You are on page 1of 11

1.

Вредноста на надворешно-трговската размена се искажува преку:


a) односот помеѓу вредноста на извозот и увозот
b) вредноста на вкупниот извоз и вкупниот увоз
c) разлика меѓу вредноста на вкупно остварениот извоз и вкупно остварениот увоз

2. Како однос помеѓу вредноста на извозот и вредноста на увозот се пресметува:


a) покриеност на увозот со извоз
b) надворешно-трговски коефициент
c) надворешно-трговско салдо

3. Суфицит на надворешното-трговско салдо имаме кога:


a) вредноста на извозот е еднаква со вредноста на увозот
b) вредноста на извозот е поголема од вредноста на увозот
c) вредноста на извозот е помала од вредноста на увозот

4. Учеството на домашните купувачи на производи и услуги на странскиот пазар е:


a) индикатор за положбата на земјата на меѓународните пазари
b) индикатор на значењето на надворешно-трговската размена за националната економија
c) индикатор за користите од надворешно-трговската размена во една земја

5. Јачината на мултипликаторното дејство на извозот ќе биде поголема ако прирастот од автономниот


извоз се употреби за:
a) увоз
b) штедење
c) извоз

6. Салдото на надворешната-трговска размена претставува:


a) однос помеѓу вредноста на извозот и вредноста на увозот
b) вредноста на вкупниот извоз и вкупниот увоз
c) разликата помеѓу вредноста на остварениот извоз и вредноста на остварениот увоз

7. Индикаторот покриеност на увозот со извоз е:


a) индикатор за вредноста на надворешно-трговската размена
b) индикатор за значењето на надворешно-трговската размена
c) индикатор за користите од надворешно-трговската размена

8. Рациото помеѓу вкупниот извоз и увоз и вредноста на БДП го дава:


a) надворешното-трговско салдо per capita
b) надворешно-трговскиот коефициент
c) просечната склоност кон увозот

9. Односите на размена генерално претставуваат:


a) однос на цените на стоките што се увезуваат и цените на стоките што се извезуваат
b) однос на количините на стоките што се увезуваат и цените на стоките што се извезуваат
c) однос на цените на стоките што се извезуваат и цените на стоките што се увезуваат

10. Индуциран извоз претставува извоз условен од:


a) порастот на националниот доход
b) промена на вкусовите на потрошувачите
c) промена на инструментите во сферата на надворешната трговија
1. Дефинирај ја надворешната трговија во потесна смисла на зборот
- Го опфаќа прометот на стоки помеѓу резиденти од различни земји.

2. Дефинирај ја надворешната трговија во поширока смисла на зборот


- Покрај прометот на стоки го опфаќа и прометот со услуги,со капитал,со работна
сила,преносот на информации.

3. Видови размена според предметот на тргување


- Меѓународна размена на стоки;
- Меѓународна размена на услуги;
- Меѓународно движење на капитал;
- Меѓународно движење на работна сила.

4. Наброј и објасни видови трансакции според насоката на движење на предметот на тргување


- Увоз-трансакција во која што домашниот субјект купува стоки,одосно набавува
услуги,капитал и права од интелектуална сопственост,додека странскиот партнер се јавува
како продавач односно понудувач на истите.
- Извоз-трансакција со која домашниот субјект на странскиот субјект,му продава стока
односно понудува услуги,капитал и права од интелектуална сопственост.
- Транзит-трансакција со која што една стока,на својот пат од продавачот во една до
купувачот во втора земја,транзитира низ територијата на домашната земја.

5. Објасни несакани развојни ефекти од надворешната трговија


- Во случај кога домашните субјекти се конкурентно инфериорни во однос на странските,
доаѓа до корегирање на користите од меѓународната трговија, односно се јавуваат
негативни ефекти врз развојотна националната економија.
6. Објасни користи од надворешната трговија
- Нерамномерната алокација на природните ресурси е нееднаква расположивост со сите
видови неопходни производни ресурси во различни земји, не овозможуваат организирање
на домашно производство за задоволување на потребите на домашната побарувачка.
Единствено развиените земји можат да одделат средства за инвестирање во научни и
развојни истражувања , нивните субјекти на меѓународните пазари се јавуваат како
извозници на техничко-технолошки пронајдоци, додека стопанските субјекти од земјите во
развој се јавуваат како нивни увозници.

7. Наброј 4 групи индикатори за анализа на надворешната трговија


- Вредност и структура на меѓународната трговија;
- Значење на меѓународната трговија за националното стопанство;
- Положбата на земјата на меѓународните пазари и на светскиот пазар;
- Користите од меѓународната трговија за националната економија.

8. Дефинирај вредност на надворешна трговија


- Се искажува преку вредноста на вкупниот извоз и увоз на сите видови стоки и услуги во
одреден временски период,најчесто една година.

9. Надворешно-трговско салдо
- Разликата помеѓу вредноста на остварениот извоз и вредноста на остварениот увоз на стоки
и услуги во одреден временски период,најчесто една година.

10. Надворешно-трговски суфицит


- Кога вредноста на извозот е поголема од вредноста на увозот,салдото е позитивно.
11. Надворешно-трговски дефицит
- Кога вредноста на увозот е поголема од вредноста на извозот,салдото е негативно.

12. Дефинирај го индикаторот - покриеност на увозот со извоз


- Се пресметува како однос помеѓу вредноста на извозот и вредноста на увозот,остварени во
одреден временски период, најчесто една година.

13. Што опфаќа анализата на стоковата и регионалната структура на надворешната трговија?


- Увоз,Извоз и Надворешно-трговско салдо

14. Наброј 2 групи индикатори за значењето на надворешната трговија за националната економија


- Вредност на вкупната размена , на увозот , извозот и на надворешно-трговско салдо по
жител и учество на вкупната размена , на извозот или на увозот во националниот доход или
во одредени агрегати на националниот аутпут.

15. Како се пресметува и што покажува индикаторот надворешно-трговски коефициент?


- Се пресметува како однос помеѓу вредноста на вкупниот извоз и увоз и вредноста на бруто
домашниот производ-БДП,а ја покажува поголемата економска развиеност.

16. Како се пресметува просечна склоност кон увоз?


- Како однос помеѓу порастот на увозот и порастот на доходот,предизвикан од порастот на
автономниот извоз.

17. Наброј индикатори за положбата на земјата на меѓународните пазари


- Учество на вкупниот извоз,увоз и размена на една земја во извозот,увозот и вкупната
размена на одредена група земји;
- Учество на вкупниот извоз,увоз и размена на една земја во светскиот извоз,увоз и вкупна
размена;
- Учество на вкупниот извоз,увоз и размена на група земји во светскиот извоз,увоз и вкупна
размена.
- Учество на извозот, увозот и вкупната размена на поединечни производи и услуги на една
земја во извозот, увозот и вкупната размена на истите во одредена група земји
- Учество на увозот, извозоти вкупната размена по поединечни производи и услуги на една
земја во светскиот извоз, увоз и вкупна размена на истите
- Учество на домашни субјекти – понудувачи на некои производи или услуги на светскиот
пазар и
- Учество на домашни субјекти – купувачи на некои производи или услуги на светскиот
пазар

18. Како се пресметува и што покажува индикаторот односи на размена?


- Се пресметува како однос на цените на стоките што се извезуваат и цените на стоките што
се увезуваат во една земја со покажување колку единици домашен труд се разменува за
единици странски труд,а ја покажуваат куповната моќ на извозот во единица увоз на една
земја во услови на рамнотежа на трговскиот биланс.

19. Автономен извоз


- Извоз условен од промените во вкусовите на потрошувачите,промена на условите за
производство,промена на инструментите во сферата на меѓународната трговија.

20. Индуциран извоз


- Извоз условен од порастот на националниот доход.
21. Гранична склоност при штедење
- Покажува колкав дел од зголемувањето на доходот ќе се намени за штедење,односно
колкав дел од додатниот доход ќе се намени за додатно штедење.

22. Гранична склоност при увоз


- Покажува колкав дел од зголемувањето на својот доход некоја земја е спремна да го
потроши за увоз,односно колкав дел од додатниот доход ќе се потроши за додатен увоз.

23. Како се пресметува и што покажува индикаторот надворешно-трговски мултипликатор?


- Се пресметува како реципрочна вредност на факторите што влијаат врз намалување на
мултипликативното дејство на автономниот извоз врз националниот доход,а покажува за
колку додатни единици ќе се зголеми националниот доход ако додатниот автономен извоз
се зголеми за единица.

24. Објасни го меркантилизмот


- Меркантилизмот е владеачка економска филозофија, доктрина и политика , која во себе ги
вклучува погледите и ставовите за решавање на конкретните проблеми во трговската
размена во периодот од 15- 18 век . Основата на оваа политика лежи во убедувањето дека
богатството на една земја се изразува преку залихите на благородни метали- злато и сребро
и дека теоријата е непосреден израз на богатството , бидејќи само во оваа дејност преку
поефтино купување и поскапо продавање , се создава профит.

25. Што е либерализам?


- Концепцијата за слободна трговија- либерализам, се јавува како спротивност на
меркантилизмот. Појдовните основи на оваа концепција лежат во „laisser faire“ сфаќањето,
односно дека благосостојбата на народите може да се оствари само преку меѓународна
поделба на трудот со укинување на сите ограничувања на приватната иницијатива и сите
држави ограничувања на меѓународната размена.

26. Дефинирај надворешно-трговска либерализација


- Надворешно-трговската либерализација се одвива во услови кога секоја пазарно
ориентирана земја мора да води политика на надворешно-трговска заштита на своето
национално стопанство , но таквата политика не смее да претставува кочница на развојот
на земјата и на светската економија, воопшто.

27. Објасни ја теоријата на апсолутни предности


- Adam Smith , во својата теорија на апсолутни предности докажува дека секоја земја ќе се
специјализира за производство и извоз на онаа стока за чие производство троши апсолутно
најмалку труд во однос на другите земји.

28. Објасни ја теоријата на компаративни предности


- David Ricardo,во својата теорија на компаративни предности докажува дека во случај кога
земјата нема апсолутни предности во сите или скоро во сите стпански гранки тогаш секоја
земја ќе се специјализира за производство и за извоз на оние добра кои може да ги
произведе со релативно пониски трошоци.

29. Објасни го НОЅ моделот


- Меѓународната трговија ќе доведе до приближно изедначување на релативните и
апсолутните приходи на хомогените фактори на производство во различни земји.Како
основни недостатоци на HOS-моделот се наведуваат претпоставките на кои почива,односно
неговото базирање на константни приноси и на пазар на перфектна конкуренција.
30. Објасни го H-O моделот
- Според овој модел секоја земја ќе го извезува она добро во чие производство поинтензивно
се користи оној фактор на производство кој таа земја го има во поголема количина,односно
стоката која што содржи повеќе од нејзиниот релативно поефтин производен фактор,а ќе
увезува стоката во чие производство поинтензивно се користи релативно поскапиот
производен фактор во таа земја.

31. Со што е детерминирана стоковата структура на надворешната трговија според Крависовата


теорија?
- Крависовата теорија тврди дека структурата на надворешната трговија на една земја е
одредена од расположливоста со производи , а не со фактори на производство.

32. Што е интра-индустриска размена?


- Настанува кога земјата во исто време е и увозник и извозник на артикли од иста категорија
производи.

33. Што е економија на обем?


- Со зголемување на обемот на производство доаѓа до намалување на трошоците по единица
производ.

34. Видови економија на обем


- Интерна економија на обем-се однесува на тоа дека интензитетот на намалување на
трошоците по единица производ зависи од големината на фирмата:ако фирмата е поголема
и намалувањето на трошоците по единица производ е поголемо,и обратно.
- Екстерната економија на обем-се јавува во случаите кога по трошоците по единица производ
зависат од големината на индустријата.

35. Наброј ги фазите на животниот циклус на производот


3 фази:
- Фаза на воведување на новиот производ –обемот на домашното производство ја задоволува
единствено домашната потрошувачка,што значи дека во оваа фаза не се извезува на
странските пазари;
- Фаза на созревање на производотн -се карактеризира најпрво со рапиден пораст на
домашното производство над домашната потрошувачка,што резултира во константен раст
на извозот на тој производ;
- Фаза на стандардизиран производ –во услови на слободна трговија,најголем дел од
производството се реалоцира во најатрактивната локација.

36. Со што е детерминирана стоковата структура на надворешната трговија според теоријата на


животен циклус на производот?
- Со компаративни предности и недостатоци.
37. Од што зависат конкурентските предности – дијамант на национални предности
Од 4 Групи на Фактори и тоа:
- Факторски услови-состојбата во едно стопанство во поглед на богатството со производни
фактори;
- Карактеристики на домашната побарувачка-квантитативен и квалитативен аспект на
домашната побарувачка на стоки и услуги;
- Сродни и пратечки индустрии- постоење на “гроздови“ на индустриски сектори,кои и самите
се конкурентни;
- Стратегија на фирмите,нивната структура и меѓусебната конкуренција – аспект на
корпоративно управување и карактеристики на конкурентските односи меѓу домашните
фирми.

38. Што е екстерна економија ?


- Однос помеѓу одредувањето и создавањето на конкурентските предности,односно
производството и потрошувачката на една стопанска гранка креира користи за другите
гранки во националната економија.

39. Видови екстерна економија


- Технолошка екстерна економија- прелевање на знаење помеѓу субјектите во националната
економија.
- Парична екстерна економија- се согледува преку позитивното дејство од развојот на една
гранка врз зголемувањето на обемот на пазарот.

40. Што е протекционизам?


- Притисокот на високата конкурентска моќ на англиските производители врз развој на
помалку развиени земји,особено на Германија и на САД,претставувал основа за критика на
либерализмот,што пред крајот на 18-ти век,резултирало во пласирање на нов теоретски
правец и економска политика на надворешно-трговска заштита од странска конкуренција.

41. Што е интервенционизам?


- Големата светска економска криза 1929/33 година предизвикала силен потрес во
економските односи помеѓу земјите,особено во меѓународната размена на стоки и
услуги.Земјите подигнале високи “протекционистички ѕидови“ на своите државни граници
забранувајќи го прометот помеѓу себе и со тоа се појавила нова концепција-
Интервенционизам

42. Аргументи за заштита


- Теоријата за трговска заштита теоретски ги разработува аргументите за потребата од
воведување на надворешно-трговска заштита на националните економии,оваа теорија ги
разработува видовите инструменти и мерки на трговската политика и нивните ефекти врз
националната економија.

43. Воведувањето на надворешно-трговската заштита влијае кон: ?


- Зголемување на светските користи од трговијата;
- Зголемување на користите за националната економија;
- Зголемување на користите за одреден фактор на производство.
44. Зголемување на користите од трговијата за светот во целост
- Трговската заштита ќе влијае кон зголемување на користите од трговијата за светот во
целост само ако нејзиниот инструментариум ја штити “младата индустрија“.Теоретската
разработка на аргументот за заштита на младата индустрија први ја започнаа
протекционистите ,но со овој аргумент,генерално се согласуваат сите економисти,дури и
оние кои се залагаат за либерализам
45. Објаснете ја основната поента на аргументот за заштита на младата индустрија
- Некои производни гранки би можеле да стекнат компаративни предности,само кога на
истите им се обезбедила надворешно-трговска заштита во почетниот период.

46. Аргументација на потребата од надворешно-трговската заштита на младата индустрија – основни


прашања
- Изборот на индустрија што треба да добие заштита;
- Времетраењето на заштитата.

47. Објаснете ја заштитата и националните користи (односи на размена, осиромашување на соседот;


предности и недостатоци)
- Трговската политика може да влијае кон зголемување на користите од трговијата само за
националната економија што вовела заштитни мерки,во случаите кога воведените
заштитни мерки влијаат кон подобрување на односите на размена на земјата.
- Односи на размена-однос на извозните и увозните цени,од што произлегува дека земјата ќе
ги зголеми користите од надворешната трговија,само ако оствари поголеми цени во
извозот и помали цени во увозот.
48. Заштита и користи од одреден фактор на производство
- Земја што е релативно побогата со капитал во однос на трудот,ги извезува производите од
капитал-интензивните гранки,а увезува производи од трудо-интензивните гранки.Од
воведувањето на царина што ја зголемува домашната релативна цена на производот,
добива факторот што се користи во производството на таа стока,а губи другиот фактор
што треба да доведе до конфронтирање на двата фактори во рамки на производството на
еден ист производ,во услови кога производот е заштитен од странска конкуренција.

49. Заштита од нелојална конкуренција (дампинг, одобрени субвенции)


- Дампинг-на домашниот пазар се увезуваат производи по цени пониски од нормалната цена
на производот,во случај ако таквиот увоз може да предизвика сериозни штети на
домашната индустрија,тогаш државата може да воведе антидампингшки давачки,како
дополнително царинско оптоварување.
- Одобрени субвенции-стоката се продава на домашниот пазар по пониски цени,со цел да ја
заштити домашната индустрија која може да воведе дополнителна давачка во форма на
компензаторни давачки.

50. Неекономски аргументи за заштита (еколошки причини, политички причини, одбранбено-


безбедносни причини)
- Еколошки причини-потреба да се контролира и ограничи увозот на стоки кои штедно
влијаат врз чистата и здрава животна средина,особено врз здравјето на човекот,животните
и растенијата;
- Одбранбено-безбедносни причини-националните власти секогаш прибегнуваат кон
преземање на инструменти и мерки за ограничување на извозот на стратешки материјали и
на стоки сврзани со одбраната на земјата.
1.Поим за меѓународна трговија ?
-Секоја земја,во современи услови на интернационализација на производство и глобализација на
светското стопанство,е насочена кон остварување на економски односи со странство.

2.Наброј ги и објасни ги видовите размена според местото на тргување


• Меѓународна размена на стоки претставува најстар вид на размена во меѓународната
тргвоја.Според некои автори,меѓународната трговија со стоки е постара и од внатрешната стокова
трговија.
• Меѓународната размена на услуги опфаќа размена на
транспортни,шпедитерски,осигурителни,здраствени,образовни,банкарски,туристички и друг вид
услуги помеѓу резиденти од различни земји.
• Меѓународното движење на капитал се анализира како меѓународно движење на паричен капитал
и меѓународен трансфер на технологија.
• Меѓународното движење на работна сила опфаќа вработување на резиденти од една земја во друга
земја.

3.Наброј ги и објасни ги видовите трансакции во меѓународната трговија ?


• Увозот претставува трансакција во која што домашниот субјект купува стоки,односно набавува
услуги,капитал и права од интелектуална сопственост,додека странски партнер се јавува како
продавач односно понудувач на истите.
• Извозот е трансакција со која домашниот субјект ( во улога на продавач ) на странски субјект
(купувач ) му продава стока односно понудува услуги,капитал и права од интелектуална
сопственост.
• Транзит се јавува како неутрална трансакција во меѓународната трговија.Имено,не станува збор за
директна размена помеѓу домашен и странски субјектр.Транзитот е трансакција со која што една
стока,на својот пат од продавачот во една до купувачот во втора земја транзитира ( минува ) низ
територијата на домашната земја

4.Наброј ги четирите групи индикатори на анализата на надворешната трговија?


-вредност и структура на меѓународната трговија
-значење на меѓународната трговија за националното општество
-положбата на земјата на меѓународната пазари и на светскиот пазар и
-користите од меѓународната трговија за националната економија.

5.Дефинирај вредност на надворешна трговија ?


-Вредноста на меѓународната трговија се искажува преку вредноста на вкупниот извоз и увоз на
сите видови стоки и услуги во одреден временски период,најчесто една година.

6.Дефинирај надворешно тровско салдо,суфицит и дефицит ?


-Разликата помеѓу вредноста на остварениот извоз и вредноста на остварениот увоз на стоки и
услуги во одреден временски период,најчесто една година,претставува надворешно трговско салдо.
-Во случаите кога во одреден временски период,вредноста на извозот е поголема од вредноста на
увозот,салдото е позитивно и се нарекува надворешно трговски суфицит.
-Обратно,кога вредноста на увозот е поголема од вредноста на извозот е негативно и се нарекува
надворешно-трговски дефицит.

7.Дефинирај го индикаторот покриеност на увозот со извоз ?


-Посебна важност во анализата има индикаторот покриеност на увозот со извоз.Овој индикатор се
пресметува како однос помеѓу вредноста на извозот и вредноста на увозот,остварена во одреден
временски период,најчесто една година.

8.Што опфаќа анализата на стоковата структура на надворешната трговија ?


-Структурата на меѓународната трговија се утврдува посебно за извозот,за увозот и за надворешно
трговското салдо врз основа на бројни критериуми,како што се : според економска намена и според
степен на обработка на производите,според дејности,по видови услуги,по земји или групи земји,по
видови надворешно трговска работа и друго.

9.Како се пресметува и што покажува индикаторот надворешно-трговски коефициент


-Надворешно трговски коефициент претставува однос помеѓу вредноста на вкупниот извоз и увоз и
вредноста на бруто домашниот производ.

10.Како се пресметува и што покажува индикаторот просечна склоност кон увоз ?


-Просечна склоност кон увоз односно коефициент на увозот,претставува однос помеѓу вредностите
на увозот и на националниот доход,остварени во одреден временски период.Овој показател ја
изразува склоноста на националната економија кон увоз,односно ја покажува големината на
потребниот увоз просечно условен од единица национален доход.
11.Објасни го меркантилизмот ?

-Меркантилизмот е владечка економска филозофија,доктрина и политика која во себе ги вклучува


погледите и ставовите за решавање на конкурентните проблеми во трговската размена во периодот
од XV-XVIII век.Основата на оваа политика лежи во убедувањето дека богатството на една земја се
изразува преку залихите на благородни метали-злато и сребро и дека трговијата се непосреден
израз на богатството,бидејќи само во оваа дејност преку поефтино купување и поскапо
продавање,се создава профит.

12.Што е либерализам ?
-Либерализам претставува слободна трговија,која што се јавува како спротивност на
меркантилизмот.Појдовните основи на оваа концепција лежат во сваќањето,односно дека
благосостојбата на народите може да се оствари само преку меѓународната поделба на трудот со
укинувањето на сите ограничувања на приватната иницијатива и сите државни ограничувања на
меѓународната размена.

13.Што е протекционизам ?
-Притисокот на високата конкурентска моќ на англиските производи врз развој на помалку
развиените земји,особено на Германија и на Сад,претставува основа за критика на
либерализмот,што пред крајот на XVIII век,резултирало во пласирање на нов теоретски правец и
економска политика на надворешно-трговска заштита од странска конкуренција наречен
протекционизам.

14.Што е интервензионизам ?
-Големата светска економска криза 1929/33 год предизвикала силен потрес во економските односи
помеѓу земјите,особено меѓународната размена на стоки и услуги.Земјите подигнале високи “
протекционистички ѕидови “ на своите државни граници регулирајќи го прометот помеѓу себе.Во
тие услови на меѓународна сцена се јавила ноца концепција интервенционизам
15.Објасни ја теоријата на апсулутни вредности ?
-Англискиот теоретичар Adam Smith,во неговото капитално дело “ Истражување на природата и
причините за богатството на народите “, ја поставува својата теорија за апсолутни предности.Преку
анализа спроведена по моделот “ две земји,две стоки “ ,тој докажува дека секоја земја ќе се
специјализира за производство и ивоз на онаа стока за чие производство троши апсолутно најмалку
труд во однос на другите земји.

16.Објасни ја теоријата на компаративни предности ?


-Давид Рикардо во војата теорија за компаративни предности,докажува дека во случај кога земјата
нема апсолутни предности во сите или скоро во сите стопански гранки тогаш “ секоја земја ќе се
специјализира за производство и за извоз на оние добра кои коже да ги произведе со релативно
пониски трошоци и обратно секоја земја ќе ги увезува оние добра кои ги произведува со релативно
повисоки трошоци.

17.Објасни го H-O моделот ?


-Појдовната основа на H-O моделот претставува детермираноста на надворешната трговија од
разликите во расположливоста со производни фактори во пооделни земји,како и различнит
факторски комбинации употребени про производство на моделите.

18.Објасни го HOS моделот ?


-HOS теоремата гласи : меѓународната тргвовија ќе доведе до приближно изедначување на
релативните и апсолутните приходи на хомогените фактори на производство во различни
земји.Објаснувањето на HOS теоремата укажува дека меѓународната размена претставува
супституит на меѓународната мобилност на факторите на производство.

19.Со што е детерминирана стоковата структура на надворешната трговија според Крависовата


теорија ?
-Крависовата теорија трвди дека структурата на надворешната трговија на една земја е одредена од
расположливоста со производи,а не со фактори на производство,во истата.Според Кравис,една земја
ќе увезува производи кои не се расположливи кај неа,а се расположливи во други земји извозници.

20.Што е интра-индустриска размена ?


-Интра индустриска трговија настанува кога земјата во исто време е и увозник и извозник на
артикли од иста категорија производи.

21.Поим и видови економија на обем ?


-Екстерната економија на обем се јавува во случаите кога трошоците по единица производ зависат
од големината на индустријата.Имено намалување на трошоците по едниница производ не секогаш
зависи од големината на фирмата,туку може да зависи од големината на индустријата во земја

22.Со што е детерминирана стоковата структура на надворешната трговија според теоријата


животен циклус на производот ?
-Теоријата на животен циклус на производот,која ја формирал Рајмонд Верон,ги анализира
ефектите од воведувањето на нов производ во одреден национален пазар врз извозот и увозот на
земјата.Својата теорија Верон ја разработува во рамки на националното стопанство на САД и
различните влијанија од воведувањето на новото производство во други земји,и тоа во услови кога
САД прво имаат компаративни предности,а потоа компаративни недостатоци.
23.Од што зависат конкурентските предности ( дијамант на национални предности ) ?
-Детерминантите на конкурентските предности на секое претпријатие т.е “ дијамнат на
националните предности “ според Портер,се содржани во четири групи фактори :
* факторски услови-состојбата во едно стопанство во поглед на богатството со производни фактори
* карактеристики на домашната побарувачка-квантитативен и квалитетен аспект на домашната
побарувачка на стоки и услуги
* сродни и пратечки индустрии-постоење на “ гроздови” на индустриски сектори,кои и самите
конкуренти
* стрратегија на фирмите,нивната структура и меѓусебната конкурен

You might also like