Professional Documents
Culture Documents
Економија
Општи аспекти
Микроекономија · Макроекономија
Методологија
Поведение · Информациона
Економетрија · Развојна
Математичка
Специјалности и субспецијалности
Благосостојба · Финансиска
Списоци
Журнали · Публикации
Кутијава: прегледразговоруреди
Микроекономијата испитува каков ефект имаат овие одлуки и однесувања врз понудата и
побарувачката на добра и услугите, кои ги одредуваат цените, и како цените, обратно, ја
одредуваат понудата и побарувачката на стоките и услугите.[2][3]
1 Претпоставки и дефиниции
2 Состојби на фирмата
3 Пазарен неуспех
4 Опортунитетен Трошок
5 Применета микроекономија
6 Поврзано
7 Дополнителна литература
8 Наводи
Претпоставки и дефиниции
Состојби на фирмата
Се претпоставува дека сите фирми се рационални во своите одлуки и дека ќе произведат онаа
количина на производи со која имаат најмногу профит. При овие претпоставки, има четири
категории во коишто профитот на фирмата може да се земе предвид:
За фирма се вели дека остврарува економски профит кога просечните вкупни трошоци се помалце
од цената на секој дополнителен производ на даденото ниво на аутпут(производство).
За фирма се вели дека остварува нормален профит кога економскиот профит изнесува 0. Тоа е
така кога вкупните просечни трошоци се еднакци на цената на секој дополнителен производ при
даденото ниво на производство.
Ако цената се наоѓа помеѓу вкупните просечни трошоци и вкупните варијабилни трошоци тогаш се
смета дека фирмата е во загуба но треба да продолжи да работи. Тоа е така поради фиксните
трошоци, така што ако фирмата прекине со работа ќе има поголема загуба одколку ако продолжи
да работи, а пак ако продолжи ќе покрива дел од фиксните трошоци и дел од варијабилните
трошоци.
Ако цената на производот е под просечните варијабилни трошоци, фирмата треба да затвори, во
таа ситуација фирмата се наоѓа во точка на затворање. Во тој случај загубите се намалуваат
единствено преку затворање на фирмата, бидеќи било кое ниво на производство нема да донесе
доволно средства за да се покријат фиксните трошоци и дел од варијабилните трошоци. Со
непроизведувањето фирмата како трошок ги има само фиксните трошоци, и во тој случај фирмата
е во неповолна ситуација и треба да одлиучи дали ќе остане на пазарот.
Пазарен неуспех
Mонополите или други видови на злоупотреба на пазарната сила каде што "еден учесник на
пазарот може значајно да влијае врз цените или производството". Ваквата пазарна злоупотреба се
регулира со антитрустовски регулации.[5]
Јавни добра се добра чие користење не е возможно да биде ексклузивно на едно лице, и од чие
користење некои лица не можат да се исклучат. Такви примери се јавното зеленило,
националната одбрана[5], јавното здравство и др. На пример едно лице не може да се исклучи од
одбранбениот систем на земјата, исто како што не може едно лице само да си организира
одбранбен систем. За да се задоволат овие потреби, државата ги обврзува луѓето да плаќаат
даноци со кои подоцна се финансираат сите тие јавни добра.
Случаи на пазарот кога има асиметрични информации, односно несигурност или неефикасни
информации.[5] Асиметричните информации постојат тогаш кога една страна во една трансакција
има подобри информации од другата страна. На пример продавачите на половни автомобили,
знаат една кола дали служела како приватно возило или како такси, но ако таа значајна
информација не му биде достапна на купувачот тогаш постојат асиметрични информации.
Вообичаено продавачот знае повеќе за производот од купувачот, но не е секогаш така, на пример
во случајот на продажба на полиси за животно осигурување, купуачот на полисата има подобри
информации за сопственото здравје одколку продавачот.
Опортунитетен Трошок
Се поставува прашањето како се носат одлуките која алтернатива е најдобра. Најчесто тоа е преку
искажување на секоја алтернатива во парична вредност, и споредување на сите, со што се доаѓа
до најдоходовната алтернатива. Но тоа не е секогаш лесно, некогаш постии научна несигурност
колку вреди ресурсот на пример Охридско Езеро.Има и случаи кога одлуките за проценка се
невозможни, на пример парична проценка на човечки живот. Тука често доаѓа и до субјективни
одлуки.
Применета микроекономија
Портал: Економија
Понуда и побарувачка
Економија
Макроекономија
Теорија на цени
Трошоци
Дополнителна литература
Paul Krugman, Robin Wells: Microeconomics, Worth Publishers, New York, 2005
Alan Griffiths, Stuart Wall: Intermediate Microeconomics, Theory and Applications, второ издание,
Person Education Publishing, London, 2000
Mankiw G.: Principles of Economics, Third Edition, Thomson South-Western, London, 2004.
Stiglitz J., Walsh C.: Economics, Third Edition, Norton & Company, New York, 2002.