You are on page 1of 16

СУГС Гимназија ,,Раде Јовчевски Корчагин” – Скопје

МАТУРСКА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Тема: Цефалоподи – вонземјани на нашата планета

Ментор: Изработил:
M-p Симона Јовевска Елена Миленковска

Март, 2024 година


Содржина
1. Вонземскиот живот како долгогодишен предмет на интерес за човештвото.....2
1.1 Идејата за вонземски живот низ годините.............................................. 2
1.2 Вонземјани од Земјата.................................................................................3
2. Цефалоподи – чудо на природата................................................................................4
2.1 Поим и поделба.............................................................................................4
3. Еволуција.........................................................................................................................5
3.1 Теорија за панспермија...............................................................................6
3.2 Од едноставен мекотел до едно од најпаметните животни..................6
4. Совршениот систем за одбрана на цефалоподите – еволуциско ремек дело......6
4.1 Камуфлажа....................................................................................................6
4.2 Хроматофори.................................................................................................7
4.3 Иридофори.....................................................................................................7
4.4 Леукофори.....................................................................................................8
4.5 Папили...........................................................................................................8
4.6 Уметници кои располагаат со бои кои не можат да ги видат..............8
5. Способност за преуредување на нивната иРНК......................................................9
6. Нервен систем; Поврзаноста меѓу мозокот и телото.............................................10
7. Интелигенција..............................................................................................................10
7.1 Теорија за социјална интелигенција......................................................11
7.2 Теорија за еколошка интелигенција......................................................11
8. Изразување емоции и комуникација.......................................................................12
9. Хипотеза за должината на животниот век на октоподите...................................12
10. Заклучок........................................................................................................................14
11. Извори............................................................................................................................15

Страна 1 од 16
1. Вонземскиот живот како долгогодишен предмет на интерес за човештвото
Потрагата по живот на друго место во универзумот е еден од најпривлечните аспекти
на модерната наука. Со оглед на неговата научна важност, значителни ресурси се посветени
на астробиологијата1, почнувајќи од ровери на Марс па сè до телескопски набљудувања на
планети кои орбитираат околу други ѕвезди.
1.1 Идејата за вонземски живот низ годините
Јасно е дека вонземјаните се концепт кој е длабоко навлезен во многу аспекти од
животот на Земјата, главно преку науката и културата, па секој од нас повеќе или помалку е
запознаен со него. Помислата за овој тип на суштество, мистика од која човека го лазат
морници, не е сосема ново нешто.
Меѓу првите шпекулации за постоење на живот надвор од Земјата се оние на епикурејците,
произлезени од учењата за атомите. Епикур сметал дека постои бесконечен број светови,
некои слични на овој, некои не – затоа што атомите од кои би можел да се појави/формира
свет, не се сите потрошени на еден свет или на конечен број светови, без разлика дали
наликува на овој. Оттука, нема да има ништо што ќе ја попречи бесконечноста на светови.
Треба да се напомене дека нивната претстава за атомите и световите се разликува од онаа
на денешницата, но сепак има мала сличност со идеите за постоење на повеќе универзуми
претставени од модерната физика.
Епикурејските идеи подоцна биле поддржани од поетот Лукрециј, кој изјавил дека ,,Ништо
во универзумот не е единствено и само и затоа во другите региони мора да има други Земји
населени со различни племиња на луѓе и раси на ѕверови.”.
Шпекулациите на Епикур биле преапстрактни за аристотелците, кои ѝ давале поголемо
значење на обзервацијата отколку имагинацијата. Земајќи го предвид големото влијание кое
Аристотел го имал на западната философија и науката во Средниот век, неговите противења
на идејата за постоење повеќе светови го забавиле нејзиниот развој. Згора на тоа,
средновековните теолози имале мошне ограничени гледишта кога станувало збор за
поставување граници на семоќноста на Бога. И покрај неидеалните услови за ова учење, тоа
сепак не било целосно отфрлено.
На оваа идеја речиси и не се обратило многу внимание, сè до 15-тиот век, кога Николај
Кузански ја усвоил во едно од неговите дела велејќи: ,,Животот, како што постои на
Земјата во форма на луѓе, животни и растенија, може да се најде, да претпоставиме во
висока форма во сончевите и ѕвездените области. Наместо да мислиме дека толку многу
ѕвезди и делови од небото се ненаселени и дека само оваа наша земја е населена, ќе
претпоставиме дека во секој регион има жители, различни по природа по ранг и сите му
го должат своето потекло на Бога, кој е центар и обем на сите ѕвездени области.

1
Астробиологијата се занимава со проучување на животот во универзумот. Ги проучува потеклото, раната еволуција,
дистрибуцијата и иднината на животот во универзумот со истражување на неговите детерминистички услови и
непредвидливи настани. Астробиолозите се обидуваат да разберат како потекнува животот и како опстанува во многу
различни видови средини. Ова често вклучува проучување на екстремниот живот токму овде на Земјата.

Страна 2 од 16
Може да се претпостави дека во областа на сонцето постојат соларни суштества,
светли и просветлени жители и по природа подуховни од оние што можат да ја населат
Месечината.“.
Ова не е шпекулација за некој друг „свет“ кој всушност е посебен космос, исклучен од
нашиот на кој било начин, како што предложија епикурејците. Ова е некој што зборува за
вонземски суштества, вклучувајќи други форми на луѓе, животни и растенија. Со други
зборови, она што ние би го нарекле „вонземјани“.
Идејата станала уште попопуларна по Коперниковата револуција. Со прифаќањето на
учењето за хелиоцентричниот систем и фактот дека Земјата е една од бројните планети кои
орбитираат околу Сонцето, не било тешко да се помисли на можноста и тие други планети
да се населени. Галилеј и Кеплер ја разгледувале оваа можност, но се соочиле со тогашниот
противник на таа идеја – католичката црква.
Низ сиве овие години, сите толкувања помалку или повеќе помогнале да се постават
темелите на денешните сфаќања за концептот на вонземскиот живот и претставата за
суштествата кои би можеле да се најдат таму.

1.2 Вонземјани од Земјата


Проучувањето на животот во вселената е мошне интригантно и корисно – земајќи
предвид дека астробиологијата обединува повеќе науки (астрономија, геологија, биологија,
планетарна наука).
Обидете се да замислите вонземјанин. Најверојатно во вашата глава се создаде слика од
зелено слабичко суштество со крушеста форма на главата и големи црни очи или пак можеби
нешто инспирирано од некоја сцена од научно-фантастичен филм. Можеби замислувате
колоритно интелигентно сушество со три срца, девет мозоци, сина крв, отровна плунка и
исклучителна способност за камуфлажа. Доколку сакате да го видите третиот опишан
вонземјанин, наместо да гледате во далечините на бескрајниот космос, нурнете во океаните
на нашата Земја.
Многу карактеристики кои би ги поседувал еден вонземјанин може да се најдат во
октоподите во нашите води. Тие, како и останатите цефалоподи се извонредни суштества
кои понекогаш се гледани како вонземјани од страна на науката, токму заради нивната
исклучително интересна природа.
Што ги прави овие животни толку специјални, што ги споредуваме со вонземјаните?

Страна 3 од 16
2. Цефалоподи – чудо на природата
2.1 Поим и поделба
Цефалоподи или главонози, се животни кои припаѓаат на класата мекотели (Mollusca).
Живеат во морињата и океаните и се карактеризираат со билатерална симетрија на телото,
збир на раце или пипала и истакната глава. Нивното име, Cephalopoda (κεφαλόποδες,
kephalópodes), доаѓа од грчкиот јазик и буквално се преведува како „глава-нога“.
Занемарувајќи ја чудната претстава на грците за тоа што е нога, разбирливо е зошто овие
организми го носат ова име.
Цефалоподите ги делиме во 4 групи (Сл. 1) и тоа:
 Октоподи (Octopoda)
 Лигњи (Teuthida)
 Сипи/сепии (Sepiida)
 Наутилиуси (Nautilidae)
Теутологијата, гранка на малакологијата (наука за
мекотелите), се занимава со нивно проучување.

Слика 1. Поделба на цефалоподите

Цефалоподите, поточно октоподите, се мајстори за бегство. Да го земеме, на пример,


џиновскиот пацифички октопод, со маса од околу 272 kg и распон на рацете кој достигнува
9 m, тој е најголемиот октопод за кој знаеме. Тој е способен да се протне низ зачудувачко
тесни простори (Видео 1), дури низ отвори големи колку монета!

Слика 2. Клунот на цефалопод Видео 1. Октопод кој се протнува низ тесни простори

Таканаречените главонози воопшто немаат никакви коски во телото, единствената цврста


структура што можеме да ја најдеме кај нив е нивниот ,,клун” (Сл. 2) кој го користат за
исхрана. Клунот е главно изграден од супстанцата хитин. Значи, тие може да се протнат низ
било кој отвор доколку клунот и окото можат да поминат низ него.
Имајќи го предвид притисокот од водата во средините во кои тие живеат, животот без коски
(кои може да се склони на пукање) е мошне практичен.

Страна 4 од 16
3. Еволуција

Од каде да се започне ова истражување, ако не од самите


корени на дрвото на еволуцијата (Сл. 3)? На тоа дрво,
ние би се нашле на гранката меѓу останатите цицачи. Во
нашата непосредна близина би биле рибите, влекачите,
птиците, водоземците или со еден збор - `рбетниците
(vertebrate). Кога станува збор за интелигентни
суштества, ние ги гледаме токму во оваа група – тука
спаѓаат луѓето, приматите, делфини, кучиња, мачки и
некои птици.
Слика 3. Дрво на еволуцијата

Доколку ги собереме овие животни и се


вратиме назад во минатото, сè до нашиот
заеднички предок, веројатно би стигнале до
животно налик гуштер, кое живеело пред околу
320 милиони години. Како нас, ова животно би
имало `рбет и скелет, глава и четири
екстремитети. Добро би се движело наоколу и
би било добро адаптирано на копно, со солидно
развиен централен нервен систем.
Меѓутоа, за да пронајдеме каде се одвојуваме
еволуциски од октоподот, мораме да се вратиме
многу поназад во времето – пред околу 600
милиони години (Шема 1). Тогаш би нашле
таканаречен ,,рамен црв” (flatworm), со многу
едноставен нервен систем и никакви траги од
она што го сметаме за ,,интелигенција”.

Шема 1. Еволуцискиот пат до заедничкиот


предок на интелигентниот живот близу
гранката на ‘рбетниците и цефалоподите

Како што дрвото на еволуцијата продолжило да се разгранува од таа точка па наваму,


интелигенцијата на `рбетниците и цефалоподите расцветала сосема одделно. Земајќи
предвид дека цефалоподите еволуирале пред било кој од интелигентните `рбетници,
мошне веројатно е дека тие биле првите интелигентни животни на Земјата. За полесно да
се претстави колку навистина стари организми се цефалоподите, да ги споредиме со
диносаурусите. Цефалоподите настанале пред околу 485 милиони години, додека пак
диносаурусите се појавиле пред околу 250 милиони години.

Страна 5 од 16
3.1 Теорија за панспермија
Еволуцијата на цефалоподите е мошне интересна за проучување, токму бидејќи е
толку далечна и различна од нашата. Но, прашањето е, колку различна? Дали навистина е
можно да имаат потекло од друга планета?
Студија направена во 2018 година, предлага теорија што не го вели токму тоа, туку дека е
можно вируси да биле транспортирани на комети и донесени на Земјата. Тие вируси би
можеле да го имаат забрзано процесот на мутација на генетскиот материјал на тогашните
организми, што довело до Камбриумската експлозија.
3.2 Од едноставен мекотел до едно од најпаметните животни
Раниот предок на октоподот бил мошне мал и имал обвивка која ја користел за
заштита. Овој опис одговара на денешниот полжав – сепак и покрај вртоглавите разлики во
организмите како целина и полжавите и цефалоподите спаѓаат во мекотели. Како што
знаеме, мекотелите вообичаено се релативно едноставни и бавни, со меки тела и цврсти
заштитни обвивки (пр. школки, остриги). Треба да се напомене дека, кога видот има
заштитна обвивка, еволуцијата на тој вид се случува побавно. На пример, желките имаат
останато речиси непроменети милиони години. Како и да е, природата имала друг план за
цефалоподите.
Пред околу 140 милиони години, октоподите ја загубиле својата обвивка – еволуцијата ги
направила да бидат ранливи, но и агилни и пргави. Токму таа ранливост е причината зошто
октоподот и останатите цефалоподи прераснале во толку извонредни суштества.
4. Совршениот систем за одбрана на цефалоподите – еволуциско ремек дело
,,Од видовите, не преживува ниту најсилниот, ниту најинтелигентниот. Преживува оној
кој е најприлагодлив на промени.“ – Чарлс Дарвин.
Природата поставила тежок предизвик пред цефалоподите, тие морале да изнајдат начини
да преживеат, опколени со значително помоќни предатори, а притоа имајќи тело кое не им
нудело речиси никаква заштита.
4.1 Камуфлажа
Како резултат на тоа што морале да се развиваат на брз и креативен начин, кај
цефалоподите забележуваме камуфлажа како кај никое друго животно од животинското
царство. Октоподите го искористиле нивното меко и аморфно тело во нивна полза. Покрај
тоа што тие можат да се протнат и кријат во речиси секоја мала празнина и така да избегаат
од поголеми предатори, тие можат да ја менуваат бојата и текстурата на кожата.
Импресивната способност за камуфлажа на цефалоподите се должи на систем од
софистицирани ткива во нивните тела: хроматофори, иридофори, леукофори и папили.
Октоподот може да го смени својот изглед дури 177 пати во еден час! За разлика од
камелеонот, на кој му требаат 20 s за промена на бојата, на октоподот му требаат 200 ms.

Страна 6 од 16
4.2 Хроматофори
Слика 4. Градба на хроматофор
Хроматофорите (Сл. 4) на цефалоподите се
разликуваат од оние на другите животни. Тие се сметаат
за невромускулни органи наместо клетки и не се
контролираат хормонски, туку невронски. Секој
хроматфорен орган се состои од еластична кесичка
(сакула) која содржи пигмент, на која е прикачен збир на
коси напречни радијални мускули, секој со своите нерви
и глии. Кога се контрахираат, мускулите го прошируваат
хроматфорот, притоа и кожата се оптегнува и пигментот Слика 5. Активни хроматофори
станува јасно видлив. Радијалните мускули се движат кон
периметарот на хроматофорот и ја шират средишната
пигментна кеса како резултат на електричната активност
во хроматофорниот нерв (невронска контрола). Кога се
опуштаат, енергијата складирана во еластичната сакула
го враќа во првобитната состојба (Сл. 5). Хроматофорите
може да содржат пигмет со црна, црвена или жолта боја.
Можеби би помислиле дека овие бои не се доволни за да се оствари навистина добра
камуфлажа во морскиот свет. На пример, како би се камуфлирал октоподот во сини корали
или пак зелени алги? Одговорот на ова прашање го носат иридофорите.

4.3 Иридофори

Боите кои цефалоподот не може да ги добие комбинирајќи ги горенаведените бои,


ги добива со помош на структури сместени во тенок слој под хроматофорите, наречени
иридофори (Сл. 6). Иридофорите се составени од многу тенки клетки кои содржат
протеин по име рефлектин кој рефлектира светлина со одредени бранови должини. Тие
се одговорни за сјаењето на сината и зелената
боја на кожата на цефалоподите (Сл. 7).
Интересно е што, бојата што ја рефлектира
иридофорот зависи од аголот од кој се
набљудувани. Кога се набљудуваат одозгора,
иридофорите може да изгледаат сини, но кога
Слика 6. Иридофори Слика 7. Камуфлажа со иридофори се набљудуваат под покос агол, се чини дека

Рефлектираат црвена светлина. За разлика од хроматофорите, научниците се сомневаат


дека иридофорите се невронски контролирани, бидејќи тие реагираат многу побавно (од
неколку секунди до минути) и на тој начин може да бидат контролирани од
неврохормони, дифузивен знак или слаба електрична спојка со неидентификуван
посредник. Со комбинирање на рефлексијата од иридофорите со правилната шема на
хроматофорите, цефалоподот може да создаде многу убедлива копија на околните услови.
Она што камуфлажата ја прави уште поуспешна се леукофорите.

Страна 7 од 16
4.4 Леукофори

Леукофорите (Сл. 8) може да се најдат кај сипите и октоподите, под слојот


иридофори (Сл. 9). Тие се клетки кои се способни да ги рефлектираат сите бои од
спектарот (бела светлина), па затоа изгледаат бели. Тие ја рефлектираат секоја светлина
која ќе се најде во нивната околина, на пример, доколку им се прикаже зелена боја, ќе
рефлектираат зелена. За разлика од иридофорите, леукофорите не го менуваат изгледот
врз основа на аголот на гледање. Се смета дека леукофорите влијаат на интензитетот на
претставените хроматофори со тоа што обезбедуваат бела позадина, помагајќи во
образување разни шари што ги нарушуваат контурите на телото на сипата и октоподот.

Слика 8. Градба на леукофор Слика 9. Градба на кожата на октоподот

Она што е особено интересно е тоа што некои цефалоподи, покрај бојата и шарите, можат
да ја менуваат и текстурата на своето тело.
4.5 Папили

Преку оваа струкрура во нивната кожа,


октоподите и сипите веќе можат комплетно да
исчезнат од видното поле на предаторот. Мрежата
папили овозможува формирање на разни
испакнатини и израстоци преку притисок (Сл. 10).
Значи, тие не ја имитираат само обоеноста на
околината, туку и самата конфигурација на
Слика 10. Активни папили

4.6 Уметници кои располагаат со бои кои самите не можат да ги видат


Утврдивме дека цефалоподите, особено октоподот, располагаат со исклучително
добар систем за вклопување во околината. Кога го разгледуваме, на пример, октоподот,
логично би било да претпоставиме дека тој има добар вид преку кој ги прима информациите
кои ги користи за камуфлажата (главно бои и текстури). Иронично, сите цефалоподи се
далтонисти, поточно го гледаат светот во црно–бело. Постојат 2 теории за тоа како тие
гледаат.
 Гледаат со нивната кожа – две студии понудиле докази за присуство на опсин
(протеин чувствителен на светлина, кој обично се наоѓа во мрежницата) – во

Страна 8 од 16
кожата на цефалоподите, што им овозможува да ја чувствуваат и да реагираат
на светлината без да ја видат со очите (дури и кога екстремитетот е одвоен).
 Се користат со хроматска аберација – Цефалоподите еволуирале да имаат
широки зеници кои ја нагласуваат хроматската аберација и може да имаат
способност да ја проценат бојата со доведување на специфични бранови
должини до фокус на мрежницата, слично како што животните како
камелеони го проценуваат растојанието користејќи релативен фокус. Тие ги
фокусираат овие бранови должини со менување на длабочината на нивното
очно јаболко, менување на растојанието помеѓу леќата и мрежницата и
движење на зеницата наоколу за да ја промени нејзината локација надвор од
оската, а со тоа и количината на хроматско заматување.
5. Способност за преуредување на нивната РНК
Според сознанијата кои ги имаме за опстанокот на видовите, можеме да заклучиме
дека главната причина зошто цефалоподите опстанале толку долго време е способноста да
се снајдат и адаптираат во нови средини.
Октоподите имаат 33000 гени, околу 10000 повеќе од човекот. Со ова само по себе, тие веќе
значително се издвојуваат од останатите безрбетници. Водечки двигател на еволуцијата се
мутациите, меѓутоа цефалоподите од подгрупата Coleoidea2 се адаптираат преуредувајќи ја
својата информациона РНК (mRNA). Овој начин доведува до побрзо менување на
протеините отколку ДНК мутациите. Теоретски, ова звучи прилично добро, но практиката
покажува дека овие преуредувања почесто носат лоши отколку добри резултати – може да
предизвикаат разни болести и нарушувања. Токму поради ова, менувањето на
информационата РНК е релативно ретка појава кај останатите животни. Ние, луѓето,
преуредуваме само 3% од нашата иРНК, додека пак долгоперкастата крајбрежна лигња
(longfin inshore squid) дури 60% во нервниот систем!
Истражувања покажале дека цефалоподите цврсто се држат до античките верзии од
нивните гени кои кодираат ензими кои го вршат преуредувањето на информационата РНК.
Зошто настојуваат да ја задржат оваа особина? Најверојатно заради флексибилноста која им
ја нуди – промените кои тие ги прават на нивната иРНК се привремени и тие, за разлика од
ДНК мутациите, не се пренесуваат на следните генерации. Притоа, промените не влијаат на
секоја иРНК која е направена од одреден ген.

Преуредувањето главно се однсува на замена на аденозин со


инозин (Сл. 11), така што ензимот ADAR2 отстранува еден
азотен и два водородни атоми од аденозинот и става
кислороден атом. Слика 11 Аденозин и инозин

Ова би значело дека тие користат различни верзии од протеини кога им одговара, без да ја
променат ДНК-та. На пример, октоподите можат да ја променат својата иРНК зависно од
температурата на водата во која се наоѓаат.

2
Подгрупата Coleoidea ги вклучува октоподите, лигњите и сипите.

Страна 9 од 16
Иако принципот на уредување кој го практикуваат октоподите им нуди побрзи решенија за
моменталните потреби, тие на крајот го забавуваат процесот на еволуција на нивниот вид.
Преуредувањето носи последици, бидејќи може да им ја ограничи способноста да
еволуираат како останатите организми (преку природна селекција и ДНК мутации) – и да се
случи некоја мутација во ДНК, октоподот преку преуредување можно е само да ја прилагоди
на моменталната ситуација во која се наоѓа.
6. Нервен систем; Поврзаноста меѓу мозокот и телото

Во овој дел од истражувањето ќе ставиме акцент на нервниот систем на октоподот.


Ова животно има 500 милиони неврони, што е далеку повеќе од било кој безрбетник. Бројот
на неврони кај октоподот се едначи со оној кај кучето. Она што е особено интересно е
распоредот на невроните и типот на врска помеѓу мозокот и телото кој произлегува од него.
Октоподот има еден мозок во главата, кој има генерална
контрола врз функциите кои ги врши телото, но се случува и
да не биде секогаш ,,консултиран”. Тоа е бидејќи во
организацијата на нервниот систем на октоподот постои
еден вид на ,,хиерархија на мозоци“ (Сл. 12). Всушност,
околу 3/5 од невроните се наоѓаат во неговите 8 раце, со што
технички тој има вкупно 9 мозоци. Истражувања покажале
дека за време на преносот на информации од надворешната
средина, некои информации комплетно го заобиколуваат
централниот мозок. Ова му овозможува прилично брзи
Слика 12. Нервен систем на октопод
анализи на средината и соодветни реакции, значи октоподот
на некој начин мисли и со своите раце.
7. Интелигенција
„Ако можеме да воспоставиме контакт со цефалоподите како свесни и чувствителни
суштества, тоа не е поради заедничката историја, не поради сродството, туку затоа
што еволуцијата го изгради умот два пати.“, напишал Питер Годфри-Смит (философ и
нуркач), во својата книга ,,Други умови“ од 2016 година.
Она што на цефалоподите, главно октоподите, најмногу им го дава нивниот вонземјански
статус е нивната интелигенција. И покрај тоа што тие се наоѓаат толку далеку од останатите
интелигентни суштества, тие се натпреваруваат со нив во когнитивните способности. Како
воопшто би ја препознале и измериле интелигенцијата кај животно кое е толку далечно од
нас? Кај луѓето, интелигенцијата вообичаено се карактеризира со способноста за мислење,
разбирање, комуникација, решавање проблеми, учење, паметење и планирање. Начин да се
измери е тест за интелигенција на кој му се дава бројна вредност, но тоа не можеме да го
изведеме со октоподите – можеме само да го набљудуваме нивното однесување.
Потоа, октоподите имаат релативно добра меморија за нивниот краток животен век
(меморијата останува стабилна со месеци за просечен животен век од 2 години). Тие исто
така се способни да разликуваат и препознаваат луѓе.

Страна 10 од 16
Истражувачи набљудувале октопод кој се наоѓал во
средина без многу места за криење и со себе носел 2
половини од кокос, со цел да ги искористи за да си
изгради живеалиште (Сл. 13). Ова служи како доказ за
иновативност, способност за планирање и користење
Слика 13. Користење алатки од
октопод алатки.
Во истражување спроведено на octopus vulgaris од психологот д-р Џенифер Махер,
заклучено е дека тие сакаат и да си играат – што е прилично интересно.
Играњето кај повеќето видови е присутно за социјализација – воспоставување социјален
ранг, учење социјални правила, дружење и поради својата комплексност се смета дека е
карактеристично исклучиво само за цицачите, со малку исклучоци како некои птици. За
разлика од сите овие, октоподите се самотен вид кај кои нема социјални врски, ниту некаква
социјална хиерархија. Затоа нè поттикнуваат повторно да размислиме за еволуциските
причини заради кои постои играњето. Долго време научниците се обидуваат да го пронајдат
потеклото на интелигенцијата и да најдат одговор на прашањето зошто некои животни ја
имаат, а некои не.
Земајќи предвид дека нашиот заеднички предок не покажувал знаци на интелигенција, јасно
е дека еволуцијата создала интелигентен живот два пати – кај нас (и нашите еволуциски
роднини) и кај цефалоподите.
7.1 Теорија за социјална интелигенција
Оваа хипотеза честопати е претпочитана кога станува збор за настанокот на
комплексната когниција. Всушност, голем дел од нашата идеја за она што е интелигенцијата
е базирана на идејата дека таа се појавила од социјални причини – поточно кога започнал да
се практикува животот во групи. Тоа значело и потреба од покомплексни однесувња. Таа
еволвирала поради потребата од комплексни врски, соработка, измама итн. Оваа теорија е
применлива за повеќето животни кои ги сметаме за паметни, меѓутоа, сепак не ја објаснува
појавата за интелигенција кај цефалоподите. Проблемот кој произлегува од ова е сознанието
дека условите за кои до сега сме мислеле дека се потребни за интелигенција (гледајќи нè нас
и нашите еволуциски роднини), одеднаш не се значаен фактор во нејзината појава. Затоа,
мора да постои друга теорија која го објаснува патот на еволуцијата на интелигенцијата кај
овие животни.
7.2 Теорија за еколошка интелигенција
Оваа теорија предлага дека можеби самиот притисок кој произлегува од постојаната
потреба за порага по храна и избегнување предатори е доволен да предизвика
интелигенцијата да процвета. Според оваа теорија, комплексната когниција се развила со
цел да ги поднесе овие предизвици. Може да се претпостави дека кога октоподот ја изгубил
својата заштитна обвивка, овој притисок бил толку голем што надмудрувањето на своите
грабливци било единствениот начин да опстане овој вид.

Страна 11 од 16
Треба да се напомене дека овие теории не се натпреваруваат меѓу себе, туку се две
објаснувања за два примери на интелигентен развој на дрвото на еволуцијата.
8. Изразување емоции и комуникација
Ги споменавме начинот на кој цефалоподите се бранат од предатори – преку
прилично добро развиени вештини за промена на својот изглед. Меѓутоа, важно е да се каже
и дека овие способности цефалоподите ги користат и за да комуницираат меѓу себе и за да
го искажат своето моментално расположение.
Да ја земеме за пример карипската крајбрежна
лигња (Caribbean reef squid). Мажјаците, се
обојуваат кафено кога сакаат да привлечат
женка, а бело за да ги одвратат другите мажјаци.
Тие дури можат го поделат обојувањето,
зависно од тоа на која страна е женката, а на која
се противничките мажјаци (Сл. 14).
Слика 14. Менување на бои кај лигњата

Уште поневеројатна употреба на промената на бои е


таканаречената хипноза со која сипите се користат за да
ловат (Сл. 15). Тие брзо креираат разни шари на нивната
кожа за да го привлечат и дезориентираат својот плен
Слика 15. Хипноза кај сипата
хипнотизирајќи го, пред да му се нафрлат и да го уловат.

Како пример за искажување на емоциите преку бојата на


телото ќе го земеме октоподот, поспецифично џиновскиот
пацифички октопод (Giant pacific octopus) (Сл. 16). Кога е
белузлав или блед, вообичаено значи дека се релаксирани.
При вознемиреност поцрвенува, кожата му се исфрла и се
подигнуваат две папили над очите, за кои што некои нуркачи Слика 16. Искажување разни
велат дека им наликуваат на рогови. расположенија кај октоподот

9. Хипотеза за должината на животниот век на октоподите


И покрај софистицираниот систем за опстанок, вклучувајќи исклучителни вештини за
камуфлажа, интелигенција итн. октоподите имаат релативно краток животен век.
Вообичаено живеат од 1 до 3 години. Некогаш живеат и до 5, меѓутоа ретко. Која е
причината за ова?
Научниците велат дека краткиот животен век на октоподите е последица на
репродуктивниот принцип наречен ,,семелпаритет” (анг. semelparity) – што значи дека
октоподите умираат после првото и единствено парење. Смртта настапува поради неколку
хемиски промени во нивните тела, кои ги тераат да се изгладнуваат, па дури и само-
уништуааат. Овие пронајдоци нудат задоволително објаснување за оваа појава, но логично
би било да го поставиме прашањето ,,Што ако октоподот никогаш не се пари?”. Во тој

Страна 12 од 16
случај, текот на настаните кои настануваат кај октоподот и водат до смрт би бил изменет.
Што тогаш е причината за нивниот краток животен век?
Одговорот на ова прашање можеби може да се пронајде во нивната способност за
преуредување на информационата РНК.

Потсетување од 5. Способност за преуредување на нивната иРНК


Како што кажавме, октоподите имаат 33000 гени, околу 10000 повеќе од човекот и
со ова значително се издвојуваат од останатите безрбетници. Водечки двигател на
еволуцијата се мутациите, но цефалоподите од подгрупата Coleoidea се адаптираат
преуредувајќи ја својата информациона РНК (mRNA). Овој начин доведува до
побрзо менување на протеините отколку ДНК мутациитем меѓутоа овие
преуредувања почесто носат лоши отколку добри резултати – може да доведат до
разни болести и нарушувања. Затоа останатите животни ретко практикуваат
уредување на нивната иРНК.
Иако принципот на уредување кој го практикуваат октоподите им нуди побрзи
решенија за моменталните потреби, тие на крајот го забавуваат процесот на
еволуција на нивниот вид. Треба да се напомене дека промените кои тие ги прават
на нивната иРНК се привремени и тие, за разлика од ДНК мутациите, не се
пренесуваат на следните генерации. Преуредувањето носи последици, бидејќи може
да им ја ограничи способноста да еволвираат како останатите организми (преку
природна селекција и ДНК мутации) – и да се случи некоја мутација во ДНК,
октоподот преку преуредување можно е само да ја прилагоди на моменталната
ситуација во која се наоѓа.

Ако земеме предвид дека оваа способност на октоподите ги намалува ефектите на


природната селекција, тоа би значело дека му е потешко на видот да прогресира – не можат
да се истребат послабите. Притоа, доколку обрнеме внимание и на тоа дека иРНК
уредувањата честопати може да доведе до заболувања и фреквентноста со која октоподите
го прават тоа преуредување (обично со промената на температурата на водата во која се
наоѓаат), се јавуваат шанси да бидат погодени од болест/нарушување кое би можело да се
одрази на нивниот животен век.

Страна 13 од 16
9. Заклучок
Иако постојат теории кои помалку или повеќе укажуваат на нивното мистериозно
потекло, не би можеле да кажеме дека цефалоподите се буквално вонземјани дојдени на
нашата планета. Во секој случај, тие дефинитивно заслужуваат таков сличен статус, бидејќи
со сигурности се едни од најзачудувачките суштества кои постојат на нашата планета. Иако
се движеле по различен еволутивен пат од нас, тие ни парираат на нас луѓето на многу
полиња и дури понекогаш нè надминуваат! Нивната комплексност е доволна за да се
покренат сериозни прашања во врска со нивната идна важност во биосферата. Дали
развиток на социјализација кај октоподите ги дели од воспоставување на позначаен статус
во хиерархијата водена од синџирот на исхрана? Според податоците изнесени во ова
истражување, можеме да заклучиме дека за нивниот вид да може да го достигне ова треба
да надмине неколку пречки. Првата е веќе споменатиот недостаток на социјализираност
помеѓу единките. Потоа, тие се осудени на краток животен век во кој не можат секогаш да
се стекнат со многу знаење. Притоа, тие не го пренесуваат тоа што го научиле поради
нивниот принцип на репродукција – доколку октоподите не умираат после парењето, тие би
можеле да пренесуваат знаење на следната генерација. Земајќи го предвид и фактот дека тие
живеат под вода – средина која не е идеална за технолошки напредок. Надминувањето на
овие пречки е тешко и би траело мошне долг период, меѓутоа не е невозможно. Дали еден
ден би можеле да се издигнат како доминантна цивилизација, како што сме ние луѓето?
Останува да видиме.

Страна 14 од 16
10. Извори
h ps://slate.com/human-interest/2014/08/when-did-humans-first-consider-the-possibility-of-alien-life.html

h ps://www.astronomy.com/science/when-did-we-first-consider-life-might-exist-elsewhere-in-the-universe/

h ps://www.youtube.com/watch?v=73-QuQwFFAY&ab_channel=JoeSco

h ps://www.youtube.com/watch?v=ogCIqaCe2zI&ab_channel=TED

h ps://www.youtube.com/watch?v=mFP_AjJeP-M&t=295s&ab_channel=RealScience

h ps://ocean.si.edu/ocean-life/invertebrates/revealing-largest-
octopus#:~:text=Weighing%20600%20pounds%20(around%20272kg,birds%20and%20likely%20small%20sharks

h ps://www.sciencedirect.com/science/ar cle/pii/S0079610718300798?via%3Dihub

h ps://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/11762491/#:~:text=The%20chromatophores%20of%20cephalopods%20differ,ap
plying%20any%20force%20to%20it

h ps://www.nature.com/scitable/topicpage/cephalopod-camouflage-cells-and-organs-of-the-144048968/

h ps://journals.biologists.com/jeb/ar cle/218/10/1462/771/Cephalopods-sense-light-with-skin

h ps://www.youtube.com/watch?v=dg86BVdufyI&ab_channel=SciShow

h ps://www.sciencenews.org/ar cle/octopus-squid-rna-edi ng-dna-cephalopods

Страна 15 од 16

You might also like