You are on page 1of 2

Бариери на пазарот

Што е тоа што придонесло за исчезнувањето на слободната конкуренција од


најголемиот број на стопански сектори? Постоењето на бариери, односно на различни
рестрикции, пречки за влез на претпријатиата во одделни стопански сектори, дава одговор
на ова прашање. Бариерите за влез можат да бидат од различна природа.

*Окрупнување на претпријатијата заради искористување на економиите од обем.

Станува збор за најзначајниот извор кој условува појавување на крупни претпријатија со


монополистичка моќ. Законот за економиите од обем потврдува дека во одделни
стопански сектори производството може да биде ефикасно само доколку се организира
во масовни серии. Производството на автомобили е исплатливо само доколку се
произведуваат годишни серии од најмалку 300,000 возила и друго. Токму затоа вкупното
производство на овие сектори го обезбедува едно или пак неколку крупни претпријатија.
Во сите овие случаи се забележува дека со порастот на обемот на приоизводството доаѓа
до силно намалување на трошоците по единица производ. Затоа велиме дека ваквите
производни сектори профитираат од користењето на економиите од обем.
*Правни бариери за влез-

Државата со правни прописи исто така може да го ограничи влезот на нови претпријатија
во одделни стопански сектори. Во повеќе наврати до сега споменавме дека државата може
на едно единствено претпријатие да му додели ексклузивно право да ја организира
стопанската активност во секторот со што се креира природен монопол. Друг вид правна
бариера е патентот. Инвенциите или иновациите што се резултат на макотрпната
истражувачка активност на индивидуалните пронаоѓачи најчесто придонесуваат за
креирање на нов производ или усовршување на постојан производ или производен процес.
Со патентната заштита пронаоѓачите си го обезбедуваат правото само и единствено тие да
можат да го користат пронајдокот за определен временски период. Патентната заштита,
значи на пронаоѓачите им овозможува да ги уживаат плодовите од научноистражувачката
работа за одредено време. Без неа тешко може да се осигура мотивираноста на
претприемачите и претпријатијата за истражувача работа и развој.

*Даровите на природниот фактор како бариери за влез на нови претпријатија.

Во некои земји во светот се концентрирани особени, специфични природни богатства,


како што е на пример случајот со кафето во Бразил, нитратите во Чиле и др. Контролата
на производството во вакви случаи им е препуштена на крупни домашни или странски
корпорации кои едновремено имаат доминантни позиции и во светскиот аутпут на
споменатите производи. Заради тоа влезот на други претпријатија во овие специфични
сектори е многу отежнат, практично невозможен.
*Диференција на производите.
Станува збор за фактор од економска природа која исто така придонесува за ограничување
на влезот на нови претпријатија во секторите. Имено кога се врши диференцијација на
производите т.е. на нивните карактеристики и квалитет, најчесто се има предвид одделен
сегмент на потрошувачи чии желби, вкусови и преференции треба да се задоволат. Но на
тој начин нужно се стеснува се сегментира или фрагментира и самиот пазар на кој се
реализираат производите. Пример корпорацијата врши диференцијација на особеностите и
карактеристиките на автомобилите- опремување со специјални сопирачки, серво
управувач, клима уред и др.- предвид се имаат побогатите потрошувачи.

Тамара Марковска 3-14

You might also like