Professional Documents
Culture Documents
Protoplanetary-disk.jpg
Содржина
6 Поврзано
7 Надворешни
8 Наводи
Галаксиите се основен елемент на вселената. За сите вселенски објекти карактеристично е тоа што
растојанието меѓу нив е многу поголемо од димензиите на самиот објект. Во случајот на
галаксијата тоа изгледа отприлика вака: Ако замислиме дека големината на една галаксија е колку
големината на паричка од 1 денар, средното растојание помеѓу галаксиите би изнесувало 1 метар.
Меѓугалактичкиот простор практично е исполнет само со зраци кои зрачат од ѕвездите во
галаксиите, како и со извесни количества од многу разреден меѓугалактички гас.
Нашето набљудување е достапно само во одреден дел на вселената, и тој дел од вселената се
нарекува метагалаксија. Тоа значи дека вселената за нас не е бесконечна. За набљудувачите од
Земјата постои дефиниран хоризонт во вселената кој од нас е подеднакво оддалечен во сите
насоки. Слободно да се изразиме, можеме да кажеме дека вселената е составена од бесконечно
многу метагалаксии кои се преклопуваат и во просек не се разликуваат едни од други.
Вселената почнува да се шири во одредени моменти од минатото, тоа ширење морало да почне
од состојби во кои густината на материјата била многу голема. Во почетниот момент на оваа фаза
на ширење морало да се одигра некој процес во кој материјата почнала од некои нивоа кои и
денес ги запазуваме. Тој процес го нарекуваме голема експлозија. Одредени теории говорат дека
големата експлозија се случила пред околу 15 × 109 (15 000 000 000 години).
Војаџер 1 и Војаџер 2 го напуштиле нашиот Сончев Систем и сега патуваат далеку во вселената.
Секоја сонда во себе носи запис на звуци и слики од Земјата во случај да се сретнат со некои други
живи суштества. Војаџер 2 и Хабловиот вселенски телескоп(Hubble Space Tellescope) забележале
облаци и темни дамки во горната атмосфера. Некои од нив се чини дека траат само по неколку
дена. Војаџер 2 забележал четири бледи прстени окулу Нептун. Исто така открил и нови сателити.
Нептун има осум сателити. Најголемиот сателит, Тритон, кружи во обратна насока од сите
сателити.
„Вселенски предмет“ (англиски: Cosmic Thing) - песна на американската рок-група The B-52's.[15]
„Вселенска Одисеја“ (англиски: Space Odyssey) - песна на американската рок-група Брдс (The
Byrds) од 1968 година.[16]
„Вселенски камионџии“ (англиски: Space Truckin) - песна на британската хард рок-група Дип Парпл
(Deep Purple)“ од 1972 година.[17]
„Патување во вселената“ (англиски: Space Journey) - песна на групата Колдкат (Coldcut) од 1997
година.[19]