You are on page 1of 27

ДНЕВНИК ПРАКСА

-ПРАКСАТА ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА ЕДУИНО И YOUTUBE


-NA PLATFORMATA EDUINO СЕ ПРИКАЧЕНИ ЧАСОВИ ПО ПРЕДМЕТОТ ИСТОРИЈА ОД 6 ДО 9
-ОДДЕЛЕНИЕ
- ВАША ЗАДАЧА Е ДА ГИ СЛЕДИТЕ СИТЕ ПРИКАЧЕНИ ЧАСОВИ ПО ПРЕДМЕТОТ ИСТОРИЈА ОД 6-9
ОДДЕЛЕНИЕ И ДА ЗАПИШЕТЕ ВО ДНЕВНИКОТ СЕ ОНА ШТО ГО ЗАБЕЛЕЖАВТЕ НА ЧАСОТ ВО
ЛИСТОВИТЕ ОД ДНЕВНИКОТ.
АКТИВНОСТИ: НАБЉУДУВАЈТЕ 2 ЧАСА НЕДЕЛНО
КОГА ЌЕ СЕ ИСЦРПАТ СИТЕ ЧАСОВИ ПРИКАЧЕНИ НА ПЛАТФОРМАТА, ЧАСОВИТЕ КОЈ
НЕДОСТАСУВАТ (ЌЕ ГИ АНАЛИЗИРАТЕ И ПРЕЗЕНТИРАТЕ ВО ДНЕВНИКОТ) ЌЕ ГИ НАДОПОЛНИТЕ
ОД ЧАСОВИТЕ КОЈ ЌЕ ГИ ИЗБЕРЕТЕ СО ТЕМИ САМИ ПО ВАШ ИЗБОР ( ДА НЕ СЕ ПОВТОРУВАТ СО
ВЕЌЕ РАЗРАБОТЕНИТЕ) И ЌЕ ГИ РАЗРАБОТИТЕ ПО ОНОЈ ПРИНЦИП ШТО ГИ СЛЕДЕВТЕ НА ЕДУИНО
И YOUTUBE.
ЧАС .БР.1.
ОДДЕЛЕНИЕ: VI одд.
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Предмет и задача на историјата
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ: ООУ Круме Кепески –Кисела вода,Скопје

Во денешната наставна содржоина наставникот ги запознава учениците со


предметот историја и го презентира својот прва лекција Историјата и
нејзиното значење. Ги запознава со книгата која е потребна и материјалот за
обработка заедно со историскиот атлас кој е потребен за користење. Ги
запознава учениците за зборот Историја и неговот потекло.
Ги запознава учениците со историските извори кои се поделени на
материјални, пишани и усни.
Потоа ги запознава со сметањето на времето кое исто така многу важно како
за предметот Историја така и за нивната општа култура.
За крај ги запознава со поделба на Историјата низ временски рамки.

За крај ги дава домашна задача за хронолошките летни да ги нацртаат од


страната 9 во учебникот за Историја за шесто одделение и ги објаснува на
учениците како полсено да ја совладаат темата
ЧАС .БР.2
ОДДЕЛЕНИЕ: VI одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА: Историски извори
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:О.У,,Тихомир Милошевски,,-Скопје

Часот го започнува со запознавање на учениците со Херодот кој прв се


занимавал со историјата а потоа и со разни антички историчари кои
пишувале историја а со тоа ги запознава и со историските извори.
Изворите ги дели на 3 вида и тоа усни, пишани и материјални. За секој од
овие извори ги запознава учениците со видовите на сите овие извори и ги
запознава што поточно се мисли за усни или материјални извори а потоа
и со веродостојноста на изворите каде што потенцира дека пишаните и
материјалните извори се многу повеќе веродостојни одколку усните
извори.
За крај професорот ги повторува историските извори на учениците.

ЧАС .БР.3
ОДДЕЛЕНИЕ: VI одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА: Сметање на времето
ОПИС НА ЧАСОТ:
ЧАС .БР.4
ОДДЕЛЕНИЕ: VI одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Поделба на Историјата
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ: OOУ,,Наум Наумовски - Борче,,-Скопје

Најпрвин започнува со поделбата на историјата на два периода


праисторија и историја и карактеристиките кои се својствени за
овие два периода.

Потоа ја дели праисторијата на камено и метално време додека пак


историјата на стар век, среден век, нов век и најновиот век кој се
смета дека е денешното време и ги запознава учениците со
карактеристиките за овие периоди на кратко бидејќи секој период се
учи во посебно одделение.
ЧАС .БР.5
ОДДЕЛЕНИЕ: VI одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА: Настанок на човекот
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ: OOУ,,Гоце Делчев,,- Аеродром

Професорката започнува со запознавање на учениците со оваа тема


за настанокот на човекот и ги запознава учениците што поточно е
потребно да се научи за оваа наставна содржина.Се потсетууваат за
предходните часови за поделба на историјата и продолжува за
настанокот на човекот и гледиштата кои се делата на религиозните
учења, второто гледиште е според науката кој се верува дека
човекот настанал од мајмун. Потоа прогфесорката ги запознава
учениците со еволуција на човекот и неговото еволуирање низ
историјата, начинот на неговиот живот , начинот како ја добивал
својата храна и слично.

За крај им дава домашна задача со изработна на постер за животот


на човекот од праисторијата па се до историјата односно како ке се
учи постепено.
ЧАС .БР.6
ОДДЕЛЕНИЕ: VI одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА: Животот на човекот во камено и метално
време
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ООУ,,Рајко Жинзифов,, Кисела вода - Скопје

За почеток наставникот ги запознава учениците со овие две


времиња и нивната поделба, начинот на животот на луѓето во овие
времиња , начинот на лов, одгледување на растенија,
припитумување на животните. Им ја објаснува организацијата за
почетоците за живот во групи и за крај за цртежите во пештерите.

За крај ги запознава и со металното време каде што групите веќе


формираче родови, фамилии и за крај и општини.
ЧАС .БР.7
ОДДЕЛЕНИЕ: VI одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Верувањата на човекот во најстарите
заедници
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ: ООУ,,Рајко Жинзифов,, Кисела вода - Скопје

Натсавникот го започнува часот со запознавање на учениците за


верувањето на човекот во најстарите времиња. За луѓето во
праисторијата кои верувале дека прородните појави за нив
изгледале дека ги контролираат нелкои сили или духови кои ги
делеле на добри и лоши духови. Луѓето во праисторијата ги сметале
сонцето и дождовите за натприродни својства и потоа започнале да
ги сметаа за божества . Во Македонија па и во светот
најраспространет е култот на божицата мајка или МА која ја сметале
за прародителка на светот.За крај наставникот презентира
материјални остатоци за верувањата на човеклот во праисторијата.
ЧАС .БР.8
ОДДЕЛЕНИЕ: VI одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА: Најстарите циливизации
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ООУ,,Гоце Делчев,,-Ресен

Темата на денот е најстарите циливизации во светот , целите на


часот е ученицоите да се запознаат со најстарите цивилизации,
георгафските локации каде се формирале и како живееле. Со
самото појавување на писмото постанува историјата на стариот век.
Професорот ги покажува на учениците слики од Месопотанија и
делови од зачувани стари писма од Месопотанија.
Населувањето се одвивало до плодните и пловнитре реки кои го
користеле системот за наводнување за развивање на земјоделската
култура.Населението освцен земјоделство се занимавал и со
сточарство риболов а побогатите и со уметност.
Месопотанија е прикажана на уште други слики заедно со своите
први градови од кој најбитен е градот Бабилон.
Заедно со државите се создало и државното уредување а со самото
тоа и настанале робовите.
ЧАС .БР.9
ОДДЕЛЕНИЕ:VII одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Големата преселба на народите
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ: ООУ,,Тихомир Милошевски,,-Скопје

Целта на овој час е изучување и запознавање со големата преселба


на народите. Професорот го почнува часот со прикажување на карта
однсоно мапа со западното и источното царство и приказ за
доаѓањето на Хуните во Европа, кои имале за цел да пљачкосуваат
првенствено а не да се населуваат. Потоа го продолжува часот со
преселбата на готите однсосно визиготите и остроготите. Следни
племиња кои имале движење се франките, англо
саксонците,словените. Голем дел од овие племиња се населиле во
различни краеви низ Европа.
ЧАС .БР.10
ОДДЕЛЕНИЕ:VII одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА: Промени на Балканот по доселување на
Словените
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:О.У.Гоце Делчев-Ресен

Целта на оваа наставна содржина пред се преку цртежи да се


прикаже населувањето на Словените, нивниот начин на живот,
обичаите и религијата. Учениците да научат за односот на
Словените со староседелците, промени во топономијата и
блијанието на христијанската религија врз Словените.
ЧАС .БР.11
ОДДЕЛЕНИЕ: VII одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Појава на Исламот
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ООУ, Гоце Делчев ,,-Аеродром-Скопје

Професорот го почнува часот за наставната содржинба за појава на


исламот и целти на овој час се каде се појавува исламот, кое
население живее таму, кој го промовира исламот, кои се културните
разлики кои ги имале и кои се најстарите жители кои ја населувале
оваа територија. Поважни градови биле Мека и Медина .

Што значи исламот?

Која е целта на верата ?

Кој бил Мухамед ?

Што е тоа Хиџра и од кога се бројат годините ?

Сите ученици се запознаени со овие прашања преку слики и


примери кои се изготвени од страна на професорката.
ЧАС .БР.12
ОДДЕЛЕНИЕ:VIII одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА: Француската буржоаска револуција
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ОУ,,Тихомир Милошевски

Овој час е посветен на запознавање на еден голем историски настан


во Европа,предизвикан од буржоазијата.
Наставникот преку слики го разјаснува овој настан ,причините што
довеле до тоа,за владетелите и нивниот раскош,општреествените
промени кој ке настанат.
ЧАС .БР.13
ОДДЕЛЕНИЕ: VIII одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Европа по Француската револуција
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ООУ,Наум Наумовски Борче-Скопје

Потсетување околу тоа како и зошто настанала Француската


револуција ,еден бурен период на големи промени ,власта
преминува од едни раце во други .
-Појава на една маркантна личност генерал Наполеон Бонапарта и
неговите успеси на воен план .
-Формирање н а Света алијанса.
ЧАС .БР.14
ОДДЕЛЕНИЕ:VIII одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА: Формирање на Соединетите Американски
Држави и нивниот подем
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ: ООУ,,Гоце Делчев,, Аеродром-Скопје

Во оваа наставана содржина учениците ке се запознаат со новата


наставна содржина преку запознавање на :
- Американската војна за независност (причини,почеток,тек и крајот
на војната)
-Декларација за независност,
- Како доаѓа до укинување на ропството во САД.
- Значење на американската војна за независност

Задача за дома е учениците да изработат проек за некој од


споменатите влијателни американски претседатели ,Абрахам
Линколд,Џорџ Вашингтон,Теодор Рузвелд и Томас Џеферсон.
ЧАС .БР.15
ОДДЕЛЕНИЕ:VII одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Државата на Франките
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ООУ,,Наум Наумовски - Борче,,Скопје

Во овој наставен час професорот ги запознава учениците со тоа кои


се Франките , која е нивната држава, како се развивале и како
завршиле.

Потеклото на Франките се од германските народи и зеле учество во


големата преселба на народите. Професорот преку мапа го
покажува движењето на Франките и примањето на христијанството
на Франките со тоа се бира и првиот крал на Франките.

Карло Велики , за него се објаснува како ја спасува државата и како


ќе ја направи најголема сила во Европа сето тоа е прикажано преку
мапи.

За крај се објаснува како се дели кралството на Франките и кои


современи држави настанале од него.
ЧАС .БР.16
ОДДЕЛЕНИЕ: VIII одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Индустриски подем на Европа
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ООУ,,Круме Кепески,,К.Вода –Скопје

Оваа лекција е првата од оваа тема за индустрискиот подем на


Европа. Професорот го отпочнува часот со тоа што пред се е
потребно на учениците за одржување на овој час. За индустрискиот
подем во Европа се неколку битни фактори од кои економскиот
развој на Европа, новите технолошки пронајдоци и засилување на
меѓународната трговија. Секоја од овие точки е поопширно
опфатена и разработена како појава на парните машини,
парабродот, парната локомотива и мануфактурата.
ЧАС .БР.17
ОДДЕЛЕНИЕ:VIII одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Создавање на Албанската призренската лига
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ОУ,,11 Октомври,, Скопје

Професорката го започна часот со целите за овој час кои се да се


знае да се објасни влијанието на сан стефанскиот договор и
влијанието врз Албанија, да се знае за причините за создавањето на
оваа лига. Прикажана е карта пред почетокот на источната криза
каде учениците ке можат да ги видат границите на старите држави,
создавањето на големите држави како што се голема Грција, Србија
и Бугарија.

Професорката зборува за создавањето на Албанија и отцепувањето


на некои територии каде што живееле Албанци. На часот се зборува
за Сан Стефанскиот договор и териториите кои требале да
потпаднат со овој договр.

За крај се зборува за Призренската лига ција цел била автономија на


Албанија и поништување на Сан Стефанскиот договор.
ЧАС .БР.18
ОДДЕЛЕНИЕ: VIII одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Кресненско востание
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ: ООУ,,Даме Груев,,Киклиш

Професорот ги запознава учениците со ситуацијата за источната


криза, Сан Стефанскиот договр и запознавање со Македонското
Кресненско востание.

Професорката им прикажѓува на учениците карта со целата


Македонија која била поделена на вилаети. Резултатите од
источната криза со создавање на нови држави и проширување на
границите на сметка на Османлиската држава.

Ревидитирање на Сан Стефанскиот договор и потенцирано е за


членот 23 каде што Маскедонија требало да добие политичка
Автономија.

Одлука за кревање на Кресненското востание, негови членови,


почетокот на борбите крајот на борбите и задушување на самото
востание.

Учениците имаат задача да размислат зошто не успеало


Кресненското востание и да напишат за домашна задача.
ЧАС .БР.19
ОДДЕЛЕНИЕ:IX одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Создавање на Кралството СХС
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ОУ,,Гоце Делчев ,,-Ресен

Професорот ги запозна учениците со кралството на СХС преку карта


и цели на денешниот час се-
-Учениците да го сфатат формирањето и уредувањето на
Кралството С.Х.С
-Обединување на југословенските народи -1 декември 1918 г.
-Парламентарна монархија –Кралство на Србите,Хрватите и
Словенците
-Признати три народа
-незадоволства и спротивставености
-Да знаат за противречностите со кои било оптоварено Кралството
на С.Х.С.на еконмомски и политички план
-Да знаат за положбата на македонскиот народ во Кралството С.Х.С
ЧАС .БР.20
ОДДЕЛЕНИЕ: VIII одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА: Илинденско востание.
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ООУ,,Наум Охридски ,,-с. Пештани

Професорот ги запознава учениците со реформите, тешката


ситуација на Македонците под Османслиска власт, неколку
неуспешни востанија и за крај создавање на МРО која имала цели за
создавање на самостојна Македонска држава.

Низ Македонија имало многу проп-аганди од кои најактивни биле


Грчката, Српската и Бугарската пропаганда.

Организирање на Солунскиот конгрес за кое се приложени неколку


слики заедно со солунските атентатори. 2 Август кревање на
востание, одвивање на битките и задушување на самото
Илинденско востание. Ова востание покрај што немалчо резултат и
покрај неповолната положба сепак оставило длабоки корени во
Македонската историја.
ЧАС .БР.21
ОДДЕЛЕНИЕ:IX одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Создавање на Македонската држава
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ООУ,,Тихомир Милошевски,-Скопје

Целта на оваа наставна содржина е да се запознаат учениците со


создавањето на македонскат држава најпрво преку одговор на
прашањата за АСНОМ
-Значењето на Асном

-избор на делегати(116)

-2 август 1944 г

-манастирот Прохор Пчињски

-Панко Брашнарот

-Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и


извршно народно претставничко тело и највисок орган на
државната власт наДемократска Македонија

-Деклрација на АСНОМ

-Решение за воведување на мкедонскиот јазик како службен јазик на


македоскиот народ

-Решени за прогласување на 2 август за Државрен празник

-Прв претседател Методиј Андонов –Ченто

За домашна работа учениците да изработат есеј на тема ,,Значењето


на АСНОМ,,
ЧАС .БР.22
ОДДЕЛЕНИЕ: IX одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Прва светска војна
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ООУ,,Св.Круме Кепевски,,- К. Вода Скопје

Целта на оваа наставна содржина е изучување на учениците за


првата светска војна, причините за првата светска војна, повод за
почеток за војната, почетокот на војната, движѓење и вмешување на
држѓавитѕе и за крај крајот на Првата светска војна.
Учениците во овој час се запознаа како народот живеел во почетоко
на 20-тиот век , начинот на нивното размислување, капитализмот во
светот, колонизацијата , империјализмот, развитокот на
технологијата каде што голкемите држави баараат нова поделба на
светот и бараат повод за војна.
Почетоко се зема убиството на Франц Фердинанд од страна на
Гаврило Принцип кој бил член на млада босна организација која се
борела за слобода на босна од страна на Австро Унгарија.Антантата
на крајот е победник во оваа војна. Учениците имаат домашно каде
што треба да напишат за Македонскиот фронт.
ЧАС .БР.23
ОДДЕЛЕНИЕ: IX одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА: Меѓународните односи по втората светска
војна

ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ООУ,Панко Брашнаров..-Велес

Учениците на почетоко се потсетија на потпишувањето на


капитулацијата од страна на победниците и поразените во втората
светска војна и фрлање на атомската бомба.
Сите овие факти се поткрепени со слики . Следува поделбата на
Германија на источна и западна Германија едните под власт на САД
а другите под СССР.
Пота следи формирање на ООН заедно со генералното собрание и
советот за безбедност.Светот се дели на два блока капиталистички
и социјалистички.
Формирање на НАТО пакт и Варшавски пакт.
За крај започнува да се презентира за студената војна и кубанската
криза која светот бил на работ на третата светска војна.
ЧАС .БР.24
ОДДЕЛЕНИЕ: IX одд
НАСТАВНА ЕДИНИЦА:Самостојна независна Македонија
ОПИС НА ЧАСОТ:
ИЗВОР НА ЧАСОТ:ООУ,,Браќа Миладиновци ,,-Демир Хисар

Професорот ги запознава учениците со цел на часот како што е


распадот на Југославија , создавање на независна и самостојна
Македонија,политики и меѓународни односи.
Во видеото се прикажани слики за поделбата на Југославија на
конфедералисти и централисти кои едните сакале конфедерација а
другите федерација со Српска доминација на Југославија. Пота се
објаснува за независна Македонија за политиките и меѓународните
односи кои биле стекнати за да се добие таква независност бидејќи
Македонија е единствената држава од поранешните Југословенски
држави што се има одвоено без војна.
За крај имаат домашна задача да напишат зошто се распаднала
Југославија и како се одвбиваше меѓународното признавање на
Македонија.

You might also like