You are on page 1of 15

Универзитет Св.

„Климент Охридски“ – Битола

Факултет за Туризам и Угостителство – Охрид

Семинарска Работа
по

Заштита на Културно Наследство

Тема: Праисторија

Ментор: Изработила:

Проф. Д-р. Сашо Марија Домазетоска

Коруновски 14578 – туризам

Октомври, 2015
Содржина

Вовед ............................................................................................................... 3
Праисторија .................................................................................................. 4
Камено доба ................................................................................................... 4
Палеолит ………………………………………………………………………… 5

Мезолит ………………………………………………………………………….. 6

Неолит …………………………………………………………………………… 7

Услови на живот во поновиот палеолит и мезолит ……………………….. 8

Метално доба ……………………………………………………………… 8


Бакарно доба ………………………………………………………………….... 9

Бронзано доба ……………………………………………………………….… 10

Железно доба …………………………………………………………………... 10

Праисторија во Европа …………………………………………………. 11


Праисторија на уметност и религија …………………………………. 12
Користена Литература ………………………………………………….. 15

-2-
Вовед

Праисторијата е временски период кој трае до појавата на првото писмо. Пол Торнал е
првиот човек кој го осмислил овој термин како би ги опишал предметите направени во
пештерите во Јужна Франција.

Временскиот период од моментот кога праисторискиот човек почнал да изработува


орудија се дели според материјалот од кој се направени и начинот на нивната обработка на: старо
камено доба (палеолит), средно камено доба (мезолит), ново камено доба (неолит) и метално доба
(бакарно доба или енеолит, бронзано доба и железно доба).

За праисторијата може да се каже дека датира од настанувањето на вселената, иако


терминот најчесто се употребува за означување на периодот кога се појавил животот на Земјата;
диносаурусите можат да се опишат како праисториски животни, а пештерските луѓе како
праисториски луѓе. Контекстот имплицира за кој геолошки или временски период се зборува, на
пример: праисториски миоценски мајмун имплицира на времето пред 23 – 5.5 милиони години,
или средно палеолитски хомо сапиенс имплицира на времето пред 200.000 – 30.000 години.

Бидејќи по дефиниција нема пишани извори за праисториските времиња, информациите


кои ги знаеме за тој временски период ги добиваме од науките како што се палеонтологија,
биологија, палинологија, геологија, етноастрономија, антропологија, археологија и другите
природни и општествени науки. Во општествата каде што писмото се појавило најрано, усното
пренесување на знаењето, од генерација на генерација, содржи извештаи од праисториските
времиња.

Овој термин не бил строго дефиниран во 20 век бидејќи границата помеѓу историјата
(интерпретацијата на пишувани и усни сведоштва) и другите дисциплини била потенка.
Денешните историчари се потпираат на доказите од многуте области и не се ограничуваат само
на историскиот период и пишуваните, усните или другите симболички запишани извори, а исто
така терминот историја се употребува повеќе отколку терминот праисторија (на пример: историја
на Земјата, историја на свемирот). Сепак, оваа поделба останала битна на многу научници,
посебно во општествените науки. Главните истражувачи на праисторијата на човекот се
археолозите и антрополозите кои ги употребуваат ископините, географските истражувања и
научните анализи за да ги откријат и интерпретираат природата и однесувањето на луѓето пред
појавата на писмото или оние кои немаат писмо.

Датум кој го означува крајот на праисторијата, денот кога пишаните извори биле корисни
академски извори, варира од регион до регион. Во Египет, воглавно, е прифатено дека
праисторијата завршува околу 3.200 година пред н.е., додека крајот на праисторијата во Нова
Гвинеја е околу 1900 година пред н.е.

-3-
Праисторија

Праисториско доба или доба на првата човечка заедница започнува со појавата на човекот
(неколку стотина илјади години пред н.е.) и трае до појавата на првокласното општество и
државите и до појавата на првите пишани споменици (4000 – 3000 година пред н.е). Тоа е период
на првото бескласно општество. Најголемиот дел на првата човечка заедница потекнува од
развојот на човеколикото суштество т.н. кромањонец, кое се смета за прво разумно човечко
суштество кое живеело 40.000 години пред нашето време. Првата заедница била најдолгиот и
најтешкиот дел на човечката борба во совладувањето на природата. За изградба на орудие,
човекот употребувал камен, дрво и коска, а при крајот на ова раздобје почнал да употребува и
метал. Човекот живеел во сурова клима, окружен со многубројни непријатели – диви животни.
Во борбата за голиот физички опстанок тој бил принуден да употребува разни помошни
предмети, кои се наоѓале готови во природата (камен, дрво...). Во почетокот таа употреба на
предмети била нагонска, но подоцна постанала свесна. Прачовекот почнал да ги приспособува
тие предмети за да може полесно да ракува со нив, па така настанале првите орудија. Со тоа
човекот се одвоил од животинскиот свет и постанал разумно суштество. Затоа слободно може да
се рече: работата го прави човекот!

Праисторијата се дели на две големи раздобја:

- Камено доба и
- Метално доба.

Камено доба

Камено доба се дели на палеолит (грчки: palaios – стари, lithos – камени) – старо камено
доба и неолит (грчки: neos – нови, lithos – камени) – ново камено доба. Палеолитот траел од
постанокот на човекот до XIII милениум пред н.е., а неолитот од XIII до IV милениум пред н.е.

-4-
--- Предмети и орудија од камено доба ---

Палеолит

Палеолит е период кој се протега од 2.600.000 година до 10.000 година пред н.е. Обележан
е со постанокот на химинидите и првото орудие.

Во старото камено доба луѓето живееле во пештери. Човекот го совладал огинот, се


занимавал со собирање плодови и лов. Орудието е направено од кршен камен. Во средината на
палеолитот луѓето го совладале јазикот, ја создале првата уметност, музика и почнале со пит да
ги погребуваат починатите членови на заедницата.

Во секојдневната борба со силите на природата, непогодите и дивите животни,


човеколиките суштества се развиваат постепено и многу бавно. Најстари човечки заедници биле
хорди. Хордите се заедници на првите луѓе кои спонтано настанале поради одбраната од ѕверови
и други неприлики и поради размножување. Тие заедници биле собирачи на плодови и ловци.
Палеолитските луѓе го правеле своето орудие од грубо изделкан камен. Покрај каменот
употребувале и дрво. Со тек на времето орудието се усовршувало и било приспособувано за
полесно ракување со него. Во старото камено доба луѓето не граделе постојани живеалишта, туку
оделе во потрага за храна и употребувале природни засолништа – крошните на дрвјата и
пештерите. Сепак, во тој период, човекот бил општествено суштество кое го совладало говорот и
со тоа дефинитивно се одвоил од животинскиот свет.

-5-
Во поновиот палеолит се појавуваат и почетоците на ликовната уметност, која во
почетокот има магиски карактер. По ѕидовите на пештерите луѓето сликале контури на животни
и сцени од ловот. Изработувале и скулптури од коски, најчесто од елени и жени. Во периодот
кога ловот бил главно занимање на човекот, се појавил тотемизмот – обожување на одреден вид
на животно. Во овој период човекот почнал да употребува огин, кој му го олеснил животот во
суровата природа. Употребата на огинот претставува пресврт во понатамошниот развој на
човечкиот род.

Почнале и големите миграции, човекот пред околу 80 милениуми ја населил областа од


Источна Африка до Блискиот Исток, потоа продрел на исток кон Јужна Азија и Австралија со
Океанија пред околу 60 милениуми, потоа се движи северно кон Европа и источно кон
Централна Азија, ги освојува областите на Австралија. Во текот на новиот палеолит (пред околу
40 милениуми) се развиваат силни палеолитски култури, човекот продира до Северна Америка и
Океанија. Во текот на последнoтo ледено доба, денес регионите погодни за живот, биле
исклучително негостољубиви, крајот на овој период околу 12.000 годинa пред н.е. населени се
скоро сите области кои не се прекриени со вечен снег и мраз.

Во пештерите Алтамира во Шпанија и Ласко во Франција пронајдени се цртежи од


бизони, елени и мамути кои потекнуваат од тоа време. На сликите преовладуваат кафеава, жолта
и црвена боја. Областите на Западна и Средна Европа се населени во првиот отсек на леденото
доба, а територијата на Балканскиот Полуостров станува дел од екуменот дури во раздобјето на
последната глацијација. Во текот на овој период климата била ладна, границата на вечниот мраз
се спуштала и до 1.500 м. надморска височина, земјата ја покривале степи и ретки борови шуми,
смреки и брези, а на долините на големите реки ветровите ги покривале рамнините со песок.
Затоа првите луѓе за свои живеалишта ги одбирале пештерите на ниските ридови покрај малите
речни долини. Археолошки наоѓалишта од ова време се: Хадар во Етиопија, Монте Чирчео во
Италија, Тешик Таш во Туркменистан, Шанидар во Ирак, Крапина во Хрватска, Градац и
Рисовача во Србија, Црвена Стена во Црна Гора, Сеиди и Елида во Грција, Мас д Азил во
Франција и др.

Мезолит

Мезолит (грчки: mesos – средно, lithos – камен) е праисториски период кој означува
премин од палеолит (старо камено доба) во неолит (ново камено доба). Траел од крајот на ледено
доба (пред 10.000 години) до појавата на земјоделството, односно неолит. Датирањето варира во
однос на различните поднебја. Во некои области (на пример: Блискиот Исток), земјоделството се
појавило кон крајот на плеистоценот, така што мезолитот многу кратко траел и тешко може да се
дефинира. Во областите со ограничени ефекти на промени во смената на леденото и
меѓуледеното доба – се користи терминот епипалеолит, а во другите регони каде се гледа јасна
промена настаната со промената на глацијалите (која се гледа во еколошките разлики), се гледа
јасна слика на оваа доба.

-6-
На Балканот, мезолитот трае од средината на IX милениум пред н.е. до крајот на VI
милениум пред н.е., на територијата на Централна Европа до крајот на III милениум пред н.е., а
на Блискиот Исток до крајот на VII милениум пред н.е. Во времето на мезолитот, како
живеалишта и натаму се употребуваат пештерите и ископините, но се јавуваат и првите
постојани населби на бреговите на реките, езерата и морињата. На некои локалитети се откриени
кануа и чамци. Карактеристична е појавата на т.н. микролитските орудија со многу мали
димензии кои се употребувале како проектили или врвови на копјето и засадувани биле во
дрвените држачи. Покрај собирањето на плодови и ловот, мезолитските заедници својот опстанок
го засновале и на риболовот и како последица на тоа, посебни се и новите типови на коскени и
камени орудија (секири, јадици, стапици, мрежи, харпуни). Во шумските подрачја се појавуваат и
знаци на дефорестација, која се развива во неолитот во времето кога човекот почнал со сечење на
шумата, за да може да направи повеќе простор за земјоделството. Понекогаш мезолитот се
означува и со поимот епипалеолит и протонеолит.

Мезолитски наоѓалишта се: Власац и Лепенски Вир на десниот брег на Дунав во Џердаб,
Србија, Крамонд, Ховик Хаус и Стар Кар во Велика Британија, пештерата Франхти во Грција,
Свифтербанд култура во Холандија и др.

Неолит

Неолит или ново камено доба е третата епоха која го обележува почетокот на
сточарството и земјоделството, како и појавата на постојаните урбани населби, седелскиот начин
на живот и производството на предмети од пештерска глина. Во неолитот каменот се
обработувал со кршење и полирање. Луѓето живееле во јами и наколни населби (куќи на дрвени
стубови во вода). Општеството се делело на родови, братства и племиња.

Делкајќи го каменот, луѓето добивале фини и остри предмети какви што порано немале –
секири, стругови, сврдли, ножеви, мотики и сл. Покрај копјето, човекот изработил лук и стрела,
со што го усовршил ловот. Со употребата на делканите орудија се променил животот на луѓето.
Со помош на острите секири луѓето почнале да ја сечат шумата, да се населуваат покрај езерата и
реките каде што почнале да градат постојани населби. Граделе јами – градби ископани во земјата
и наколни населби – дрвени куќи или куќи од грмушки подигнати над водата. Луѓето
припитомиле некои видови животни и почнале да се занимаваат со сточарство. Од стоката
најпрво го употребувале месото, а потоа млекото за храна и кожата и влакната за изработка на
облека и обувки. Со собирањето на плодовите постепено се развило земјоделството. Со преминот
во земјоделството и сточарството најпрво се јавила големата општествена поделба на работата и
првата размена на производи – помеѓу сточарските и земјоделските работници. Напредокот во
производството на средства за живот ги условил промените и во општественото уредување. За
успешно обавување на производството била потребна заедничка работа.

-7-
Хордите постепено се замениле со родови – заедници засновани на крвното сродство.
Преовладувал т.н. матријархален род – матријархат (латински: mater – мајка, грчки: arhein – да се
владее), каде старешинството и припаѓало на жената. Тоа било условено со улогата на жената во
производството, која била позначајна од улогата на мажот. На самиот почеток на неолитот се
развило и грнчарството. Човекот без грнчарското коло изработувал различни садови од глина кои
ги употребувал за складирање и чување на храната. Керамиката се украсувала, се јавува и
фигурална пластика и различни предмети од култен карактер.

Услови на живот во поновиот палеолит и мезолит

Времето помеѓу 15.000 и 12.000 година е време на ловците на ситниот дивеч, риболовците
и собирачите на плодови. Се создаваат постојани населби во погодните долини, се употребува
огинот и облеката. Се менува дотогашниот однос кон некои животни. Со крајот на ледено доба
доаѓа до формирање на водени текови, така што релјефот на Европа е формиран пред околу
10.000 години. Одеднаш доаѓа до зголемување на резидентите, што придонесуваат и постојаните
населби. Припитомени се одредени животински видови и култивирани се одредени житарици,
што доведува и до почеток на складирање на храната.

Метално доба

Енеолит – или бакарно доба (или халколит), во старата литература наречено и камено
бакарно доба. Овој период го обележува пронајдокот на бакарот, метал кој почнува да се
употребува во изработката на примитивното орудие. Со мешањето на бакар и калај се добива
тврда легура – бронза, која го потиснува каменот како материјал за изработка на предмети.
Поради бронзата следното доба кое го заменува енеолитот добива име – бронзано доба.

Усовршувајќи ја изработката на орудија, луѓето на крајот на неолитот пронашле метал и


почнале од него да изработуваат орудија. Така во развојот на првата заедница започнал и првиот
период на металното доба. Првиот пронајден метал бил бакар, од кој првите луѓе во IV и III
милениум пред н.е. правеле копја, јадици, ножеви и секири. Меѓутоа, бакарот не бил доволно
цврст, па бакарните орудија лесно се кршеле. Тогаш луѓето почнале да го мешаат бакарот со
калај, така што добивале бронза, а бронзаните орудија биле поцврсти и потрајни од бакарните.
Затоа бронзата била погодна за изработка на оружја како мечеви, копја, штитови.

-8-
Голем напредок во производството започнал со пронаоѓањето на железото во последниот
век на II милениум пред н.е., бидејќи тогаш најмногу се усовршени средствата за производство.
Во земјоделството започнала употребата на рало со железен срп и железните мотики, потоа се
појавила запрегата, како и превозните средства за пренесување на товарот. Битна е и појавата на
занаетот – што довело до другата голема поделба на работата, до оддвојување на занаетот од
земјоделството – и трговијата, со која се појавила и третата општествена поделба на работата. Во
железното доба луѓето живееле во населби. Понекогаш населбите ги подигале над реките и
езерата. Таквите населби ги нарекувале наколни населби. Употребата на превозните средства и
изработката на сплавови им овозможило превоз на товарот и луѓето на поголеми далечини, така
што врските помеѓу разделените краеви постанале поживи и поредовни. На копно стоката се
превезувала со превозни средства кои ги влечеле магариња и коњи, а направени се и првите
едреници. Во градовите воглавно живееле трговците и занаетчиите и тие претставувале
најобразован дел од општеството. Изразот цивилизација настанал од латинскиот збор civis – што
значи граѓанин. Тогаш настануваат и првите држави, а граѓаните ја издржуваат власта така што
плаќаат данок. Човечкото општество во железното доба преминува од прва заедница во
цивилизација и прво класно општество.

--- Предмети и орудија од железно доба ---

Бакарно доба

Бакарно доба (или енеолит) во старата литература наречено и камено бакарно доба е
период кој го обележува откритието на бакарот, метал кој почнува да се употребува во изработка
на примитивно орудие. Се врзува за III милениум пред н.е.

-9-
Во периодот се јавува рударство. Рудниците во овој период се многу квалитетни, во
почетокот се користи самороден бакар (во Европа во културите на познатиот неолит има појава
на самороден бакар и оксидни руди).

Најбогатите лежишта на бакар на територијата на денешна Европа се наоѓаат на островот


Кипру, кој во културен поглед е врзан на Блискиот Исток.

Исто така, лежишта на руда имало и на Карпатите, во Чешкото рамногорје, на Кавказ,


Урал (каде што најрано почнува мешањето на бакар и арсен со што се добива арсенска бронза),
на Балканот се Рудна Глава кај Мајданпек и Аи Бунар во Јужна Бугарија. Исто така, треба да се
споменат и подрачјата сразмерно богати со злато кое претставува важна суровина, а тоа се
областа Урал, Централна Европа и Трансилванија. Наведените области претставувале и значајни
металуршки центри како во времето на неолитот, така и покасно, во времето на бронзеното доба.

Бронзано доба

Бронзано доба (2.200 до 750/700 година пред н.е.), ја обележува употребата на бронзата,
како и сточарите во времето на раното бронзано доба (2.200 – 1.600 година пред н.е.) на
подрачјето на Средоземјето. Тој бил последниот бран на индоевропски доселеници (веднаш по
бранот на земјоделците во новото камено доба).

Еден од најголемите рударски центри во овој период бил центарот Митерберг во Западна
Австрија, каде се откриени големи количини на бакарна руда. Постоеле јами каде што се топела
и преработувала рудата. Најдени се остатоци од јамското рударење, дрвени конструкции, кофи.
Производството било најинтензивно во втората половина на II милениум. Доцното бронзано доба
трае од 300 до 750/700 година пред н.е.

Железно доба

Железно доба е најмладиот период на праисторијата, кој го заменува бронзано доба и трае
до почетокот на новата ера. Ова е доба кога човекот ги совладал производството и употребата на
железото, кое влегува во широка примена, металургија и тогаш се јавуваат и првите пари.

За почеток на железно доба се смета 1000 година пред н.е. кога знаењето за топење на
железото се проширило на Блискиот Исток и Грција. Во Средна и Јужна Европа, железно доба
започнува во IX век пред н.е. (во Грција завршува протогеометрискиот период). Се
претпоставува дека се развива самостојно. Обработката на железото со ладно ковање започнува
некаде на Блискиот Исток околу 6000 година пред н.е. Во Западна Европа, Келтите биле први кои
го употребувале железото. Во Француската школа овој период се нарекува протоисторија.
- 10 -
Почетокот на оваа доба накитот и оружјето стануваат помасивни, керамиката ја губи
декоративноста. Експлоатацијата на рудните богатства го поттикнува развојот на занаетчиството
и трговијата. Доаѓа до засилување на популациските движења, што предизвикува и немири.

Населбите се подигаат на утврдени височини.

Некрополите се состојат од групи на гробници. Чест облик на погребување е инхумација.


На крајот на периодот се појавуваат големи гробници со сложени погребни ритуали, ограничен
број на погреби и голем број на прилози од сребро, злато, оружје, метални садови и керамика.
Ова докажува почеток на создавање на племенската аристократија.

Железното доба може да се подели на:

- Халштат (старо железно доба) и


- Латен (ново железно доба).

Праисторија во Европа

Во Европа се пронајдени значајни наоѓалишта од праисторискиот период на големите


палеолитски култури.

Орињачка култура, името го добила по Орињак, во пределот на горен Гарон. Датира од


3.000 година пред н.е. Широко е распостранета во Западна Европа. Одговара на кромањонските
луѓе. Значајни локалитети се: Алтамира (Шпанија), Орињак, Фон де Гом, Лосел, пештерата Ласко
(сите во Северна Франција), Костенки (Русија) и др.

Шателперон култура, е премин помеѓу мустеријер и новиот палеолит (3.500 година). За


оваа култура најкарактеристични се едноставните издолжени стругачи, благо заоблените ножеви
со ретуш на едната ивица.

Граветиен (називот го добила по Ла Гравет во


Дордонија). Датира од 25.000 година пред н.е.
Карактеристични се малите сечила и шилци, палеолитска
венера од камен, слонова коска, глина и др. Познат локалитет е
Виледорф во Австрија каде е пронајдена Вилендорфската
Венера.

--- Вилендорфска Венера (пронајдена во Австрија) ---

- 11 -
Солитрејска култура, датира околу 18.000 година пред н.е. Карактеристични се шилците
во облик на ловоров лист, изгравирани со плиток тетуш од двете страни. Иновација е фрлачот со
кука на едниот крај. Слична на оваа е Селетиенската култура.

Магдалениен (15.000 – 9.000 година пред н.е.). Во овој период исчезнуваат мамутите,
носорозите и ирвасите, кремените оружја се помалку типични и ретко се употребуваат, додека
најмногу се употребуваат коски и рогови. Матично подрачје на оваа култура е Југозападна
Франција и Северна Шпанија.

Во времето на мезолитот во Северна Европа општествените заедници добро живеат


заблагодарувајќи се на можноста да создадат добри залихи на храна. Материјалните докази ни
откриваат две култури: маглемосијен и азилијен. Веројатно ваквите услови на живот во оваа
област го одложиле доаѓањето на неолитот до околу 4.000 година пред н.е. Во текот на наредниот
период исто така се развиваат голем број на култури на подрачјето на Европа. Исклучително
значење има културата на Лепенски Вир и Џердапската клисура.

Во времето на металната доба во скоро цела Европа има голем број на наоѓалишта од кои
се издвојуваат: Уњетичка, Отомани, Витенбершка, Вербичоара културите на бронзеното доба и
Халштатска и Латенска култури на железното доба.

Во Еврпа за почеток на историскиот период се смета појавата на минојската цивилизација


и писмото кое се развило во алфабет (Линеар А) околу 1.900 година пред н.е.

Праисторија на уметност и религија

Праисторијата на уметноста ја проучува археологијата, имајќи во предвид дека оваа наука,


потпирајќи се на материјалните остатоци на човечката култура, се занимава со откривање на
древниот живот. Најчести предмети од овој период кои се откриени, имале одредена функција и
биле ритуални и магиски предмети. За најстар уметнички предмет се смета парче накит – мали
дупчени школки кои се стари околу 75.000 години, откриени во Јужна Африка. Следни откритија
на такви школки во мароканските пештери ја поместува границата за некои 7.000 години и
датираат од 82.000 година.

Праисторијата на уметноста можеме да ја поделиме на:

- Палеолитска уметност,
- Мезолитска уметност и
- Неолитска уметност.

- 12 -
Праисторијата на религијата е религиско сфаќање, култови и ритуали на носителите на
праисториските култури (хомо хабилис, хомо еректус, хомо сапиенс). За религијата од овој
период дознаваме од камените артефакти, сликите на пештерите, пластиката и материјалите кои
ги наоѓаме во некрополите. Во времето на палеолитот можеме да ги назначиме само
елементарните форми на религија. Во културата на Хомо хабилис централна света улога има и
вниманието му се поклонува на каменот, кој е избран и преобликуван со исклучително внимание,
па се претпоставува дека му е придавана исклучителна моќ.

Пред околу 1.600.000 години, ракотворбите од камен се разновидни, се појавуваат во


Африка, Југоисточна Азија, а пред околу 1.500.000 години и во Европа. Хомо еректус, исто така
му придава значење на каменот на што упатуваат пронајдоците на најсовршено обликувани и
најголеми рачни клинови на кои нема траги од употреба.

Со вештината за обработка на камен е поврзано и совладувањето на огинот. Огинот го


променил животот: ја сменил исхраната, го победил студот, мракот, претставувал заштита од
дивите животни, го продолжил денот и овозможил собири, допринел во развојот на вербалната
комуникација, чувањето на традицијата, развивањето на имагинацијата и создавање на атмосфера
погодна за создавање на легенди и митови.

Неандерталецот ја менува традиционалната култура и вопспоставува култ на мртвите и


верување во задгробен живот. Во Регурду (Франција) починатиот е поставен на голем куп
камења покрај што е изградена камена конструкција за скелетот на мечка. Поедноставна, но
слична конструкција е откриена во пештерата Монте Чирчео (Италија). Во Крапини (Хрватска)
пронајдени се скршени коски на починатиот, трагите на канибализам упатуваат на ритуално
конзумирање на месото на починатите сродници. Во времето на праисторијата се развива и култ
на скелетот. Почитувањето на мртвите е изразено кај Хомо сапиенс сапиенс, откриени се гробови
од новиот палеолит, во кој починатите се погребани со богати прилози, најчесто со накит.

Неандерталецот се врзува и за најстарите свети конструкции (Хиенина пештера кај Арсир


Кир во Хранција), имаме пример дека човечкиот скелет го поставувал во венец од камења (во
пештерата Монте Чирчео во Италија). Хомо сапиенс сапиенс на ѕидовите на пештерите, најчесто
ги претставувал бремените животни (Алтамира и Ласко), а каменот го преобликувал во
скулптури, најлесто женски фигури со нагласени одлики на мајчинство (Вилендорфска венера).

Во мустиерската култура се воочува осамостојувањето на ликовните замисли. Во средниот


палеолит се развива симболичко и свето значење на каменот, но и коските и слоновите коски. Се
развива и чувството за бои. Во скровиштата на неандерталците откриени се окер, оксид манган, а
ретко и калциум хематит, пирит и галенит.

Ширум Европа во времето на новиот палеолит човекот правел антропоморфни и


зооморфни фигури од разни видови на камења и коски, што се претпоставува дека биле за
магиски цели.

- 13 -
---палеолитска уметност во пештера Ласко (Франција) ---

--- палеолитска уметност во пештера Алтамира (Шпанија) ---

- 14 -
Користена литература

 www.haoss.org
 www.wikipedia.org
 www.znanje.org
 www.arheo-amateri.rs
 www.google.com/images

- 15 -

You might also like