револуционерната активност бил прогонуван од великосрпскиот


режим и во 1933 година пребегал во Бугарија. Во Софија, 1938 година на
страниците на „Илустрација Илинден“ објавена е неговата прва песна
„Стојан војвода“ („Стојан на Ордановци“).

Една година подоцна, станува член на Македонскиот книжевен кружок


заедно со Никола Вапцаров, Антон Попов, Ѓорѓи Абаџиев, Венко
Марковски и други македонски револуционерно-книжевни дејци.
Воспоставува контакти со синот на Крсте Петков Мисирков кому ја изразува
својата почит кон големиот македонист и пронаоѓа примерок од
уништената книга „За македонцките работи“ во софиската библиотека.
Кон крајот на 1939 година ја издава својата прва стихозбирка „М’скавици”,
на македонски јазик, во духот на македонската народна песна.
Во 1940 година станува член на диверзантската група „Млади
антифашистички борци”.

Во август 1941 година излегува од печат неговата втора книга „Пеш по


светот“, со истоимената поема и седум одделни песни.

Само десет дена подоцна, на 2 септември 1941 година, Коле Неделковски


го завршува својот живот, при обид на бугарската полиција да го уапси во
станот во кој живеел. Останува неразјаснето дали бил фрлен од
полицајците или самиот скокнал преку прозорецот на неговата соба.

Песната на Коле Неделковски „Глас од Македонија“ е една од најпознатите


патриотско-револуционерни песни во македонската литература:

творештво
Литературното творештво на Коле Неделковски е скромно по обем и квалитет околу 23
песни во две збирки. Првата збирка „М`скавици“ ја издал кон крајот на 1939 на
македонски јазик во духот на народната поезија и содржи 16 песни.

Во август 1941 ја издал збирката „Пеш по светот“ која ја содржи истоимената поема и
седум песни.

тиранит (владетел кој владее самоволно)

Мотив:Гласот на народот од Македонија против вековниот тиран.

лирски вид патриотска

Стилски фигури:

апострофа „О трајте, трајте тирани недни“

метафора:волци гости

анафора

градација

композиција: строфична 4 строфи во катрен

Координација
Координацијата претставува комплексна психофизичка способност која многу автори ја
дефинираат на различни начини. Со оглед на нејзината сложеност, таа останува
неистражена сфера на целокупното човечко моторичко функционирање. Терминот
координација (спретност) подразбира сложена манифестација на моторичките
способности кои се остваруваат со брзо, ефикасно и прецизно реагирање во сложени
комплексни ситуации. Базичните моторички способности укажуваат на суштината на
комплексните движења, кои во зависност од сложеноста и начинот на пројавување
кординацијата ја делат на: координација на телото, координација на рацете, координација
на нозете, груба координација на телото, прецизна координација на телото, општа
статичка координација, општа динамичка координација, спретност, спретност во задачи
кои се изведуваат со двете раце, тајминг или правовременост на извршување на
движењето, координација во ритам, балансирање со објекти, координација при
изведување на силовити движења, моторичка интелегенција и др. Сите наведени подгрупи
на моторичко функционирање, во пракса учествуваат во формирање на два типа
координација: - општа координација, подразбира способност за вршење на комплексни
моторички задачи кои припаѓаат на категоријата на природни форми на движење (разни
комбинации на трчање, индексирање, качување, скокање, тркалање, итн.), 5 - специфична
координација, подразбира способност за изведување на сложени моторички задачи кои
припаѓаат на категоријата на професионални форми на движење.

Брзина

Моторичката способност брзина претставува способноста на едно лице да изврши


движење за најкратко можно време или да се изврши едно движење колку што е можно
побрзо во дадени услови. Секое движење може да се врши со одредена брзина, при што се
активира определен сегмент од телото или целото тело. Во случај на движење кое се
извршува со еден сегментот на телото може да се каже дека се изведува брзина на
поединечно движење, додека во случај на движење со целото тело може да зборуваме за
сложена (комплексна) брзина на движење. Брзината како моторичко својство се
манифестира во неколку форми (облици): - латентно време на моторна реакција; 9 - проста
моторна реакција (на звук, на допир, на светлина); - сложена или реакција по избор (акции
во изведување на елементи на спортска вежба); - фреквентност на движењата (број на
допири, чекори). Овие видови на брзина се меѓусебно независни, но во сложените
движења се надополнуваат во конечното преместување на човековото тело или на
неговите делови во просторот. Од практична гледна точка, е најважно сумарното време на
движење кое во природни услови се мери од појавата на дразбата до крајот на движењето.

You might also like