You are on page 1of 4

Заеднички вложувања и стратегиски партнерства

Заедничко вложување е меѓународна стратегија заснована на договор за соработка


помеѓу две или повеќе претпријатија од различни земји за остварување на зеднички цели.
Страните вршат контрола врз претпријатието и следствено делат приходи, расходи и
средства.

Заедничко вложување се случува кога две страни се здружат за преземање на еден


проект. Во заеднички вложувања, и двете страни најчесто подеднакво инвестираат на
проектот, во смисла на пари, време и напор да се изгради на оригиналниот концепт.
Додека заедничките вложувања се генерално мали проекти, големите корпорации, исто
така, го користат овој метод, со цел да се прошират. Заедничкото вложување може да
обезбеди успех на помали проекти за оние коишто само почнале во светот на бизнисот
или за основани корпорации.

Стратешките партнерства се кооперативни и флексибилни поврзувања што се


создадени заради заеднички интерес и потребите на компаниите, кои здружени
остваруваат заедничка цел и ги делат ризиците што постојат на несигурниот пазар.
Основната причина за ваквите партнерства е создавање синергии кои не би постоеле ако
секој од партнерите работи сам. Стратешко партнерство или стратегиска алијанса е таков
вид организациска структура која се раководи со некомплетен, привремен договор меѓу
одделни фирми и каде што секоја од нив има ограничена контрола.

Стратешките партнерства се најчесто, но не секогаш, во форма на заедничко


вложување. Заедничко вложување е формирано кога две или повеќе фирми работат заедно
за да основаат нов деловен ентитет.

Спојувањата и преземањата не се сметаат за стратешки партнерства, со тоа што тие


вклучуваат два или повеќе субјекти кои не остануваат независни. Од истата причина и
преземање на контролата врз целосниот капитал на една компанија од страна на друга не
претставува стратешко партнерство.

Постојат стратешки партнерства кои не се во форма на заеднички вложувања.


Ваквиот вид стратешки партнерства се формира за ограничен период и има ограничени
активности во споредба со заедничкото вложување. Стратешки партнерства кои не се во
форма на заеднички вложувања се понестабилни и се со пократок рок на траење. Примери
на вакви типови стратешки партнерства има помеѓу авионските компании кои имаат за
цел рекламирање на некоја конкретна воздушна линија. Во случај кога една авионска
компанија го губи пазарот поради своите конкуренти, може да одлучи да формира
стратешко партнерство со некоја друга авионска компанија. Ако по извесен период се
стабилизира пазарот или пак се изменат условите на пазарот, стратешкото партнерство
може да се укине во секој момент.

Треба да се напомне дека не сите поврзувања помеѓу национални и меѓународни


компании се и стратешки партнерства. Примери на поврзувања кои не создаваат
стратешки партнерства ги вклучуваат лиценцирањето, извозот, франшизата и договорите
за странските директни инвестиции.

Предности од формирање на стратешки партнерства


 Олеснување на меѓународна експанзија

Стратешките партнерства можат да претставуваат механизам преку кој средно


големите претпријатија ефикасно им конкурираат на големите претпријатија и
обезбедуваат влез на пазари без инвестирање на капитални средства.

 Поделба на ризиците и намалување на финансискиот ризик

Со влегување во соработка со други компании, компанијата нема да мора да ги


сноси сите трошоци и ризици. Намалувањето на ризиците во едно стратешко партнерство
може да се согледа во: поделба на ризикот на одреден голем проект помеѓу повеќе
деловни субјекти; овозможување на диверзификација на производството и на тој начин
намалување на пазарниот ризик кој е поврзан ако се потпира компанијата на само еден
производ; овозможување побрз пристап на пазарот и побрзо воспоставување присутност
на пазарот, кое од друга страна овозможува побрз поврат на инвестицијата; поделба на
трошоци т.е. трошоците на партнерството се пониски во споредба со трошоците на
инвестицијата кога секој од партнерите би инвестирал самостојно.
 Трансфер на комплементарна технологија, размена на патенти и
унапредување на квалитетот

Сите компании не можат подеднакво да обезбедат технологија која им е потребна


за да можат да бидат ефективно конкурентни самостојно. Затоа тие влегуваат во
партнерство со други компании кои ги имаат ресурсите да ја обезбедат технологијата или
кои ќе можат да ги здружат ресурсите со цел заеднички да ја обезбедат технологијата.

 Градење конкурентност (обезбедување на конкурентна предност)

Со здружување на силите во рамките на едно стратешко партнерство, на


компаниите им се овозможува да ја издржат силната конкуренција на пазарот, која може
да биде тешка за една компанија самостојно да ја поднесе. Стратешките партнерства се
особено интересни за малите бизниси затоа што им овозможуваат пристап до бизнис
алатки кои им се потребни за да бидат конкурентни. За поголемиот број од малите
компании, единствениот начин кој им овозможува да бидат конкурентни па дури и да
преживеат во услови на постојано унапредување на технолошкиот развој е да формираат
стратешко партнерство со една или повеќе компании.

 Рационализација на производот и економии од обем

Развојот на една компанија може да биде ограничен поради ниската побарувачка за


производот на таа компанија и трошоците за развој на компанијата. Во рамките на
стратешкото партнерство, трошоците можат да се намалат како резултат на
компаративните предности, пренесувајќи го производството на компонентите (деловите)
или финалните производи до компанијата која ги поседува најдобрите потребни елементи
за тоа одредено производство.

 Олеснет пристап и усогласеност со политиките на земјата домаќин

Владините политики влијаат врз работењето на компаниите и стратешките


партнерства можат да се формираат со цел да ги зајакнат способностите на компаниите да
влијаат врз политиките. Компанија која има интерес да влезе на странски пазар може да
биде спречена од политиките на владата на земјата домаќин.

You might also like