You are on page 1of 23

1.

Меркантилизам
Тоа е правец во развојот на економската мисла кој доминира во 16 век и траел до
19век. Опфака теории кој се базираат дека изворот на материјалното богатство во
светот се наоѓа во меѓународна економија, овие размислувања потекнувале од брзиот
подем на преку океанската пловидба и брогоградбата при што довело до откривање
на новите континенти. На територијата на Европа почнале да се однесуваат да се
појавуваат непознати видови на растителна храна која што го намалила морталитетот
го зголемила наталитетот на стариот континент, исто така и пораснал животниот
стандард на европската популација а зголемениот прилив на благородни метали ја
олеснил размената на расположивлите добра.
Според меркантилистите благосостојбата на една национална економија зависела од
количестовото на благородни метали со кој таа располага, ако земјата не располага
со благородни метали таа ке може да го зголемува своето национално богатство ако
го ограничува увозот на стоки и го поттикнува извозот. Оние трансакции кои го
зголемуваат извозот на земјата се позитивни а тие што го зголемуваат увозот
негативни. Состојбата во билансот на плаќање била поволна ако позитивните ги
надминувале негативните трансакции, па така земјата оставува поголем обем на
побарувања отколку долгувања во странство и така расте националното богатство.
Кај меркантилизмот се применуваат различни рестрикции за ограничување на увозот и
тоа стоковни контингенти, увозни забрани, контрола на плаќање како и царините а од
др страна се вршело и субвенционирање на извозот, се ограничувал извозот на
суровини, работна сила и капитал а се стимулирал извозот на производи со висок
степен на обработка. Со овие мерки се настојувало да се намали нивната цена, да се
зголеми конкуретноста на меѓународниот пазар и да се зголеми понудата на
факторите не производство. Меркантилистите тврдат дека материјалното богатство
произлегува од трговијата т.е дека трговијата врши прераспределба на вредности кои
се создадени, ако сите земји се однесуваат според овој концепт нема да има
увозници туку ке има само извозници. Дејвид Хјум претпоставил дека Англија во
определен временски период успеала да извезе повеќе стоки во Франција отколку што
увозила, така Англија остварила суфицит што го наплатувала од Франција во злато, па
така зголемениот прилив на злато во Англија ја зголемува вредноста на паричниот
капитал со што довело до пораст на цените на стоките. А одливот на злато во
Франција ја намалува вредноста на тој паричен материјал и цените на стоките на
нејзиниот пазар почнале да се намалуваат затоа се зголемувал извозот од Франција а
се се зголемувал увозот во Англија. Меѓу развиените земји најголемата
меркатилистичка тврдина е Јапонија, која својата затвореност ја оправдува со
тврдењето дека заштитата на пазарот е важна за заштита на нејзината култура.

2. Хекшер Олинова теорија


Таа е една понова теорија чија основа лежи на компаративни вредности.
Таа ја застапува тезата според која регионалните и меѓународните разлики во
производните трошоци произлегуваат од разликата во снабденоста со одделни
фактори на производство. Големата понуда на одреден фактор на производство
доведува до намалување на неговата цена на домашниот пазар што директно влијае
врз цената на чинење на готовиот производ, а од друга страна производство кои се
потребни фактори на производство за кои има недостиг ќе бидат скапи на странските
пазари па затоа земјата треба да ги напушта и да се ориентира кон увоз на соодветни
производи, исто треба да се врши специјализација на производство за оние кои имаат
доволно количество на фактори на производство. Па така, земјите во кои работната
сила е изобилна треба да се насочат кон развој на трудо интензивни индустрии што
ефективно ќе го искористат овој фактор. Земјите кои располагаат со многу капитал
треба да се насочат кон капитало интензивни дејности така и двете групи земји ќе
обезбедуваат производство на готови производи со најниски производни трошоци.
Постојат неколку претпоставки и тоа првата е дека цената на фактори на
производство зависи од нивното избилство во дадената земја, а во реалноста
пазарите на одделни фактори на производство се секогаш неперфектни и си тоа оваа
претпоставка го губи своето значење, втората претпоставка е универзалната
достапност на определена технологија, потребно е да помини одреден период од
појавата на новиот производ до прифаќањето на технологијата со која е тој
произведен, па со ова му се овозможува на сопственикот на технологијата да ги
намали своите производни трошоци без оглед на снабденоста со одредени фактори
на производство, трета претпоставка се заснова на влијанието на транспортните
трошоци врз цената на готовиот производ, оваа теорија го запоставува влијанието на
вкусовите на потрошувачите што често влијае увозните стоки што се поскапи на
домашниот пазар да бидат повеќе купувани како и поконкурентни. Пример швајцарски
часовник, БМВ, Порше.

3. Теорија на меѓународен животен циклус на производот


Оваа теорија настојува да ја објасни меѓународна размена во зависност од брзината
на воведувањето на иновациите на производниот процес и тоа преку 4 фази првата
фаза е извоз на производот од матичната земја, тука производителите кои сакаат да
одржат престиж на меѓународниот пазар даваат големо внимание за научно
истражувачката работа, во почетокот на животниот циклус на производот методите на
неговото производство и неговиот дизајн се приспособуваат кон вкусовите на
потрошувачите, кога ќе пристигне информацијата за новиот производ до
потрошувачите во странство и ако тие сакаат да го имаат производот тие мора да го
порачаат од странската фирма која што го пронашла. Па со тоа започнува извозот на
производот на неговата матична економија. Втората фаза или тоа е почетокот на
производството на производот во странство и таа настапува откако производот ке
стане познат на меѓународниот пазар а истовремено неговиот извоз од матичната
економија доживува голем пораст. Оние земји кои покажуваат интерес за увоз на
производот тие почнуваат да се решаваат да купат лиценца за негово производство.
Третата фаза или појава на конкуренцијата на пазарот од фирми во странство што
успеале да го освојат новото производство настапува во моментот кога фирмите во
странство успеваат да го усовршат производството и доаѓа до намалување на
производните трошоци, на домашниот пазар принудени се да започнат да бараат
можност за пласман на производството во странство и четврта фаза во увозна
конкуренција во татковината на производот што значи ако странските фирми достигнат
економија од обем можат за започнат да го извезуваат производот во неговата
татковина и со тоа матичните фирми да почнат да го напуштат овој вид на
производство.

4. Дијамант на национални предности


Мајкл Тортер во книгата конкурентски предности на нациите кажува дека нациите не
се оние кои настапуваат на странските пазари туку вистински конкуренти се фирмите
кои израснуваат во рамките на една национална економија, за да се учествува во
меѓународна економија важни се конкурентските способности на националните фирми
што им обезбедуваат влез на определен странски пазар. За фирмата да можи
успешно да функционира треба да поседува способност за да обезбеди уникатна
вредност на квалитет сервисни услуги или посебни карактеристики, како и да поседува
способност да дизајнира, произведе и дистрибуира определен производ поефикасно
од нејзините конкуренти. Ова ќе го обезбеди ако навремено открива нови или
изменети приоритети кај потрошувачите, успешно се вклопува во новите индустриски
сегменти, издвојува средства за пронаоѓање на нови технологии и ако е способна да
се приспособи кон изменети во државната регулатива. Но за да може за да се
конкурира на странски пазар треба за секоја активност да се определи каде и во колку
национални економии ќе се произведува или тоа е конфигурација на активностите на
фирмата, да се определи начинот на кој ке се управува на одделните активности или
да се утврди координацијата. Формирањето на конфигурацијата е издвојување на оние
активности кај кои ефективноста во работењето се постигнува ако се оствари
економија во обем, а одделните активности во себе ги вклучуваат СДИ а исто се
применуваат кога треба да се избегнат политичкиот ризик, ризиците не девизниот курс
како и ризикот на можноста на прекин во снабдувачка мрежа. Постојат 4 видови на
детерминанти и тоа во првата детерминанта факторите на производство Портер ги
третира како Олин што значи капиталот и земјата исто придонесуваат во создавањето
на нови вредности и материјалното богатство. Портер факторите на производство ги
дели на природно дадени или тоа е богатството на една земја со плодни земјоделски
површини, изобилство на работна сила, поволни климатски услови како и минерални и
енергетски наоѓалишта : и создадени фактори за производство или тоа е поседување
на човечки капитал како и нова техника и технологија. Втората детерминанта ја
означува домашната побарувачка за производи и услуги од дадена индустрија каде
што големината на домашниот пазар е доста важен дел во воспоставување на
одредено производство. Локалните фирми можат да обезбедат економија од обем во
своето производство без никаков проблем и кога произведуваат само за домашен
пазар - пример Кина. Фирмите што потекнуваат од малите земји не можат да остварат
економија од обем, да произведуваат само за домашниот пазар заради ограниченоста
на локалната побарувачка и затоа тие се должни најголемиот дел од своето
производство да го насочат кон странските пазари, пример Белгија и Швајцарија. Со
пронаоѓањето на новите производи се влијае на потрошувачите да се јават потреби за
кои тие самите претходно не биле свесни пример радио, тв но и зголемената потреба
од комуницирање доведе до создавање до мобилни телефони. Трета детерминанта
значи определување на присуство или отсуство на индустрии снабдувачи и сродни
индустрии со индустријата со која треба да се воспостави новиот производен
капацитет . Основањето на индустриските капацитети за производство на коли не
може да постои без постоење на капацитети кои произведуваат пластика, гуми, лим.
Четврта детерминанта значи дека при воспоставување на нова фирма од определено
индустриско производство на домашен пазар мора да се води сметка за постоечкото
производство односно конкуренцијата, така стратегијата на фирмата ке зависи од
ривалството и постоечка пазарна структура. Портер тврди дека успешна фирма на
домашен пазар може да се создаде во услови на слободна конкуренција.
Нациите стекнуваат конкурентски предности таму каде што нивниот национален
дијамант е неповолен, интеркациските врски се формираат околу гроздови во
националниот дијамант и можат да бидат директни и индиректни, а тие се формираат
во една индустриска дејност. Внатрешното засилување во дијамантот значи предноста
што постои кај една од детерминантите може да поттикне појава на предност и кај
другите детерминанти. Оваа е првата теорија според која нацијата за да обезбеди
место во меѓународната размена не може да бира дали ке настапи со класичен извоз
или со извоз на капитал во вид на СДИ, таа мора да настапи со двата вида на
трансакции за да се вклопи во меѓународната поделба на трудот.

5. Царински бариери во меѓународната економија


Најчесто применувана бариера е царината и таа е единствен инструмент на
надворешно трговска заштита што го одобрува светската трговска организација за
своите држави членки. Царините се јавна давачка што се наплатува при преминот на
стоките од едно во друго царинско подрачје, тие бариери се поставуваат при увозот на
стоки и тоа претставува увозна царина, со тоа се покачува цената на стоките тие
стануваат поскапи во однос на домашните стоки. Основната функција на увозните
царини е да се обезбеди заштита на домашните индустрии од странската индустрија а
извозни царини се наплатуваат за да се спречи извозот на определени добра со кои
земјата не располага во доволна мера, пр ОПЕК ги користи како средство за
покачување на цената на нафтата на светскиот пазар за да го зголеми приходот од
продажбата на нафта. Царините се пресметуваат според вредноста на увезената
стока, ад валорем и тоа процентот од вредноста на увезената стока користејки ја
царинската стапка определена со царински закон и царинска тарифа на дадената
национална економија и специфични царини се пресметуваат како паушал зависно од
количеството на определен вид стока што влегува на териоријата на дадена земја.
Паушалот се зголемува пропорционално на порастот на увезеното количество на
стока, пример за увоз на секои 100 кг јаболка ке се наплатува царина до 10 000
денари. Постојат и комбинирани царини и кај нив еден дел од царинската давачка се
пресметува и наплатува по ад валорем методот а еден дел во вид на специфична
царина. Царинските стапки кои се прикажани во царинската тарифа на царинскиот
закон на една земја ја претставуваат номиналната царинска заштита. Многу пореално
се пресметува ефективните царински стапки затоа што се земаат предвид само
царините што се однесуваат на новосоздадена вредност во националната економија.
Развиените земји применуваат многу ниски номинални царински стапки при увоз на
интермедијарни стоки но затоа имаат високи номинални царински стапки кај
финалните производи. Кај развиените земји се постигнува ефектот на многу висока
ефективна царинска заштита или царинска ескалација која има негативно влијание
врз порастот на извозот на производи со повисок степен на обработка од помалку
развиените во развиените економии.

6. Ефекти од царинска заштита врз благосостојбата на економија со мал


национален пазар
Основниот ефект е заштитата на дел од домашните производства од странска
конкуренција, малите економии немаат доволно економски потенцијал за да можат да
влијаат врз обемот на светската понуда или потрошувачка и затоа мора да се
приспособат кон условите и цените што ги диктира меѓународниот пазар ако
размената би била слободна без царини цените на домашниот пазар би се
формирале зависно од вкупната домашна и увозна понуда и вкупната домашна
побарувачка. Слободната конкуренција води кон формирање на цените на
производите на пониско ниво од она што би било прифатливо за потрошувачите при
постоење на на некоја платежна способност кај нив или потрошувачки вишок.
Слободната конкуренција и слободниот извоз на стоки влијаат и врз производителите
во земјата но не можат да влијаат врз намалувањето на цената на чинење по единица
производ, затоа вкупната побарувачка што ке можат да ја остварат со продажбата на
производите зависи од разликата меѓу продажната цена и цената на чинење на
производот на домашниот пазар или тоа е производствен вишок. Ограничувањата на
слободната конкуренција и надворешна трговската размена со воведувањето на
царински бариери во малите економи доведува до нарушување на рамнотежата меѓу
понудата и побарувачката која важеше во услови на слободната конкуренција што
значи ке се покачат цените на производите на домашниот пазар. Со воведувањето на
царините во економиите со мал пазар се појавија 4 ефекти и тоа ефект на доход,
ефект не прераспределба, на заштита и ефект врз потрошувачка. Царините ги
наплатуваат државните органи и тие влегуваат во буџетот затоа и се зголемуваат и
буџетските приходи. Тоа значи дека се прелева делот од потрошувачкиот вишок од
приватна во јавна сфера односно во рацете на државата. Покачувањето на
продажната цена на производите на домашниот пазар како резултат на воведувањето
на царините има директно влијание и врз сопствениот вишок и врз потрошувачот. Сега
потрошувачите на производот мораат за него да платат повеќе отколку што плаќале
во услови на слободна конкуренција а до друга страна домашните производители
можат да ја покачат цената на готовите производи во домашно производство за толку
колку што изнесува наметнатата царинска давачка за увозниците на производот без
да имаат потреба од покривање на други трошоци од сопственото производство , така
на заштитените производства им се овозможува да остварат повисока заработувачка
од продажбата на производите на домашниот пазар и тоа за износот на воведената
царина, ова прелевање на доходот од потрошувачката во производната сфера е
ефектот на прераспределба. Воведувањето царини предизвикало и остварување т.н
ефект врз потрошувачката. Зголемените цени негативно влијаат врз обемот на
домашната побарувачка на производите за кои биле воведени царинските давачки.
Поголемите цени обично значат намалување на побарувачката на дадените призводи,
а со тоа се намалува обемот на нивна реализација на нивниот пазар. Царините
влијаат врз намалување на потрошувачката на производите за кои се воведени, тоа
значи вистинка загуба за националната економија. Ефектот за заштита го изразува
нивото на загуба на националната економија што произлегува од ангажирање на
нејзините ресурси во производства кои не постигнале соодветно ниво на
продуктивност. Економијата би остварила многу поголема ефикасност во работењето
кога ресурсите би ги ангажирала во производства за кои таа има конкурентски
предности. Царинската заштита ке создаде негативни поместувања во стопанската
структура на земјата од поефикасните во понеефикасните производства, овие
нарушувања ке се јават како непосреден извор на макроекономската нерамнотежа. За
економија со мал национален пазар нето-ефект е е секогаш неповолен затоа што
приливот на средства во буџетската каса и позитивни ефекти од работењето на
заштитните индустрии не можат да ги покријат негативните ефекти од несоодветна
алокација на стопански ресурси. Царинските бариери во меѓународната размена во
случајот на економија со мал национален пазар влијаат негативно на општото ниво на
нејзината благосостојба.

7. Ефекти од царинската заштита врз благосостојбата на економија со


голем национален пазар
Економиите со голем национален пазар можат да остварат големо влијание врз
вкупниот обем на побарувачка во меѓународните размери и така тие имаат влијание
врз нивото на светската цена на производите. Кога една голема национална економија
остварува влијание врз вкупниот обем на побарувачка на даден производ во светски
размери преку воведување на увозни царини за тој производ ,тоа може да оствари
влијание врз светска цена за истиот производ. Со воведувањето на увозната царина
таа ке ги предизвика истите ефекти на локално ниво како и на мала национална
економија. Со воведувањето на царини се остваруваат два нови ефекти и тоа ефект
на домашна добивка и ефект на подобрување на условите на размена. Ефектот на
домашна добивка е последица на прелевањето на добивката од странски
производители во рацете на домашни потрошувачи. Со воведувањето на царините во
голема национална економија цената не увозуваниот производ на нејзиниот пазар ке
порасне и ке влијае врз намалувањето на обемот на неговата потрошувачка, а со тоа
ке се намали и неговата вкупна потрошувачка во светски размери. Производителите
во странство за да можат да обезбедат пристап на пазарот на голема национална
економија треба да ја намалат својата продажна цена, така еден дел од доходот што е
создаден во странство ке се прелее во земјата во земјата со голем национален пазар
и за потрошувачите ке се претвори во потрошувачки вишок. Со воведувањето на
царинската заштита се создва и ефект и на страната на заштитените индустрии во
земјата која има голема национален пазар. Кога ке пристапат на странските пазари
тие ке бидат единствени што ке можат да ги нудат готовите производи по пониска цена
од светската заради тоа што не подлежат на режимот на воведената царина, и со тоа
ке обезбедат подобрување на условите на размена. Сепак големите економии можат
да остварат зголемување на општата благосостојба со воведување на царински
бариери во меѓународната размена.

8. Увозни контингенти - поим и ефекти од воведувањето


Увозните контингенти влијаат на количеството на увезуваниот производ, односно се
определува вкупното количество од некој производ што може да се увезе од странство
во определен временски период, веднаш штом се исполни увозот на количеството од
производот кое е определено со контингентот царинските служби не дозволуваат увоз
на тој производ на територијата на национална економија. Контингентите можат да
бидат глобални- каде се дефинира самото обемот на увозот што се дозволува во
текот на една година за одредена група на производи и тие не определуваат кои и од
каде ке го врши увозот, и насочени контингенти - каде се определуваат и носителите
на увозот и земјите со кои ке се тргува. Овие контингенти се воведуваат врз
унилатерален принцип, секоја земја ги воведува во зависност од потребите кои ги има,
за заштита на домашните производства, вработеноста, и да се намали дефицитот во
билансот на плаќањата на земјата. Со воведувањето на царините поскапуваат
увезените производи и производот може да изнесува колку што изнесува царината
која е воведена. При постоење на определена домашна понуда на производот и со
ограничување на увозот од странство се ограничува вкупната понуда за конкретниот
производ и според тоа вкупната понуда не мора да одговара на вкупната домашна
побарувачка. Со воведувањето на контингентот не постои давачка што увозникот
треба да ја плати и затоа тие не се дополнителен извор на средства во државата, тоа
оди во прилог на производителите од индустриите што се заштитени и со неговиот
воведување се оди кон покачување на цената на заштитените производства.
Контингентската рента е разликата во цената што би се постигнала кога увозот во
земјата би бил слободен и цената што се постигнува при воведување на увозниот
контингент, таа оди во рацете на домашните увозници кои можат да се организираат и
заеднички да настапат во однос на партнерите во странство од кои ги набавуваат
стоките кои подлежат на режимот на контингенти. Тие можат да им наметнат ниски
цени на странските партнери при што продажбата ке се одвива по повисоки домашни
цени и увозниците ке остваруваат добар профит, доколку се комбинира режимот на
контингенти со режимот на увозни дозволи тогаш контингентската рента се прелева во
рацете на Владата која ја има добивката од воведениот коннтигент што им припаѓа на
увозниците. Контингентите се инструменти кои се воведуваат со одлука на надлежни
органи ако има потреба од заштита на домашното производство, и тие имаат предност
на царините иако не носат дополнителни буџетски приходи.

9. Самоограничување на извозот (доброволна извозна квота)


Со овој инструмент по пат на спогодба се врши поделба на пазарот меѓу странските
трговски партнери и домашните претпријатија. Тој се воведува како резултат на
постигната спогодба врз билатерална основа, овој вид го доведува извозникот и со
него странскиот партнер се обврзува дека нема да извезува повеке од договореното
количество на производи на годишно ниво на пазарот на трговскиот партнер.
Самоограничувањето се наметнува само за најзначајните извозници за даден
произовд, а за сите други извозници што покриваат помал дел од домашниот пазар
извозот би се ограничил со друг инструмент, па така се остварува ефект на
пренасочување на трговијата од едни кон други странски трговски партнери.
Странските партнери се согласуваат на употреба на овој инструмент за тоа што
нивниот извоз во странство би можел да биди ограничен со стоковни контингенти или
царини. Со прифаќањето на договорната квота на извозникот му припаѓа дел од
екстра добивката што ке биди овозможена со нејзиното воведување. САД е земјата
која најмногу го употребувала овој инструмент и тоа употребата на доброволна квота е
ограничувањето на извозот на автомобили од Јапонија во САД. Американците биле
навикнати да возат големи, луксузни автомобили кои им обезбедувале безбедност и
конфорт. и возењето на тие автомобили било исплатливо затоа што не се
одданочувал бензинот, но повеке кратното зголемување на светската цена на нафтата
го зголемила интересот за економични јапонски автомобили со што јапонските
продажби во САД значително се зголемиле, тогаш авотомобилската индустрија во
САД вршела притисок врз Владата за воведување мерки за заштита од јапонската
конкуренција за да им се обезбеди на домашните производители време да можат да
се приспособат кон новата ситуација на пазарот. Тогаш најмногу профитирале
големите јапонски сили , хонда, нисан и тојота и тие зафатиле најголем дел од
договорената квота бидејки ги приспособиле своите автомобили кон вкусот на
потрошувачите и создавајки луксузни модели. Тие договорни извозни квоти биле
третирани како инструмент кои предизвикува помало нарушување во меѓународната
размена , но и ова доведе до несогласување на вкупната понуда со вкупната
побарувачка на домашниот пазар, затоа што еден дел од домашната побарувачка е
незадоволена цената на производот расте и паѓа на товар на домашните потрошувачи
а од друга страна се поттикнуваат производителите да ангажираат дополнителна
акумулација во неефикасни производства .

10. Субвенции
Субвенциите се надворешен трговски инструмент со кои се обезбедува згоелемување
на конкурентските предности на домашните индустрии при нивниот настап на
домашен или странски пазар. Можат да бидат директни што значи и исплакање на
определен паричен надомест на производителот од државната каса за секој остварен
извоз во странство. Надоместокот е покривање на дел од трошоците од страна на
државата и може да се исплати како однапред определена сума на пари што
производителот ке ја добие како определен процент од вредноста на секоја единица
производ која е реализирана на странските пазари или при наплата на извозот. Со ова
на производителите им се овозможува пласман на производите во странство по
пониски цени и така тие се стекнуваат со конкурентска моќ. И индиректни субвенции се
остваруваат по пат на одобрување на различни даночни ослободувања. Во зависност
од тоа дали треба да се зголеми конкурентската моќ на домашните производи во
однос на увозните на домашниот пазар субвенциите можат да бидат домашни, кои им
го зголемуваат производствениот вишок на домашните индустрии притоа цените на
производите на домашниот пазар нема да се покачат туку дел од трошоците паѓаат на
товар на државниот буџет. Одржувањето на цените на ниско ниво при користењето на
овој инструмент води до намалување на обемот на увезуваните стоки што може да
доведе до зголемување на производственииот вишок. Субвенциите се финансираат
од собраните средства во државниот буџет по пат на наметнување на одредени
даноци и други видови на јавни давачки. Постојат и извозни субвенции кои се
остваруваат по пат на одобрување на различни даночни олеснувања или
ослободувања на фирмите кои се јавуваат како извозници во странство или преку
одобрување на поволни извозни кредити кои можат да бидат и во полза на странските
потрошувачи. Тие обезбедуваат остварување на два ефекти и тоа ефект на условите
на размена и ефект врз приходот која е остварен од извоз. Со извозното
субвенционирање се доаѓа до зголемување на девизниот прелив и подобрување на
билансните позиции ке се олесни неповолната состојба на плакање на помалку
развиените земји кога ке вршат размена на стоки со развиените земји. При
субвенционирањето парите зафатени со одданочувањето на даночните обврзници
Владата ги пренасочува кон оние фирми за кои мисли дека можат да развијат
технологии со кои ке обезбедат конкурентски предности во меѓународните рамки.

11. Нетрговски бариери


Тие опфаќаат најразлични ограничувања и дискриминација на трговските партнери во
меѓународната стоковна размена. Често користен инструмент се јавните набавки кои
се организираат по пат на распишување на јавен тендер, тој тендер го добиваат оние
снабдувачи што ке понудат најповолни услови и цени на купопродажба. За да се
овозможи домашните снабдувачи да го добијат тендерот наддавањата можат да
бидат како затворени аукции и огласувањето можи да биди невозможно за странските
фирми, исто така познати се и техничките стандарди и стандардите за квалитет на
производите со кои се обезбедува заштита од странска конкуренција дури и без
воведување на други мерки инструменти затоа што тие дејствуваат како забрана за
увоз. Техничките стандарди служат и за заштита на одредени индустрии кои
произведуваат производи што му даваат посебен национален печат на
производството, пр некои земји не дозволуваат влез на производи како пиво ако не
содржи некои клучни состојки, производот може да се врати од таму од каде што
дошол иако ги задоволува сите стандарди но не ги задоволува стандардите за
пакување на производот. Стандардите што ги воведува меѓународната организација
за стандардизација се општо прифатени во развиените земји тие се и со стандарди и
со нив се верификува техничкиот стандард за добивање на одреден производ, ако
производот не го задоволува воведениот и со стандард без да бидат воведени други
трговски бариери влегувањето на производот во ЕУ ке биди спречен. Исто така
постојат и административни бариери кои ги сочинуваат различни неформални
политики кои кога ке се додадат на формалното воведени бариери значително го
ограничуваат увозот а го поттикнуваат извозот и тоа е неоправдано долго задржување
на транспортни возила на граничните премини комплициранта царинска процедура
приложувањето на одредени документи како и нивниот преглед. Пример Јапонија е
едниствената земја во светот во која Холандија не ги извезува лалињата затоа што
јапонските царински службеници секој врзоп корени го расекуваат надолжно заради
формална контрола.

12. Економски и политички аргументи во полза на интервенцинизмот


Политика на мешање на власта во економијата или во работите на државата.
Економски причини: 1. Заштита на младите индустрии од притисокот на странската
конкуренција. Факт е дека секое новоосновано производство се соочува со повеќе
различни проблеми што ја намалуваат ефикасноста на работењето на конкурентската
способност на новите производи. Имајќи го и ова во предвид дури и ГАТТ ја
дозволувал можноста за поголема заштита на производствата што за првпат
започнуваат со работа во националната економија. Во спротивно, слободниот увоз на
странски стоки од ист или од сличен вид на пазарот може да создаде таква
конкуренција што младата индустрија нема да може да ја поднесе. Но практиката исто
така покажува дека еднаш поставените протекционистички бариери подоцна многу
тешко се отстрануваат и со тоа му се нанесува штета на домашното производство
зашто преголемата заштита создава илузија на задоволство од ,,постигнатите
резултати и остварениот степен на продуктивност”. (пример: Горење од Велење,
висока царинска заштита за увоз на други фирми, монополска позиција за Горење,
задоволена од профитот дома па не напредува со надворешни стандарди за надвор
или дома, нула дизајн, квалитет, па понатаму со распаѓањето не можеше да си ја
задржи старата позиција). 2. Обезбедување поддршка за странските индустрии.
Стратешките индустрии се разгледуваат на 2 начина: СИ за една земја се оние
производства кои обезбедуваат голем процент од вкупниот прилив што се остварува
по основа на извоз. За да се овозможи овие индустрии да си ја задржат позицијата во
странство, државата може да му одобри субвенции и сл, да се развиваат напред, па
државата треба да внимава кој тергетира. СИ од др страна можат да бидат оние кои
се третираат со посебна важност за нормално функционирање за националната
економија. (пр. Храна и земјоделско производство CAP во Европа што го штити со
протеикционистички мерки, трошокот паѓа на потрошувачите)
Политички причини: 1. Заштита на работните места во постоечките производства.
Важна причина бидејќи губењето на работни места и затворањето на постоечките
производства ќе биде дополнително оптоварување на домашнио буџет, дополнително
оптоварување на даночните обврзници, дополнителни проблеми и реакции против
владата. 2. Заштита на индустриите важни за национална безбедност.
Протекционизам во сфера на производство на полупроводници во електорнската
индустрија како носечки сегменти на современата технологија наменета за воената
индустрија. 3. Создавање можности за полесен пробив на неоснованите странски
пазари. Се обезбедува по пат на одобрување на различни транспортним даночни или
други видови олеснувања и преку форми на субвенционирање. Со то повеќекратно се
зголемува конкурентската способност на домашните индустрии во странство и се
смета дека со тоа се постигнуваат поголеми успеси (наметнување свои правила на
игра врз странски партн.)

13. Аргументи во прилог на слободната трговија


Како проблеми се јавуваат, протекционистичките мерки , кои не придонесуваат за
развој и унапредување на извозните можности на т.н. млади индустрии. Многу земји
развиле извозно ориентирани индустрии, но тоа не се високо заштитуваните
индустрии што биле изложени на конкуренција и што морале да се изборат за нивниот
опстанок. Исто така тука се јавува и неефикасноста на протекционистичките мерки, и
тоа се должи на проблемите кои се поврзани со определувањето на времетраењето,
селективноста и висината на индустриите во кои се применува зголемената заштита.
Недоволната заштита може да не го отстрани конкурентскиот притисок врз младата
индустрија со што таа нема да може да заживее. Преголемата заштита пак, нема да
дозволи развивање на извозно ориентирана и конкурентно способна индустрија.
Наместо младите индустрии се штитат псевдо-младите, или тие кои одамна требало
да достигнат зрелост. А од др страна, еднаш воведената заштита покажува тенденција
да се задржи во системот, иако за неа веќе не постои потреба. Заштитните мерки во
полза на младите индустрии се воведуваат со рок на траење од 20 год во износ од
25% од вредноста на нивното производство. Максималното продолжување можи да
оди најмногу до 25 години, а времетраењето на воведената заштита наместо да се
намалува таа се повеќе се продолжува. Во повеќето недоволно развиени земји се
оправдува и со проблемите на постоењето на т.н. дуална економија. Овие земји
страдаат од преголема ангажираност на факторите за производство во аграрниот
сектор, па затоа настојуваат да го стимулираат развојот на индустриското
производство со примена на различни заштитни мерки. Несаканите ефекти од
протекционизмот можат да се употребат како аргумент повеќе во полза на
либерализацијата на надворешно трговската како на развиените, така и на помалку
развиените земји. Тие мерки важат за сите земји без оглед на нивната големина.
Степенот на либерализација на надворешнотрговската размена не зависи толку од
големината на земјата, туку од еластичноста на увозната понуда која треба да биди да
поголема ако постои нееластична увозна понуда. Без оглед на степенот на развиеност
високата заштита влијае врз потенцирање на неперфектноста на дејствувањето на
пазарните механизми , и тоа не само на страна на понуда туку и на страна на
побарувачката. Важен е и факторот што најголемиот дел од надворешно трговската
размена и кај развиените и кај помалку развиените земји се одвива како интра
индустриска . Ползата од оваа трговија е подигнување на продуктивноста и
остварување на поголем доход.

14. Општа спогодба за Царини и трговија ГАТТ (функционирање, принципи


, предизвици, неуспех)
По завршувањето на Втората светска војна се залагале да се воспостави
мултилатерален принцип на договарање меѓу партнерите во меѓународната размена,
кој ќе биде заснован врз еднаквост, недискриминација и либерализација на
надворешно трговските режими. За таа цел бил даден предлог да се формира
Меѓународна трговска организација. Основната задача која требало да ја спроведе
оваа организација била либерализацијата на меѓународната размена во стоковната
сфера и во сферата на услугите. Либерализацијата требало да се одвива врз
принципите на недискриминација и еднаквост. Правилата на меѓусебната размена во
рамките на Комонвелтот се разликувале од правилата на размената што В.Британија
ги имала со трговските партнери надвор од подрачјето на Комонвелтот. Таа не сакала
големите привилегии што им ги давала на партнерите да се пренесат на сите трговски
партнери кои ќе ја потпишат мултилатералната спогодба за формирање на
Меѓународна трговска организација. На конференцијата во Женева , не дошло до
потпишување на спогодбата за МТО, но 23 најразвиени земји ја потпишале Општата
спогодба за царини и трговија ГАТТ која требало да обезбеди либерализација на
режимот на меѓународната размена. Се засновала на три принципи и тоа: Принцип на
либерализација кој обезбедувал отстранување на сите трговски и нетрговски бариери
од меѓународната размена на стоки и со него било дозволено националните економии
да ја применуваат царинската заштита која требало да се намалува постепено и за на
крај да не постои.; Принцип на недискриминација на нетрговските партнери кој
обезбедувал еднаков третман на трговските партнери со што, со тоа се овозможувало
примена на клаузулата за најповластен третман на нациите, која ги обврзувала
земјите членки на ГАТТ привилегиите кои ќе ги даваат на своите трговски партнери да
ги пренесат и на сите други; и принципот на мултилатералност и конвертибилност , со
кој сите земји членки на ГАТТ морале да се стремат кон обезбедување на
макроекономска стабилност на своите економии како основен предуслов за повторно
обезбедување на конвертибилност на своите национални валути. Мултилатералноста
во меѓународната размена е можност за користење на позитивното салдо од
трговската размена со една земја за покривање на негативното салдо од трговската
размена со друга земја. Работењето на ГАТТ се одвивало во преговарачки циклуси
кои на почеток требало да се одвиваат на секои 6 месеци, и треба да се
концентрирани на можноста од укинувањето на нецарински бариери и дефинирање на
употребата како единствен инструмент за заштита на националното стопанство од
странска конкуренција. Тие циклуси се нарекувале рунда на преговори и преговорите
се организирале врз принципот земја по земја, стотка по стотка., што значи секоја
земја членка врз основа на барање може да има преговори со повиканиот партнер. На
крајот на преговорите врз билатерална основа биле должни да објават концесиона
листа во која се наведувале сите стоки за кои бил изменет надворешнотрговскиот
режим како и нивниот обем; а сите привилегии и поволности важеле за сите др членки
на ГАТТ. Во нејзини рамки биле одржани 8 рунди на преговори и нивниот напредок се
зголемува во 60 тите години или тоа периодот каде најголем број од колониите
почнале да се стекнуваат со независност. Земјите со не развиено стопанство
стекнале членство во ГАТТ затоа што нивните интереси биле различни од оние на
развиените. Но, многу земји кои не се развиени го одбија членството во ГАТТ затоа
што сметаа дека тоа клуб на развиени земји и пристапот таму не би овозможил
индустријализација. Во рамките на Кенедиевата рунда на преговори во ГАТТ
развиените земји предложиле да се обезбеди намалување на царинските стапки за 50
% во размената со помалку развиените земји, што значи неразвиените земји не
морале да одговорат на привилегиите кои им биле обезбедени во меѓународната
размена. Но, и покрај се, во рамките на ГАТТ дошло до намалување на номиналните
царински стапки за индустриските производи во развиените земји, па така се
зголемила ефективната царинска заштита на индустриите и се влошил меѓународниот
ценовен однос на примарните производи во помалку развиени земји. Зголемените
царински стапки за финални индустриски производи ги дестимулирале земјите во
развој во извезувањето на вакви производи на пазарите на развиените земји. ГАТТ не
успеала да обезбеди либерализација на режимот на надворешно трговска размена на
земјоделски производи, и довело до зголемена примена на режимот на контингенти во
развиените земји. Со Уругвајската рунда се согледа дека ГАТТ има доста големи
пропусти и дека има многу прекршоци, но тие кои го прекршуваат тоа остануваат
неказнети. Со формирањето на регионалните интеграции се одбегнуваа
општоприфатените правила, и со тоа можело привилегиите што се земјите си ги
обезбедуваат една на друга во рамки на регионалните интеграции не се пренесуваат
автоматски на сите членки ако крајна цел е формирање на нова интегрирана држава.
Регионалните интеграции како ЕЕЗ ја наметнуваа дискриминацијата спрема
партнерите кои се надвор од преференцијалните договори и тоа им сметаше на САД
и Австралија и за нив ЕЕЗ се претвораше во трговска тврдина. ЕЕЗ го штитеше своето
производство и со царини, но и со режим на контингенти. Развиените земји побараа од
ЕЕЗ да ги намали увозните бариери, со што таа се сложи да ги намали увозните
бариери, но не и извозните субвенции. Оваа Уругвајска рунда траеше 8 години и
заврши со компромис кој понуди решение за двете страни.

15. Светска трговска организација СТО (настанување, принципи, поважни


спогодби (само да се набројат без објаснување) 82-83, органи 91-93)
На последната рунда преговори на ГАТТ земјите кои беа заинтересирани за
формирање на меѓународна организација беа должни да изработат детален преглед
на надворешнотрговскиот режим за сите стоки што се увезуваа или извезуваа. Тој
преглед ги содржеше и нецаринските бариери како и обемот во кој тие беа застапени.
Во текот на преговорите што се одвиваа според однапред утврден тек, требаше да се
изврши либерализација на режимот за некои стоки. Така, ГАТТ утврди дека сите земји
кои сакаат да се приклучат треба да се обврзат дека на почеток нема да вршат
покачување на царинските стапки а ниту ќе наметнуваат нови нецарински бариери.
Исто треба да покажат готовност за понатамошна либерализација на режимот за
размена на стоки и да ја прифатат шемата која што беше понудена од новата
организација, конкретно за земјоделски и текстилни производи. Светската трговска
организација започна со работа на 1.1.1995 година и тогаш беа зачленети 90 земји,но
нејзина цел беше да ги опфати сите земји во светот за да функционира како
наднационална организација, како и да воспостави транспарентен систем на правила
на однесување во меѓународната економија. Нејзина појдовна точка беа основните
принципи на ГАТТ, принципот на целосна либерализација, недискриминацијата на
трговските партнери и клаузулата на национален третман која обезбедува еднакви
конкурентски позиции за сите фирми кои настапуваат на еден пазар, без да се дава
предност на домашните во однос на странските фирми; а клаузулата за најповластена
нација обезбедува еднаков третман на сите странски партнери. Сите земји кои сакаат
да се бидат членки на СТО треба да ги потпишат и да ги прифатат одредбите на
Општата спогодба за царини и трговија, за трговија со услуги и спогодбата за
трговските аспекти на правата на интелектуалната сопственост. Тогаш, во рамките на
ГАТТ беа потпишани и некои мултилатерални спогодби и тоа: спогодба за текстил и
облека, за земјоделски производи, за инвестициони мерки, за контрола на пратките, за
антидампинг и сл. Седиштето на СТО е во Женева и таа е наднационална институција
која има статус на правно лице. Со нејзиното воспоставување земјите членки се
откажуваат од дел од националниот суверенитет во носењето на одлуки кои се
поврзани со меѓународната размена на стоки и услуги. Единствен предуслов за
стекнување на правото за регулирање на прашањата од меѓународна размена е
стекнувањето членство во СТО и добивањето на статус за рамноправен трговски
партнер. СТО одржува редовни министерски конференции на секоја втора година,
таму учествуваат претставници од сите земји членки. Со тоа се дефинираат
прашањата кои треба да се дел од дневниот ред за идни преговори , се прифаќаат
одлуките кои се донесени во преговарачкиот процес и се носат крајните одлуки за
прием на нови членки. Донесувањето на одлуките е по пат на консензус и се одвива
на принцип секоја земја има еден глас. Министерската конференција бира претставник
од секоја земја членка за Генералното собрание кое ги следи сите тековни и работи и
се состанува по потреба, по него се Советот за трговија со услуги, Совет за трговски
аспекти на правата на интелектуалната сопственост и Советот за трговија со стоки.
Исто така, таа формира и комитети за трговија и развој, за административни, буџетски
финансиски прашања и сл. Основна придобивка на СТО е обезбедување на
ефикасен механизам во решавањето на меѓународните спорови кои можат да
настанат меѓу трговските партнери. Тоа прво се настојува да се реши спогодбено меѓу
страните кои се засегнати, но ако во рок од 2 месеци не се најде соодветно решение
се поведува постапка која се решава во рок од 6 месеци, Странките во спорот имаат
право да ја обжалат донесената одлука во рок од 60 дена максимум. Притоа, одлуката
која ќе се донесе мора да се почитува и да се спроведе, затоа што во спротива
следуваат пенали, а со сериозни прекршувања се одзема и членството во СТО. Од
формирањето на СТО бројката на членки се зголемува, но тоа е побавен и подолг
процес затоа што има недоволен капацитет на самата организација за да се справи и
да ги разреши сите барања. Земјите кои се надвор од оваа организација се оние со
помал развој, и не поседуваат соодветна инфраструктура а ниту имаат бази на
податоци.

16. Форми на регионални економски интеграции


Преференцијалните договори создале можност да дојде до регионално и економско
обединување на повеќе национални економии врз доброволна основа. Наједноставна
форма е создавање на слободна трговска зона и таа се формира за целосно да се
либерализираат стоковните текови во меѓусебната трговска размена. Тие ги
отстрануваат нецаринските, но и царинските бариери при размената , и сега стоките
влегуваат без да се плаќа царина и други давачки, а ниту пак се ограничува нивниот
увоз. Секоја земја во оваа зона има право да задржи сопствена надворешно трговска
политика во размена со земји надвор од преференцијалниот трговски договор. Пример
во Европа е ЕФТА. Царинската унија е форма која е повисока од другите, во рамки на
регионално интегрирање од слободната трговска зона. Се обезбедува целосна
либерализација на режимот на стоковната размена и должни се да применуваат
заедничка трговска политика во размената со земји кои се надвор од неа. Економиите
кои ќе потпишат мултилатерална спогодба за формирање на царинска унија мора да
се откажат од дел од нивниот национален суверенитет и од автономијата, притоа
треба да ги прифатат општите правила и одредби што ги наметнува спогодбата која
што претходно ја потпишале. Формирањето на заедничкиот пазар е повисока форма
на регионалното интегрирање. Тука се настојува да се дојде до целосна
либерализација на режимот на меѓусебната размена на стоки и да се ослободи и
режимот на размена на услуги, како и капиталот и работната сила. За да се обезбеди
ова и да се заштитени интересите на потрошувачите, земјите треба да го усогласат
поголемиот дел од националното законодавство и да донесат заеднички закони за
техничките стандарди на стоките, за правилата на движењето на капиталот и сл.
Најпопуларна интеграција била Европската економска заедница. Земјите што успеале
да се обединат во заеднички пазар ги усогласуваат националните фискални политики
и формираат заедничка , со тоа се откажуваат и од националниот суверенитет и
преминуваат во европска унија која сега се вика монетарна. Ако земјите кои
потпишале спогодба за регионално интегрирање во целост го ослободат режимот за
размена на стоки, услуги и фактори на производство водат една надворешно трговска
политика во размена со земји надвор од интеграцијата, се откажуваат од употреба на
национални валути и водење на монетарна политика на национално ниво и
воведуваат заедничка валута и се определуваат за единствена монетарна политика
на ниво на целата интеграција, и тогаш тие земји се обединуваат во монетарна унија.
Наредно било исцртувањето на заедничка надворешна граница и воведување на
заедничка војска, со што монетарната унија преминува во политичка.

17. Ефекти од преференцијалните трговски договори


Најголемите трошоци и проблеми во регионалното интегрирање произлегуваат од тоа
како се оди кон повисоките форми на регионалното интегрирање, така се наметнува
потребата од поголемо наметнување на националниот суверенитет и од автономијата
во донесувањето на одлуки. Разликите во економската развиеност придонесуваат
прифаќањето на заедничка надворешно трговска политика во односите со трети земји
и усогласувањето на националното законодавство, да создаваат различни ефекти во
помалку развиените земји. Јакоб Винер заклучил дека нивното формирање доведува
до: зголемување на интензитетот на слободната размена на стоки меѓу земји во
царинска унија со што доаѓа до зголемување на продажбата на стоките од партнерите
што нудат пониски цени. Така, доаѓа до намалување на производствените трошоци и
до зголемување на потрошувачкиот вишок на населението во рамките на самата унија.
Ако пред формирањето на унијата националните економии набавувале стоки со ниски
цени од трети земји, со формирањето на унијата за истите тие производи се
наметнуваат високи царини и други бариери за влез. Овие ефекти се викале статички
и наоѓаат свој одраз врз ефикасноста на производството и врз благосостојбата на
потрошувачите во земјите на интеграција. Првите ефекти кои имаат позитивен
карактер Винер ги нарекува создавање на трговијата, вторите со негативен карактер
се пренасочување на трговијата. Определени се и други динамички ефекти кои
влијаат врз долгиот рок на економски раст на секоја одделна нација во рамките на
царинската унија. Непосреден извор на статичките ефекти е либерализацијата на
режимот на размена внатре во интеграцијата наспроти дискриминацијата на
партнерите надвор од неа. Отстранувањето на бариерите на размената во рамките на
регионалната интеграција, носи до ефект на создавање на трговијата што влијае
позитивно врз порастот на благосостојбата. Тој има и обратен ефект и е познат под
името пренасочување на трговијата. Со формирањето на царинска унија се
отстрануваат сите нецарински, но и сите царински бариери во меѓусебната размена на
земјите А и Б што доведува до намалување на вкупните трошоци и цените на стоките
на пазарот внатре во царинската унија. Така потрошувачите од двете земји посебно
тие од малата економија А можат да ја покачат потрошувачката на стоки оти под
влијание на ефектот на создавање на трговијата кај нив доаѓа до зголемување на
потрошувачкиот вишок. Ефектот на создавање на трговијата има позитивно влијание
врз производството посебно во помалата земја која во царинската унија се соочува со
проблемот што го наметнува зголемената конкуренција што доаѓа до поголемата земја
Б. Истовремено се наметнуваат високи бариери во размена со третата земја така што
нејзините стоки тешко се пробиваат на пазарите на царинската унија и повеќе не се
конкурентно способни. Пред формирањето на царинската унија таа беше
најефикасниот снабдувач во светот бидејќи нудеше стоки по најниски цени. Тоа е
ефектот на пренасочувањето на трговијата бидејќи сега набавките од најефтините
извори во светот се заменуваат со поскапи извори што потекнуваат од царинската
унија. Тоа пренасочување има негативен ефект и врз светското производство затоа
што постои нерационално и помалку ефикасно користење на ресурсите и со тоа опаѓа
ефикасноста и на светско производство. Успехот или неуспехот на формирањето на
царинската унија зависи од односот на двата статични ефекти. Ако унијата е
формирана од земји кои имаат големи конкурентски предности, кои имаат национални
пазари со голем потенцијал каде бројот на земјите е поголем, тогаш можноста за успех
е поголем. Позитивно влијание се остварува и кога земјите обединети во царинска
унија воведуваат помали рестриктивни бариери во размена со трети земји што се
овозможува влијание на странската конкуренција врз сопствените производители.
Динамичките ефекти се однесуваат на полесно остварување на економија од обем,
поттикнување на инвестирањето и зголемен конкурентски притисок. Здружувањето на
повеќе национални економии во една регионална интеграција ги урива бариерите кои
постоеле меѓу секоја од нив и со тоа преку ноќ го зголемува внатрешниот пазарен
потенцијал. Секој производител има шанса да произведува за потребите на поголем
број потрошувачи без да е обврзан да плаќа дополнителни царински и други давачки.
Обединувањето на националните пазари во регионалната интеграција ја зголемува
конкуренцијата. Важен услов за напредок и понатамошен развој на секое
производство е секој производител да се бори за намалување на трошоците, за
подобар квалитет и дизајн на постоечки производи. Но, ова не е можно ако
производителот не обезбеди средства за дополнителни инвестиции како и постојана
објава на производните линии со нова опрема и технологија. Регионалните интеграции
го поттикнуваат и приливот на капитал во вид на СДИ, затоа што тоа е начин што на
странските партнери им е достапен како можност за надминување на високите царини
и нецарински бариери.

18. Настанок и ефекти од Европската унија


Почетоците на ЕУ се јавуваат уште во 50 тите години. Повеќе западноевропски земји
успеале да го постигнат основниот минимум на обновата на своето индустриско
производство и макроекономска стабилност, па со тоа му се овозможило да ја обноват
конвертибилноста на своите национални валути. Германија и Франција беа првите кои
си ветија дека нема да се напаѓаат и ќе бараат начин како да ги искористат резервите
на јаглен кои се во нивниот пограничен појас затоа што сметале дека размената на
јаглен и челик треба целосно да се либерализира во регионот, од што ќе имаат полза
сите национални економии што ќе се заложат за слободна трговска размена на овие
два производи. Постоел силен отпор од Велика Британија ,но помалите држави од
Западна Европа ја поддржале идејата и се формирала Заедницата за јаглен и челик.
Позитивните ефекти од отстранувањето на трговските бариери биле почувствувани
како директен поттик на развојот и ефикасноста на западноевропското индустриско
производство. Белгија, Холандија, Луксембург, Италија, Франција и Германија ја
формирале ЕЕЗ како царинска унија. Според договорот од Рим, членките се
обврзувале да ги отстранат царините, контингентите и др рестрикции во размената, да
воспостават заедничка транспортна политика и заедничка политика во поглед на
конкуренцијата и однесувањето, да обезбедат слободно движење на работната сила и
капиталот, да ја координираат монетарната и фискалната политика на економиите во
заедниците, и да воведат заедничка царинска политика за увоз на стоки од земји кои
не се членки на заедницата. Целосната либерализација на внатрешната размена на
индустриски стоки во ЕЕЗ доведе до интензивен пораст на трговијата меѓу овие земји .
Европските земји воспоставија заедничка царинска политика спрема трети земји и тоа
значеше реализација на царинската унија. Во 1973, членки на ЕЕЗ станаа Ирска,
Данска и Велика Британија , потоа имаше уште две проширувања , 1981 Грција и 1986
Шпанија и Португалија. Тоа беше поттик да за развој на хемиската, на машинската
индустрија, производството на горива и сл. Но, таа го создаде ефектот на
пренасочување на трговијата во областа на производството, земјоделството и тоа
предизвика големи загуби. Заедничкиот пазар требаше да обезбеди намалувања на
цените под притисок на конкуренцијата , требаше да се поттикне вкупната побарувачка
со што ќе беа создадени услови за поголемо индустриско производство. Така
европските производители ќе стекнеа шанса да постигнат економија од обем што ќе ги
направи поконкурентни на пазарот. Но, тоа не доведе до интегрирање на
националните европски пазари . Царинските бариери беа отстранети за кратко време ,
но стоките сеуште беа предмет на контрола при премин на границата внатре во
унијата. Поголем проблем беше стандардизацијата на производството во рамките на
ЕЕЗ што мораше да се изврши ако сакале целосно да се отстранат нецаринските
бариери. Но трошоците беа доста големи и водеа кон намалување на благосостојбата
на потрошувачите. Па затоа, Европската комисија објави документ Дооформување на
внатрешниот пазар во кој стои преостанатите бариери што го спречуваа слободното
движење на стоки и услуги како и другите мерки што требаше да бидат спроведени да
се реализира во целост. Со тоа требаше да се постигне уште поголема ефикасност
на производството, поголема конкурентска моќ, а земјите прифаќаа заеднички
стандарди за да се избегнат поголеми трошоци. Шефовите на државите и владите од
ЕЕЗ на самитот во Мастрихт се договорија да преземат чекори кон создавање на
подлабока интеграција на Западна Европа. Ја потпишаа Мастришката спогодба со која
се поставуваат основите на Европската монетарна унија и на Европската политичка
унија, и тоа се одвиваше во три фази и тоа; во првата фаза требаше да се отстрани
контролата на движење на капиталот и да се зајакне соработката во сфера на
монетарна и економска политика. Во втората фаза требаше да се воспостави
Европски монетарен институт со цел обезбедување на поголема координација на
националните политики и во последната фаза земјите членки требаше да воспостават
Европска централна банка и да воведат заедничка валута. Секоја земја членка
требаше да се грижи за стабилноста на курсот на сопствената национална валута и
девизните резерви, и да извршат проценка на сопствените сили и можности и ако така
решат привремено да ја одложат последната фаза од воведувањето на еврото.
Земјите членки се договорија еврото да биди пресметковна валута а цените да се
изразуваат двојно, во национална валута и во евро. Пресметувањата потврдуваат
дека ползата од монетарна унија ќе биде поголема за земјите кои во рамките на
Унијата имаат појака соработка и размена, и со тоа политичката унија е заедничка
одбранбена политика на интеграцијата што треба да биде компатибилна со онаа на
Северноатланскиот пакт - НАТО; каде се воведува заеднички визен режим и исправи
за жителство во ЕУ. Со потпшувањето на Мастришката спогодба ЕЕЗ премина во ЕУ
каде се приклучија, Шведска, Австрија и Финска. Дел од земјите од Западна Европа
немаат индустриски капацитети и пренасочувањето на трговијата е присутно во мера,
и кај земјоделски и кај индустриски производи. Нето ефектот од формирањето на ЕЕЗ
на страна на индустриски производи оди во прилог на создавање на трговија, а кај
земјоделските производи оди во прилог на пренасочување на трговијата. Процесот на
либерализацијата на размената на земјоделски производи во ЕЕЗ се одвиваше бавно,
кога земјите членки на ЕЕЗ решија целосно да ги отстранат сите бариери во
меѓусебната размена на земјоделски производи тие исто решија националните
стабилизациони политики во земјоделството да ги заменат со заедничка земјоделска
политика. Еден од елементите на оваа политика е обезбедувањето на поддршка на
цените што фармерите ги добиваат за своите производи. Заедничката земјоделска
политика го поддржа земјоделското производство во земјите на ЕЕЗ,со што се изрази
преку високи царини и строг режим на контингентите на страната на увозот на
земјоделски производи од ЕЕЗ, а на страната на извозот преку агресивно
субвенционирање со цел да се обезбедат ниски цени. Таа создава големи трошоци на
расходот во буџетот , поддршката на цените на основните млечни продукти носат
големи вишоци што не можат да се реализираат во унијата. Таа доведе до
намалување на потрошувачкиот вишок, намалување на благосостојбата на сите
граѓани во светот, даде поттик на неефикасните производства и имаше нерационална
алокација на ресурсите.

19. Северно американска зона на слободна трговија- НАФТА


Националните граници на економиите на САД и Канада беа фактор на ограничување
за функционирањето и развојот на националните фирми, па поради тоа дојде до
потпишување на Спогодба за слободна трговија меѓу нив. Спогодбата предвидуваше
либерализирање на режимот на стоковната размена меѓу двете земји со
отстранување на сите квалитативни и квантитативни бариери при што царините
требаше да бидат укинати во периодот од 10 години од потпишувањето на спогодбата.
Требаше да се воспостават првите заеднички правила за либерализацијата на
режимот на размена на услугите а беше договорено и отстранување на дел од
бариерите во движењето на капиталот во вид на директни инвестиции. Таа имаше
одредба каде двете земји воспоставија арбитража за решавање на меѓусебните
спорови кои ќе бидат составени од претставници на земји кои не се учесници на
трговската зделка во која настанал спорот. Потпишувањето на спогодбата за САД ќе
овозможеше слободен пристап до некои ресурси со кои располага Канада, пример,
природен гас, нафта . Но Сад не се задоволи со потпишувањето на оваа спогодба и
затоа продолжи да ја разгледува можноста за проширување на слободната трговска
размена на целиот континент, а како прв чекор би бил либерализацијата на трговијата
со првите соседи , во случајот со Мексико, затоа што имаше голем прилив на
неквалификувана работна сила што на нелегален начин преминуваше од Мексико во
САД за работа и услови за егзистенција. САД сметаше дека со либерализацијата на
овој режим за услуги, стоки и капитал треба да се создадат добри услови за живот и
работа во Мексико, и со олеснувањето на условите за добивање на американска виза,
ќе запре илегалниот прилив на работна сила од Мексико , а американските служби ќе
имаат контрола врз движењето на работната сила која доаѓа од таму. Меѓу САД ,
Канада и Мексико се потпиша Северноамериканската спогодба за слободна трговија
која се вика НАФТА, И со нејзиното формирање се создаде пандан на ЕУ во Америка.
И на овие три земји им беше овозможен голем заеднички пазар кој ќе овозможи раст и
развој на националните фирми. Силен поттик на меѓусебната размена на овие земји
даде отстранувањето на царинските и нецаринските бариери. Либерализацијата на
внатрешната размена во оваа интеграција доведе до создавање на ефект на
пренасочување на трговијата во полза на трите земји. Овој ефект се почувствува и во
размена со трговските партнери од развиените земји. Со формирањето на НАФТА се
сметаше раст на мексиканската економија , а зголемувањето на животниот стандард
би имал позитивен ефект врз целата интеграција. Основни проблеми имаше во поглед
на големите разлики во нивото на наемнините , големите разлики во законодавната
инфраструктура во областа на екологијата и во определувањето на потеклото на
стоки. Еколозите сметаа дека голем дел од валкани индустрии ќе бидат пренесени во
Мексико каде што поради ниските еко стандарди ќе функционираат без да ги
применуваат заштитните мерки и ќе ги загадуваат водите, почвите и воздухот, исто
така проблем може да биде слободниот увоз на финални производи од Мексико кои
настанале во капацитети со јапонски капитал со спојување на странски увозни
компоненти. По формирањето на НАФТА, се создаде и Слободна американска
трговска зона која би ги обединила сите земји од Америка во една регионална
интеграција . Како добра основа за почетокот на преговори за создавањето на
Американската зона на слободна трговија се либерализацијата на трговскиот режим
во поглед намалената улога на државата и СДИ.

20. Централно европска зона на слободна трговија- ЦЕФТА


ЦЕФТА е регионална интеграција што настана во 90тите по пат на интегирање на
неколку земји од Централна и Источна Европа. По водењето на борбата за
ослободување од фашизмот се воспоставил социјалистички режим и Советскиот сојуз
не бил единствена социјалистичка земја во светот. Успехот на социјалистичките
револуции ги натерал САД и западноевропската алијанса да му свртат грб на
Советскиот сојуз, така САД одобриле помош за обнова на стопанството од Западна
Европа преку Маршалов план со кој со тек на време била зафатена и Западна
Германија. Како одговор на формирањето на НАТО алијансата која е составена од
западните економии тие се обединиле во Варшавски пакт, што тоа било воено-
политичка организација или пандан на капиталистичките земји. Тие се обединиле во
интеграција што добила регионален карактер и била позната под името Совет за
заемна економска помош. Во него влегле сите земји на Источна Европа а на почеток
влегла и ФНРЈ. Сите негови земји членки се определиле за централистичко плански
систем за уредување , па секоја од нив добила производна задача што требало да го
насочува својот стопански развој според потребите на стопанствата на другите земји.
Улогата на секоја земја членка се определувала со детални централистички планови
што биле носени на државно ниво со кои се определувал порастот што во плански
период требало да го достигне секоја производна дејност во секоја од нив. Земјите на
СЕВ не можеле да обезбедат конвертибилност на своите валути а скудните
конвертибилни средства морале да ги штедат и рационално да ги користат. Била
воспоставена и посебна банкарска институција = Банка за меѓусебни порамнувања
која водела евиденција за размена што секоја земја членка ја вршела со другите земји
во интеграцијата. Салдата од меѓусебната размена можеле да бидат порамнети само
врз билатерален принцип, позитивното салдо од размената со некоја од земјите во
СЕВ можело да се порамни само со поголем увоз од истата таа земја во наредниот
период, а негативното салдо се порамнувало со поголем извоз во наредниот период
во земјата со која бил остварен дефицит во размената. ЕВ постигнал завидни
резулатати во обнова на стопанствата, покачувањето на животниот стандард на
населението и техничко технолошки достигнувања (Астронаутика и нуклеарна
физика). Во средината на 60 земјите на СЕВ почнале да заостануваат во развојот ,Не
успеале да се прилагодат кон промените во потрошувачката индустрија Заостанувале
во сите инд. п-ва, п-дите имале квалитет, но не и дизајн ,Имало Запоставување на
развојот на земјоделското п-во, увоз на храна, криза на хипопродукција Имало и
Започнување на процесите на отворање кон надворешниот свет, Распаѓање на
повеќенационалните држави на повеќе делови како и Започнување на процесите на
приватизација на капиталот, воспоставување на пазарни институции, либерализација
на пазарните функции. Дојде до Економски шок поради загуба на најголемиот дел од
пазарите и пресекување на снабдувачките канали, намалување на производниот и
извозниот потенцијал и враќање на нивото на развој ,немање пазари за пласман на
производите, распаѓањето на клириншкиот платен систем, недостигот на
конвертибилна валута, немање пристап на пазарите на развиените земји, слаба
конкурентска способност, неприфаќање на нивните п-ди од развиените земји под
изговор дека цените не се пазарни, туку содржат административни елементи. Се
покажа зрелост преку формирање на сопствена зона на слободна трговија ЦЕФТА во
1991, се покрена иницијатива, но таа е формирана 1992, а започна да функционира
1994, и Македонија е членка на оваа интеграција. Услови за членство се: Земјата
кандидат да има потпишано билатерална спогодба за слободна трговија со други
земји членки , Да има стекнато асоцијативен статус во ЕУ , Да биде членка на СТО ,
Сите земји членки да дадат согласност за прием . Членките планираа Укинување на
сите царински и нецарински бариери, посебно кај прехранбените п-ди и воведување
фитосанитарни и ветеринарни стандарди, но и покрај тоа, ЦЕФТА не профункционира
како вистинска слободна зона , но за поголемиот дел од нејзините членки послужи
како виза за влегување во ЕУ.

21. Пораст и структура на меѓународна размена на стоки


Извозот на стоки во целиот период по Втората светска војна растел со речиси 2.5 пати
побрзо темпо од порастот на индустриското производство во светот. Интензивниот
пораст на меѓународната стоковна размена во светот е резултат на влијанието на
повеќе фактори од развојот на светската економија. По 2 светска војна треба да се
создаде меѓузависност и поврзаност меѓу националните економии, специјализација за
п-ва за кои поседуваат конкурентски предности . Да се воспостави новиот меѓународен
монетарен систем врз принципи на мултилатералност и конвертибилност од една
страна, и либерализацијата на царинскиот режим, од друга страна, во голема мера би
придонеле за интензивирање на меѓународната економска соработка и размената на
стоки во светот. Врз стоковната размена големо влијание имал и развојот на
комуникациските и транспортните врски во меѓународни размери, кој ја забрзал и
олеснил комуникацијата меѓу најоддалечните точки во светот и едновремено ја
овозможил размената и на најчувстветилните стоки на големи географски растојанија.
Извозот на стоки е во тесна корелација со индустриското производство, затоа што на
пазарот може да се продава само тоа што може да се произведе. Фазите на
економскиот циклус имале негативно влијание во меѓународната размена
(незначителни флуктуации, студена војна, нафтена криза, должничка криза, распаѓање
за соц. блок, азиска криза, 1998,терористички напади, ек. криза од 2008) , но Многу
брзо дојде до ставање под контрола на неповолните настани и стабилизирање на
националните економи, како и светската економија. Кога станува збор за
меѓународната размена на стоки, треба да се разгледа структурата на светскиот извоз
и увоз на стоки, како и измените што оваа структура ги претрпи во текот на светскиот
економски развој. Пред 2 Св. Војна п-дите од преработувачката индустрија
учествувале подеднакво со извозот на суровини и сочинувале половина од вкупната
размена во светот, а Денес суровините учествуваат со 11% од вкупната размена во
светот и на страна на увоз и извоз. П-дите од преработувачките индустрии изнесуваат
2/3 од вкупниот стоковен извоз. Постојат повеќе причини што довеле до измена во
структурата и тоа: Основна причина е необично динамичниот развој на техниката и
технологијата во периодот од Втората светска војна наваму. Со автоматизација и
компјутеризација на п-вото се намалија вкупните трошоци по единица производ и со
тоа дојде де значително намалување на потрошокот на суровини и енергија во
производството на едница производ, Истовремено, софистицираната техника и
технологија исфрлија најразновидни производи кои дотогаш на беа видени во светот.
(нови синтетички и вештачки материјали, кои, не само што претставуваа успешна
замена за природните суровини, туку во многу случаи се покажаа како многу
поквалитетни од нив), Движењето на цените на финалните индустриски производи и
оние на примарните производи. Се ставаа Високи цени на финалните производи и
нивен пораст, а ниски цени на примарните производи. Финалните производи-
произведени со современ технологија недостапна за повеќе земји, уникатни п-ди кои
не котираат на меќународната стокова берза, а за кои постои голема побарувачка на
светскиот пазар Примарните производи (суровини, црни и обоени метали, нафта и
прехрамбени п-ди), барање начин за контрола на цените за обезбедување на
нормален тек на п-ден циклус Се потпишаа Мултилатерални спогодби, каде
најголемите увозници и извозници се обврзуваат да интервенират кога има
нарушување на меѓ. пазар. Па, Цените се формираат не под дејство на пазарен
механизам, туку административно од развиените земји кои се најголеми увозници.
Разликата во цените на финалните производи од прераборувачките индустрии и на
примарните производи била потенцирана и од големата разлика во нивото на
царинска заштита што била дефинирана во рамките на ГАТТ .Постоело
Либерализација за примарните а поголема царинска заштита за индустриските,
стратешка трговска политика- ефективна царинска заштита, заштита на
традиционалните земјоделски п-ва, намалување побарувачка и имало негативен
одраз врз размената. Големи влијание врз деформирањето на информациите во
однос на цените на финалните и на примарните производи, важно е дека Најголемо
влијание врз обемот и структурата на меѓународната размена на стоки го остваруваат
оние земји што се јавуваат во улога на најголеми светски трговци, тоа се САД, ЕУ и
Јапонија.

22. Меѓународна размена на услуги


Според дефиницијата на меѓународниот монетарен фонд, услугите се економски
аутпут на нематеријални добра што можат да се произведат, трансферираат и
употребат во исто време. Размената на стоки меѓу националните економии во светот
никогаш не била можна без размената на одредени услуги. Така некои стоки секогаш
одат во пакет со одредени услуги, додека пак има и услуги со кои може да се тргува
самостојно. Оттука услугите во меѓународната размена можат да се третираат како
зависни или како автономни трансакции. Постојат Услуги на посредување, транспорт и
шпедиција, осигурување, банкарски услуги, финансиски услуги,(извозни кредити)
специјализирани услуги за потврдување на квалитетот на стоките, издавање
сертификати, арбитражи Услуги поврзани со луѓето и обезбедување комуникациски
врски меѓу нив (меѓународни патнички транспотрни услуги, туризам, ПТТ, услуги
поврзани со развојот на информациските системи) Пред – развојот на услугите
заостанувал зад обемот на вк. Стокова размена. Развој на услугите во 20 век започнал
(со развој на транспортот, комуникации, банкарски услуги и посредување во платниот
промет). Се појавија нови видови услуги (финансиски услуги) , притоа
Информатиката е моторна сила на интернационализацијата на меѓ.размена . Услугите
се најбрзо растечка компонента на меѓународната трговија. Сочинуваат ¼ од вкупните
економски трансакции во светот и се извор на се поголем дел од бруто-
општествениот производ на одделните национални економии во светот, и заземаат
50-70% учество на услугите во БДП . Најголемиот дел од меѓународната размена на
услуги се одвива меѓу развиените земји, односно меѓу земјите на ОЕЦД. Брзиот
пораст на учеството на услугите во меѓународната размена, освен на развојот на
информационите системи и на проширувањето на светскиот пазар на услуги, се должи
и на дерегулацијата на услужната сфера, како и на либерализацијата на вкупната
меѓународна размена во светот, што во современи услови се однесува и на размената
на услуги и на меѓународното движење на приватниот капитал. Но, зголемувањето на
учеството на услугите во вкупната меѓународна размена во светот се должи и на
интензивниот пораст на странските директни инвестиции во услужниот сектор, а тоа
претставува Застапување и претставување на странски фирми, know how и
консалтинг услуги, меѓународни саеми, инженеринг- услуги кои се Една од
најрентабилните работи во услужната сфера, комисиони и консигнациони услуги,
како и Компјутерски, комуникациски и информациони кои Покажуваат тенденција на
пораст. Од другите видови услуги како значаен извор на приходи особено се
издвојуваат транспортните и туристичките услуги (транспорт- земји со развиена
инфраструктура и значајно ниво на организација на дејноста). Туристичките услуги
подразбираат организирање на приватни и службени патувања во странство,
сместување, средби, семинари, прошетки, конгреси, натпревари, угостителски услуги и
др.

23. Меѓународно движење на капитал (заеми, портфолио и странски


директни инвестиции)
Меѓународното движење на капиталот е исклучително важен сегмент на
меѓународните економски односи и вкупниот економски развој. Тоа е Појава од понов
датум кон крајот на 19 век во империјалната фаза од капитализмот. Зазема Силен
замав по 2 Светска војна и моќен фактор во обезбедување и задржување на
доминантните позиции на развиените земји , Се одвива во две основни форми:
Меѓународно движење на паричниот капитал, што може да се одвива во вид на заеми,
портфолио вложувања и во вид на странски директни инвестиции и Меѓународен
трансфер на опредметена технологија и знаење (know-how). Потребата да му се
посвети посебно внимание на паричниот капитал како неопходен производен фактор
произлегува од фактот што поседувањето на доволно парични средства како и
умешноста во располагањето и управувањето со нив се предуслов за обезбедување
на непречен тек на репродуктивниот процес и се основа за зголемување на
акумулацијата и проширување на материјалната база на производството. Паричниот
капитал во рамките на меѓународната економија може да се движи во три основни
форми, и тоа: Во вид на заеми , Во вид на портфолио вложувања и Во вид на
странски директни инвестиции. Основен мотив за извоз на капитал е можноста
вложените парични средства да се оплодат со повисока профитна стапка во странство
во споредба со онаа што би се остварила со истите вложувања во сопствената
национална економија. Основен мотив за увоз на капитал е можноста да се добијат
финансиски средства за побрзо проширување на материјалната база на
производството, што не би било можно доколку развојот би се потпирал само врз
расположливата домашна акумулација. Меѓународното движење на паричниот
капитал во која и да е форма овозможува остварување на т.н. интертемпорална
функција на трговијата. Ова е особено забележливо во случај на меѓународно
движење на капиталот во вид на заеми. Правилно одмерување на можностите и
приоритетите на секоја земја Доколку не постои меѓ.размена мора да троши само она
што ќе произведе Мора еден дел од потрошувачката да ја одложи за во иднина. Во
услови кога постои меѓународна размена, земјата не мора да го жртвува сегашното
трошење за некое идно време. Увоз на финансиски .капитал е можност за проширена
репродукција. Сепак земјата би морала да има во предвид дека зголеменото
трошење во сегашноста, надвор од границите на сопствените материјални можности,
ќе значи намалување на трошењето во иднина, бидејќи увезените материјални
средства ќе мора еднаш да се вратат. Според тоа, секоја земја е исправена пред т.н.
граница на интертемпоралните производни можности. За развиените земји оваа
граница е определена од сегашните производни можности, што значи дека нивната
акумулациска способност во сегашноста е таква што трошењето денес е извесно и
однапред определено, па затоа е и поевтино од она што доаѓа во некое идно време.
Затоа тие се заинтересирани да извезат дел од својата парична акумулација во
странство затоа што така таа во иднина ќе им се врати оплодена и ќе ја обезбеди
материјалната база на идната потрошувачка. За помалку развиените земји, со оглед
на нивниот слаб производен потенцијал и слабата акумулативна моќ,
интертемполарната граница е поместена кон идните производни можности. Ова
значи дека трошењето денес е поскапо од она што се очекува во иднина. Затоа тие се
заинтересирани да увезат дел од странската парична акумулација за да ја зголемат
сегашната потрошувачка, со што однапред знаат дека во иднина ќе треба да трошат
помалку за да можат зајмените средства да ги вратат со определен интерес.
паричниот капитал во вид на заеми се придвижува од економии во кои постојат
помали приноси од инвестициите во земји во кои постојат поголеми инвестициони
можности и поголеми приноси. Во 19 и 20 век основна форма на меѓународно
движење на капитал , а Засилување на меѓународното кредитирање по 2 Св. Војна .Во
понови услови во 70 год. дошло до огромен прилив на слободни парични с-ва од
замјите на ОПЕК во европските банки што овозможувало одобрување на поволни
заеми со ниски каматни стапки Но, преголемото потпирање на меѓународните заеми,
наместо до поголем економски развој, довело до презадолженост на помалку
развиените земји. Сериозна пречка за понатамошниот развој на овие економии, па
морале да се свртат кон другите две форми на меѓународно движење на капитал.
Меѓународното движење на капитал за првпат било забележано во XVII век, и тоа во
заемодавна форма. Во овој период капитализмот бил во либерална фаза од развојот,
за која доминантна форма на учество во меѓународната економија бил извозот на
стоки и услуги. Холандија, како развиена и напредна економија, прва почнала со
зајмување на своите слободни парични средства во странство. Нејзиниот пример
наскоро го следела Англија, а по неа и Франција и Германија, за подоцна да им се
приклучат и САД. Половина од извезуваниот капитал во тоа време бил пласиран во
развиените земји, а другата половина во неразвиените земји. Зајмените средства во
развиените земји се ползувале за покривање на обврските од меѓународната размена
на стока и услуги. Капиталот зајмуван во неразвиените земји за градење на
инфраструктурни објекти, патишта и железници, што воделе до рудните наоѓалишта, а
со цел да се олесни експлоатацијата на суровините и нивно доставување до
преработувачките капацитети. Еден дел од заемите бил вложен во финансиска
сфера и осигурувањето. Вака вложените средства носеле високи профити, чиј износ
го надминувал обемот на просечниот извоз на капитал во заемодавна форма на
годишно ниво. Вложувањето во странски хартии од вредност, без да се зафати
контролниот пакет на акции, се нарекува портфолио-вложување. Вака странските
инвеститори стекнуваат право на сопственост без да се мешаат во управувањето на
фирмата. Тие остваруваат заработувачка преку реализирање на фиксниот приход
што во однапред договорениот рок го носат државните обврзници или преку
остварување на правото на дивиденда засновано врз поседувањето на одреден број
акции од некоја фирма во странство. Потребно е да се внимава на бонитетот на
фирмата и успешноста на работењето Вложувањата на странски капитал со кои
странскиот инвеститор стекнува не само право на сопственост туку и право на
управување со фирмата во којашто вложува, се нарекува странски директни
инвестиции. една успешна фирма при дефинирањето на својата меѓународна
стратегија е да избере како ќе настапува на меѓународниот пазар. Притоа таа морала
да реши дали ќе извезува стоки и услуги, дали ќе извезува технологија преку
патентирање и лиценцирање, или, пак, ќе го извезува својот капитал во вид на СДИ.
Тие сметале дека ови три работи се меѓусебно заменливи. Денеска е извесно дека
доколку една фирма сака да биде успешна на меѓународниот пазар и да ги одржи
своите конкурентски предности, таа не може да избира меѓу извозот на стоки и услуги
и извозот на капитал во вид на СДИ, туку мора да биде успешна во вклучувањето во
обата тека во меѓународната економија. Компаниите што ќе се појават како успешни и
конкурентно способни и во стоковната размена и во меѓународната размена на
капитал, се нарекуваат транснационални. ТНК- главни носители на меѓ.движење на
капитал во вид на СДИ, трансфер на технологија и носители на глобализација

You might also like